Не тролам ,премногу сум нервозен ,работата ја напуштив пред 2 месеци,значи ова повторно ми се случува ОД ОБИЧЕН МОАБЕТ дома се нервирам и денес дојдов до тоа стање и ги повредив..,,значи не тролам ништо,затоа и овдека пишувам ако може некој да ми каже што да правам за да не се нервирам и да не го повторувам веќе тоа ,,
Па еве ти кажуваат, што сакаш повеќе? Да дојдеме сите да те смириме? Не, ако треба и ПАК ќе си одиш на психијатар за лекови, затоа што друго чаре и немаш.
Дојди до коренот на проблемот, што е тоа што те фрустрира и работи на тоа. Лесно е да ти речат оди на психолог, а добар психолог ѓавол ипол кошта, ко што сконтав, без работа си и претпоставувам и без пари. Почни сам да работиш на себе првин. Барај работа, дружи се, занимавај се со нешто што те опушта. А пред све ова, утре да и се извиниш на мајка ти. Афект ли или не, мајка не се удира!
Има...да се замонаши И не, не е ова мајтап. Сериозна сум. Дечко имаш невроза и високо ниво на стрес. Си дошол до точка да удираш луѓе. То не е во ред. Не очекувај да те тапшаме по рамо, очајно ти треба стручна помош. Ако не сакаш да ти помогни психолог и/или психијатар тогаш замонаши се. Ќе бидиш подалеку од грижите на земниот свет навистина немаш друг избор ако сакаш да живееш функционален живот.
Ќе биде во присуство на други монаси, што сепак е огромен ризик ако е насилен. Повторно се навраќаме на едно исто-му требаат лекови за да ја стави психичката состојба под контрола, затоа што и да седи сам дома, и да се замонаши исто ќе му се фати затоа што има ненормално ниво на лутина во него. Тоа може само со лекови да се смири.
Има тема со препораки за добар психолог. Разгледај во темата, можеби ќе најдеш стручно лице за кој што си во можност да одиш. https://forum.femina.mk/threads/Препорака-за-добар-психолог.4220/
Ене ти го коренот. Фрустрациите си ги носел дома, си толерирал баш онаму кај што си требал да разговараш, а пази ниедно работно место не е вредно за да собираш. Членките ти дадоа убави предлози, работи на себе и поправи се.
Не е таму коренот,коренот почнал да се развива кога му раскинала женската. Изгледа тешко му паднало тоа и наместо да си даде време да изветрее болката,тој само подлабоко дозволил да расне коренот и да се развива. Редовни сеанси на психолог,редовни дневни активности кои што го исполнуваат, редовно земање на магнезуим со б6 витамини за опуштање на нервите. За кратко време верувам ќе се среди сѐ.
@Vemolamzasovet значи, мора да се собереш малце, треба да седнеш и сам со себе да праиш муабет.Верувај ми знам како е кога ти се кратки нервите, јас на 20 години имам нерви како 40 годишна жена.До пред година дена се` ме вадеше од кожа.Ми идеше сите да ги згазам, некој нешто лошо да ми кажеше ми доаѓаше од ѕид да го лупнам.И ден денес некогаш кога ќе се изнервирам ми се гаси сијаличката ама јас најдов издувен вентил, мораш и ти.Не можеме ради нашите нервози да удираме ни криви ни дужни.Ти викам некогаш на погрешен ќе се истресеш и може да те исчука многу лошо.Земи запиши се на спорт некој, боречка вештина или купи вреќа и удирај секој ден.Јас секој ден лупам во перници дома по 10 минути некогаш и повеќе и многу сум посмирена.Пиј Б6 витамини тоа е опуштувачки, почни да медитираш. Те сфаќам што ти се дешава пошто јас имам anger issues ама треба и сам да си свесен за тоа.Едно е кога ќе кажеш на глас ама друго е кога ќе го кажеш и го мислиш.И плус сам треба да сакаш да се смениш во тој поглед.Џабе шо ќе идеш по психијатри
Вчера ми беше роденден и ниту мајка ми ниту татко ми не се јавија да ми честитат камо ли да дојдат. Толку сум повредена ајде тука свекор свекрва не честитат никогаш ама моите... Како би постапиле вие? Инаку сме во одлична комуникација со сите
Штом си во одлична комуникација со твоите, ако прв пат им се случува, може од обврски, од проблеми и да заборавиле кој датум е.
Би им рекла одоколу. Ништо не ги правда. Роденденот не менува датум. Како би заборавиле роденден,особено роденден на нивното дете? Многу луѓе имаат обврски и проблеми,па не ги забораваат родендените на децата.
И јас сум во иста ситуација, живееме заедно со нив на посебни спратови, не ми честитаат роденден, а камоли подарок да добијам. Свекрва ми и на торта ќе дојде и ќе ми се јави и поклон ќе ми донесе, они ништо. Јас се навикнав веќе, така е со години, на почетокот ми беше многу тешко, но оставив на нивна свест, а они очигледно ја немаат. Они ми се само пример за како не треба да се понашам јас спрема моите деца...
Vcera dojdoa po zelba na brat mi i im kazav otvoreno, ajde svekrvata i svekorot ne mi cestitat nikogas so godini ama vie majka i tatko da me zaboravite. Tatko mi se rasplaka a majka mi izvini majka zaboraviv. Kao moze da zaboravis rodenden na sopstveno dete?
Животот е прекраток за да им замериш и да држиш лутина на сопствени родители. не ти падна жал кога се расплака татко ти? Се случува Јас не би замерила
А ним не им паднало жал на ќерката да не ѝ честитаат роденден? Мајката заборавила на кој ден од неа излегол човек? Мене не ми е за правдање, особено ако стварно се во нормален однос. И 10 деца да имаш роденден не се заборава. Луѓе на кучиња и мачиња им прават родендени, некој на сопственото дете не го честита.
Не сум се нашла во ваква ситуација и искрено немам размислено што би направила, но имав период кога за сосем друга тема му се налутив на татко ми и долго време не зборувавме, мислам дема имам и пишувано по темиве. Се почувствував навредена од него и едноставно не му прозборев повеќе додека не си ја увиде грешката. Во тој период сфатив дека ми е подобро да не контактирам со него иако ми е родител отколку да потискам во себе негативни чувства и нервози заради неговото его. На крајот на денот, „више волим себе него тебе”…