1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сексот и психолошката состојба

Дискусија во 'Психологија' започната од Fallen.Angel, 15 април 2021.

?

Дали сексот ја подобрува психолошката состојба?

  1. Да

    96 глас(а)
    67,1%
  2. Не

    25 глас(а)
    17,5%
  3. Не сум размислувал/а за тоа

    22 глас(а)
    15,4%
  1. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Барав ваква тема, гледам немаме. Мислам дека ќе се развие дискусија.
    Ќе почнам со причината зошто ја отварам. Сум била кај неколку психолози, и двајца од нив ми зборуваа на тема секс. Не да навлегуваат во детали, но ми ја кажуваа потребата од секс дека е на исто ниво за сексуално-активните луѓе како и потребата за храна и сон. Со последниот психолог навистина ја продлабочивме темата секс и се испостави дека предолго време била занемарувана од мене.

    Сексуалното уживање лачи многу хормони кои го прават човекот среќен. Меѓу нив се допамин, окситоцин, ендорфините и серотонин. Психологот навистина многу време потроши за да ми објасни како нерамнотежата во сексуалниот дел влијае врз целокупната психолошка состојба на луѓето. Јас не ни помислував на такво нешто, не ми беше воопшто веројатно, но откако ми објасни сѐ си имаше совршена логика. Функционираме онака како што ни се лачат хормони, а хормоните се лачат кај секого различно поради различниот животен стил, различните преференции и активности. Пример кај мајките доилки се излачува повеќе окситоцин, кај лице кое штотуку се изнервирало кортизол, кортизолот е лош за целото тело. А секој хормон е важен и поврзан со многу други. Така што балансот на хормоните можеме и ние да го одржуваме и правиме доколку сме спремни за промени во животот и доколку решиме да си помогнеме малку и сами на себе.

    На почеток се мислев да го менувам психологот мислев да не е манијак што само околу тоа го врти муабетот, но излезе дека се си има смисла.

    Ми поставуваше прашања од животот за да видиме од каде потекнува нерамнотежата кај мене. Значи ме прашуваше за спиење,јадење, прошетки, секс, уживање во секс и сите можни активности да ги оценам од 1 до 10. Сето тоа го запишуваше. Потоа следуваа други прашања повторно оценки од 1 до 10 но беа во врска со емоциите кои ги имам, карактеристиките мои и слично. Спиењето го оценив слабо, дишењето и сексот. Потоа другите емоции како тага и неприфаќање ми беа со висока оценка и врз основа на тоа што го кажав, се направи сумирање и се открија поврзаностите. Недостигот од секс води кон нерасположение, тоа го прави јадењето на личноста да биде поразлично и неправилно, општо лошото расположение нѐ прави тмурни и непривлечни и се таака во круг. Кај мене беше така, јас слабо оценив дишење, па тоа беше поврзано со моето спиење и други нешта кои ниту на памет не ми паѓаа, а сето тоа води до немање секс, кога човек е down не му е до ништо. А кога е down и не прави ништо за да се подобри неговата состојба, таа само се влошува. Иако сме возрасни и ние како бебињата имаме некои основни потреби кои ако ги задоволиме ќе бидеме подобро. Кога сме нерасположени храна знае добро да ни дојде или неколку часа сон, но тогаш наместо да си го пружиме тоа, ние уште толку се измачуваме. Апетитот го губиме, несоница добиваме, либидото опаѓа. А само кога би направиле нешто од тоа би ни се кренало расположение.

    Да продискутираме, но навистина да си кажеме што мислиме, не само одговори со да/не. И темава не ја сфаќајте буквално како да сум рекла сексот е лек за сѐ. Никој тоа не го кажа, и јас првично така сфатив кога психилогот толкаво внимание обрна на сексуалниот дел, но поентата е уствари личноста да се избалансира. Оценките за негативните аспекти да се пониски, а за позитивните средни или високи.


    Значи темава ја отварам за да продискутираме дали сметате дека сексот влијае на целокупната психолошка состојба?
    Дали мислите дека апстиненцијата ја влошува психичката состојба?
    Дали намаленото либидо го сметате за сериозна состојба? (Според психологот намаленото либидо е сериозно бидејќи тоа значи дека личноста е заглавена во сопствен лавиринт од други проблеми кои му се одразуваат на многу нешта за кои не е свесен, меѓу тие е и либидото, а за тоа сме свесни најпрво.)

    Значи не е темава за секс општо, ја ставив овде во Психологија за да можеме да дискутираме за тоа дали сексот е поврзан со психата и во која мера. Статистиката на психологот кај кој што бев, вели дека над 70% од неговите пациенти/пациентки имаат проблем кој би се решил многу полесно доколку некој ги освести со истиот метод кој беше користен за мене, и од тие 70% скоро сите имале недостиг од секс, не се мисли на целосно дека апстинирале, но голем дел долго време немале редовни сексуални односи или имале но не биле задоволни од сексуалниот живот. Исто така и ЛГБТ заедницата најмногу биле депресивни поради стигмата и тешкото наоѓање партнер, а тоа резултира со малку или ич секс.
     
    Последна измена: 15 април 2021
    На tambelina, *Amethyst*, st-el и 21 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Да. И тоа како!
    За секоја психолошка состојба се препорачува секс/интимност/оргазам.
    Баш како што опиша... интензивно се лачат хормони (Окситоцин, Допамин, Серотонин) кои придонесуваат до општа благосостојба во организмот и психички и физички.
     
    На tambelina, green.eyes, cavalli и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Да, се согласувам целосно дека влијае. Многу ситни кавги (читај мои глупи забелешки кон него) биле решени со секс. Не ми пишувајте дека само сум ги ставила проблемите под тепих, не зборам за вистински проблеми туку ги знаете оние периоди кои ние жените ги имаме кога размислуваме премногу, преувеличуваме во глава итн? Е тогаш ни треба секс.
    Ми се свиѓа темава, ќе напишам и на подолго некогаш кога ќе имам време.

    @Fallen.Angel Ако не можеш да имаш секс барем мастурбирај редовно, лакше се дише :D
     
    На tambelina, green.eyes, Suhan и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Фала @Jana06 ист совет имав и од психологот.
     
    На gjoker4e и Jana06 им се допаѓа ова.
  5. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    А пример немам со кого да ја свршам таа работа треба да идам со првиот шо ќе ми се најде на патот?
    Не сакам да мастурбирам пример.

    Се дешава нешто хаотично, и на секс треба да мислам?
    Глупа ми е темава, некако.
    Баш сакав да ја отворам ама јас ќе ја крстев као "сексот како лек за сите маки".
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Па не. Пишав и погоре. Во еден период од животот немав партнер, и ми фалеше секс. Советот од психологот не ми беше да трчам да најдам некого. Туку да си створам баланс на некој начин. Сепак сексот е потреба. А ако не ти се мастурбира тогаш не ти се ни сака.

    Едит: Не дека ако ти е хаотичен животот да почнеш на секс да мислиш. Но сексот како секс ќе ти помогне да кренеш расположение.
     
    На cavalli, Атриом, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Кога се дешава нешто хаотично, шанса нема да размислувам на сексуални работи.
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Па да. И јас преживеав трауми и тешки моменти. Не мислев воопшто на секс. 2-3 месеци ми требаа да се убедам да ја направам првата посета кај психолог. Ама не постои гума за бришење на проблемите, и нема сигурно со разговор со психолог да се опоравиш целосно. Разговорот ќе помогне да го увидиш коренот на проблемот, да преземеш некој чекор да си помогнеш. Зошто психолозите советуваат депресивните и анксиозни луѓе да си најдат хоби/работа/ занимација? Баш заради тоа, кога правиш нешто што те исполнува ти се крева расположението, не мислиш на негативните нешта. Сексот сам по себе нема да ти го направи розов светот ниту да те излечи, но веќе пишано е дека се лачат хормоните на среќа. Патем не е темава дека сексот е лек за депресија или справување со траума. Ако едноставно ти фали секс во животот тоа ќе се одрази и на другите нешта, за да не биде down личноста на која и фали секс, убаво е да си го приушти тоа уживање.
     
    На cavalli, tina2018, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    За секоја психолошка состојба круцијален е здрав однос кон својата сексуалност, а не имање секс.
    Секс како coping mechanism е исто толку штетно како и немање секс. Едноставно, за сѐ е потребно баланс.
     
    На Dust, cavalli, Traveler91 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    @edna_malecka Не може сексот да ти реши проблем или хаотичен период, исто и јас немам желба за секс кога сум во лош период.
    Треба да си најдеме начин да водиме квалитетен живот како на пример: здрава исхрана, физичка активност, дружење со луѓе, прошетки во природа, хоби итн. и тука би го ставила редовниот секс. Јас на мои 18-19 год (мислам дека си тука некаде со годините) не сум имала редовен секс, а можам да кажам дека и до некои 22 години уште си го запознавав телото, експериментирав и дури тогаш веќе знаев колку, што сакам и што очекувам од партнерот и самиот чин.
     
    На Dust, WildMk, Elf и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Да, ама ако на некого му фали секс во животот, и тоа му ремети расположение, сон и општо се што прави, мислам дека е потребно личноста да се освести. Не да гледаме на сексот како терапија, иако може да биде, сепак да не се изоставува, и ако не сме задоволни од сексот да промениме нешто, жените се познати по глумење оргазам, тоа не е во ред.

    Да се доискажам, во воведното мислење испуштив некои работи кои сега ми текнаа. Јас не се справувам со проблемите имајќи секс, ретко некој тоа го прави. Во моите најтешки периоди кога се работеше за траума, загуба на родител, пост-породилна депресија, и многу други периоди кога имав депресија и зголемена анксиозност не помислував на секс. Не велам да се пукаме и удри бригу, ама да не го занемариме сексот. Јас бев анксиозна, депресивна во еден период без да има траума во позадина туку едноставно тежок период ме снајде, работев, се чувствував празно и осамено. Расположението ми беше катастрофа, самодоверба нула и ред други незадоволства. Немав поим зошто се однесувам и чувствувам така, тоа беше пред 2 ипол години. Буквално јадев мафини и крофни само. Пиев шеќери и се здебелив. Уште толку полошо ми стана, sleep apnea, кошмари и панични напади беа само дел од работите кои ми се случуваа. Тогаш се свестив и по втор пат побарав психолог. Првиот пат беше по смртта на мајка ми. Тогаш никој секс не ми спомна. Ама вториот пат кога само заради тежок период имав лошо расположение и зголемена анксиозност мораше да се бара проблемот за да се најде решението, бидејќи јас немав некоја голема причина за тага. Си кажував едно по едно, дека не ми се живее, дека ми е смачено, се пцуев сама себе зошто јадам такви глупости, зошто не можам ни да спијам. Психологот имаше многу убав пристап и не ми рече само да најдам некое хоби како секој што ќе ти рече демек од многу слободно време има overthinking. Туку ми објасни дека морам да направам промени, ете веќе работев, ми предложи после работа да вежбам, готвам, пешачам, потоа дојде ред и на прашањето за секс. Кога реков дека немам секс воопшто и дека не ни ми текнало на тоа, психологот ми разјасни дека сепак имам потреба, можеби не мислам на тоа, но потребата си постои потсвесно. Не ме советуваше веднаш да одам да најдам некој, бидејќи на тој начин само ќе ми биде полошо, емотивна личност сум и нема да ми помогне самото имање секс. Едноставно се оди чекор по чекор, подобруваш едни навики, а со нив се менува целокупната состојба. Јас тогаш сфатив дека уствари и ми фалел секс, ама желбата за секс ми била намалена поради лошото расположение, а тоа е цел еден круг. Не правев ништо што ме исполнува, немав хоби, немав блиски пријатели, а сексот го занемарував секако несвесно. Совет ми беше да мастурбирам ако мислам дека ќе ми помогне. Ама не мислев,не сфаќав дека уствари се е поврзано откако сфатив на третата сеанса пробав и видов дека има смисла. Краткотрајно се расположив. Па почнав да менувам и други работи.

    Сакам да кажам дека кога човек е down без да доживее траума/загуба/тешка депресија тогаш сексот не може и нема да наштети. Кога ќе приметиме дека не сме во ред, дека некако ни бега контролата без посебна причина, уствари причината МОЖЕ да е недостигот од секс. Колку пати на нервна база сите јадеме чипс и благо иако не сме гладни? Кога ситуацијата е ептен лоша не јадеме нормално, во најтешките периоди јас ослабнував по 5-6кг од загуба на апетит, и нормално е да не ти се јаде во такви моменти. Ама кога е нешто не толку сериозно во прашање и го занемаруваме сексот, така само си правиме повеќе да западнеме во лошо расположение КОЕ МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ПОСЕРИОЗНИ СОСТОЈБИ.
     
    Последна измена од модератор: 15 април 2021
    На green.eyes, tina2018, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.639
    Пол:
    Женски
    Сексот влијае на психолошката состојба и тоа како. Се согласувам дека не треба да се користи како единствен начин на решавање проблеми, но дефинитивно многу помага за целокупното ментално здравје.
    Мислам дека не мора секогаш да биде секс ко секс со партнерот, и мастурбацијата знае многу да помогне.
    Обично немам потреба од секс и оргазам повеќе од еднаш неделно, немам високо либидо, а некогаш едноставно не ми е дојдено до тоа, но кога се случува тоа веднаш сум посреќна и поопуштена.
    Сѐ е до хормоните. :)
     
    На tina2018, mKdevojce, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Da probam ke vi kazam
     
    На gjoker4e, MarijaMi90 и Indiegurl им се допаѓа ова.
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    За воопшто да ти биде од корист сексот во подобрувањето на психолошката состојба, треба прво да си расположена за секс и да уживаш во сексот.
    Форсирање секс ако во даден период едноставно не сакаш да го имаш, поминуваш низ нешто друго или ако го имаш колку да го имаш, без да уживаш во него, нема да придонесе кон лачење на "среќни" хормони. Сега илјадници параметри има тука, ама долга би била таа дискусија.
    Здрав сексуален живот кај возрасна индивидуа секако е дел од општата психичка благосостојба, ама не мислам дека може да направи драстична разлика во подобрување на лоша психичка состојба.
     
    На Askopje, Dust, tina2018 и 19 други им се допаѓа ова.
  15. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Ама може да направи драстична разлика. Замисли ти брак, неколку месеци нема секс. Има расправии. И сега не е лекот да се почне со секс за да ги снема расправиите. Ама ако се запрашаме од каде доаѓаат, одговорот е најчесто дека се оддалечиле партнерите и недостигот од секс уште толку ја влошил ситуацијата и или тапкаат во место или станува се полошо. Тоа ми е уствари и целта на муабетот, малку по малку треба да се обрнува внимание на се, не само на здравата храна и занимациите, и сексот си има голем удел во целокупната психичка состојба, а најчесто не сме свесни за тоа бидејќи ете не сме расположени и не ни е до секс.
     
    На WildMk, gjoker4e и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Ма како не.

    Преживувај со едвај 100 евра месечно, кредити, долгови и свршавај.

    New age психолозиве со ставот дека преку секс се може да се реши се во тешка заблуда.

    Проблеми од лична или интимна природа со секс не се решаваат. Особено не реални или егзистенцијални проблеми.
     
    На Ninanin75, cavalli, Traveler91 и 28 други им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Ако некој во брак нема со месеци секс сигурна сум дека има друг проблем и дека расправиите нема со секс да се решат. Ниту пак дека без комуникација на друго ниво ќе се зближат повторно партнерите само преку секс.
    Ок е да се обрнува внимание на сексуалниот живот, ама нема драстична разлика да направи во психичка состојба на партнерите тоа сум сигурна. Не верувам дека само секс решава подлабоки проблеми во врска.
     
    На tina2018, Peperutce1115, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Влијае врз опшата состојба, односно за подобрување на расположение. Но, општите психолошки состојби не се надминуваат со сексот. Повеќето проблеми, трауми, не потекнуваат од неговото присуство или отсуство. Едноставно моментално ослободување од стрес, незадоволство, лоши емоции. Ако животот ти е хаос и имаш секс, хаосот ќе биде присутен и пред него и после него.
    Ја прифаќам логиката за неговите бенефити, но е далеку од решение за било што, особено што се нуди како одговор од страна на стручно лице. Всушност, вистинско стручно лице не дава совет што е добро за тебе, туку го црпи од тебе директно одговорот, за сам да си го најдеш патот и среќата. Друг ако ти го каже, не е вистински ниту пак правилен за тебе.
    Зависи и како гледаме на работите. Кај лица кои немаат психолошки состојби, да, одлично влијае, но кај останатите, решението е сосема во друга насока. Но, секако не е на одмет да го имаш.
     
    На Traveler91, tina2018, Elf и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Тоа и го кажав. Недостигот од секс е лош за расположение. Присуството на секс го подобрува расположението. Никој не вели дека сексот ги решава проблемите ама помага во подобрување на расположение и атмосфера, а тоа е многу значајно ако си down, ако е депресија тешко.

    Да траумите и проблемите, и општите психолошки состојби не потекнуваат од имање/немање секс. Но влијаат во влошување или подобрување на состојбата. Не е лек сексот туку само пружи олеснување. Некогаш е доволно, а некогаш и тоа е се што е потребно ако човек е down. Јас во текот на бременоста одбегнував секс, сакав ама ете бремена со толкав стомак мислев подобро не. И сфатив тоа било голема грешка. Со тоа партнерот го ставив во глупа позиција, а и себе. Тоа што се осеќав дебела и грда беше доволно за да бидам нерасположена, ама дефинитивно ако не одбегнував секс поради глупи причини ќе ми беше подобро.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Така е, ако сум имала лош ден на работа и колегата ме изнервирал, да.
    Ама темата е сексот и психолошката состојба, може јас не ја разбирам добро, ама јас под тоа не подразбирам такви мали нешта како моментално расположение, туку општата психолошка благосостојба.
     
    На tina2018, Snowflake97, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.