Е арно? Уште да мора оригинал книгите да ги купуваме и јас поарно да си се отпишам од факултет. Бог да чува (смајлиштосекрсти)!
Значи кај нас не постои селективна примена на законите туку си постојат луѓе за кои важат и луѓе за кои не важат. Штом има избори кандидатите се ќе дадат за да го освојат нашиот глас, и само неколку месеци или ајде една година оној на кој мед и млеко му истекуваа од устата е приведен дека примал мито, крадел од државната каса или неплаќал данок и ред други работи. Наместо тие луѓе да остават добар впечаток да бидат угледни граѓани кои ги почитуваат закони тие го прават сосема спротивното. И не само политичарите кај нас има поделби и на други различни слоеви, едни уживаат бенефиции други ги плаќаат нивините долгови и се така во круг.
Во Прилеп кога бев Законот за пусење се применува насекаде и никој не се буни едноставно тоа е Законот и сите го почитуваат. навистина се чудев
Би биле совршено општество кога сите би се движеле во рамката на ограничувањата, законите и прописите, но такво општество не постои, и затоа не се ни чудам од своеволното интерпретирање и примена на законите.
Очигледно е кај Законот за пушење. Што Закон е тоа ако не се применува секаде???????? Ама и народот е крив. Ем сакаат закони, ем не ги почитуваат.
Најпрост пример за селективна примена за законите е оној за државната матура. Не знам дали знаете ама во Штип на Педагошки факултет можат да се запишат и тие кои не положиле државна матура. И замисли утре некоја што не положила државна матура ке биде наставничка и што ке им кажува на децата? ке им вели Не учете бе која државна матура јас не положив. После да не се чудите каков кадар имаме по школите.