не знам дали има ваква тема јас не најдов мене ми е многу секси,се шишав пред некое време малце е тешка за одржување но ми е ептен секси
Секси Боб ( bob hairstyle) Планирај дека треба секој ден да ја миеш.И кога ќе преспиеш се губи формата мора да ја миеш и финираш.Не знам тоа е индивуидуално јас не можев да се гледам така(целата искшена),па понекогаш ја миев и фенирав или пеглав два пати во ден. Затоа веќе ја пуштив,само заради тоа а многу си се свиѓав со боб.Али тоа е не можев секое утро кога ќе станев да мијам,особено зимата леле кога ќе помислам ми се ежи косата Колку само утра рано во 6 сабајле сум миела коса ццц со години.Крај јас и боб се разделивме несакам да го гледам
Секси Боб ( bob hairstyle) Јас имав боб хахаха. Но немав толку проблематична коса како твојот опис. Мене косата ми беше секој ден права, сега долга ми е проблематична. Од др, страна нема врска дека треба секој ден да ја миеш и пегла ќе заврши работа.
Секси Боб ( bob hairstyle) И јас летово од долга коса за промена се ишишав вака ко девојката на првата слика.Фризурата е преубава ама како што кажаа тешка за одржување особено ако имаш густа коса која лесно се витка.И јас сеа пак ја пуштам бидејки пренапорно ми е нејџиното одржавање.Треба постојано со фенот во рака да сум бидејки после едно преспивање утрото исто ко да не сум ја фенирала прекршена и навиткана ми е.Оваа фризура е за девојки со тенко влакно и права коса која не се витка и разбушавува,за оние како мене со густа коса која лесно се витка и прејршува дефинитивно не е.
Секси Боб ( bob hairstyle) Јас имам ваква фризура, само малку е подолга. Се мислев долго време на ваков чекор дали да одам или не. Имав долга, густа, природна коса, а ми беше незамисливо да ја скратам до толку. Ме привлекуваше идејата искрено, се мислав дали убаво ке ми ја средат косата така како што сакам, што ако не ми стои, што ако ме зезнат, што потоа.....илјада прашања. Така еден ден, решив да ја испочитувам сопствената желба. Бев на шишање и се вратив дома презадоволна, супер ми стои Мала промена, која одлично се вклопи во мојата личност. Не е точно дека бара многу посветеност и средување. Мислам да не се залажуваме, денес секој има фен, четка за фенирање и преса за коса. НЕ одзема повеке од 30 мин средување. Јас мислам дека овој стил и стои на сите девојки, треба да се проба . Додека не пробаш, нема да знаеш. Секако сите девојки и посветуваат внимание на својата коса било да е кратка, долга, виткана, права... Без исклучок и посебна постапка кога е во прашање овој стил. Мислам дека повеке треба храброст за таа промена, него изговори од типот тешка за одржување и средување и сл. Ако некој има желба за ваков стил, слободно нека проба, мислам дека нема да згреши.
И јас во септември вака се истрижав, сега добро е ми порасна... Убава е, но јас никогаш ја немам испеглано косата (се трудам да не ја горам косата додека сум дете) а природно ми е многу бујна и малку виткана и незнам со на кого умот сум се истрижала вака, ама ич не се бендисував
Мене ми е ваква ама природно виткана и да,тешка е за одржување па затоа сега се мачам да ја пуштам долга.