Не. Сега мислам дека треба со внимателност дури и ТВ да му се вклучува на мало дете. Немам челад, само си правам муабет.
Бебе беше од 3-4 месеци. Имавме секс во истата соба, се додека не се завртив и видов дека е будна и не гледа од креветче. Не дека разбираше што гледа, ама тоа беше последен пат, во иста соба со нејзе да имаме секс.
Читам и се мислам.... Мало бебе/дете во темница да се разбуди што може да види ем втемница ем под ќебе? или вие се сексате станати скроз голи во некои пози пред легнување што сте ги барале на камасутра?
Абе ни сред зима не се кријам под ќебе, а не па сега сред лето Шала на страна, сме имале секс со бебе во креветче до спалната, ама беше до 3-4 месеца, спиеше ко топ, и не ја мислев многу. Сега креветчето и е отворено кон спалната, и кога ќе не види се расонува и се буни зошто сме до неа и не ја земаме, затоа не би ризикувала. Наскоро ќе го затворам креветчето од сите страни зошто почнува да се врти и да шета, за да не може да падне, и се додека не може да гледа дирекно од оградицата на креветчето (и не сме гласни ) не мислам дека е проблем.
Е што има лошо на стол да се сексаш??? А и под ќебе никогаш не сум имала секс, ајде зимото да разберам, ама налето на тие горештини јас ќе се покривам??? Во однос на темата, децата спијат во спална, па веќе 3 години ние не сме имале секс на спална, имаме други соби, кај ни текне таму имаме секс, секогаш различно.
Па јас имам 2 бебиња близнаци и мајками е тука таа спие во детската заедно со бебињата така да немаме проблем со тоа.
Добро, а што се случува кога детето има 6-7 години и спие во ист кревет со родителите. Има ли нешто погрозно од тоа да си ги видиш родителите како водат љубов....
Зошто на 6-7 години да спие во исти кревет со родители ? Ако е во иста соба тогаш е подобро самите родители да одат во друга соба за повеке приватност ... зошто цело време да се стегаат дали ке види дете или не ?!
Шест- седум годишно дете веќе не го собира на спална со мајка му и татко му. Во тој случај би имал секс до самото дете, толкави се спалните, освен ако не е некоја стара огромна спална од еден до друг ѕид. Најчесто станува збор за бебе кое се уште не разбира ништо. А со 6-7 годишно па и 3-4 годишно ни во друга соба не можеш без да се заклучиш. Полесно е да објасниш зошто вратата не се отвора отколку што прават мама и тато.
Чудно ми е тоа што мои познаници живеат на ист спрат со 7 годишната ќерка и свекорот и свекрвата. Детето има детска, ама е приврзано со родителите и се уште спие меѓу нив на спална. А, да не го занемариме и тоа дека во соседната соба се и свекорот и свекрвата. По шах - мат позиција.... не знам....
Може не ни имаат секс. Можеби немаат секоја ноќ. Можеби имаат во друг момент, кога дете е во школо, а тие дома слободни, свекор и свекрва на пазар. За да знаеме најточно ќе треба да ги прашаш лично.