Мој личен пример. Откако се породив, три четири месеци немавме секс. (Иначе обично мојот маж е иницијаторот за секс, ретко кога јас го гибам.) Од почетокот е нормано дека нема да имаш ништо, тоа долу е рана и не треба да се гиба. Ама после два месеци може да се почне. НО- тој не почнува. Поминува трет, четврт месец, и веќе и самиот знае дека од него се очекува нешто, а тој не го прави. И самиот почна разговор, ничим изазван. „Абе сега, те гледам како го доиш, тој се храни од градите, ти заспива на стомакот, и некако ми е незгодно јас тие работи да ги користам за секс кога за него се храна и перница. Некако ми е страв дека ќе му ги извалкам“. А мажот ми итоакако е емотивац, и сигурно дека ме гледал со други очи. После некое време малку го охрабрив, и наскоро се си беше ОК. Немојте одма да сумњате во мажите, може да ве изненадат!
Не сум во брак но сум во врска 9 години.Уште бевме деца кога тргнавме тогаш не размислуваме премногу,не бевме оптоварени со проблеми имаше кој да мисли за нас.Но ете времето брзо минува и сега сме возрасни а со тоа доаѓаат и проблемите без разлика дали си во брак или во врска.Живеевме заедно 3-4 години и бевме исто како во брак,проблеми има секогаш колку ти душа сака.Но нетреба се така црно да гледаме треба малку да се опуштиме и да уживаме.Мислам дека се зависи од партнерите,нетреба на секоја пречка да потклекнуваме туку треба да бидеме силни.Секогаш треба да бидеме да бидеме по малку кретивни,да ги гледаме работите од друг агол,да изненадиме неочекувано.........секој проблем полесно ќе се реши кога се двајца.До сега заедно ги надминувавме проблемите а се надевам дека така ќе биде и кога ќе стапиме во брак.Можеби грешам но сега за сега тоа е моето мислење а времето ќе покаже дали сум била во право.
Јас забележав дека последниов период некако страста почна да спласнува. Не знам дали проблемите се причина, сме биле во мнооогу потешки периоди, или самото време ја убива страста. Некако работите почнавме да ги правиме механички. Се уште имавме секс речиси секоја вечер, ама некако цело време исто беше. Од памет се извадив, зошто знам дека без страст не можам и не сакам да живеам. Среќа што никогаш не оставам работите сами да се одвиваат. Сега сум во акција за разгорување на страста Веќе е мнооогу подобро, ама било какви предлози се добредојдени
Aj Ариел како така со времето страста поминува...Ај немој да ми ги плашиш девојкиве сега тука. Душо не се сомневам во тебе ќе си најдеш некоја срасна секси поза...И нема само механички... онака добро ќе го изработиш да го здрма. Ааа јас не се предавам...со поглед го мамам со допир го палам ...Потоа завршува таму каде што сакам јас.Сиромашкиот се поти, препотува-Па наместо тука мисли дека лебди во облаци А женски ве кај мене на работа ми велат ...Која е тајната на твојата младос..Абе девојки мои луди ...Парите ги давате на скапи салони за убавина , диети и фитнес...Абе сето тоа си го имате покрај вас за без пари.Справа за вежбање секое машко има ,е сега кај кого колку е ефикасна незнам Но со справата иде и сауна и брзо топење на калориите...Што значи три во едно Е тука се крие тајната на младоста.Младос, лудост.Ама и ова изгледа ќе да е лудост Ај јас ова не го кажав ... Поздрав до тебе Ариел и ова спага во предлог и се надевам само јас и ти ќе го видиме .Извинете девојки од годиниве е изгледа
Ич да не се извинувате и двете, ова се едни од подобрите постови кои сум ги прочитала Браво, секоја чест, и јас сметам дека сексуалната активност и страста не смее да се дозволи да спласнат после неколку години брак. И мило ми е што постојат жени како Ариел и Озбилна жена што размислуваат така и искрено го споделуваат тоа со нас. Јас, наместо тоа, имам мал број примери од девојки на моја возраст или малку поголеми, кои после година дена брак ми се жалат како сексуалниот живот стагнира, или не е повеќе она што било, немале желба, немале време, немале живци, ги боли глава ... Тоа... не чини.
Се извинувам за оф топикот, сакам да се надоврзам на тоа што го кажа Трендафилка за главоболката Незнам дали е тоа изговор за немање секс, ама мене баш кога ме боли глава сакам секс! Да се опуштам и веднаш ми разминува.
problemite vo zivotot ja gubat zelbata za seksualna aktivnost megutoa so poveke vnimanie i vremeto pominato zaedno zblizuvaat
Озбилнажена, ангел си! Ме изнасмеа со постот погоре. А бе немам јас проблем да го средам него, туку монотонија ме има фатено некако, знаеш, со деца се губи спонтаност, и секс имаш строго навечер, кога децата спијат, или евентуално рано сабајле кога не се станати, и тоа главно во спална... некако ограничувачки ми е И после толку години експериментирање со пози, не знам дали постои некоја која не сум ја пробала . Ама за секој случај си набавив литература - па ќе видам што пози има, може ќе ме инспирира Прирачник си е прирачник Ама подобро е, пред некој ден сфатив дека ми пречи монотонијата, и истата вечер ја разбив Добро е сега, не е лошо, не се жалам Плус ставив некое кило - не е страшно, нон стоп ставам и ги симнувам, ама помалку привлечно се чувствувам, а тоа има големо влијание. Ќе се средам сега. Трендафилче, и тебе!
Поздрав до Трендафилче, за подршката што ми ја даде на темава Ариел, ми ги зема зборовите од уста.Знам душо дека сум Ангел тоа ми го кажува еден маж кога мисли дека лебди во облаци. А за литературата добро си направила ...Што има во неа тоа и на дело и ти гарантирам успешен долг брак.И волкот сит и овците на број
Оф леле кога видов колку години е озбилна жена за момент помислив дека мајка ми пишува. Секогаш вели дека сексот е лек за трајна убавина... за озбилна жена
Озбилнажена, постот ти е петка....Леле ама ме изнасмеа. Кога ќе размислам целиот пост ти е вистинит. Еве, после две деца родени (сега имам бебенце од 5 месеци), имавме период на затишје од неколку месеци. Значи, no sex од шести месец во бременост (ми беше ризична), а откако се породив уште два месеци. Аууу, почнав да вријам, а и мм. Затоа сега ко ќе се грабниме, како животни сме. И да, во право си дека треба да се заведуваме, да флертуваме еден со друг....Лете ми лете тридесетте, ама вистина дека сексот е најубав овој период. Знам да си го контролирам телото, а и телото на мм. Инаку сметам дека во скоро секој брак се јавува затишје, па бура и така натаму. Сепак се јавуват период кога сме преморени и немаме воља за ништо освен за спиење. Ама мора да ги надминеме тие периоди зашто се си има граница на толеранција. Па јас со мм да немам секс подолго време, почнувам филмови да си правам
Сега нека ми простат тие што ги донеле на форумов правилата, но јас пак ќе си кажам тоа што сакам да го кажам.Можеби и ќе бидам оффтопик , но Озбилна игра секогаш само на свои правила А тие кои ќе сакаат да видат што сака да им каже... ќе ме истрпат.Инола душо, да не беше вистина тоа немаше да го кажам.Еднаш во една друга држава на еден млад брачен пар им го кажав ова...Жената и сексот го вртат светот.Но тие не го разбраа тоа .Е сега немој да ме сфатите погрешно ...Озбилна е жена на место.Дечко и девојка лудо вљубени, врската иде до брак, на почеток мед и млеко...нешто ново, дете .Љубовта пренасочена кон него- се помалку кон тој што ја посакува...Се нешто ја боли, се нешто и недостасува,ја нервира и др .Тој ја посакува му треба нежност и топлина ...а таа мртва ладна како со другар легнува и станува.Ете тогаш иде една превара , па дрго што и му преостана ...дојде курва.А таа иде кај мене .Јас сум изневерена со курва ...Кога кажав јас дека жената и сексот го вртат светот , вие не го ценевте тоа ...Е сега кога не знаеше ти да му бидеш курва , курва ти го зеде.Тој што ќе го сфати ќе му биде поука, во животот има време за се , само треба да се сака , да се знае , да се умее. Сексот не е нешто без кое не се може , но истиот може да го направи животот по добар.Е сега кој ќе ме сфати што сакав да кажам ќе знае дали сум во право или не .Ама секогаш излага по мое.
Уште една грешка прават жените кога ќе почнат да живеат со партнерите, или ќе стапат во брак. Секогаш кога излегуваат надвор од дома, се средени тип-топ, а за дома се облекуваат во најстарите тренерки, изветвени и исфлекани маички и се апсолутно непривлечни за мажите. Според мене многу голема грешка...Не треба многу за дома да бидеме убави, чисти педантни, па и по малку карминче не е на одмет
Да се надоврзам на темава иако сум уште млада и скоро една година во брак. Од кога почнав да носам танга,само за преку ден облекував,а за дома за навечер некои постари домаќински гаќи,затоа што знаев дека утре сабајлето ќе морам нови да облечам. Разлика видов кога почнав во било кој период од денот да носам танга,сега не ми е проблем,спијам со неа,шетам и сл. Маж ми полудува кога ќе види некоја нова танга во боја сум си купила. *Муж не воли домачица,муж воли ебачица*
Како не бе...домаќинска гаќа е закон, најдобар заштитник од кандида... Извини ама не се согласувам, танга носам само ако морам,кога не сакам да ми се исцртува гаќата на здолништето или панталоните, инаку јас си обожавам ваква гаќа и секој ден си носам различни... во различни бои имам, шарени со срценца, со пеперутки па дури имам и со хелоу кити...баш е секси кога ќе му речам мачево те бара Не ќе да е до гаќата... Он топик...се согласувам со Озбилна шена, жената и сексот го вртат светот...Јас ретко одбивам, треба ептен нешто да сум наку**ена па да го одбијам, пр. да ме извадил од такт, па после сакал нешто од мене...е не че мочи
prvo neka mi izvinat sto pisam latinica nesto ne mi se otvora kirilicava.srce se slozuvam potpolno so tebe ako mazot te saka sekako mozes da go "zapalis" vo kakva bilo obleka i vo koe bilo vreme i bilo kako da izgledas.eve jas licno posle dve deca mnogu se zdebeliv ama soprugot me saka i ako so visok kg mozam da go dovedam do ludilo(da ne ispadne deka se falam)a toa so mene navecer mnogu mi se spie toa nego go luti i bez razlika sto sme iskoristile nesto vo denot koga ke ispadne prilika,vecerta poftorno saka .....kako da izdrzam navecer da ne mi se spie ???????