Сексуална или емоционална привлечност кон цртани ликови

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 9 јули 2017.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Schediaphilia или познато и под терминот Тoonophilia претставува парафилија на сексуална или емоционална привлечност кон цртани ликови или анимирани ликови. А schediaphile се нарекува човекот, без разлика дали е машко или женско, кој има развиено сексуални и/или емоционални интереси за ликови кои се од цртани или аниме филмови.
    Некои велат дека Шедиафилијата претставува сосема нормална појава и дека голем процент од луѓето почувствувале или сеуште чувствуваат ваква привлечност кон цртани или аниме ликови.
    Оваа парафилија секако може да се појави и да се развие кај припадниците од женски пол и од машки пол, исто така без разлика на нивната годишна возраст.
    Обично овие анимирани или цртани ликови се ,,совршени ,, во умот на шедиофилот кој се заљубил во нив бидејќи не можел да пронајде љубовен интерес со овие карактеристики и изглед во реалниот свет.
    Само по себе, Шедиафилијата не е опасна за шедиафилот освен ако навистина започне да меша реалност со фикција, како на пример да се преправа дека цртаниот или анимираниот лик постои во реалниот свет и дека е во љубовна врска со него/неа.
    Постојат многу цртани ликови кои сами по себе имаат привлечен изглед, најчесто ликовите од Дизни.
    Познати примери за најпривлечни и сексапилни цртани ликови се:
    Jessica Rabbit, Holli Would, Betty Boop, Daphne Blake ...

    Кое е вашето размислување за шедиафилијата? Дали и вие сте имале или сеуште имате развиено привлечност кон некој цртан или аниме лик?
     
    Последна измена: 9 јули 2017
    На BoneMachine, teteks, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.617
    Допаѓања:
    108.000
    Сексуална привлечност кон цртани ликови и сум немала, а емоционална привлечност и врска секогаш имам со сите ликови дал било во аниме или серии. Не врска толку драстична како што е опишана, но додека гледам тие ликови ми предизвикуваат најбурни реакции.
    upload_2017-7-10_16-58-54.png
    Од моменталното аниме кое го гледам најмногу се поврзав со овој лик, но штом го завршам анимето и почнам да гледам нешто ново, не дека заборавам на овој лик, но немам потреба да одржувам поврзаност, зошто да се поврзам со одреден лик ми е доста важно додека гледам.
    Така да не сум замината до степен да си правам перница со Бан и да си спијам со неа или со Итачи и остали, ама она „нормално“ ниво на опсесија и поврзаност се дур траи гледањето на серијалот, можеби и недела дена подоцна ако нешто ново не загледам во меѓувреме.


    едит. Од изборот на ликови со кои се поврзувам многу можи да се види каков тип на машки ме привлекуваат и тип на пријатели, зошто на некои луѓе гледам карактеристики кои би ги сакала кај партнер (чисто си го напишав името на дечко ми тука хахаха) и карактеристики кои би ги сакала кај пријател, па дури и карактеристики кои мислам дека ги поседувам и други кои сакам да ги поседувам.
     
    На Bozica1980, Victorian, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам што го сподели ова во темата :D
    Секако разбирам, и само да знаеш тоа е и нормално бидејки сметам дека скоро секој се заљубил во некој цртан или аниме лик кој го гледал :) Веројатноста е многу голема да ти се допадне карактерот, смислата за хумор, па дури и изгледот на ликот.
    Меѓутоа ова ме заинтересира бидејќи постојат случаи каде шедиофилот навистина започнува да ја помешува реалноста со фикцијата и ментално во својот ум започнува да измислува разни сценарија каде тој е цртан лик, дел од светот на цртаниот или аниме ликот, или пак дека цртаниот/аниме ликот е вистинска личност и постои во неговото непосредно опкружување...
    Барем да е тоа со некој лик кој е навистина привлечен, ама кога ќе прочитам дека некој е опседнат со некој кој не е ни приближно со налик на човечко суштество како на пример Spongebob Squarepants ... (facepalm)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.617
    Допаѓања:
    108.000
    @Briar Rose имам многу читано за вакви случаеви. Имам другар малку поопседнат, сепак не толку да меша реалност, ама сепак навлезен во аниме, и хентаи и ечи. За мајтап му велев дека ќе му купам:
    [​IMG]
    Мислам ... напиши waifu и ... уживај во глетката. :x
    Некогаш одат предалеку.
     
    На BoyL, Bozica1980 и Briar Rose им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Сепак мислам дека порано, а и денес намерно аниматорите создаваат цртани/аниме ликови кои се
    ,, премногу привлечни ,, како на пример Jessica Rabbit, а таа спаѓа во филм главно наменет за деца ...
    [​IMG]
     
    На Cinderfakinrella, Gosh, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Потполно се сложувам со тебе. И јас сум слушнала за една моја врсничка кој е толку опседната со неколку аниме ликови што на интернет порачала кукли во човечка големина од ликовите ... Навистина страшно... :x
     
    На BoneMachine и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.617
    Допаѓања:
    108.000
    @Briar Rose епа се бараа таа „конекција“, која не е само обична да „навиваш“ за некој лик туку да ја доживуваш и на друго ниво. Мислам, повеќе гледам аниме него обични цртани, па можам да кажам дека ретко можиш да најдиш девојче во аниме (сем Сакура ... ), која нема изразени облини. Пропратено е доста често се експлицитни сцени, пипкања и допирања. Тоа се влијае да можи тој лик, кај некој одреден гледач кој би подлегнал на ова да почни да е сексуално привлечен од тој лик, па многу често и да продолжи да го гледа анимето не ради приказната туку ради сексуалната привлечност која постои.
    upload_2017-7-10_17-19-29.png
    Сликава од утрово ми е. Имаше друга каде што оваа што е бела во главата е мала и лежи во огромните гради на една девојка која е во нормална големина. Немам до сега сретнато аниме каде што нема нешто вакво. Сем можеби Бакано, навистина не се сеќавам да беше толку сексуализирано.
    Споменав дека моја теорија е дека се користи сексуализираноста на едно аниме/цртан/серија за да гледачот е сексуално привлечен и да продолжи да гледа, ама другар ми тврди дека гледа ечи и хентаи ради приказната што е убава не ... ради ... анимираното порно. Ама го знам јас него. :rofl: :devil:
     
    На BoneMachine и Briar Rose им се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Сметам дека аниматорите имаат намера да создаваат совршени ликови за да може да им послужат како инспирација на помладите малолетни гледачи но притоа не се баш свесни дека овие цртани/аниме ликови кои ги создаваат скоро и не се во никој случај слични со луѓето од реалниот свет. Затоа луѓето, меѓу кои и повозрасните се разочаруваат што не постојат вистински луѓе со карактер или изглед на овие ликови.
    Освен ова, постојат и луѓе кои се најчесто осамени или пак имаат специфични стандарди при избирање на љубовен партнер и реалните луѓе не ги исполнуваат тие критериуми. Затоа на шедиофилот му е многу полесно ментално да се впушти во врска што реално не постои.
     
    На BoneMachine и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.617
    Допаѓања:
    108.000
    @Briar Rose можам да се согласам многу. Особено е ова случај во цртани, особено на Дизни како што кажа во воведното мислење. Се работи за совршен изглед, со совршен карактер и одлични способности. Недостижно. Од друга страна анимето нема такви ликови, често ликовите се испревртени и многу ретко се совршени физички, а не па карактерно и затоа мислам дека барем во аниме се користи сексуализираност на ликови за да се привлечи публика. Значи има добри ликови, забавни, не најпаметни, и не најлични. Женските се често сексуализирани и тој кој е непријател на главниот ликој, личен, привлечен, паметен ама лош. И од таму им останува само изгледот, телото и сексуалноста која ја презентираат одредени ликови.
    На сликата од русокосиот кој ја ставив погоре, тој е мањак. Мислам, да не беше толку сладок би го мразела. Полесно ми е да не поднесувам ликови во серии зошто не се толку слатки. :lol:
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Секако, сметам дека и твојата теорија е точна меѓутоа имај на ум дека тие аниме филмови се веќе создадени специјално за шедиафилите.
    Постојат и обични цртани без никакви предизвикувачки, барем не намерни, елементи во нив и гледачите сепак се заљубуваат во нив. Дури и еден цртан/аниме лик да не изгледа привлечен и провокативен, сепак постои голема можност некој да се заљуби во него заради неговата смисла за хумор или карактерот кој го поседува.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.617
    Допаѓања:
    108.000
    За тоа си во право. Дури и можам комотно да речам особено за машката популација шедиафили, и за девојки кои играат во другиот тим. Машките ликови во аниме се обично ретко привлечни. Пишав во претходното мислење, додека женските се премногу привлечни физички.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Секако, значи на овие аниме филмови смислата и целта им е да имаат што поголема гледаност базирано врз податокот што постојат неверојатно голем број на шедиафили...
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.617
    Допаѓања:
    108.000
    Искрено, штета. Едно аниме, скоро секогаш или во најголем број случаеви има одлична приказна сем тие испади кои ги пишав погоре. Штета би било некој да гледа само за да си задоволи некои фантазии. Мислам, јапонци. Внимаваат многу од боја на коса и очи, ништо не е случајно, не е мама и тато беа руси, па сега ќе биди и детето, туку се е со подлабоко значење и општо целокупната приказна на анимето. Штета е, да се гледа само за така. :x
    Или пак ...
    upload_2017-7-10_17-42-57.png
    :rofl: :lol: :x
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски

    Искрено никогаш не сум гледала аниме филмови и мислам дека и во иднина нема да ги гледам меѓутоа според она што го велиш, јапонските аниматори користат спротивен метод од Дизни. Наместо да создаваат совршени ликови, тие создаваат несовршени ликови поради тоа што знаат дека во реалност сите имаме мани, некои се физички а некои психички,
    Дури и самите гледачи кои страдаат од шедиафилија но во помала мера, се целосно свесни за нивните чувства и знаат дека не е во ред, или барем нормално, тоа што го чувствуваат.
     
    Последна измена: 10 јули 2017
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Сметам дека воопшто не е убаво ниту пак здраво да се злоупотребува парафилијата Шедиофилија само за да се заработува профит преку гледаност.
    Аниматорските компании не се ни свесни дека тоа само им ја влошува состојбата на овие гледачи уште повеќе да им се развие шедиафилијата до степен каде веќе нема да знаат што е реалност,а што фикција.
     
    На sj *O* и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.994
    Анимaтoрите тoчнo знaaт зa кaквa публикa цртaaт, нa пример вo Јaпoнијa дoстa се фетишизирaни девoјките oд цртaните и се дел oд нивнaтa пoп и секс културa. Тoa е бидејќи имa мнoгу млaди јaпoнци(дoбрo и oд други делoви нa светoт) штo се пaлaт нa вaкви рaбoти, дури и имa цел жaрн нa aниме штo е вo суштинa нaцртaнo пoрнo. Ќе излaжaм aкo речaм декa не ми е бaрем мaлце језивo.
    Вo who killed rogger rabbit Jesica е исексуaлизирaнa зa дa биде тoтaлнa спрoтивнoст нa свoјoт мaж (кoј е oткaчен зaјaк) и дa биде пoинтереснa прикaзнaтa. Нa пoчетoкoт цртaните биле нaменети зa целaтa публикa, имaлo рaбoти интересни и зa децa и зa вoзрaсни, oсoбенo цртaните нa hannah-barbara и зaтoa се случувaлo некoи женски дa бидaт тoлку исексуaлизирaни. Пo втoрaтa светскa вoјнa пoчнaле пoвеќе дa се oриентирaaт кoн децaтa, се дo крaјoт нa oсумдесетите кoгa the Simpons стaнaл пoпулaрен.
    Мене симпaтичен ми беше Zuko oд Avatar the last airbender, бидејќи беше дoстa дoбрo oбрaбoтен лик сo мрaчнa пoзaдинa и пo мaлце нaмќoр.:lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На КикиМаус, Briar Rose и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Точно, потполно се сложувам со твојот став. Со самото тоа што најчесто Јапонците се сексуално и/или емоционално привлечени на аниме ликови од женски пол, тоа сепак значи дека тие дефинитивно се шедиафили и тоа на особено високо развиено ниво и аниматорските компании всушност заработуваат од тоа. И мене тоа ми е доста морничаво и не е нешто што би го сметала за нормално.
    Иако Jessica Rabbit има таков провокативен и сексапилен изглед, тоа е така за да се докаже дека и покрај тоа што таа може да го има буквално секој маж кој ќе го посака, таа сепак го одбира Roger Rabbit да и биде сопруг бидејќи веројатно тој е единствениот кој никогаш не ја третирал само како секс објект и успевал да ја насмее, како и дека карактерот е многу поважен од изгледот. Најпознатиот цитат на Jessica Rabbit во филмот е : ,, I'm not bad, I'm just drawn that way ... ,, :)
    Сепак, без разлика дали некои цртани/аниме ликови се исексуализирани или не, постои веројатност шедиафилите да бидат привлечени кон нив заради нивната смисла за хумор или карактерот, а тоа е еден од најголемите показатели за тоа како тие го замислуваат нивниот идеал љубовен интерес, односно личноста би требало да ги има ист или сличен изглед, карактер итн.

    [​IMG]
     
    На Joi и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.617
    Допаѓања:
    108.000
    Има и анимирано порно (исто како на порно сајт да си отворил само нели анимирано) и порно со приказна (како обично аниме си има приказна, само што место да преовладува добра приказна преовладува ова другото)... тие ми се ... :puke:
    Најчесто се ... фетишизирани, и онака ме оставаат: :worried: Немам против кој што си преферира во кревет, само не би сакала тоа да биди суптилно скриено во обично аниме, па добро е што си има повеќе „категории“ зошто не би сакала да гледам нешто такво.
    Возрасната граница знае да биди огромна, а налетав на редит каде што објаснуваше контраверзно аниме т.е. не обично аниме туку порно аниме каде главните ликови се брат и сестра кои имаат сексуална врска каде сестрата е многу помала од братот. :^)

    И морам да се согласам за Зуко, додека растев многу ми беше симпатичен. :wasntme: :inlove:
     
    На Joi и Briar Rose им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    @theowndemon и јас како тебе така размислувам и воопшто не ми се допаѓа тоа што го прават аниматорските компании. Инаку да, постојат цртани кои и не мора да се аниме но се во катергоријата за возрасни. Најчесто покрај Jessica Rabbit од Who framed Roger Rabbit, доста популарен сексуален цртан лик е и Holli Would од филмот Cool World кој е полу-цртан и полу-игран, значи исто како и Who framed Roger Rabbit само за возрасна публика. Најчесто и да е предмет на привлечност кај голем број шедиафили заради нејзиниот изглед. И очигледо е дека Holli Would не претставува добар пример за малолетните девојчиња бидејќи е всушност злобна, манипулативна, пуши цигари, пие алкохол, работи како танчарка во ноќен клуб и нејзиното главно оружје со кое располага е заведувањето.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Cinderfakinrella, theowndemon и Joi им се допаѓа ова.
  20. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.282
    [​IMG]

    Betty vo sekoja poza e fantasticna.

    [​IMG]Koga bev mala ja obozavav Sarah Kay, imav album so slikicki i cesto si fantazirav da bidam ona.

    Od ponovo vreme mi e [​IMG]Dora the Explorer . Mnogu e pametna pustata. :rofl:
    Imav edno devojcence vo grupata (koga rabotev vo gradinka) bese od Columbija. Roditelite ja oblakaa kako Dora. Se od glava do peta brendirano so Dora do kebence,pernice, ....cucla, sise i pampers. Deteto licese na Dora i mirisase najubavo na svet. Mislam deka bas od toa milo devojce mi stana Dora sakan lik.
     
    На teteks, Bozica1980, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.