Сексот и психолошката состојба

Дискусија во 'Психологија' започната од Fallen.Angel, 15 април 2021.

?

Дали сексот ја подобрува психолошката состојба?

  1. Да

    99 глас(а)
    67,3%
  2. Не

    25 глас(а)
    17,0%
  3. Не сум размислувал/а за тоа

    23 глас(а)
    15,6%
  1. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Напиј се алкохол, може и да седнеш да се измачуваш сам себе. Или замисли си дека си напнат и сексот не помага, сексот не е лек. И така ќе се измачуваш уште повеќе. Ама ај барем свесен си дека заради недостиг од секс бил проблемот. Немам совет баш..
     
  2. Зоранчо

    Зоранчо Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Машки
    Ех , да имав партнерка лесно ке беше...
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Абе не е само то.
    Не сакам да лежам по кревети и се хранам на места каде што со свои очи не сум видела дали и како е дезинфициран просторот.
    Совет: Дркај.
     
  4. Зоранчо

    Зоранчо Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Машки
    не смеам да пијам , работата ми е таква што ако пијам , ке останам без работа
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Мастурбирај. Или симни тиндер ако е само за секс а немаш потреба од емотивно врзување.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Зоранчо

    Зоранчо Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Машки
    погоре напишав дека мастурбирањето не го решава проблемот , но и тоа е корисно од време на време
     
    На WildMk и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Епа како да ти помогнеме?
    Да ти најдеме девојка ли?
     
    На Зоранчо му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Темава во вистинско време сум јс отворила. Коронава ни ебе матер на сите. Најмногу на тие што се сингл, но и оние кои живеат со партнери поради константен стрес,страв и нервоза има недостиг од секс поради таквото популарно мислење дека сексот не е лек и не помага. Уствари испаѓа дека сепак би помогнал. Сингл луѓето не можат да излегуваат и да се запознаваат, и со тоа многу потешко партнер ќе најдат, ем емоционално нема да бидат исполнети ем секс ќе немаат и после ќе се чудиме зошто депресија? Епа затоа. А овие кои живеат со партнер, меѓу кои сум и јас глава не можеме да кренеме од проблеми, јас изгубив работа заради короната се затвори фирмата, сопругот се плаши да не ја изгуби работата бидејќи негови колеги беа отпуштени. Општ страв и стрес за што би било ако се заразиме има кај сите. И во такви периоди не мислиме баш на секс, ама реално само си одмагаме, секс нема да направи да исчезне короната и проблемите ама дефинитивно ќе ни олеснува секој ден по малку ако се активираме, едноставно нема толку трагично се да сфаќаме и да се оптеретуваме со ситници. Ова е само мојот став, ништо друго. Не е генерална вистина, ама така мислам.
     
    На Bratot, Billy Idol, Ajronmen и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Испадна дека само сингл луѓето се депресивни :drunk:

    Нема зошто да се чудиме зошто депресија, депрасијата може да има 1001 причинител и не е на нас да се лудиме, и луѓе кои имаат супер сексуален живот имаат депресија. Не знам некој кој исклучиво секс го исполнува во животот и дека ако има секс, супер исполнет и недепресивен ќе е.

    Посебно па дека нерасположението во коронава потекнува од немање секс, мало сутра.
     
    На CoverGirl10, Nikolina35, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Е кај испадна така, ко пред 10 поста за мене кажав дека немам секс... и то баш оти сум депресивна.
     
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Не те читав. На постот над мојот се однесуваше, не сум цитирала.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    188.671
    Не, не...испадна дека немаш секс, оти нејќеш да одиш во Стење, оти не си вакцинирана, оти има ковид... Заебанција на страна, легитимни стравови. Ама, колку повеќе стрес, толку повеќе кортизол...!!! Е, нот гуд:shake:.

    Ама ај да разграничиме дијагностицирана депресија од депресивност како епизода, или расположение.

    @Celltica оти си толку сексофобна денес?:D Или грешно читаш, или јас грешно читам. Да не ја претвориме и оваа тема во подкатегорија ковид, ама самата ситуација прави стрес и луѓето се во грч. Не од немање секс, обратно- немањето секс произлегува од тој постојан стрес и живот во грч. Претпоставувам.
     
    Последна измена: 17 април 2021
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Хахаха е време беше, недели минаа :D

    Не знам генерално повеќето мислења ми се ок, ама погоре имаше пример не мислиме на секс во некои моменти (пример си изгубил работа во корона) ама така само сме си одмагале. Не знам, мене стварно не ми треба психички да се убедам дека сакам секс како да ми е некаква обврска и терапија за лоши чувства, ако сакам знам дека сакам и го имам. Моментов на некакво закажување на секс и дека треба после да се разочарувам ако сум го немала дефинитивно ми звучи некако само по себе како проблематичен пристап кон секс.
     
    На GrimTheReaper, DAngel и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    188.671
    Абе знаеш шо (милемитекна(facepalm)) - во стрес, лачиш кортизол, во секс- лачиш откајзнамендорфин... ама дали едното, го неутрализира другото?:?: #чистохормоналнадебата
    Најарно ко шо рече Валјд- прошетај го кучето, па погали го кучето, па легни си да спиеш со кучето. Да не напраиш случајно некој мањак-вишак со толку многу хормони од погоре, вака он а сенф сајд:angel:.

    Абе и манастир некогаш е решение, битно мирот да си го најдеш.
    За повеќе финти, како се снижува кортизол прашајте го гугл:)
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Не сум сигурна за хормониве.
    За тоа дека треба мирот да си го најдеш, апсолутно.
    А гугл одамна за ништо не го прашувам, секогаш завршува со некое претемно сценарио, па ете кога веќе сум сексофоб, барем да не се фрустрирам дополнително :D

    А да, сигурна сум дека некому и секс ќе помогне. Има луѓе што се фрустрирани од недостаток на секс. Дали моментално релаксира, да. Мене само пристапот на некакво форсирање или планирање на секс само за да ти е подобро не ми е ок.
     
    На Snowflake97 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    188.671
    За повеќе упатства, како да го прашаш гугл паметно, цена во иМбох8)
    За секс, планирање или не, појма немам, кому како одговара.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    А кој рече дека се убедува себе си да има секс, за да 'се лекува'?
     
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Убаво кажа, нема да се оптеретуваме со ситници. Но страв да не изгубиш работа, или веќе си ја изгубил, не е ситница. Ситница е, пример, сум го пратила мм да купи леб, сирење, кафе, се враќа со пенкало, салфетки и пиво. Да, ќе се изнервирам за глупост, ќе имаме секс и никому ништо. Она што ти го наведе може на друг начин да го намали стресот. Односно, со барање на друга работа, поголем ангажман и стремење кон истото.
    Сакам да доловам одреден факт во однос на тоа. Единствени живи суштества кои имаат секс на планетава за задоволство се делфините, приматите и човекот. Останатите го користат само за начин за размножување. Но, сите живи битија доживуваат стрес од разни фактори што се карактеризира со други манифестации на организмот. Пример, кравите во услови на зголемена бучава, имаат намалена продукција на млеко. Размножувањето нема да помогне, туку изградба на фарма на места подалеку од останатите индустрии, подалеку од сообраќај и машинерија. Што сакам да кажам, за да го намалиш стресот, треба да го избегнеш, намалиш, уништиш факторот кој придонесува кон тоа. Во твојот случај, доколку испратиш CV на повеќе места, ќе добиеш надеж дека ќе бидеш повикана и со тоа сама на себе ќе си направиш услуга да не си правиш дополнителен стрес. Всушност, наместо да трошиш време за работи кои на долг рок не помагаат, може да правиш нешто навистина што ќе помогне, со последично, за на долг рок да уживаш во сексот.
     
    На Cherry333, cresa-jagoda и Celltica им се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Никаде и јас не пишав дека се лекува. Генералниот пристап на членката која ја отворила темава кон сексот во моментов не сметам дека е ок. Добро, јас не и ја знам конкретната ситуација нејзина, ни па сум психолог, само многу ми паѓаат во очи реченици како пијам алкохол да се опуштам зошто сум нервозна, а немав секс, или, се чудиме сингл луѓето од кај се депресивни, или, ако се осеќам лошо не ми е до секс ама си наштетувам. Не е така. Ни само сингл луѓето се депресивни, ни е здраво да се разочараш од немање секс, ни наштетува да немаш секс ако не ти е до секс. Не е задолжително да се има секс ако не ти е до секс, чисто зошто сметаш дека би ти подобрило расположение. А тоа веќе неколку пати беше пишано во некој таков контекст, демек ако не ти е до секс, само си наштетуваш.
     
    На Peperutce1115, WildMk, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.613
    Пол:
    Женски
    Имав еден другар пред многу години. Не знам зошто го одбрал таквиот начин на живот, ама излегуваше со многу девојки, со некои и истовремено, сето тоа само за секс, без никакви обврски. Тој, според логикава од некои од вас, требаше најсреќен да биде, најзадоволен, психолошки проблем да не го мачи. Ама не беше така. Еднаш ми призна дека всушност е неисполнет и на некој начин несреќен. Затоа што, ова е всушност главниот одговор: Сексот сам по себе, со партнер од кој не добиваш внимание, емоции, посветеност, не е лековит. За подобрување на расположението, да не речам психолошката состојба, помага всушност она кога знаеме дека сме сакани, посакувани, кога има поголема посветеност односно и емоционална, а не само физичка. Ако после секс, особата е ладна кон вас, тоа повеќе нервира и фрустрира, џабе бил сексот. Ако имам врска исполнета со работите што ги спомнав погоре, а без секс, ќе ми биде подобро отколку врска каде ќе имам секс, а без сите тие работи да ги чувствувам. Значи, има нешто далеку поважно од сексот, тој е само еден плус кој сам по себе не е решение за ништо.
     
    На cresa-jagoda и Elf им се допаѓа ова.