абе душички сте јас со дечкото одев 4 и пол години секој ден беше нова кавга ... ново раскинување ... стрес ... си го зае*ав факултетот заради тие негови раскинувања... се молев за трошка љубов а добивав само едно : КРАЈ ... раскинавме пред 1 месец и тој сеуште си мисли дека ова е само уште една кавга иста како и сите други, но сепак не е ... сите тие кавги направија да не го сакам како некогаш ... направија да не го сакам воопшто Ако се сакате направете да не се карате тоа ке ја убие вашата љубов... и ке ви преку*чи од се ... ќе изгубите нешто што вреди... само сватете колку си значите еден на друг и колку се уништувате со тие еба*и кавги Притисокот од кавгите и од тоа што се пазите да не згрешите ќе ве стави во „затвор“... Уживај во животот златно... Еден Е Немој да трпиш никого, немој да те контролира и да ти напнува... Има многу поубави работи од кавгите ... ти не уживаш во ниедна кавга... Ти кажувам од Искуство и од Срце ... позз
Море по нерви ми одат. Не знаат изгледа што значи да си во врска а што значи да раскинеш. И на крај никој нема да ги сфати сериозно кога ќе раскинат, па како да ги сфатиме бре? Не сум била во таква врска и не ни мислам да сум. Ако е крај е крај. Може ќе се смириме, за месец, за година, две, ама не после 5 минути.
не,и среќна сум поради тоа за мене ова е најглупавата ситуација во било која врска,што е тоа,во еден ден по 5 пати да се раскинува,секој ден ли ќе раскинуваме? па ако не оди чао пријатно тоа е
па каква е таа врска кога знаеш дека до крајот на денот мораш да се скареш и после пола сат да се смириш,не познавам такви а и не би трпела таква веска...
Тоа за мене е незрело однесување. Дечка работа!! Ме нервираат ваквите врски, мојата школска на почетокот беше така, кога и да се скарат раскинуваат и сама си викаше дека не и е мака зш знае дека пак ке се смират ... Сега не се така, среќа што јас не сум во таква врска. Кавгите треба да се решат на лице место а не ајдее крај и после ај пак молење и ништо не се случило. Проста работа!!
ооо не да ме нервирааа.....толпо ладни ситуации...како да се мали дечиња па ти ми го поткрши моливот и готово скаарана зацекогаш мислам стварно! е баш јас од такви топло ладни ситуации повеќе нема никогаш да му дадам шанса на мојот ЕКС вереник!!!!
Мојата најверна другарка има таква врска, секогас кога се карат раскинуваат, јас знам дека ке се смират а и таа знае... Не ми се допагаат таквите врски и не би сакала да сум во таква врска...и свесни се дека ке се смират и пак раскинуваат не мозам да ги сватам и ми се крајно детски
Не ја сфаќам логиката на тоа да му речеш на дечкото (или он да ти рече тебе) "Више не идеме/Ти раскинувам", ако тоа си му го рекол 200 пати и во рок од 24часа си праите пу-пу-не важи Кога знаеш дека ќе се смирите зашо раскинуваш? Поготово сега на фб како е со статусот, сите што ги познаваш да ти се смеат. Срамота. Сите парови се караат, ама што е тоа денес ме нервираш ќе ти раскинам, до утре ќе ми помине... Имам другарки кои поминувале низ тоа, и кога ќе ми речеле дека раскинале со дечкото (по незнам кој пат) мојата реакција била: Е добро де Некогаш и ми било криво што не можам да сочуствувам со ситуацијата, ама стварно - колку пати можеш да тешиш некого за истата работа. Јас лично, и во најголеми караници не сум раскинувала затоа што во врска сум голем емотивец и утре јас ќе бидам таа што треба да рече еј извини не мислев така. Па дури и кога он бил крив. Лута сум ти, ама ако озбилно не планирам да завршам со врската, зашто да правам непотребни тензии со муабет за раскинување... Спојлер Додуша да бидам искрена, му викам дека ќе му раскинам ако губи додека игра Кантер, чисто да го мотивирам малце...
Mи се има случено и сеуште го правам тоа на жалост ... коа ке се скараме со дечко ми (бившиот) на секоја поголема караница му раскинувам стравувајки за иднината пошто очигледно барам совршенство...до сеа се има случено 3 или 4 пати во 5 години ..
Ми се има случено ама тоа така на смеа. А ич не ми се допаѓа кога некој пар ќе се скарат ќе раскинат и ќе се објават на фб потоа за 2 дена пак ќе се смират и ајде пак во врскааа булшит
Не сум личност што реагира бурно за да ги решавам проблемите со кавги.За прекин на врска треба сериозно да се размисли кога ситуација е смирена,а не напната.Секој ваков потег може да значи погрешна постапка.
Сум имала такви врски на мои другарки дефинитивно се ежам денес заедно утре раскинале после тоа повторно заедно па бла бла не сум таква кога и да се искараме али тоа онака на шега ни е никад до озбилно неаме дотерано аа кога и да се подналутиме ставаме крај на кавгата а не на искаччањето Кул ни е хаха
Jас имав таква врска, секоjа недела скар, менував статус на фб, па смир и така... Сеа веке не сме заедно, он се фати со бившата на неговиот бфф, тие раскинаа 2 дена после нас, jас имам друг(и)... Ама кои смешки беа со овоj хахаахах... Инаку сите сме си другари сеа :3
Со дечкоми сме година ипол заедно,а никогаш до сега не сме раскинале.Може нема да зборуваме максимум 1 ден и тоа е се.Јас уште на почетокот кажав,ако еднаш кажеме крај,веќе нема назад.
Свашта, највеќе ме нервираат вакви работи..... Ако навистина сакаш некој и не можеш без него, и лом да се направите ако треба карајте се цел ден додека не заклучите кај е грешката, или едниот нека попушти и крај.... ама раскинување, не сум ни помислила, а ни тој исто. Барем кај нас е така. Ни еден ден не би можеле да го поминеме „раскинати“. А утре во брак што ќе правите бе луѓе, после секоја расправија отидов јас кај мама и менување статус од „во брак“ во „разведена“? Љубовта е компромис, во никоја врска не е мед и млеко, само треба да постои доволно разбирање, трпение и љубов за да опстои. Инаку нема пар што не се расправа, макар и најслични да се. Спојлер Според мене ова е одлика на детско однесување.
Имав таква врска и тоа не личи на ништо. Едно е да се скараш, ама при секоја караница да раскинуваш, тоа не е врска каква што треба да биде.
Бившиот ми беше не дај боже. Ќе се закараме и ќе го нема ни да се јави ни да пише, држи лутина и тера инает а јас не знам на што сме. Сегашниот како вистински маж веднаш решава ситуација.