Секоја кавга раскинување

Дискусија во 'Врски' започната од rossonerka, 4 февруари 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.271
    Ова ми е интересна појава кај многу парови кои на секоја кавга раскинуваат и готово крај. За потоа за неколку часа или ден/два да се смират и се е по старо. Потоа пак кавга и одма пак фешти и раскинувања и повторно пак смирување. И се така во круг.
    Ова посебно се случува кај тинејџерските парови, иако често се случува и кај парови на веќе зрели возрасни лица кои по претпоставка се тврдоглави и непопуштаат, па секоја кавга ја завршуваат со крај на врската.

    Дали сте имале таква врска или сте во таква врска?
    Или пак ве нервира таа појава (како мене што ме нервира ). :tmi: :)
     
    На Mer4e и Anonimo им се допаѓа ова.
  2. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    119

    познато ми е од мои другарки, а и да ти кажам не е само кај тинејџерите, имам колешки од по над 20 години па нон стоп тоа го прават, фала богу не сум во таква врска...хм смешни и глупави работи :x
     
  3. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Мене тоа многу ме нервира (во оваа врска само еднаш така се скаравме и раскинавме, но се погодивме после неколку саати)... А таквата појава ја имам забележано кај многу парови, секоја недела раскинуваат и се погодуваат. Искрено не ми е јасно, како знаат дека навистина е крај и како поставуваат крај на таквите врски, кога тие секоја недела раскинуваат и во себе веруваат дека ке се погодат, само важно е кој прв ке попушти.
     
  4. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    453
    Сум немала таква врска и нормално дека не ни сакам да имам,а добро е што немам такви другарки кои на секое карање раскинуваат :)
     
  5. Salt90

    Salt90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Јас само едно ке ти кажам.. од искуство.. карајсе колку што сакаш само ништо не си ставај на срце, не се секирај!!! Јас многу се нервирав за секоја караница... и ништо не добив од тоа.. напротив го одсакав.. и имав неспокој во врската. Самооо опуштено !!!
     
  6. lovergirl19

    lovergirl19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    23
    ми ја погодивте темата
    ми се случуваше ова и тоа многу често ...со еден бивши кога и да се испокаравме тој на мене крај а јас будала си плачев секој пат кога ке раскиневме демек
    и последниот пат кога ми рече крај му се изнасмеав ми здосади и му викам fuck off стварно крај ! и тој до ден денеска моли а веќе 2 години како не сме заедно....глупости ке се скарам и крај па тоа не е љубов!
     
    На Gmai му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Интересна тема.

    Сум имала ваква врска и воопшто не е убаво. Додуша тоа поодамна беше, ама сепак беше малтретирање, за секоја ситница крај. Затоа и навистина и дојде крајот по кратко време.

    Мене ме нервираат вакви "врски", а уште повеќе ме нервираат пропратните коментари (што девојките почесто ги употребуваат од машките) од типот на "сељак", "идиот", "глупак" и сл. Мајка му стара што ги употребуваш кога во блиска иднина пак ќе бидете заедно. Имав една таква другарка, после секоја караница не знаеше што зборува за дечкото, а другиот ден пак заедно. Еднаш и реков кога го навредуваше , поточно ја прашав зошто го навредува кога за отприлика 24 часа ќе бидат заедно, па ме убедуваше дека немало сега така да биде, за на крај нормално мојата проценка да биде точна.

    Не можам да сфатам зошто за секоја ситница велат крај, навистина. Сите имаме караници во врските, идеална врска без караница не постои, а и според мене врска не е врска ако не си искажеш што ти смета кај партнерот за во иднина да се труди да го избегнува сето тоа, ама пак претерување навистина не е убаво.

    Уште повеќе нервоза ме фаќа кога со истото тоа ќе го окупираат фејсбук, кој на некои луѓе уште им служи како начин за комуникација со личности со кои не може да се види лично. И читај на почетна страница ајде дека се скарале, а другиот ден пак in a relationship, па уште кога ќе видам 50 лајкови и коментари од типот на mwa, kis4e и сл. косата ми се крева.

    Би сакала да речам дека само тинејџерите врват низ ова, но сепак не е така. Има многу луѓе парови кои одамна ја надминале адолесценцијата и пак го прават ова. Зошто го прават не знам, или му е досадна и монотона врската, па мораат да разбијаат некако монотонија, или се инаетчии, или тоа скарана/смирена му е на исто ниво како на децата од градинка кои за да се скараат и да се смират му се потребни причини од типот на "ти ми ја зеде мрсната боичка, скарана", a по пет минути си се фаќаат за малите прстиња и скарана смирена си пеат.

    Неубаво во секој случај.
     
    На sesilija, LivingGlam, beautiful87 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Renee

    Renee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Се најдов во слична ситуација кадешто една моја другарка е тотално заљубена во еден идиот, стварта е иста, секое излегување во град е проследено со караници до немајкаде, пијанчење, плачки, проневери, бришење броеви, пораки и уште што ти не и пак тие се заедно на крај!!!!
    Ме нервира фактот дека и самата е свесна дека тој ја влече за нос, и упорно и упорно му се понижува и му дозволува да ја матка како сака. Немаше викенд а таа да не заплаче по него, цело наше друштво и ги кажуваше и фактите кои и самата си ги знаеше, но несакаше да прифати и како тврдоглава магарица сеуште трча по него.
    Еден ден кога веќе ми се смачи од нејзиното цимолење ја запрашав.... "Зошто ти е сево ова? Зарем не гледаш дека тој тебе едноставно не те заслужува?!?! Млада убава девојка во рани 20-ти, може да го поседува секое машко кое ќе го посака! А ти си се заапала во самобендисана, идиотска вреќа со сало!"
    Престана да цимоли и ме избрка од нејзиното работно место, најверјатно многу ја заболе тоа што и го кажав, ама тоа е вистината знае да боли, мада и мене ме болеше бидејќи сепак другарка ми е и иако не се знаеме цел живот ја засакав како сестра, зошто е една позитивна и весела личност, секогаш гласна насмеана, и дозволува некој градски шутрак пораснат во кафулиња да ја гази.
    Па последен да е, не би го ни плукнала, камо ли да го погледнам!
    Важно е што другарката ми се смири, ама сеуште дозволува типот да ја гази, а мене тоа страшно ме нервира. Но јас моето си го кажав, и се обидов да и ги отворам очите ама таа очигледно не може да ја сфати нејзината вредност, а и ми изгледа како да не сака да се откаже од него. Па си реков што сака нека прави, нејзе ќе и се врати, и кренав раце од целата ситуација.
    Да сум јас на нејзино место, никогаш не би се смирила, а не секој ден да се карам да раскинувам па да се смируваме, друг ден војна на фејсбук и други препукавања.
    Проблемите се решаваат во интимна атмосфера и еднаш,а не кој стигнал на фејсбук да чита и да се смее на глупостите што тие ги пишуваат, секојдневно.
    Такви работи страшно ме нервираат.
     
  9. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Толку глупаво и толку детски ми е. Се караш за работите што не ви штимаат во врската, за да разјасните и да продолжите, а не да раскинеш. Со раскинување работите ескалираат и секако дека едниот од партнерите кој сака да ја продолжи врската попушта. Но тоа не е решение за проблемите. Решение е добра дискусија и сите карти на маса.
     
  10. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.624
    Вакво понашање и врска укажува на едно нешто = НЕЗРЕЛОСТ!!!!!!! ваквите врски се случуваат кај тие што незнааш што сакаат како прво, се не созреани, незнаат ШТО ЗНАЧИ ПОИМОТ ВРСКА, до некаде низок степен на интелигенција !!!! па какво е тоа понашање, секое излегување да има кавги, викања, дерења, што ти се знам глупости....За да после 15 минути се изнакажат милијарда невкусни зборови, а после 5 саата ајде пак сме заедно......Мене на такво нешто ми личи и ме асоцира....Врска се знае, има кавги нормално, ќе помине кавгата, ќе разговарате како возрасни, ќе го решите проблемот како што е редот со компромис и разговор....а не со раскинување....каква е таа врска и колку е здрава? се имам изјаснето во темата што треба за една врска да опстои и едно од главните работи е взаемна почит и разбирање....остај ја љубовта настрана.....Взаемна почит, разбирање, толеранција, компромис, итн итн итн....ако го нема тоа, за таа врска - пиши пропао !!!!!

    за крај - ДА - детски се ваквите врски, тинејџерски и толку несозреани !!!
     
    На LivingGlam, kate21, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    490
    Single - In relationship, Single - In relationship, Single - In relationship...
    Ги имам еден куп такви што менуваат статус на фејсбук секој ден. Дури еднаш ја прашав колешка ми, викам: Аман бе, што правиш ти секој ден на фејсбук те си во врска, те си сингл, што се случува? А она ми вика: Абе ќе се скараме со дечко ми и колку да го изнервирам ќе му раскинам и ќе се ставам сингл, па после ме моли. :o :o

    Ако нешто не оди - не оди. Јас ниту сум имала, ниту ќе имам врска во која по сто пати ќе раскинувам па ќе се смирувам. Знам да ставам пауза, да си ги средам мислите и чувствата, ама јас под пауза подразбирам да не контактираме некое време, а не да излегувам и да се мувам со други. Најчесто во средношколските, па и во основските врски за секоја глупост дечкото и девојката се караат и раскинуваат. Мислам дека во позрелите и посериозните врски тоа го нема, или барем не би требало да го има затоа што партнерите веќе се посозреани и знаат како да постапат.
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.736
    до сега мојата најдолга врска-ако може така да се нареше беше така баш во тој стил ама човекот не беше крив беше несериозен никаков, имаше и навреди и плачења и молења постојано
    едноставно сватив дека јас не сум таа личност што можам да го сменам (иако го дадов својот максимум ) и се оддалецив од тој човек, се надевам дека ке најде некоја што може да го трпи оти секој си има свои граници и своја црвена линија
     
    На Mer4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.923
    Мислам дека тоа е начин на комуницирање меѓу двајца. Дотолку повеќе што е начин на докажување на љубовта. Има луѓе што имаат константна потреба некој да им го докажува тоа и константно се караат, го зачинуваат односот со страсни смирување а истовремено се филтрираат. Не ме нервираат, освен кога треба да го образложувам зашто и како, кога нема никаква причина и пак ќе се деси во краток период. Мене не ми се случило да бидам во тква врски и тоа што ми е нејасно кај овие појави е несвесноста на партнерите дека е деструктивно на долг рок. Прво пошто кога стварно едниот ќе сака да прекине, другиот нема да го сфати озбилно и ќе си ја отежне мисијата, а второ - си приредуваат константен стрес.Непотребен.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.559
    Кавгите се составен дел од секоја врска,ама секоја кавга да води до раскинување,па смирување па истиот циклус т.е.магичен круг да се повторува до недоглед,не,благодарам ќе ми се сврти паметот од такво (не)функционирање на врската.
    Не дека во мојата врска немало кратки прекини,па и не дека некогаш не сум дошла до ситуации и да ми е слатко помирувањето,посебно зачинето со мејк ап секс, :$ :lol: ,ама постојано под овој притисок не е нормално!!!
    Има илјада причини кои секојдневно има веројатност да не извадат од памет ако врската е интензивна зборувам,а не врска од типот си се видел 3 пати месечно по 15мин. е тука стапува на сцена контролата.
    Јас лично си се ценам повеќе кога ми се пали аларм светло во глава,сум андр прешр :devil: ,мисливе ми се со 200 на саат и има шанси масакар да настане меѓу нас :lol: ,си велам стоп!Земам воздух,ќе избројам до отприлика 30 до 10-не ми успева,па си се осеќам како за нијанса подобра личност,а таа нијанса во спротивен случај била во состојба да ти ја уништи или наруши врската.
     
  15. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    624
    Јас сум имала таква врска ама тоа беше кога бев помала...незнам сега тоа ми е некако децко понашање...во секоја врска има кавги и мали и големи тоа е нормално кај мене во секашнава врска до сега само еднаш се има тоа случено но стварно беше премногу голема расправија а и јас ја претерав и се инаетев така да во право беше но одма по 1 час се смиривме и многу научивме од таа случка :) а инаку кога ќе се потскараме со дечко ми секогаш можи да се подналутиме 5 10 можи и пола сат ама после иди она слаткото кога ќе се изгушкаме и избациме и тогаш е најубо хухуух се гушкаме како мали дечина шо се нема видено 100 год. сепак тоа не го оправдувам да ставаат крај на секоја кавга тоа ми е малце децки но сепак секој си знај што е најдобро за него и за неговата врска
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Оф, мојата врска беше на почеток таква, ама од негова страна.Плус тогаш си имаше дечкото многу нервози, а во комбинација со неговата импулсивност... :D Кога бев навистина крива се секирав, кога не, знаев дека брзо ќе му помине.
    Последнава година и повеќе речиси се немаме и скарано, се поправил :D
     
    На Gmai му/ѝ се допаѓа ова.
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.150
    Допаѓања:
    4.917
    протвив тоа сум секоја кавга раскинување. ми е толку детски, недораснато и незрело. иако ќе бидам искрена и јас го имам направено тоа. една кавга која ме извади од такт премногу и работа која ако не ја поправеше ќе беше навистина крај. му реков дека раскинуваме, не се слушавме 2 дена уште два дена дебатиравме. но во нашите срца љубовта беше појака од било кој проблем и нашата врска премина така после кратко време во повисок стадиум-веридба. од тогаш навака секоја кавга ја решаваме со разговор. за оние кој секоја кавга ја решаваат со раскинување како демек крај, нека бидат свесни дека несакајќи некогаш стварно од другата страна ќе слушнат навистина крај.
     
  18. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.829
    Пол:
    Женски
    Не сум го правела тоа. Секоја кавга пробуваме да ја решиме тогаш, заедно, макар да трае и ден-два-три проблемот. Ниту еднаш не реков крај, раскинуваме. Уствари, еднаш :$ во првата година, три дена, ама отпосле кога се смиривме, сфативме оти тоа не е решение, ниту пак се постигнува нешто освен инает.
    Тие што раскинуваат затоа што мува летнала меѓу нив, ги сметам за незрели. Како што бев и јас првата година од мојата врска. Па дури и, знаете пред неколку месеци, кога имавме навистински проблем, го решивме заедно, без да раскинеме, иако ни беше доста оладено.
     
  19. nicol

    nicol Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    139
    Ми ја погодивте темава а инаку и јас да си кажам.Со дечково што СУМ во врска на почетокот беше се ок но потоа цело време се расправаме а коа ке ми пукне филм јас кажувам крај ама нај криво ми е што после тоа попуштам ама и стварно чудно е он цело време ме моли не се отргнува од мене,и после тоа од коа ке се смириме он пак по старо си почнува е тоа мн ме нервира се така и едноставно неможам и да сакам да се отарасам.Кога ке му кажам крај е он нема шанси ние пак одиме неможам,а и јас сум мн голем инат и пред некој ден се расправавме така и дури неможев до дома да си отидам додека не сме разговарале а јас инат голем и не попуштам и така стана мн голема дури и му врзав еден убав шамар али пак он не попуста лол и упорно ме бацува и дури крв му пустив од уста али нисто и од тоа.И сеа уште ме моли, до дома ми иде ми звони на врата али неможам никако да го отарасам.Па пишете како да постапам како да се отарасам од него оти вака веке немозам
     
  20. cvetelina

    cvetelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    54
    ХАХАХХА оваа тема и баш ми е омилена затоа што се пронајдов во неа ,нашата врска со дечкоми е таква еден ден ни е супер но оп за ден два ставаме "демек " крај но после недела дена повторно сме еден до друг.На секоја кавга ние велиме КРАЈ но не го мислиме тоа и секогаШ кога на другарка ми ке му каЖам дека несме повеке заедно таа ми вели ДО КОГА :D хахахха и така е :D КОЈ СЕ КАРА ТОЈ СЕ САКА :rofl: :*
     
    На Gmai му/ѝ се допаѓа ова.