Мерилин Монро има облини - не е со 90-60-90 пропорции, ама сексапилна е. Моника Белучи мене на пример ми е одбивна затоа што не ми се сексапилни жени со порно фаца, а Меган Фокс освен убавите очи нема ништо посебно на неа. Скарлет е прекрасна како појава, ама и фали нешто што на пример зрачи од Шерон Стоун а кај Скарлет го нема. Мислам дека секој си има свои убедувања за тоа што е секси а што не, субјективно е.
Не ме цитираше ама жените кои ги спомнав јас ти ги оправдуваше. Убавица од типот што светот ја форсира, по калап е, нејзиниот сексипил не се гледа во ништо што прави, пример Скарлет не знае да глуми, бледа е исто и Меган. Мерлин имала далеку поставени очи, Бриџит, има раздвоени заби, Одри била премногу слаба, Моника има одлични порпорции ама за денешни стандарди не се совршени, тоа ми беше зборот, ама секс симбол не се станува само ради убавина, овие жени се секси во што и да прават, пример конкретно овие биле и актерки или се актерки и едноставно имале таква појава.
Ќе видиме која - како ќе биде запаметена за некои 50 години, па ќе правиме муабет. Вака може до утре да се убедуваме. Мене овие глумициве како Скарлет, Меган ми се рандом жени по улица со дарба за глума. Нема ништо што ги прави посебни. Се сложувам за Џенифер со Ребека. И она се дели на некој начин од другите. Софија Вергара е секси додека не отвори уста. Има погруб глас и од мојот.
Cрам да ми е Ова сериозно некој го забележал во својот живот? Мерилин Монро е препознатлива по прекрасното лице, се верува дека е најубавата жена која некогаш се појавила во шоу-бизнисот, и најубавата позната жена во светот. И јас верувам во истото. Посовршен лик и поголема харизма кај една актерка, не сум видела. Белучи е жена во години, нормално и препорачливо е облините да и бидат поистакнати. Битно, се е правилно распоредено, градбата и е одлична. Брижит имала подискривени заби и била прекрасна, па што? Тоа ги негира ѕвездите со средени заби, тие не можат да бидат прекрасни? Не е аргумент. Одри Хепберн никогаш нема да ја гледам како секс-симбол. Жената ја знам како модна-икона и позната актерка, ама сексуално привлечна За Меган и Скарлет не мора да ми објаснуваш, мисли што сакаш. Мене ми се убави, на широката јавност и се убави, на филм-мејкерите им се убави и така. Останатото е твое право, и твој вкус. Сега, и вие имате очекувања да се појави некоја ѕвезда како пред 60 години, ама тие времиња поминаа. Денес, 90% од младите ѕвезди во Холивуд се просечни појави, без харизма, без физикус кој се истакнува. Порано цел свет ги знаел најпознатите актери по име и презиме, денес прашајте ги повозрасните, не знаат ниту една млада актерска ѕвезда. Млади ѕвезди за нив уште се Анџелина Џоли, Бред Пит и остали 50-годишни. Епа што се не шета низ Холивуд денес, Меган и Скарлет се премија. Особено Меган.
@sjdgo ти или не сакаш да ме сфатиш или стварно не сфаќаш што велам. Да како уметник приметувам такви работи како широко поставени очи, сериозно. И јас не негирам дека Мерлин е прекрасна и мене ми е една од најубавите жени кои постоеле, само ти каживам дека има физичка маана не е по калап и затоа ми е убава, истото што го наведов за другите да не се повторувам. Ако една има совршени заби може ќе има друга маана што ќе ја прави секси и препознатлива. Ми текна на Софија Лорен пример има брада која е многу мала непропорционална со лицето ама пак е прекрасна и секси, Одри ете може ти не ја гледаш ама Холивуд ја гледал. Се согласувам дека се живо шета денес низ Холивуд, ама во тоа се живо спаѓа и Меган.
Скарлет ми е ко пре-стасана погача и апла нема талент за глума. Туку ја заборавив Jennifer Lawrence, неверојатно талентирана девојка со смисла за хумор. Од новава генерација во Холивуд, само она се истакнува. Останатото по калап - дајте зелено око, малку цице и газе и оп - ете ја новата Меган.
Сфаќам, ама не се согласувам. Субјективно гледаш на работите. Мерилин немала мана на лицето. Специфика не е мана. И не ме тагнувај веќе. Секој овде си пишува свое мислење според својот вкус, зошто мислиш дека твојот би ми бил од важност, па да ми го образложуваш по 5 пати? Пиши си на темава мислење околу ѕвездиве, ако ми се чита, ќе читам, ако не, ќе скролам.
А стварно е греота и нефер за ова лице да се каже дека е просечно и дека секоја втора го има Ама добро. Секој со своето. Инаку, еве листа на познати личности кои некогаш биле наречени секс-симболи. Речиси сите селебритис се тука https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_sex_symbols
Абе дискутираме ама очигледно ти не знаеш за дискусија како и во многу други теми што те имам приметено. Не постои такво нешто како специфика, оти далеку поставени очи се маана, не е пропорционално, ама тоа само стручни луѓе би го сфатиле. А стварно греота е да го ставиш оти ете и го вистинското лице без операции и се што има на нејзе. Мислам, сериозно?
Не, не постои такво нешто како специфика Ајде да ги бираме најлошите можни слики од секоја спомената личност на темава и ќе испадне никој не е за тука. Сакаш? А не создавај многу кавги и не се обидувај да ме анализираш мене. Навистина е небитно твоето мислење за секс-симболот на денешницава, Меган Фокс
Баш тоа што ти го велиш специфика уствари е она што јас го зборам, нешто специфично по што некој е познат и препознатлив. Ама па не дека и твоето е нешто многу битно. Ако е тоа работата јас знам многу жени што реално се секс симболи ама не се познати така да...Уживај сакај си ја Меган..
Навистина? A sex symbol is a famous person or fictional character widely regarded to possess excessive sexual attractiveness.[2] Вреди мислењето на филмаџиите, како и на критичарите и експерти за естетика со чија помош Меган Фокс е таму каде што е. Јас ќе уживам, а ти хејтај си, не дека со хејтање нешто ќе промениш.
Абе девојче ти хејташ, не јас. Значи Меган не е жена што ќе остане запаметена, туку просечна квази актерка, која не велам дека не е убава ама не е секс симбол на денешноцата, врв како што велиш ти. А што реков јас дека не се познати така да затоа и не се...ама ајде терај не ми се расправа со луѓе што имаат зацртано дека се у право по секоја цена.
1920 Greta Garbo Marlene Dietrich 1930 Olivia De Havilland Dolores Del Rio 1940 Judy Garland Ava Gardner 1950 Marilyn Monroe Sophia Loren 1960 Brigitte Bardot Sue Lyon 1970 Barbara Bouchet Faye Dunaway 1980 Brooke Shields Carrie Fisher 1990 Pamela Anderson 2000 Megan Fox 2010 Lana Del Rey
Жена прогласена со најубаво лице меѓу познатите е Амбер поранешната жена на Џони, Ја ставам во рангот на секси жени За Меган никако не би кажала дека е грда, тоа е веќе грев