Па општа психолошка состојба е како се чувствуваш целокупно. Не спаѓаат таму само депресија и потешки нарушувања. Ете имаме луѓе со намалена самодоверба, секој ден сме под стрес за работа,кредити,коронавирус и за жал ништо од тоа не можеме да решиме во моментот, не зависат од нас, ама секс ќе ни помогне. Зошто секаде читаме дека преку секс се ослободуваме од стресот? И стресот е психолошка состојба, и во многу стресни периоди сексот ми бил добредојден.
Да, и ти истото го пиша како и јас значи, подобрува моментално расположение, а не влијае драстично на подобрување на психолошка состојба. И јас не мислев на депресија само, не мора да имаш психичка болест за да си лошо психички. Сите ние имаме периоди кога се соочуваме со сериозни проблеми и кога се соочуваме со тешки периоди. Ама, сите овие нешта како кредити, хроничен стрес, намалена самодоверба, кои ги спомна, не мислам дека некако се подобруваат или решаваат со секс. Ама да, подобрува расположение.
Да ама не ја гледаш поврзаноста. Доброто расположение носи добро однесување. А тмурни и намуртени луѓе оти се нерасположени оттурнуваат се и секој од себе. Тоа сакам да го кажам, секс ќе ти подобри расположение, а со тоа и целокупно ќе бидеш подобро. Подобро и помирно ќе си спиеш, утре кога ќе станеш уште ќе си расположена, нема да губиш нерви на ситници и сл. А немањето секс нѐ прави малку постудени, да не речам и диви.
Пак не ми штима. Кога не ми е се под конец, не ни уживам, милион мисли имам во глава што ме спречуваат да се опуштам. Затоа прво се решава спорот со сам себе, па тек потоа ќе уживаш. А ако не уживаш и го гледаш како замарање, што фајде? Па и со сила не бива. Али супер ако лекот си го нашла во сексот и ако одговорот лежел токму во тоа. За жал нема универзален одговор, но и некогаш 100 пати спомената лага, станува и вистина. Ако се убедиш себе дека ти помага, нормално дека ќе ти помага. И за чоколадото викаат дека носи добро расположение и навистина уживам цели 5 минути, после се е исто, старо, тажно.
Не. Има прекрасни и префини луѓе кои не се расположени. Никој не знаеме што носи во себе, никој не знаеме како се чувствува навистина, без разлика на перцепцијата на неговото однесување од надвор.
Не мора да значи, не е тоа унифицирано правило. Различни луѓе различно ќе ја манифестираат сексуалната активност у секојдневното однесување.
Ако не уживаш не ти треба. Зависи од човек до човек, ете сите различно мислење имаме и гледиште. Јас бев таква кога нешто не е добро се измачував, не се ни трудев да си го подобрам тоа, само продолжував да си го мантрам едно те исто. Јас какви проблеми имам ни 100 секса не ми ги решаваат, ама поентата е баш тоа, секс ќе ми крене расположение, ќе си дигнам самодоверба, утре ќе се нашминкам,дотерам, ќе бидам помотивирана и нема ситници да ме рушат. Не знам. Познаваш некој на кој му наштетил добар секс?
Сум пробала да имам секс со партнерот кога сум била под притисок, стрес.. ништо не се промени во расположение, не дека не знаеше да ме задоволи партнерот, туку ништо не се промени, можеби краткотрајна промена на расположение, кое не траеше долго.
Не мора да му наштети ама не значи дека после секс ќе излезе од депресија и анксиозноста магично ќе му ја снема. Психолошка состојба е многу широка тема и сексот нема врска со одредени состојби.
Не ме сфаќај погрешно, ама како секс би ми ја кренала самодовербата? Пример, порано ако ми требаше шминка за да имам самодоверба, сега не ми треба да знам дека сум убава, барем за себе, многу ми е гајле за друг. Самодовербата се гради од грижа за самиот себе, негување на физичко и психичко здравје. Јас ако сум ружна, после секс нема да сум убава
Е да. Не функционира така. Ама сепак ќе влијае на психолошката состојба. @GrimTheReaper Мене ми ја крена. Имав период од животот кога не ми приоѓаа машки. Се чувствував непривлечно. Кога повторно сексуално се активирав тоа ми се смени
Па не би рекла дека самиот чин ти ја кренало самодовербата. Поверојатно е дека за време на сексот, партнерот ти убацува некакви слатки зборови, се сити на тебе, не може да одолее на тебе, те допира како да не видел женско тело. Тоа те прави тебе посакувана, а не самиот однос.
Уф ова не е океј....доколку оваа информација ја знае твојот психолог и ја одобрува мој искрен совет е да си смениш психолог
Може треба да се смени насловот во -Сексот и расположението или -Сексот и самодовербата или -Сексот и расположонието и самодовербата Ова -психолошка состојба неодредено е, широк поим.
Ама не треба. Сексот помага во подобрување на психолошката состојба преку подобрување на расположението. Расположението е мостот само. Тоа се мачам цело време да го објаснам.
Па добро, никој не вели дека со бутање на половиот орган автоматски се полниш со енергија. Допири, нежности, тело на тело, зборови, предигра...се' е тоа дел од сексот.
Мене не ми влијае воопшто на анксиозноста, а имам редовно. Влијае моментално добро на расположение, ама дека ќе помогне на некоја психолошка состојба на подолг период- тешко.