1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сексот и психолошката состојба

Дискусија во 'Психологија' започната од Fallen.Angel, 15 април 2021.

?

Дали сексот ја подобрува психолошката состојба?

  1. Да

    96 глас(а)
    67,1%
  2. Не

    25 глас(а)
    17,5%
  3. Не сум размислувал/а за тоа

    22 глас(а)
    15,4%
  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Ама ти не правиш разлика меѓу психолошка состојба и расположение. Има дузина истражувања кај што велат дека сексот го подигнува расположението ама тоа не значи дека е лек за психички болести.
     
    На Doozy, cresa-jagoda, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Да не ви реплицирам. Не е погрешна насока.

    Не сте слушнале за make-up sex? И тоа постои, имам читано. После расправија некои се сексаат и одма е се ОК. Баш магично. Не дека секогаш тоа функционира и треба да се применува. Ама ете тогаш убаво влијание има на скараните и нервозни луѓе. Апчиња викаат помагале за психолошки состојби, помага и сексот на сличен начин. Ама луѓе како луѓе претеруваме и комплицираме, ај не сум расположена не ми е до секс, ај имам депресија не ми е до ништо, а да се проба не кошта ништо.
     
  3. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Женски
    Ама не е тоа муабетот колку што сфатив јас. Поентата е дека многу често нашето расположение влијае на нашето однесување барем со блиските. Секако дека со некој непознат на улица или со колега ќе се воздржам, ама со мм може ќе се скарам, дури и ако не е крив, ако сум секако нервозна и нешто психички раздразната. Со сигурност кога ние сме подобри и порасположени, ни се подобруваат и односите со другите.
    Може да се смееме со new age теориите, ама факт е дека тоа што го зрачиш, го привлекуваш. Не зборувам тука за тоа дека ако посакам авион, ќе го добијам, туку дека ако сум јас помила и порасположена и мојот партнер ќе е подобар со мене. Факт, 1000 пати докажан, барем кај мене.
     
    Последна измена: 15 април 2021
    На WildMk и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Ако расправијата е за зошто капакот од шољата е кренат или спуштен.
     
    На Hellobeautiful, cresa-jagoda и Celltica им се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Има психолошко објаснување зошто ова навидум функционира. Слично е како кога бараш кола, толку се фокусираш на колите, што насекаде ги гледаш, иако дотогаш не си ги забележувала. Вистината е нашиот фокус е лимитиран и на тоа на кое ќе се фокусираме, тоа ќе го гледаме насекаде. Објактивно, истите нешта цел живот биле околу нас.
    Никако не се сложувам со такви работи како зрачења, привлачења и ако мислиш позитивно дека нешто ќе манифестираш. Посебно не кога им трубат вакви нешта на луѓе со психолошки проблеми. Многу опасно и неефективно.

    Не е убаво да потценуваш дијагнози.
    Очигледно не си имала контакт со некој кој навистина бил во таква ситуација.
     
    На cresa-jagoda и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  6. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Пак се враќаме на истото. Сексот подобрува расположение, а добро расположение е мост кон психолошка благосостојба. Антидепресивите не се ништо друго туку стабилизатори на расположение, и на тој начин помагаат да ни биде подобро.
     
    На Stories, WildMk, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Не е исто. Антидепресиви се земаат секој ден со причина, нивното дејство е подолготрајно за разлика од просечен секс. Истите функционираат на различни начини, што не е тема тука. Но, сосема различно од она што се случува за време на сексот. Всушност треба да имаш секс секој ден, барем 20 саати. Изводливо? Не, па оттука и споредбата не чини.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459

    Види.
    Проблемот не е толку до неа колку што е до самите психолози.
    Она што јас го имам како сознание од колеги кои завршија на психологија, e тоа дека многу често самата гранка ги наведува на тоа слепо да ја следат методологија дека корен на повеќето проблеми е сексот.
    Што лично мислам дека е погрешно, бидејќи е тоа евкатантно Фројдовско размислување, нели. Особено новиов бран млади психолози..уби боже.
    Али небитно, тоа по страна.

    Реалноста е дека психолози кои не се издигнале над тезите на Фројд, и неговите колеги, кој во сенешто пронаоѓале сексуален афинитет и причинител, тоа дефинитивно ќе се рефлектира врз квалитетот на одржаните сесии со потенцијалните пациенти со одредена доза автосугестија дека сексот е таргетот и квалитетното имање на истиот може да реши сѐ.

    Значи не, апсолутно не тврдам дека сексот не е дел од нас, но, честопати е само капка во океанот или само 40%-60% реална причина за комлексноста на состојбата на индивидуата.
    Амаааа...секс. Битно е да се ебеме, па макар и камења паѓале. :)
     
    Последна измена: 15 април 2021
    На Elf, Luminary, MissBreezy и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Да, се согласувам со првиот дел, општо и пошироко медицината кај нас е без врска, какви приказни имам слушано што им зборат посебно на помлади девоjчиња околу сексуално здравје, да се запрепасти човек. После 25 години веќе секоја дијагноза е зошто немаш деца и слично. Па ќе имаш деца, па дијагнозите се недостиг на секс и стрес и така. Три дијагнози за сите 2 000 000 луѓе.

    Автосугестија да, поприлично често, особено ако си во состојба во која бараш излез, ќе пробаш се, ќе имаш верба во се, ќе се трудиш да мислиш дека тоа е решението на проблемот и така. Само убаво е да видиш и чуеш и други искуства за да препознаеш дали ти одговара или не "терапијата". Зошто инстант подобрување на психолошка состојба не постои, впрочем е толку сложен и долг процес, тешко дека секс ко секс може драстично да помогне.

    И секако, не викам немајте секс, таман работа. Ако се има желба, нормално. Ама мислам форсирање да се има, ако не ти се сака, зошто си под имресија дека ќе ти ги реши проблемите, нема ефект, ако нема и контра ефект. Во таа смисла не се согласувам со тоа, ајде да се проба. Да, секако ако ти се има секс ќе имаш. Не мора ремајндери да ставиме ко за апче.
     
    На cresa-jagoda, Snowflake97, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    02683B21-6767-452C-8DDA-C94409D3DF28.jpeg
    88B49090-F927-4030-B684-1F9D1591B22C.jpeg
     
    На WildMk и SugarHoney им се допаѓа ова.
  11. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Женски
    Да не сме оф топик, има тема и за ова, ќе бидам кратка во однос на ова прашање. Убаво имаш напишано и ти, се е до фокусот. Кога фокусот е само на кредити, беспарица, болести и лоши работи, да не набројувам сега, кога само на тоа мислиме и за тоа зборуваме, тогаш тоа само и го гледаме, сметаме дека со тоа само сме опкружени. Кога фокусот ни е на повесели работи, тогаш сфаќаме дека во животот има и мн убави работи. Тоа не го негира постоењето на лошите, но е поздрав начин на функционирање. Тоа е едноставно свесност за добрите работи во нашиот живот додека ги имаме, не ако/откако ќе ги изгубиме.
    Психологот не рекол ништо лошо, буквално сите стручни лица од оваа област обраќаат многу внимание на сексуалниот живот на личноста. Ако сакаше да кажиш дека за законот на привлечност не треба да им се зборува на луѓе кои во одреден момент се психички кревки, се согласувам. Не е тоа тоа што им треба во моментот. Но психологот на зборувал за тоа, туку утврдил дека на @Fallen.Angel сексот и е важен, според разговорот, и и кажал дека треба да прави работи во кои ужива и ги сака, кои влијаат убаво на нејзиното тело. Тука ја спомнале и исхраната, физичката активност и меѓудругото сексот.
    Јас сум живеела и 4-5 години без секс (секако не зборувам за кога сум била дете, туку во средните дваесетти) па животот ми бил супер, а еве сега сум во брак и имам нормален сексуален живот, па сум имала мн тешки периоди. Никој не вика дека сексот е решение за се, само дека е важен дел од интимноста. Здравиот сексуален живот е добар за секој човек, без разлика дали тоа за него значи 1 дневно или еднаш на две недели да има односи.
    Во однос на бракот, сексот и тоа како е важен за односот меѓу двајцата партнери. Статистички еден од најголемите проблеми во бракот е различната потреба за секс на партнерите. Различното либидо. Мора да се најде заедничко решение за тоа, затоа што ако едната страна има потреба од тоа, а другата не, таа страна ќе се чувствува отфрлена, самодовербата може да и се намали, да се почувствува непосакувана итн. И факт е дека се оддалечуваат партнерите. А, тоа често води и до неверство.
    Тоа не значи дека треба другиот да има секс секогаш кога ќе посака тој со поголемо либидо, секако дека често не ни е до тоа, но факт е дека ако континуирано не се усогласуваат партнерите на оваа тема ќе има незадоволство во врската/бракот. И секако има исклучоци како бременост, постпородилна депресија, друга психичка или физичка состојба која не оневозможува во моментот да уживаме во тоа итн.
    Целата поента е дека на тој што сексот му е потребен, кога е со постојан партнер и кога редовно го има, убаво му влијае.
    На тој што има помало либидо, добро му е и со помалку. Дали малото либидо е секогаш одраз на некој проблем кај личноста, не сум сигурна. Не би се согласила, некогаш може да е, некогаш не.

    Ова е типично jumping into conclusions, во случајов многу несоодветно :)
    Добро еве ти кажи ми ако си имала контакт со некој таков :)
     
    Последна измена: 15 април 2021
    На *Amethyst*, WildMk, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Кој видел како стварно изгледа депресија никогаш нема да пише такво нешто како членката погоре:
    Да, first hand сум видела како изгледа. За жал.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Јас минев низ тоа. Немав партнер и веројатно затоа и немав секс, кога ме удри и пост-породилната немав секс, а помислував.Ќе ми помогнеше и тоа многу бидејќи депресија како депресија сама по себе е тешка, а луѓето околу мене ја правеа дупло потешка, па истите луѓе да беа подобри кон мене полесно ќе поминев. Конкретно партнерот ако ме поддржеше барем малку, ако имавме блискост и секс полесно ќе надминев.

    @MarijaMi90 намаленото либидо се знае или здравствен проблем или премногу притисок,замор, обврски и многу стрес. Некогаш за намалено либидо придонесуваат и лековите. Кога бев на антидепресиви почувствував.
     
    На WildMk, MarijaMi90, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Женски
    Ама јас не го пишав тоа, а ти мене ми се обрати. First Hand сакаш да кажиш од некој што ти е многу близок, или самата си го доживеала? Ако сакаш да споделиш секако, ако не, во ред.
    Епа еве, да ти кажам и јас сум го доживеала First Hand и сепак мислам дека се е до фокусот. Треба да се лечи тоа што довело до тоа фокусот да ни е само на нешто лошо. Дали ние сами ќе успееме да се избориме со тоа, или потребни ќе ни се АД е индивидуално и ќе не советува доктор за тоа. Но, всушност тоа и го прават АД. Ти го тргаат фокусот од црните мисли и ти овозможуваат да размислуваш трезвено и смирено. Во секој случај не се магични.
    А сексот знае да е :rofl::rofl::rofl: Мала шала е последново. Решението е секогаш склоп од повеќе работи, и само ние може да го најдеме, некогаш со поткрепа од терапија, некогаш и без неа, ама никако само со неа.
     
    На WildMk и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Напротив, за да се фокусираш кон позитивните работи, треба максимално да се фокусираш кон негативните. Замислување на лажна позитивност, само го трупа трулежот што гори во срцето, се додека не настане имплозија. А таа, баш и не е пријатна. Ти всушност немаш проблем со позитивните мисли, да си ги имал, нема да доживееш разни психолошки состојби. Целта е да ја смениш перцепцијата, да ги гледаш како еднакво важни емоции и нешта во животот.
    Нејзиниот психолог, не знам каков начин на работа има, ама далеку од пожелен и правилен. Пишав погоре. Психолог не ти дава решение, ниту совет, ниту свое мислење, буквално те проектира тебе и ти си таа што ги носиш заклучоците, решенијата и видувањата. Тоа е најправилен начин на работа. Затоа што тој не знае што мене ме прави среќна, не знае што ме прави тажна. Всушност е медијатор помеѓу твојата свесност и несвесност.
    Единствено инсистирање за сексот го прифаќам, само доколку пациентот самиот ставал акцент на тој проблем.
     
    На MissBreezy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    8.272
    Пол:
    Машки
    Зашо го напаѓате психологот. Ја мислам денес цела комерцијална психологија се врти околу Сигмунд Фројд. Исто ко што матичниот ви вика од промаја ти е све шо те боли, така и психолозите многу често емоционалната состојба ја препишуваат на сексуалноста.
    Шо реално може да има логика.

    Никој не вика дека сексот ќе ти ги реши сите проблеми у животот. Ама и те како може да има улога во справувањето. А да не збориме дека голем дел од проблемите во врските се должат токму на неговиот недостиг. И зборам за односи меѓу двајца кои се сакаат, тогаш сексот не е само физичка активност. Тогаш има огромно психо-емоционално значење.

    А во поглед на самото физичко "олеснување" и лачење на сите тие хормони да, го има тоа дејство врз телото што го збори @Fallen.Angel , дури и кога е само мастурбација.
    Само во случај на секс со непознат/без обврски, мислам дека guilt feelings после ќе ги засенат физичките придобивки
     
    На *Amethyst*, Mikha4, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Фројд и здрав сексуален живот на жена се две спротивности.
    Самиот викаш ко да ти препишуваат болест на промаја. Тоа нема никако логика.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    8.272
    Пол:
    Машки
    Темата не е за здрав сексуален живот на жена, туку сексот и психолошката состојба. Шо спаѓа баш под Фројд...
    Зборам и за мажи и за жени.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Женски
    Како да се концентрираш на негативните? Мислиш да се соочиш со нив, со стравовите? Ако мислиш така, се согласувам. Како да се смени перцепцијата? Да се смени фокусот значи, истото е. Сите скоро го кажуваме истото, со различни зборови. Ако сакаш да кажиш, да сфатиме дека негативните мисли и случувања се составен дел од животот и дека не треба да се обвинуваме дека ги имаме и нив и дека ни се случуваат, тоа го мислам и јас. И кажав, фокусот на позитивните работи во нашиот живот не ги негира негативните.
    Тешко е да се постигне ова, но тоа е клучот на добриот живот. Колку од нас си го ценат здравјето само кога не им е добро? Кога ќе не боли нешто си викаме само да ми помине, ништо не е важно. Ден претходно се друго било важно, само тоа не, зошто сме биле добро.
    Викаш замислување на лажна позитивност само го трупа трилежот додека не експлодираме. А, зошто лажна позитивност? Не сметате некогаш дека сме затрупани во лажна негативност? Незадоволни со се, иако голем дел од нас имаат многу? Не зборувам во контекст на New Age теориите, туку си кажувам мое мислење.
    Дересијата всушност е магичен круг од премногу црни мисли, кога не гледаме излез и тоа трае подолг временски период. Со АД баш се менува перцепцијата. А како? Така што личноста е порационална и не гледа толку црно на се. Разграничува што е навистина лошо, а што е проекција на нејзините мисли и стравови.
    Убаво си напишала на крај. Единствено го прифаќам инсистирањето на сексот ако самиот пациент ставил акцент на тоа. Велиш самиот пациент треба да си донесе заклучок, а психологот само да го води. Епа многу е веројатно дека Fallen Angel го навестила тоа, можеби и тој разговор е нејзина проекција, психологот почувствувал незадоволство кај нејзе во однос на тоа и ја развил таа дискусија.
    Има полоши и подобри психолози. Каков е тој со којшто разговараме ни кажува чувството што го имаме после разговорот. Ако не ни одговара, треба да пробаме со нов психолог.
     
    Последна измена: 15 април 2021
    На WildMk и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Не ги дочитав сите коментари, но сфатив дека не сте ја разбрале членката што сака да каже, а може и не се објасни убаво. Таман работа дека сексуалните односи ќе ни ги решат сите проблеми што ги имаме, поентата не е таа на темата. Апстинирањето од сексуални односи и тоа како доведува до зголемена анксиозност, депресија, намалена самодеверба и намалено либидо, а пак анксиозноста и депресијата дополнително доведуваат до намалено либидо и тоа е еден магичен круг.
     
    На naturallmess, WildMk, Annath и 6 други им се допаѓа ова.