Ниту првото без второто, а ниту второто без првото е добро. Добро е кога се има се. Ако нешто фали, не е добро.
Споредба е. Можеби е најдобро да има се' тоа заедно, но во секој случај, првиот пример е поприфатлив и со поголем бенефит отколку вториот.
А да имаш секс и да си лишен од љубов, од чувство дека на некому си му важен? Ок, се' во пакет да, ама во темава акценот е ставен на сексот, дури имаше коментари да најдат некој само за секс и толку, затоа го пишав примерот. Само секс не е решение за ништо. Баш пред малку налетав на една слика. Е ова е тоа, а не само секс. Членкава што ја отвори темава знаеме каков проблем имаше со сопругот, сме ја читале. И сега мисли дека готово, со сексот решила се', ама не е тоа тоа.
Ако нејзе и' фалел секс, нормално дека кога ќе го има значи дека и' се решил конкретниот проблем со немање секс. Најубо е да има секс и љубов и разбирање и се' Кое и да фали од нив, може да растури брак.
Тоа е точно. Едит: А она ,,Имај секс и ќе ти биде подобро", што се протнува низ темава и не е некој совет, затоа и примериве поназад.
Па кај мене да, љубов имаше, секс и страст не. И нормално куп проблеми, напнатост и стрес, со месеци ни с од секс. Не пробував проблемите да ги решам со секс, само ми беше тешко што немам таква интимност. И на сите тие проблеми, нервози и стресови немањето секс беше како капак. Немав како да си олеснам од лични проблеми, а заедничките веќе беа преголеми за со секс било што да се поправи.
За да имам секс првин треба да сум расположена. Кога нешто ми е преку глава најмалку до секс ми е дојдено. Сум била долго време без секс, па ни депресивна паднав ни ништо, ни фрустрирана. Сексот го подобрува расположението, но не и ако форсираш со сила да биди нешто. Некако цел фокус во темава ми е само секс секс, без секс ништо. Постојат и други начини за редуцирање на стрес. Повеќе би рекла дека темава е лична.
Не сакаш само секс. Сакаш интимен однос. Сакаш допир и длабоки воздишки. Магнетизам кој ги привлекува телата да станат едно. Ритуал кој те исклучува од овој свет и те вивнува во друга димензија. Интимниот однос не исполнува со енергија. А самиот чин не празни. Кулминацијата е празнење на целата енергија создадена за време на интимниот однос. Партнери кои имаат само секс, без длабок интимен однос, без пасија и романса, имаат проблем со доживување значајна кулминација. Интимниот однос го подобрува расположението и одржува длабока конекција со партнерот. Не би требало да постојат услови (расположение, енергија) за да имате желба за интимен однос. Но стресот дефинитивно ќе ви го намали либидото. Проверете на јутуб неколку совети за стрес менаџмент. Посоветувајте го партнерот како да се справи со стресот. А ако сакате секс со партнерот а он/она не се расположени, помогнете им прво да се опуштат и понудете една топла релаксирачка масажа. Ви гарантирам за 20 минути ќе бидат расположени Или одете под туш заедно, ова е релаксирачко и интимно искуство кое ќе ве возбуди и двајцата.
Ми одговори во порака и ме праша зошто се интересирам... Му кажав дека има уште муви за лапање. Му падна изгледа....
Јас стварно не знам како сакате секс така изнервирани. И за погорниот пост, како може да има љубов и страст, а секс не?
Да Вајлд, никој не кажа баш со тие зборови. Повеќе се зборуваше „секс ако има проблеми и на тој начин ќе се отргнат“. Мислам, темава е многу глобализирана пошто сите не го сфаќаат сексот исто. Може за некој сексот е издувен вентил. И премногу се коментираше тоа на темава. А, всушност темата не е ни тоа. Темата е дали сексот влијае на психолошката состојба. Го прочитав воведниот пост и сите наредни. За мене сексот не влијаел на психолошката состојба, други активности влијаат. Сексот за мене едноставно не влијае. И не би да се тешам дека ако имам секс дека ќе сум во добра state of mind кога не е во ред. Знам луѓе кои после секс идат насмеани од 6ка до 6ка, кај мене тоа не е случај. И тоа е океј, затоа не треба да се глобализира. Дали влијае сексот на психолошката состојба? Не е ни битно. Пошто ако одиме по таа логика треба постојано и со секој да имаме односи за да се осеќаме поолеснето психички.
Јас мислам може да има некоја конекција подлабока и без секс некој период, нели ограничен. Не засекогаш. За мене сексот не е нешто што треба да го мислам или да го мерам колку пати бил, освен нели ако исчезне комплетно, тогаш или партнерите имаат здравствен проблем или друг проблем во врската. Недостатокот на секс комплетно во врска дефинитивно е аларм, ама не мислам дека има човек кој е со години исто расположен за секс или дека може да постои таква редовност. Нема човек со константна желба за секс постојано, и тоа е сосема ок.