Од медицински аспект пример трчањето има многу поголем бенефит како и психички така и физички. Си кажав јас, мене не ми е битно, на други ако им е битно океј. Кажав дека има и луѓе кои се исполнети психички после секс.
Секс можеби ја поправа психолошката состојба но најмногу влијание има љубов. Секс од потреба е една десеттина решение од она што љубовта/врската може да го направи. Многу губиме ние што сеуште сме слободни... Исто губат и оние што се во токсични одглумени врски.
Психолошката состојба најдобро се подобрува кога ќе ја погодиш "G" точката, а таа се наоѓа во последата буква во зборот "shopinG".
2017 имав депресија и анксиозност. Тогашен дечко ,фино лепо го снема. Неколку месеци молк ,ни порака ни јавување не па да се видиме и јасно ми беше сѐ,но кога ме побара сепак излегов ,знаев дека ќе е чист секс и се тоа. Ама ми требаше ,и стварно после неколку пати ,мозокот ми се излуфтира. Дури и на крајот собрав храброст и му кажав дека веќе нема потреба да биде вака ,или ќе кажеш дали сме заедно и да бидеме нормален пар ,или веќе овие средби не. Нешто што пред да западнам немаше шанси да го направам. Дали е поврзано со самиот секс ,дали тоа што дополнително ме вознемируваше целото тоа со таквата "врска" и анксиозноста ,не знам. Стручно лице не посетив ни тогаш ни сега. Се обидов но не ми се допадна начинот на работа на тој психолог на друг ни не отидов.
Акутно делува само ако ти фали секс и имаш секс, па ќе ти делува нормално. А ако ти се јаде пица ќе имаш секс знаејќи дека и така ќе бидеш среќна и ќе ја поттикнеш желбата за пица? Кога си депресивен го наоѓаш коренот на проблемот што те става во депресија. Доколку коренот на проблемот е немањето секс (членката што ја направи темава го имаше тој проблем) И останати незадоволства што те прават депресивен ќе се чувствуваш подобро после секс и пак ќе бидеш незадоволен. Ама, не можеш да кажеш на некој што е депресивен поради други причини и нема потреба од секс да има секс за да се чувствува подобро после истиот, смешно е.
Можеби за некого има врска ова ама за мене нема.. Секс нема ако не сум расположена.. и не, сексот не ме прави порасположена ниту ми решава проблеми. У дип шит и депресија сум последниве 3 ипол месеци и дури и да проба да ме допре мислам ќе го окрка а не па да продолжи да иницира секс.. Па фала богу ниту сме се карале поради немање секс ниту па се треска од земја зошто го нема.. И тој помина низ таков период и знае како е.. Така да..ич не се пронаоѓам во темава
Врска немаш! Јас лани еднаш имав секс, годинава поретко, ама од сеќавање, знам дека убо ми беше ко се клецкавме и сакам пак да е така. Ама сакам да сакам пак, а не да ми е тежина и мачно и да ми лета на сегде умот. Ќ'ом ќе с'издркам во знак на протест!
Многу од вас гледам буквално ја сфатиле темава. Никој не вели дека сексот е апче за да добиеш амнезија- завршуваш работа и оп, проблемите магично ти исчезнале Правиме муабет за влијанието на истиот врз психата, а не врз решавањето на животните прашања. Лично имам приметено дека сексот ја намалува напнатоста, нервозата и избувливоста за некои глупави работи, влијае кон моментална психичка среќа, ама не е магично стапче за решавање проблеми- а и не треба ни да биде пошо станува збор за моментално телесно и психичко задоволство, а не решавател на сите можни предизвици со кои се соочуваме секојдневно.
Секс не треба да имаме кога не сакаме. Никој мислам не би имал сeкс со сила да се смири. Еве вечерва стресен ден, полн со негатива, исто и вчера бевме напнати. Не помисливме на секс, ама имавме спонтано и одма сме освежени, подобри. Блескаат очите.
Делува позитивно ако си нервозен и напнат, ама ако не ти е добро, ако си тажен, скршен и ептен растроен ќе ти дојде како капак на се. Сум имала секс кога бев под стрес и не знаев што ме чека утре. Ама ми се сакало. Сум била депресивна, растроена, вознемирена и уништена и не ми одел паметот на секс. Ама на некој друг му одел. И не ми беше подобро, не дека беше како силување лошо или да ми пречело, ама не ми смени ништо. Моментално ме опушти ама проблемите си останаа, не замина тагата никаде. Најчесто одбивам секс кога сум во тешко емотивно стање. Ако прифатам може расположението краткотрајно да се подобри, ама тоа е тоа. Толку.
Не сум размислувала на оваа тема искрено . Понекогаш се чувствувам подобро после секс , но веројатно тоа зависи од тежината на проблемот што ме мачи моментално .
Ponekogas mi pomaga za glavobolka ahahhahaha koga apcinja ne pomagaat, koga i 2ta sme napnati i pod stress ne sakame, ne ni mislime, i eden da saka dr da ne saka, se pocituva toa.....sakam koga seksot e spontan iako imam panicen napad ili nekoj anks, ama pri teski momenti ne ni mislam ne pak da legnam.... *** se izvinuvam za mojata latinica, ama tabletov ne mi poddrzuva kirilica
Мислам дека моментално може да влијае на подобрување на состојбата, олабавување на нерви, релаксирање... Од другата страна мислам дека врската е појака. Лошата психолошка состојба може да го уништи сексот. Имав поранешен дечко, со кој сакавме да споделиме нежности арно ама тоа не се случи, дечкото имаше такви психички проблеми, што не можеше да доживее ерекција. Секако, после тоа ми раскина затоа што соочувањето со мене, иако никогаш ништо немав речено, изреагирано, бев трпелива, му беше уште поголем поттик за психолошките проблеми (губење самодоверба, фруатрација, омаловаженост). Така што, двете си влијаат едно на друго, ама другово малу поќе на првово