1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сезонски промени во расположение (Seasonal Affective Disorder - SAD)

Дискусија во 'Психологија' започната од theowndemon, 3 октомври 2021.

  1. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    42.629
    Пол:
    Женски
    :hug:

    Најлошиот тип на главоболка, поради промена на време. Никако не можеме да го контролираме, а јас бидејќи сум таа среќа, живеам во земја каде што сите 4 годишни времиња може да ги има во еден ден.
    Овој период најтежок ми е. Ибупрофен секогаш во мене и се молам да не ме фати додека сум на работа или со некои обврски.
    Јас плус на овие, имам и хормонална мигрена.:(
    (Да си се пожалам кога веќе почнав.:$)
     
    На prashinka, Dream-Girl и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Така знам точно дека следен ден ми иди. :D
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.125
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    Јас си патам кога се мења времето, ако е сончево со денови небитно кое год време е, ми е топ, али стане ли сиво такво, гадно облачно..Одма ми паѓа moodot некогаш и глава ме боли, коленото исто, ме мрзи да функционирам.
    А летно време или вакво некое ми е врв
    И пресреќна сум тој период
    Најубавите и најлудите дешавки се тогаш, сѐ е живо.
    Сес у 1 сите по коли станови набутани
    Фмп
     
    На Dream-Girl и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Ова е преточно.
     
    На prashinka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Го мразам чувството.
    Секогаш се чувствувам како да нема надеж поладните месеци од годината. Од сабајлето кога ќе видам какво загадено за никаде е, не ми се станува од кревет.
    Чим дојде пролет, со мерак станувам и во 5 сабајле.
    Затоа највеќе работам во зима, за да го одбегнам одвратното чувство. Така најбрзо ми поминуваат времето и чим затопли послободна сум и уживам во убавината. :sun:
     
    На Dream-Girl и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Еве ме, се приклучувам во клубот.
    Ме нервира ова што денот е толку краток, што е ладно и не може многу да се шета навечер, барем јас не можам, ладно ми е смрзнувам. А, денски имам обврски и ретко можам да ги искористам и тие кратки часови на светлина и ден во овој период.
    Многу потажно се осеќам вака кога е ладно, тмурно и облачно, кога денот е краток отколку во потоплите месеци.
    И почесто се мачам со главоболки во поладниве денови.
    Некако сега додека беше сончево се поднесуваше, но кога гледам најави дека ќе залади и ќе биде заникаде, уште сега ме фаќаат мисли како ќе се истуркаат овие најладни денови и како да се одржи некое ниво на среќа и покрај тоа сивило и тмурност што не чека.
     
  7. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Се држам некако сеуште ради сончевиве денови. Инаку да е тмурно ќе ме погоди тешко.
    Обично порано сакав такви денови, прв пат годинава не ми се разделуваше од летото.
     
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Клучот е да се искористува сонцето сега додека го има. Што е можно повеќе време да се поминува надвор од дома.
    Па исто и кога е тмурно времето, иако не е толку пријатно, пак излегувам. Дури и ако врне - земам чадор и излегувам на шетање по дождот.
     
    На BossGirl123, diskreten32 и anggell им се допаѓа ова.
  9. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    8.766
    Пол:
    Женски
    Најмачно ми е кога наеднаш се менува времето, така и јас наеднаш се менувам од сончева се заоблачувам :tmi:
    , помрачење сунца сум :angel:
    Јас во секое годишно време си наогам убавина, освен на лето :envy:
    Тогаш сум :worried: па тоа жешко, на психа ми мава, не можам да јадам, наутро станам од жешко вријам цела, па и ако видам дека вода нема :@. Инаку сум фина :$, ама во лето ми избива тоа лошото во мене, не сум кавгаџија ама тогаш ги правам на големо со овие од Водовод :devil:
    Кога доага септември јас се препородувам, не се борам за воздух, ми се враќа расположението, паднатите лисја ми ја прават сликата поубава, па и смирениот дожд ми дава убавина :)
    Се е убаво, освен во лето 8-|, дури и на одмор кога се спремам мрчаторски се спремам |(
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ми смета кога се менува нагло,ми паѓа притисокот и ми почнуваат главоболките.
    Убаво сончево ми одговара, не е важно лето или зима.
    По природа сум зимурлива и ми студи, па не преферирам ладно.
    Тогаш само ми се спие и ништо не ми се прави.
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Лошо време ми смета и ментално и физички и упорно го преферирам. Make it make sense. :D Лошто време беше предвидено од ненормално издржлива главоболка. Сега седам и се депримирам. И се убедвам да јавам на доктор пошто треба, ама no body got time for that. После ќе треба да излезам од дома за нешто шо не го сметам за итно. А знам дека ќе ми поможи да пратам „плано“ за живеење шо ми го предложи невролог

    Ова во теорија е одлично. Во пракса ми е тешко да го напрам чим почнам да паѓам физички и ментално. :D Пошто успех е да станам, да измијам заби, да спремам за јадење не само да извам шо има брзо достапно од фрижидер. Сега за мали успеси си ги сметам ако извежбам, то ме држи во прифатливо расположение. Успех е ко ќе успеам офц.
     
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    @theowndemon

    Треба да го направиш излегувањето од дома рутина/навика, наречи го како сакаш. Кога е убаво времето, секако е подобро и да пешачиш/трчаш или да правиш какви било активности на отворено отколку дома. Со тоа вежбањето за денот ќе ти биде комплетирано, а од престојот надвор ќе имаш и други придобивки.
    Почни со пократко пешачење, најди си причина да одиш да купиш нешто од подалечната продавница или супермаркет... па зголемувај од ден на ден.
     
    На BossGirl123 и theowndemon им се допаѓа ова.
  13. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Барав тема за ова но не најдов.Често пати спомнувана но како тема мислам нема.
    Ако сепак има префрлете.

    Пролетната летаргија
    се однесува на состојба на замор, намалена енергија или депресија поврзана со почетокот на пролетта. Таквата состојба може да биде предизвикана од нормална реакција на потоплите температури или може да има медицинска основа, како што се алергии или „обратно“ сезонско афективно нарушување.
    Психолошките и социо-културните фактори исто така играат улога.
    Повремено, таквата летаргија или депресија може да се опише како „ пролетна треска “, иако овој термин обично се однесува на зголемување на енергијата и немирот или на романтични и сексуални чувства во пролет.

    Германскиот термин Frühjahrsmüdigkeit (лт. „Пролетен замор“) е име за привремено расположение или физичка состојба, типично карактеризирана со состојба на ниска енергија и замор, што го доживуваат многу луѓе во пролет. Тоа не е во категоријата на дијагностицирана болест, туку феномен што се смета дека е инициран со промена на сезоната.


    Симптоми

    На северната хемисфера симптомите обично се јавуваат од средината на март до средината на април, а во зависност од личноста, тие можат да бидат повеќе или помалку изразени. Заморот (и покрај соодветната количина на сон), чувствителноста на промените во времето, вртоглавица, раздразливост, главоболки, а понекогаш и болки во зглобовите и недостаток на нагон се најчести.


    Причини

    Иако причините за оваа пролетна летаргија сè уште не се целосно решени, рамнотежата на хормоните може да игра улога. Според оваа хипотеза, резервите на телото на „хормонот на среќа“ серотонин , чие производство зависи од дневната светлина, се исцрпуваат во текот на зимата, што го прави особено лесно за „хормонот за спиење“ мелатонин да го има својот ефект. Кога деновите стануваат подолги во пролетта, телото повторно го прилагодува нивото на хормоните и се ослободува повеќе ендорфин , тестостерон и естроген . Оваа промена предизвикува силно оптоварување на телото, кое реагира со чувство на замор.

    Покрај тоа, температурите обично варираат многу во пролет. Кога температурите се зголемуваат, крвниот притисок на човекот опаѓа, бидејќи крвните садови се шират. Проширувањето на крвните садови се нарекува вазодилатација. Храната исто така игра улога. Во зима, човек има тенденција да троши повеќе калории, масти и јаглехидрати отколку во лето. Но, за време на периодот на прилагодување на хормоните, на телото му требаат повеќе витамини и протеини.

    Дали ве фаќа пролетна депресија?
    Како полесно да се преброди периодов?
     
    На Ugly Duckling, Cosmic Girl, prashinka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    7.711
    Пол:
    Женски
    Само што ќе прашав како се справувате со промените?
    Јас еве четврти ден сум со мигренозна главоболка а една недела ме болат веќе зглобовите на дланките и прстите. Пијам апчиња за болка инаку не функционирам.
     
    На Matea94, Love 83 и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  15. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Јас можам да кажам дека само последниве неколку години ,сум ја забележала оваа промена кај мене,која почнува уште од февруари и ќе трае некаде до мај.
    Генерално фала богу немам никаков проблем со депресија али еве периодов баш ги имам симптомите на пролетнава летаргија(поблаго кажано).

    Јас сум метеопат и зависник голем од сонце.Во лето и на 40 немам проблем,ама еве на почеток на пролет ,кога ќе почнат да се накачуваат темп,јас пола саат на сонце и тонам мислам.
    Значи добри 2 месеца му треба на телово да се навикне.

    Ништо посебно не правам,само гледам секој ден на сончево време да сум надвор,што повеќе и почесто со надеж што побрзо телово да ми се адаптира.Се разбира многу течност и внимавање на исхрана.
     
    На BossGirl123 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    7.711
    Пол:
    Женски
    Исто. На 40 со точак се акам, немам проблем. Сите се туфкаат, јас уживам.
    Ама со преод од полошо на подобро време имам главоболки и болки во зглобови. И многу ми се спие :D И со врнежливо време ми е ок, ама кога ќе се разубави ми е катастрофа со мигрени. Сите шетаат на сонце, јас во темница и тишина. Да пијам вода многу тогаш, јадам колку можам, зошто ми се лоши од храна кога имам мигрена. Имам гадење и преосетливост некоја..Инаку еве петти ден пијам апче за глава место доручек..:@
     
    На Love 83 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.796
    Првпат слушам за појавава и се чувствувам просветлено :D. Веќе 3 години ми се случува во пролет да ме фаќаат тешки депресии, а години наназад да чувствувам огромен умор (ова ми се случува и наесен :D).

    Уморот го препишував на слабокрвност, затоа што мајка ми одамна ми кажуваше дека напролет и наесен ни паѓа хемоглобинот, иако не сфатив зошто би се случувало ова баш тогаш. Дали е вистина или се работи за ова или за комбинација од двете, не знам :D. Така што, моето решение беше: да пијам повеќе железо и да исчекам да ми се крене хемоглобинот, а со тоа да ми дојде и повеќе енергија.

    Што се однесува до депресијата, и тоа не знам дали можам баш да го препишам на појавава, затоа што некако ми се поклопи со позначајни, потресни моменти во животот:
    - едната година бев последен семестар на факултет: не можев да се убедам да станам од кревет и да одам на факултет, само ептен кога се мораше, а никогаш не сум отсуствувала вака без врска.
    - другата година се вратив по живеење од странство и фати корона, се испозатворивме по дома.
    - третата година бев толку падната психички што решив хормони да проверам оти се сомневав на намалена функција на тироидната. И навистина така испадна, открив дека имам Хашимото.

    Сега, сигурно многу ми влијаеле овие здравствени аспекти и овие критични точки во животот, ама искрено, навистина најлошо ми беше во пролет :D:D. На раб бев да одам на психолог пред 2 години затоа што втора година ми се појавуваа истите чувства, кога фати короната и сѐ се испозатвори (waiting). За жал, тогаш немав баш многу избор и едноставно истрпив, а потоа и полека отстранив дел од работите кои ми придонесуваа да се чувствувам така, па полека почна да ми се трга тоа чувство...

    Се надевам дека оваа пролет нема да биде таква (fingers). Од депресивен аспект, не знам што би кажала што не важи за било кога кога се чувствуваме депресивни - поголема физичка активност, неизолирање од луѓе, правење на работи кои те исполнуваат итн.

    Инаку, јас сум спротивно од вас, ич не поднесувам жештини и хибернирам со клима во лето (lalala).
     
    На theowndemon, Bezimenka90, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Исто,во пролет уживам во прошетки кога е облачно или кога има дожд
    (еве денес ништо не ми е на пример) (facepalm),се додека не помине овој период и да биде обратно.
    Е мене не ми се спие ич,главоболка ептен ретко ама немам енергија некои денови ама ич и болки во зглобовите повремено.
    Најмногу ми смета што не можам да се натерам да си ги извршам обврските,се некое одложување,ај после или ај утре.

    @pdb123 мене сестра ми уште пред 2 г.ми ја даде дијагнозава:D ама јас не и признавав,каква летаргија каква депресија |(.Ама еве веќе во мојов случај веќе 3 та пролет исто.
    А порано и јас во есен со самото намалување на денот знаеше да ме фати некој сличен период ама за среќа за кратко поминуваше.
    Е зошто се случило сега да е обратно во пролет не знам.
     
    На Cosmic Girl и pdb123 им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека сум единствена што има обратна сезонска депресија. Добро де, не депресија буквално, ама некоја поблага форма на депресивно расположение. Штом почнува топло време се осеќам летаргично и без сила, а кога ќе стане најтопло е тогаш мислам дека на нула ми е енергијата и волјата за било што во текот на денот. Еве на пример деновиве, сите се радуваат колку е прекрасно, мене нон стоп ми се спие. Не знам дали има и други вакви изроди? :D
     
  20. Candy.D

    Candy.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Некој со искуство за депресиите во овој период сега?на некој да му случува тоа и да поминало со добро?
    Ако има такви,сакам да поразговарам малку со некој,пишете ми на порака.
    Ве гушкам:hug: