1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сексот и психолошката состојба

Дискусија во 'Психологија' започната од Fallen.Angel, 15 април 2021.

?

Дали сексот ја подобрува психолошката состојба?

  1. Да

    96 глас(а)
    67,1%
  2. Не

    25 глас(а)
    17,5%
  3. Не сум размислувал/а за тоа

    22 глас(а)
    15,4%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Е*ете се и не му ја мислете толку :sun:
     
    На 1209, MarijaMi90, jarec6 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    8.272
    Пол:
    Машки
    Џабе се докажувате. Никој не вика дека сексот е решение за потешки психолошки состојби како клиничка депресија, бипиларни растројства, психози, ptsd.

    Од друга страна факт е дека може да олесни моментална психофизичка и емоционална состојба, дека може да влијае позитивно на расположение, дека неговиот недостиг може да биде причина за некои проблеми, и дека може превентивно да влијае во однос на психата.

    И нема шо тука да се докажуваме ние, коа си е докажано преку разно разни студии, истражувања и тестирања. Денес бар има интернет може да се истражи.

    Едит: Џабе тупиме, еве @WildMk го даде советот, све кажа :D
     
    На 1209, Billy Idol, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Кога имаш емотивна криза ходја наоколу со прстот во гаќи оти само мастурбација е лекот.

    Одат кај проститутки оти проститутка нема (не може/не смее) да каже не.
    Оти за чувствата на проститутката не мора да се грижат.
    Оти само ќе се испразнат, ќе си исполнат уште по некоја фантазија на која не им преостанува жена им и веќе не мора да ја ни слушаат ни гледаат.
    Корисниците на проституцијата ги гледаат жените како дупки. Со оглед на тоа што силувањето е забрането и не може во било која дупка да го испразни - ќе си плати проститутка, т.е. ќе си плати да принуди жена на секс.
     
    Последна измена од модератор: 16 април 2021
    На Nausicaa, deskarada, Arjanit2021 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ама кај реков такво нешто?
    Оти ги извртуваш работите?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Цела тема се изврте. Во воведно мислење ако читале што имам пишувано немаше 70% од мислењата да ги има. Они не сакале секс ако не се расположени, па не реков дека некој сака. Сексот не бил решение, а каде пишав јас или некој друг дека е?
     
    На Атриом, Mikha4, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Ќе споделам од мој аспект како гледам јас на работите и да се надоврзам на моето претходно мислење. Многу се испомеша работите во темава и погрешно се перцепираат некој мислења. Особено ова и тоа како е проблем кај индивидуи кои се сингл подолг временски период, поради тоа што немаат можност да најдат партнер или пак се одлучиле поради икс причини да бидат сингл (апстинираат од сексуални односи), па се анксиозни, депресивни, насочени кон себе, кон себе сожалување, преокупирани со мисли, со психосоматски болести и најчесто овие индивидуи толку се пренасочени кон себе што не се свесни за потребата од имање на партнер покрај себе и бенефитите од истиот. Со самото пронаоѓање на компактибилен партнер, авотматски мислите ги пренасочуваш кон таа личност, излегуваш од секојдневната рутина и самите сите знаеме колку позитивно делува на нас кога сме заљубени, кога знаеме дека некој секогаш е тука за нас и имаме на кого да му кажеме како ни поминал денот, а сексот доаѓа во целата ситуација како торта на шлагот, издувен вентил и си има бројни бенефити кои веќе ги спомнавте. Друго е наутро кога ќе се разбудте со порака од саканиот, а друго е пак кога ќе се разбудите со преокупирачки мисли како денес ќе го протуркате денот.
     
    На WildMk, theowndemon, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.246
    Допаѓања:
    166.085
    Настрана екстремите од првиот пасос, во општ случај не гледам зошто е контрапродуктивно? Нејзе и дошло, вау, еурека , веројатно и на некој друг би му дошло ова сознание вау. Немаат сите образование од психологија (за жал,) ниту медицина, за да знаат се што ти или Ленка знаете. За емотивна интелигенција школо секако нема.
    И не е темава дали секс е лек за психолошки болести, или јас не ја разбирам така. If it makes you feel better, go for it.
     
    На WildMk, Атриом, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Немам школо за психологија тоа е точно. Ама ете советот и статистиката ги добив од некој кој има. За тоа дали е квалитетен психолог не можеме да дискутираме, завршил во странство, во многу поразвиена земја и медицински и економски. Работел и надвор од Македонија, па ете можеби затоа неговите совети според некои не функционираат на ова поднебје. Ама ниту тој ниту јас реков дека е лек за психолошки болести, туку е relief на повеќе начини, и е од помош. Психолошките болести сами по себе се уникатни и за никоја не постои магичен лек, сите се лечат со постигнување баланс и комбинација на повеќе позитивни аспекти меѓу нив е вбројан и сексот кој е во голема мера занемаруван во таквите состојби без разлика дали полесни или потешки.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Види ако имаш намера да ме цитираш и да знаеш што сакаш да кажеш со цитатот, go for it.

    Никаде не ги негирав бенефитите на сексот врз физичкото и менталното здравје. И баш заради тоа што не е темата сексот како третман на растројства, не ми е јасно зошто се мешаат баби и жаби. Се обидов да објаснам дека истото го зборуваат двете страни, само проблемот во дискусијата настана околу терминот психолошка состојба.

    Па да не смее човек да каже нешто, одма се палите. Ако нешто сум учела или знам, зошто да не споделам на форумов? Ја на пример врска немам од економија, политика и право, па не би ми сметало да прочитам нешто од некој што знае. И ако веќе цепидлачиме, базични знаења на темава имам, ама не сум ни психолог ниту психијатар, само си споделувам лично мислење.
     
    На theowndemon и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Ќе се изненадите колку појавата на неврози се корелира со сексуалноста, особено ова е повеќе застапено кај женскиот пол. Појавата на некој фобии како став со височина, страв од кучиња исто психијатрите ги поврзуваат со сексуалноста, многу бев изненадена кога слушнав за ова, но психијатрите за тоа учеле, добар дел од животот посветиле на изучување на оваа проблематика, сигурно дека ние не знаеме повеќе.
     
    На *Amethyst* и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Сплет на околности се случи да немам редовен секс подследниве месеци иако петнаесет години наназад го имав.
    Ќе бидам искрен, и не е нешто страшно.Не дека не сакам да имам ама па и не е дека психички паѓам зашто го немам.А гласав за ДА на анкетава без да размислам подлабоко.
    Сепак мислам дека сексот е убав сам по себе за подлабоко зближување на партнерите и ми држи муабет дека ако го снемува најчесто има некој проблем од едната или од другата страна ама тоа е друга тема
     
  12. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Мене не ми е јасно, како нерасположени, нервозни, тажни, ви се сака воопшто? Да имам секс во тој случај, ќе биде без чувства, без желба, колку ај да се рече дека се дешава нешто.
    Секс за расположение, или расположение за секс. Јајцето и кокошката муабетов. Сепак го бирам второто.
    Еднаш имав нервозна секс, па после него, уште толку плачев. Кои хормони на среќа, кои бакрачи....
     
    На Herrera, Nausicaa, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Не паѓаш психички, ама некои луѓе паѓаат. Можеби сега не, но ако подолго време си така можно е да ти се одрази на други нешта.
     
    На Атриом му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Атриом

    Атриом Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Малце само не се согласувам во делот со психичкиот момент пошо сметам дека ако немањето секс долг период доведе до психички колапс, значи станува збор за лабилна личност, мастурбирањето и таквиот оргазам не е ништо поразличен од оргазмот произлезен од секс, иста крв иде у мозок, исти грчеви доживува телото, подеднакво е задоволството, така да сметам дека не е проблем да се избалансира потребата за имање секс и моменталното немање секс долг период. :D
    Исто така се согласувам дека може да се одрази на други нешта како на пример хормонски дизбаланс , ама тоа е далеку од расипување на психа.:)
     
    На Fallen.Angel, ТрагачПоНадеж и Doris123 им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.251
    Кога сум психички оптоварена, и под стрес, не ми е до ништо, немам желба.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Па доведува до колапс затоа што не е недостаток на оргазми проблемот, проблемот е што немаш здрав сексуален однос со партнерот.
    Не се само оргазмите во прашање.
    Значи не е разочараност од сексуалниот живот туку разочараност од парнерот, и едноставно - и 20 оргазми на ден нема да го решат тој проблем.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Атриом

    Атриом Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки

    Јас зборев за немање секс без партнер, ако имаш партнер немаш секс имаш проблем 8)
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    А па да во право си. Немањето секс нема да те растрои, но дефинитивно ако ти се сака а немаш ќе бидеш напнат и вон баланс. И така ќе се натрупа тоа, немаш секс, напнат си, оти си напнат не си расположен и спрема оние околу тебе може да бидеш поостар и ќе си навлечеш други проблеми несвесно. Не само оти си немал секс, туку ќе ти се насобере се наеднаш и може и да не си свесен дека уствари заради недостиг од секс си напнат.
     
    На WildMk и Атриом им се допаѓа ова.
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    7.359
    Пол:
    Женски
    Јас откако останав трудна (пред 2 години) до ден денес рееетко имам желба за секс. Имам 300 други проблеми и напната сум, не ми е до тоа. А некогаш после секс толку порелаксирано се осеќам и поубава атмосфера има со мм, ама ете. Убаво пиша некој, магичен круг е. Не знаеш дали не сакаш секс зошто си напнат или си напнат зошто немаш секс.. А дека подобрува расположение, дефинитивно да. Дека е клучен за добро расположение, не би рекла.
     
    На Luminary, mal.ecka, Fallen.Angel и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Атриом

    Атриом Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Има логика да, искрено немам размислувано баш околу тоа дали може да ти влијае потајно, али верувам дека може, сооглед на тоа дека за човечкото тело и ум сексот е врвот на емоционалните достигнувања, верувам дека си во право, пошо по некоја проста логика телото и духот си прават self-repair за време на сексуален чин.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.