1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секундарна аменореја

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од prominent, 4 ноември 2017.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Отворам нова тема со надеж дека ќе добијам повеќе совети и мислења во врска со мојов проблем, кој ме мачи повеќе од шест месеци.

    Се соочувам со секундарна аменореја. За оние што не се запознаени со поимов, станува збор за изостанок на циклусот откако веќе сте ја добиле првата менструација или сте имале (редовен) циклус повеќе години. За секундарна аменореја може да се зборува при консекутивно изостанување на циклусот од три или повеќе месеци.

    Постојат повеќе причини за ова. Кај мене со сигурност не станува збор за бременост бидејќи не сум сексуално активна. По консултација со повеќе лекари излезе дека станува збор за намалено ниво на телесни масти и премала тежина за мојата висина и возраст. Отсекогаш сум била (пре)слаба и покрај доволното, па и пообилно консумирање на храна. Не се ограничувам од ниеден вид на храна, јадам се` што ќе посакам, не спортувам. Но поради некоја (се` уште) непозната причина, јас не можам да накачам тежина.

    Најмногу ме плаши тоа што прочитав дека со изостанокот на менструацијата има зголемени шанси за појава на остеопороза, дури и на помлада возраст, поради намаленото ниво на естроген.

    Дали некој се соочил со ваков проблем и што сте преземале?
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.537
    Пол:
    Женски
    @prominent мн често зборуваш за овој проб на форумот.Прво треба да испиташ зошто неможеш да накачиш ич килажа а да јадеш многу.Што имаш правено од испитувања?Шекер,паразити си испитала ли?
     
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    За среќа, немам проблем ни со шеќер ни со паразити. А и јас се сомневав во тоа зашто имав некои симптоми на покачен шеќер, но ете, немало врска.
    Причината поради која не накачувам килажа е пребрз метаболизам, но не може да се каже (се` уште) со сигурност што го предизвикува тоа. Ми рекоа да се обидувам да јадам што е можно повеќе, па некое време, по консултација со нутриционист, се хранам ептен калорично но сепак гледам тоа да биде здрава храна, иако ни од брзата храна и благото не си скратувам. Има денови кога внесувам и над 3000 калории. Апетитот ми е добар, не можам да се пожалам на тоа.
    Исплашена сум, затоа и пишувам овде. Повеќето се соочуваат со преголема телесна тежина и масти, а со обратниот проблем ретко кој е запознаен..