Ако имаш психолошка состојба што се лечи со секс, тогаш не ти е толку страшна состојбата, освен ако немаш партнер за секс па си без лек. Нема потреба да се мачиш да објасниш, еве имаш луѓе што ти велат дека редовно имаат секс па пак имаат психолошки проблеми. Мачи се колку што сакаш, нема да докажеш.
Извини ако се мешам но темава (сексуалноста и психолошката состојба) колку проценти владее за време на вашите сесии?
Не е така. Владее глобална депресија со короната. Кога останав без работа не апстинирав мислејќи дека секс за тоа не помага. Кога сум под стрес за најразлични работи ми помага. Конкретно пред 4 месеци дознав нешто од кое се шокирав и крајно се разочарав. Да немав секс таа вечер веројатно ќе ја поминев ноќта во плачење.
Сексот е, и секогаш треба да биде состојба на уживање. Сексот не треба да биде copying mechanism и замена за нешто друго што е паралелно битно во моментот. Плус, за да стигнеш до стадиум на врв, претходно треба да си релаксиран, расположен и во добра умствена состојба. Ако си ти во константен грч и чувствуваш тензија поради X причини, налет цел секс. Зошто не само што нема или тешко ќе дојдеш до оргазам, туку ќе завршиш со уште повеќе фрустрации што не си свршил/а.
Темава не е за тебе и дали тебе сексот ти помага. Можеш да си кажеш нормално, ама да настапуваш со -не е така, јас не плачев една вечер оти имав секс и затоа тврдам дека открив лек против еден куп болештини...изи.
Не ми беше воопшто тоа поентата. Вниманието од партнерот е тоа што ти ја крева самодовербата. А истото може да го добиеш и вон сексот и да се почуствуваш најпосакувана. Ти може да имаш секс, да нема никакви емоции, туку само за задоволување на нечии потреби, и во тој случај не гледам како влијае на самодоверба или општо на состојбата, напротив би донело фрустрација. Така да, темава ми изгледа повеќе лична, отколку логична.
да беше квалитетен психологов сигурно ќе ти укажеше на поинакви техники и начини за соочување и преработување на шокот и лошите емоции. И да ја поминеше така ноќта не е тос нешто лошо.... те молам размисли да си побараш друго мислење, друг различен пристап.... Ти посакувам се најдобро
Се смеам на глас. Верувај и јас толку ја тупев, ама после долги часови објаснување од психологот поинаку гледам. Добри 40%
Вон секс не можеш да добиеш работи што се поврзани со сексот. Внимание од партнерот не е исто со секс, па и само петинг да е. Може цел ден да ми зборува колку сум убава и колку ме сака, нема врска со задоволството што го имаш со сексот.
Види ова не е единствен психолог кој го имам посетено, но е најдобар. Претходните двајца беа катастрофа. Првата плачеше додека и радкажував, другиот не ми помогна ич. Овој ми помогна да се справам со загубата на мајка ми и затоа толку му верувам и пак отидов кога имав онака полесна состојба и тогаш тоа го зборувавме. Претходно се немаше споменато секс кога имав загуба и трауми.
Aко психологот утврдил дека изворот на проблемот кај неа се сексуалните фрустрации може и 90% од сесијата да зборуваат за тоа. Е сега, колку е тоа навистина така, и колку е навистина кадарен психологот се веќе прашања коишто се под знак прашалник.
Јас говорам за друго. За поврзаноста на сексот и самодовербата. Имаш секс со Номче од улица што си го собрала, како Номче ќе ти ја крене самодовербата?!?Оти посакал да има секс со тебе? Мислам која е поврзаноста едно со друго. Затоа велам, најверојатно членката за време на сексот доживува нешто поразлично од претходно, дал добива поголемо внимание, не знам. И секако дека имање на секс и внимание не е исто, ама второто е она што всушност влијае на самодовербата.
Абе ајде. Кога сте гладни нели сте нервозни? Диетите затоа се тешки. Исто е и со сексот. Ако нема секс не се задоволува потребата и сме даун. И ако сме подолго време даун ќе ни се влоши психолошката состојба. Просто е. Само комплицираме за џабе. Не мора никакви емоции да имаш за да доживееш оргазам и за да се излачат тие хормони на среќа. @WildMk те канам малку на муабет тука.
Ако ти е подобро со редовен секс, честитки, уживај. Просто било Така е цуци, останатите глупи, само комплицираат.
Зборуваме за целосна апстиненција или што? Се има секс, кога постои прилика, расположение, желба, ако ништо од тоа немаш, што фајде. Кога бев на ад, боље да ми дадеше да копам нива, него да се слакам, па да викам ах ах, па да се облакам. Жалам за визуелноста, ама мене лично за да имам секс треба да сум расположена, а не обратно.
Одиш во обратна насока од тоа што си пишала во воведот. Темава не е поставена во воведот ако имам секс дека ќе се осеќам подобро, туку дали ако се осеќам лошо, сексот драстично ќе направи да се осеќам супер, ако веќе сум во лоша психичка состојба. Бустот на хормоните на среќа се краткотрајни, треба да имате секс ко зајаци ако веќе само на секс се ослонуваш за да ти се подобри состојбата. Секако, како што ти кажаа, ако сексуална фрустрација ти е коренот на проблемот, тогаш да, секс ќе е решение. Во спротивно не. Немој да се лутиш ама имам впечаток дека сакаш сите да се согласиме за да некако си докажеш дека секс магично би ти ја подобрил состојбата лично. Навистина се надевам дека тоа е решението на твојот проблем, ама не би го генерализирала тоа на овој начин како во темава.
Ама стварно сексот е потреба. Ако човек ужива во секс нема да му се влоши психолошка состојба, ќе му се подобри. Сексот не плаќа сметки, не враќа кредити, ама Боже мој зарем не нѐ казнил доволно животот па сега и да се нема секс заради проблемите од чиста претпоставка дека не помагал.
Не сакам да бидам од тие што се навраќаат на стари мислења, но се сеќавам дека членката пишуваше за нејзините проблеми со партнерот во однос на сексот. Односно, постоеше некаква одбивност од негова страна. И логично е сега да и се подобрила ситуацијата. И да во овој случај влијае позитивно на нејзината состојба, ама само затоа што коренот на проблемот бил токму во тоа.