1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сексот и психолошката состојба

Дискусија во 'Психологија' започната од Fallen.Angel, 15 април 2021.

?

Дали сексот ја подобрува психолошката состојба?

  1. Да

    96 глас(а)
    67,1%
  2. Не

    25 глас(а)
    17,5%
  3. Не сум размислувал/а за тоа

    22 глас(а)
    15,4%
  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Епа збори само за мажи. Оти Фројд и женска сексуалност не идат заедно.
    Уствари не знам и за мажи дали е ок, не сум истражувала од тој аспект.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Луѓе кај отидовте во тешки психолошки болести? Зошто крајности? Баш лабаво ми почна темата, сега ептен дарк.

    Си доаѓаш напета од работа те изнервирала колешката, маж те пречекува со ручек и винце, те масира, те опушта, имате убав долг секс и после се гушкате цел саат голи, го галиш по грб и си викаш 'Со што те заслужив?'. Стануваш од кревет, проблемот од работа уште те мачи ама веќе си смирена и лабава и го гледаш од друг агол, пристапуваш со ладна глава.

    А од друга страна имаш 'Леле душо каков проблем на работа денеска...', те слуша, си ручате, го пиете винцето и си легнува тој да гледа фудбал или да дремне, а ти остануваш да седиш и да се мислиш што те снашло. И така :D И не е проблем да немаш секс, проблемот е кога тоа трае, се повторува, се фрустрираш, се трудиш безуспешно, се сомневаш и на крај креваш раце и ти е сеедно.
    Мислам ме сфативте што сакам да кажам. Во слични моменти мнооогу ми помогнал сексот.
     
    На Stories, naturallmess, Amellie13 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.740
    Пол:
    Женски
    :?:

    Ова го цитирам како дел со кој се согласувам. Сексуалниот нагон покрај се е нагон. Ако не го задоволваме фрустрира. Со поќето мислења бев на пола пат зошто го негират овај дел. Или пак пренагласват сексуалност за решавање проблеми шо е друг екстрем и не ја гледам темава во било кој екстрем.

    Секс после кавга ќе те олабај да мислиш трезвено, да. Зато и споменатиот make up sex е толку популарен. Ама нема да го реши задинскиот проблем. Нема магично да е ок. Добар секс не е един критериум за ок врска. Дур би изгенерализирала дека многу луѓе се во лоши врски поради добар секс. Али можи то е само моја перцепција. Мора да се работи на врската од сите аспекти. Ова опишано во темата ми остај впечаток и сакав да го прокоментирам. Дали ако сакаш секс, а не си во тип топ расположение ќе ти намали тензија и ќе си подобро? Да. И понатаму нема да реши задинскиот проблем и мора работење на него. Да, намалена тензија е убо, али ој биди спремен за секс на дугме.

    Кога секс е решение е кога секс е проблемот. При некомпатибилност, не стигање до оргазам и сл., шо носи до сексуална фрустација. Тогаш секс е решение. И пак не решение од тип "имај секс лмао" туку учење на градење однос со партнер за да побараш то шо сакаш ( овај пример за да е релевантен со то шо набројав нормално).

    Генерално се согласвам со двете страни, али неќам пак да тупам со баланс иако можда одамна немам спомнато бАлАнС. :?:
     
    На Annath, 1209, Snowflake97 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Или јас не сум ја разбрала темава, или вие...

    Самата интимност(бакнежи, допири/предигра), самиот сексуален чин(пенетрација), самиот оргазам благотворно делуваат на организмот физички и психички. Башка што поврзаноста што ја чувствуваме со партнерот во голем дел се должи баш на окситоциност кој се лачи кога сте интимни. Одамна психијатријата ги знае овие работи, не е ново.

    Секс не треба да се користи за решавање проблеми, според мене.
    Во животот сум немала мејкап секс и нема да имам.
    Секс имаш тогаш кога сакаш да имаш секс, со тој што сакаш да имаш секс, онака како што сакаш да имаш .
     
    На *Amethyst*, Stories, naturallmess и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    20.744
    Пол:
    Женски
    90% од коментарите на темава се поврзуваат со секс со моментален партнер. А што ако го немаме? Океј, некој пиша мастурбација.
    Искрено, кога ми беше најлошо не сакав ни да видам некој а камо ли да ме бакнува, допира итн. Така да не мислам дека сексот (општо, без разлика дали со партнер подолго време или one night stands) можат да ја променат целосната психолошка состојба.
    Сексот може да среди некои глупи банални проблемчиња како примерине со колеги од работа, некои незначителни ситници кои до следниот ден ќе бидат и заборавени.
    Ама дека сексот ќе излечи анксиозност, депресија итн..не би рекла.
     
    На prominent, Billy Idol, bicycle и 8 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Мастурбација де.
    Дека ќе те излечи, нема, ама дека ќе ти поможи-ќе ти поможи...

    И за тешки психолошки растројства се препорачува оргазам како терапија (ако смеам така да се изразам)
     
    На *Amethyst*, Amellie13, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    20.744
    Пол:
    Женски
    Пишав и јас за мастурбација ама пак не знам, можеби од мое искуство мислам дека и тоа не може да те "излечи". Ако е темава за моментална психолошка состојба океј, ама ако се збори за општо тогаш јас лично не гледам решение во сексот. И кога одев на психолог кога апла ми беше лошо, ако ме советуваше да имам редовен секс мислам бетер ќе ме избедираше.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Реков нема да ти 'излечи', туку ќе ти помогне до некој степен.
    И реков мастурбација, затоа што при оргазам се ослободуваат истите тие хормони.
     
    На Frosin4e, Fallen.Angel и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  9. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Не знам зошто до толку отиде. Како да реков 100% ќе те излечи секс. Самата тема е како сексот влијае на психолошка состојба. Психолошка состојба се подразбира целокупно како се чувствува личноста. Од расположение до нарушувања. И според мене влијае позитивно сексот на целокупната состојба. НЕ ги решава проблемите, не ги брише кредитите, депресијата итн. Ама дефинитивно подобрува расположение, а со расположението се влијае на целокупната состојба. Сакав да се продискутира за тоа, дека сепак се во нашето тело и мозок е поврзано и дека сексот помага и придонесува во водење на поквалитетен живот. Не си го измислив. Таа е тезата на сите new age психолози како што ги нарекувате. ОК е некој да не се согласува со тоа. Ама за тоа е темата де, дали се согласуваме или не, првично звучи можеби малку глупаво и неповрзано, нормално на депресивна личност не и се прави ништо, успех е ако денес стане од кревет и тоа е во ред. Муабетот е дека секс добро ќе и дојде на депресивна личност. Нема магично да ја избрише депресијата или да реши подлабоки проблеми но ќе помогне. Исто како што ќе помогне храна или прошетка. Приближно како и да се напиеме лек. Дури ни лековите не се усовршени за целосно да решат некој проблем. Јас лично бев како скаменета на антидепресиви. Додека не почнав малку и јас да преземам чекори за да си ја подобрам психолошката состојба, самата нема да се подобри од голтање лекови на одредени часови. А во тие чекори спаѓа и сексот. Луѓе сме не сме машини, ни треба социјализација, секс, хоби, муабет.

    Баш затоа што знам колку е гадна депресијата и анксиозноста пишувам за ова. Сите знаеме дека ќе ни стане подобро ако се занимаваме со нешто и сме зафатени па мислите ги тргнуваме од негативните работи, па ете сексот е real deal ем кратко бегство од проблемите ем се лачат среќни хормони.

    Лошо расположен човек ќе си повлече само нови куп негативности. А сексот влијае на расположение и на тој начин ја подобрува психолошката состојба. Небитно дали е обична ситница како она со колегите од работа или некоја потешка слика е во позадина.

    Што се однесува до мејк ап секс. Сум немала, го наведов како пример само. Ама не џабе постои.

    Она што сакав да го доловам е дека нередовен секс лошо влијае, секс после кој не сме задоволни исто лошо влијае. И најчесто тоа ние го занемаруваме. На памет не ми паѓало дека со секс ќе се ослободам од стрес и уште помалку дека сексот е тесно поврзан со многу други нешта.

    На растроени личности им недостига баланс во животот. Балансот се гради со мали и поголеми чекори и промени. А во тие многу често спаѓа и сексот. Во воведното мислење има и статистички податок од пациентите кои ги имал мојот психолог, и тоа е висок процент на луѓе кои не биле ни свесни дека може преку секс да си олеснат до некоја мера и да воспостават баланс.

    Патем кога би ја немало стигмата за ЛГБТ заедницата, единствен проблем кај нив би било наоѓање партнер и имање секс редовно.
    Не сакам глупо да звучи ама зошто дел од мажите одат кај проститутки? За секс, за олеснување после напорен ден, бегаат од расправии со сопругите, оние сингл што се исто, да ја задоволат потребата од секс за да не бидат down на крајот од денот.

    Сексот како секс е потребен за баланс. И тоа е доволно некогаш. Ако двајца се утепале од карање не е муабетот одма секс да имаш, или недај боже умрел некој па ај да се расположиме. Туку ете функционираме под стрес, имаме различни психолошки состојби, ако не преземеме ништо нема и ништо да подобриме. Сфаќам дека некогаш на човек не му е до секс. Ама некогаш и те како би му помогнал секс а не е свесен за тоа. Велам би му ПОМОГНАЛ не дека ќе го излечи и ќе биде како да пушел џоинт.
     
    Последна измена: 16 април 2021
    На *Amethyst*, Amellie13, Billy Idol и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Никој селф респектинг нормален маж не иде по проститутки за да задоволи нагон.
    Јас таков не би ни пипнала, камо ли не да го правдам како напорен ден имал и за греота down се осеќал.

    Може ќе и дојде добро, ако сака да има секс. Тоа збориме цело време. Ако не ти е до секс, прво нема во самиот секс да уживаш. Барем за мене лично форсирање секс за да се осеќам подобро би имало контра ефект. Тебе може ти помага, супер.
     
    На cresa-jagoda и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.897
    Ова, споменатите хормони, серотонин, допамин и сл, се тн happy hormones. Дали влијаат на моменталната психолошката состојба- секако. Дали е сексот единствен начин да се генерираат истите- секако не. Сексот е еден од начините на редуцирање стрес, и фала богу не единствен. Во контекст на среќните хормони, ист ефект можело да се постигне со интензивна телесна вежба, галење куче, гушкање и слично. Физички контакт или активност.
    Друг муабет е, кога самиот недостиг на нешто те фрустрира. Ако имаш потреба од секс, а истиот го немаш, нормално фрустрира. Ама истото важи за сите ,,потреби,,. Ако некој тргне од претпоставка дека му треба кола, а не може да ја добие истата, верувам подеднакво ќе биде фрустриран, дури не ја добие колата. Или кариеарата. Или било што. Доброто е што сексот, ако ти е потреба, во некоја форма можеш да го задоволиш и сам, со колата и кариерата потешко:lol:.
    Ботом лајн- задоволени потреби водат кон задоволство, тоа е веројатно неопходно за добра психолошка состојба. Ама некогаш треба многу повеќе од задоволени потреби за добра психолошка состојба.
     
    На glosipgirl, IRBBB, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ама глеј финта... сите наеднаш и со таа количина се лачат само при секс.
    Ако сакаш фул ефект имај секс.
    Ако сакаш едно-по едно погали го кучето, па истрчај еден километар, па лапни еден ред чоколадо :D
     
    На Snowflake97, Ajronmen, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Мислам дека и двете страни се обидувате истото да го доловите, само со погрешен избор на зборови од едната страна (тука мислам на ова што го пишува @Fallen.Angel ), па другата страна скроз погрешно го перцепира напишаното.

    Прво, најголем проблем гледам во употребата на овие два зборови: психолошка состојба.

    Прво, да пишам дека психологијата е наука која се занимава со психичкиот односно душевниот живот на човекот. Тоа подразбира низа психички процеси (когнитивни - учење, меморија, перцепции, емоционални - страв, лутина, радост,) понатаму психичките особини на човекот (темпераментот) и т.н. психички состојби (внимание, расеаност, замор). И тука, не станува збор за никакви растројства. И тогаш да, сексот може да ти влијае на "психолошката состојба".

    Но, кога станува збор за растројства - еве како пример се спомна депресивното растројство сексот не може да биде примарен и основен третман за подобрување на психолошката состојба на човекот. Тука луѓето често пати се соочуваат со губење на интерес за секојдневните работи, дури и за они кои им причинуваат задоволство. Значи, станува збор за сериозни состојби со сериозни ризици за здравјето на човекот. И ако на некој не му се станува од кревет, не можеш со сила да го натераш да има секс, само заради тоа што со сексот се ослободувале хормони кои го подигнуваат расположението кај човекот. Да, депресивните растројства се должат на хемиска неурамнотеженост во мозокот, но примарниот третман за тоа секако дека се антидепресивите. Дополнително, тоа треба да биде комбинирано во разговор со психолог/психијатар, со што ќе се влијае на размислувањата, перцепциите и верувањата кои се среќаваат нај депресивните луѓе.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    26.555
    Ние што немаме партнер значи несреќни ќе си останеме. ;(
    Мастурбација и вистински секс не е исто, да не се лажеме.
    Не се тогаш толку лачат хормоните што ги толку кажувате.
    Серотонин се лачи повеќе во ГИТ инаку.
    И дали асексуалните тогаш се мизерии ако одиме по темава? :^)
     
    На Herrera, edna_malecka, bicycle и 2 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ај сконцентрирајте се на темата.

    Имаш секес, се лачат хормони на среќа.
    Се чувствуваш подобро - факт.
    И при тешки психози, не пак здрав ако си.
     
    На *Amethyst*, Stark, Ajronmen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Се лачат де и при тешки психози. Ама како ако на некој не му е дојдено до ништо во животот и сака да се самоубие на пример, ќе го натераш да има секс за да лачи хормони на среќа?
     
    На Billy Idol, GrimTheReaper, Hellobeautiful и 4 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    То е друго.
    Реков уште вчера:
    Имаш секс кога сакаш да имаш секс, со оној со кој сакаш да имаш секс, онаков каков што сакаш.
    И то го тргам на страна, како веќе 'решено'

    Зборувам конкретно за бенефитите од самото исполување на интимност.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    26.555
    Мене ми нема смисла темава некако искрено.
    Сексот те отрга од проблемите? Мене од минорни проблеми ме отрга филм, прошетка, возење со велосипед. Не ме отрга секс.
    Се лачат хормони де, ама истите хормони се лачат и при многу други состојби.
    Сексот е потреба и толку. Не гледам како би придонел долготрајно за мојата психолошка состојба. Да, убаво е додека трае сексот и кратко после тоа и толку.
    Не гледам поврзаност денеска да се скарам со колешка да си отидам дома да имам секс и да помине се тоа пошто ми се ослободиле хормоните.
     
    На Nausicaa, edna_malecka, Hellobeautiful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Не фатив никој за шија. Ниту некој некого тера на нешто. Споделив само, психолозите велат научно докажано е, спроведени се научни студии и нормално, функционира за дел од луѓето, не за сите.
     
    На Stories и WildMk им се допаѓа ова.
  20. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Никој не го негира бенефитот и позитивното влијание врз физичкото и менталното здравје, ама не може да обиде основен третман на некој со тешка форма на депресија. Всушност зависи и од позадината на проблематиката. Можеби личноста страда од депресија како последица од траума некоја поврзана со сексуална злоупотреба. Тогаш на некој да му зборуваш дека сексот ќе биде решение на неговите проблеми е сулудо и веројатно е многу контрапродуктивно.

    Не ти реков дека некој си фатила за шија и дека тераш некого на нешто. Само мислам дека и двете страни истото го зборувате, само на различен начин го искажувате тоа.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.