1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Девојки, темата е семејно насилство. Доколку имате некои работи за разјаснување, направете го тоа преку лп, да не се полни темава со оф-топици.
     
  2. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    rainbow извини за off-topic ама мислам дека баш за тоа е и темата - излагање на проблеми и делење совети и помош.
     
    На Alice136 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    На проблеми и совети, не на откривање на туѓи идентитети, место на живеење и сл.
    И вакви и сл. оф-топици :)
    Се друго може да се сподели преку лп. Поздрав.
     
  4. nedelce

    nedelce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    kako prvo navistina izvini sto se ponasam taka ,no site prasanja koi mi gi postavi veke gi pisav bez nikoj da me prasa,da,arogantna stanav premnogu no koj bi mozel da me razbere ako toa ne go dozivee ,verica ne mi e bratucetka tuku jas sum i tetka,t.e.нејзиниот татко мене ми е брат,и да,право да ти кажам имам премногу лошо мислење за кратовчаните,можеби не си како другите али тоа е тоа ако е така навистина извини за мојата ароганција,општо не сум таква но кога се зборе за кратовскиот народ трн во око ми се,не дека сите ми погрешиле ама така е не го сакам најискрено,да,само во библиотеката прашав бидејки како што знам тоа е државно и е сигурно,иначе порано ми понудиа да работам кај џејми како диспеџерка но не се нафатив бидејки имав проблем со говорот,после една недела пак ме бараше да ми понуди да работам во продавницата кај него,не се нафатив ни таму бидејки не сакам да си имам проблеми со пијаници,после некое време пак ме бараше за во бутикот што го има и му реков дека ми одговара и прашав колку е плата знаеш што ми рече? 6,000 денари,и не се нафатив бидејки ја земам 4000 и ако почнам да работам веке ги губам тие 4000 а за 2000 денари да работам нема шанса,мене 2000 денари не ми вршат кој знае работа,после ми викаше да ме регистрира како негов работник а да не мора ништо да работам ке ми давал исто 6,000 јас се беше зачудила зошто така он ми вика треба да исполнам уште едно работно место,и ја му кажувам на дечко ми и он ми вика можеби те барал бидејки сеа државата дава 5,000 евра неповратен кредит за секој што ке вработи инвалид ке треба само да ме држи две години освен ако самата не напуштам,јас не се нафатив,не сакам некој мојата состојба некој да ја злоупотреби за свои цели бидејки,штом се вработам автоматски веке не ме следуваат тие ни кога ке напуштам ни кога ке ме отпуштат тоа ми го кажаа во социјалното,и затоа уствари прашував за тоа место во библиотеката .Јас не знам што и како мислиш сакаш верувај сакаш не,немам намера некого на нешто да го убедувам,а и не знам по кој основ би пишала тука и би лажела,не знам што корист би имала од лажење,пошто ако некој сака навистина да ми помогне ке сака да види навистина дали е така или не,лагата има кратки нозе,фала сепак за помошта што се нудиш,јас ти го кажав името а сеа дали ме познаваш или не не знам,ти како се викаш и каде живееш ако не е тајна? :)
     
  5. nedelce

    nedelce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    благодарам на сите што ме разбираат ,навистина ароганцијата потекнува и од некои луѓе не само од домашните проблеми што ги имам :worried:
     
  6. nedelce

    nedelce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Кај си хани бани нели се нудеше да ми помогнеш или тоа беа само бош муабети??? Верче ми е братучетка... а сега ако може дај ми твои информации ... да знам кој сака да ми помогне... ;) :)
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Неделче, ни те знам, ни те познавам лично и стварно не сакам да бидам груба, ама претеруваш. Се обидував да ја избегнувам темата затоа што не можам никако да ти помогнам, која сум јас да кажувам. Не можам да издржам, најискрено. :)

    Прво, девојчето најљубезно ти се понуди за помош. Ти ја одби. :x Потоа наброја едно десетина работи кои ти ги понудиле и си ги одбила, затоа што те ова, те она не ти чинело. Сега ја прашуваш која е, не е во ред тоа. Не можеш ти веднаш да очекуваш дека ќе најдеш добро платена работа, секаде се почнува од нула, па и од 6000 денари. Мораш од некаде да почнеш девојко, најдобронамерно ти кажувам!

    Кога си ги произнесе податоците на јавен форум, очекувај дека некој ќе те побара. Јас те побарав на фејсбук, ти го видов профилот и ми изгледаш доволно способна за работа како и секоја од нас. Сфаќам дека ти е мачен животот, ама не е во ред да се прикажуваш како најтежок инвалид, стварно не е.

    Знам дека ти е тешко, никој не заслужува таков живот, ама преиспитај се малку самата себе и твоите одлуки. Велиш дека сакаш да ти се смени животот на подобро - тоа нема да се случи ако седиш тука и ни кажуваш колку се злобни кратовчани и колку ти е тешко. Преземи си го својот живот во твои раце, нека не те интересира злобата на твојата мајка - и овде сметам дека е за степен преувеличено - и конечно ќе почнеш нормално да живееш.

    Размислувај трезвено и разумно, ова ти го кажувам за твое добро. Со овој однос и начин на размислување, можеш само подлабоко да се закопаш, никако на подобро.

    Едит : немој да мислиш дека на сите овде ни е лесно, сите си имаме проблеми и по дома и на работа, училиште, факултет... ама мора да се носиме со нив, дел од животот ни се.
     
    На hunny-bunny и kallias им се допаѓа ова.
  8. nedelce

    nedelce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    хехехехе а ти девојко објасни ми кој рече дека сум одбила??? и од кај знаеш пак ти кој ми е фејсбок како што се секавам јавно никаде не сум дала таква информација,ама сакам да речам некои луге нека не се фалат"можам да ти помогнам" како прво од вас не побарав да ми помогнете,на никој од вас разбра? јас на свој начин барам совет и ова ми е како некој начин исповедување да не го чувам тоа во себе что ме мачи пошто е лошо за здравјето,сакам да се искажам на луге што не ме знаат а не таа ме испитува како некој инспектор потоа исчезнува,ја и во пвт и пишав ама таа не ми одговори значи само се интересира кој е што е,всушност и не треба да ја интересира која сум,и плус бош муабети не ми требаат,јас сум отворена особа и таква ке останам,работите ги кажувам отворено без разлика дали некого ке повредат или не,вистината боли али тоа е :)
     
  9. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Правилно или не е да молчам..
    Раскината сум,немам никакви чуства за никого,дури и на дечко ми му се бунтовам за ептен мали ситници..немам веке трпение за никого..почнуваат да ми се мешаат,сакам све без ништо да кријам да им плеснам во лице,ама неможам,многу молчам...пукам во себе..сум била со албанец..па ми качат глупости како не разбираат дека ја ке идам со него..дека ја со него ке живеам за некое време..дека едноставо се заљубив..КАКО ДА РАЗБЕРАТ?!..Љубов или семејство.. во никаков однос сум со моите..многу пати ме избркале од дома,многу пати ме навредиле,а јас само молчам,со тоа молчење за се крива испаѓам..Сакам да бидам среќна,не ме оставаат,толку се њубоморни со тоа што ке сум срекна..се чуствувам по*рано..ама бе луѓе..сакате да пукнам,да попуштам со нерви,на апчиња да сум..се некој се меша во мој живот..од секаде од сите страни проблеми ми прават,а најмногу тие дома..најблиските родената мајка и сестра..зарем тоа го заслужив..па да убаво прават јас глупава молчам,глупава сум не правам лице на никого,со никого не сум од корист,зарем тоа го имам заслужено..сопствени мајка и сестра да те навредуваат,па што останува за другите...ајде сите на мене удрете јака сум ке издржам,немат проблем..

    Сакам нова средина,нови луѓе..све ново..сакам да почнам да живеам одпочеток несакам вака..мислам дека готово е со мене секој момент..дека ке заминам ...ништо не помага..ништо...само малку малку барам оствавете ме на мира...несакам никаков контакт со никого од семејството со никого..најболно нешто е кога ке те омаловожуваат од твоето семејство..најболно...секој ден слушам дека за ништо не вредам..дека сум никаква..колку и да сум силна неможам ..се раскршив и тоа баш денеска...од нервоза и љутина не размислувам како треба..секој од сите страни ми кажува ново лице на приказната..неможам повеќе..неможам..миговите во кои бев среќна не ги паметам..само лошите работи останаа..мислам дека никогаш не сум била срекна,не се ни секавам некогаш да сум осетела срека...сакам да седам сама да размислувам што понатаму..сакам да идам подалеку од тука..од овие лицемерни луѓе..сакам срека и мир ништо повеке...

    Некој совет, било што добредојдено е ..

    Морав да напишам,незнаев каде да го сместам па тука
     
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    жално и тешко е ова низ што минуваш, но не си единствена. не е секое семејство сјајно, но во јавност сите се насмеани и си велиш сите се среќни.....
    така да има и многу други кои трпат дома, значи не си единствена, ако е некоја утеха...
    родителската грижа знае понекогаш да биде посесивна, себична...Многу родители гледаат на децата како на свој имот, посед и мислат дека тие смеат и мораат да им го кројат животот како тие што сакаат. А, децата се што прават мора да прават само нивните родители да ги направат горди и среќни.
    Ако одиш против нив, им `го креваш притисокот`, `ќе ги умриш`, или најлесната закана: под наш кров си, ќе правиш ние како сакаме!
    Тоа не е вистински родител, туку е изгубен родител.
    Во твојот случај (сега прв пат читам-имаш врска со албанец?) можам да ти речам браво! што признаваш јавно за ова.
    сите ние живееме под ова небо и знаеме дека љубовта нема граници!!!!! Се случува да се заљубиш во друга националност (иако да беше французин, американец, ќе беше поинаку), но проблемот е поради нашата ситуација со албанците.
    има многу девојки кои наскришно одат со албанци, прават се и сешто, а најчесто за пари, накит, скапи парфеми итн... и тие се сосем за жалење!
    но ти си ја признала твојата врска и се работи за друг случај! твоите дома мора да го разберат тоа! Обиди се само преку разговор, без навредување и викање да им објсниш. А, ќе дојде момент и за тоа. Трпиш, трпиш, ама ќе се прелее чашата!
    Како мајка ти и сестра ти не се малку засегнати за тебе??? Да речат: што му правиме на девојчево, под каков притисок го ставаме, ќе го полудиме психички, итн...
    Ако излез нема, а дечкото гарантира за тебе, замини со него. Ако навистина се сакате и имате доверба! После тоа можеби твоите со тек на време и ќе попуштат....
    само не кажа што е од страна на дечко ти, дали му прават нему проблеми???

    Знам за еден случај, лично ги познавам луѓето: во многу угледно семејство во градот, девојчето се заљуби со албанец. се појавуваа јавно без срам. сите отстрана само ги оговараа. (од нејзиното семејство не и правеа никакви проблеми!!!!, и рекоа: во љубовта не ти се мешаме) Но всушност тие си се сакале и ден денес се заедно и се многу среќни.
    поприлично се модерни луѓе, излегуваат по кафичи (повеќе пати одат и фамилијарно, си се дружат)...
    и она што е најбитно: Да бараа македнонец таков зет за ќерка им, не ќе најдеа!!!! Дечкото е албанец, ама со голема култура, многу добар, воспитан, разбран човек. Право машко е! Верувај ми, не познавам еден единствен македонец што е како него!

    толку засега, можеби забегав од темава малку...се надевам дека се ќе ти се реши на добро, помалку нервирај се, чувај ги нервите, пред тебе е животот! ;) :)

    пс. сега видов дека имаш 17 год. и редактирав.
    со оглед на возраста и горенапишаново ќе беше поинаку, ама ај да не го бришам. ќе трпиш, со 17 год. и законски старателите `те поседуваат`, така да се изразам.
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Unhapyy, ти имам кажано и на друго место... Ништо не добиваш со тоа што ќе бунтуваш по дома. Те посоветував и да не правиш работи со кои ќе ги вознемириш, а ти упорно ги правиш, за жал тие имаат право над тебе и ти си тука немоќна. Не е така лесно како што мислиш - ќе си отидам од дома... Што ќе направиш со тоа? Ќе те најде полиција и ќе те врати, ти си им ќерка и неможеш да се осамосталуваш на 17 години. Биди мирна уште една година, кога ќе наполниш 18 веќе друго ќе биде, мада и тогаш нема да е така лесно како што мислиш, едноставно кога ќе размислиш од некоја реална гледна точка неможеш сама да го понесеш товарот на животот, сама да се издржуваш и.т.н. едноставно тешко е. Можеби ќе бидеш спокојна но не си зрела за да се осамостоиш... Сепак, подобро би ти била таа опција, и имај на ум, додека не станеш полнолетна не прави работи со кои дополнително ќе ги вознемириш, затоа што за жал, сеуште си безгласна буква.
     
  12. Arogantna

    Arogantna Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Незнам како да ја објаснам ситуацијата во која се најдов ..... Ама ке пробам :) значи до пред 7 месеци имав нормален живот како и секоја тинејџерка ,имам помал брат моите се сакаја , стално се држеа за рака едноставно прекрасно семејство. И некаде јануари беше татко ми ја обвини мајка ми дека го изневерила и почнаа големи кавги на сите страни.Мајка ми беше збунета почна да пие апчиња са смирување беше ужас со еден збор .Татко ми само ја обвинуваше без никакви докази дека го изневерувала цел живот ........ Јас и брат ми бевме збунети кај нас претходно немало такви кавги ,мислам нормално сите се караат но такви кавги и расправии секој ден и ноќ не. Мајка ми му признала некој работи кои не биле вистина само за да не ја малтретира и да се смири целата ситуација заради нас.Работи кои не ги направила но под таков притисок и избезуменост признала лаги. Но и тоа не беше доволно за него кавгите не прекинаја ситуацијата се влоши . Некаде во февруари си заминавме од дома и ојдовме кај баба ми по мајка и сега сме таму ..... Мајка ми најде работа , брат ми почна во друго школо поднесоа документи за развод ситуацијата се смири до некој степен .Татко ми стално се јавува и разговараат со мама со сати и рече да се врати под услов да остане дома и нигде да не оди без него .Диктатура некоја врста за да платела за тоа што го направила иако тој нема докази за тоа :( Односот со мене му е сменет порано бевме другари и така го гледав , а сега го гледам ретко и тоа кога ке одам да ги видам другаркитеи немаме поке муабет само кути .Баба ми не прифати но сепак е тешко нови навики и целиот тој стрес мислам ужаси. Но сепак помина некое време и се смирија работите малку од малку но тој постојано се јавува на телефон и не ја остава на мир мама .Тоа ме лути и постојано и велам да не се јавува но таа е цврсто убедена дека тој полудел и дека го сака , што можам јас ми треба совет ?
     
  13. Skrsena21

    Skrsena21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    zdravo na site.jas sum nova na forumot i bi sakala da podelam so vas.maltretirana sum od soprugot i fisicki i psihicki.skoro sekogas e bez pricina ako ne mu odgovoram na nekoe prasanje toj zbesnuva mislam deka ima problem psihicki.a jas nemam voopsto samodoverba i go trpam ovaj teror.vo brak sum 3 godini i nemame deca.mnogu mi e tesko i zaradi toa.primam inekcii za oplodvanje.nemozam da im kazam na moite roditeli zatoa sto si imaat svoi problemi.ve molam za sovet :( :( :( :( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Па не разбирам зошто во ваква ситуација ти сакаш да останеш трудна? :o Или за да се врзеш повеќе за него и никогаш да не го оставиш.
    Бегај додека е рано и ни случајно не останувај трудна зашто за неколку години детето ќе пишува постови како овие погоре.
     
  15. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ќе ја направиш најголемата грешка ако останеш со тој човек...поарно и што немаш деца,многу познат ми е случајот.Сум имала некоја блиска во таква ситуација.Колку и да имаат твоите проблеми биди искрена со нив и кажи им,ќе ти помогнат,сама неможеш да се извлечеш од тоа.Реши го проблемот што поскоро иначе ќе патиш цел живот.Знам дека е тешко,и нека не ти биде оправдување дека го сакаш зошто не можеш да сакаш и да те сака таква особа,тоа не е здраво.Верувај ќе се спасиш,незнаеш колку ќе ти стане полесно.Поарно сега малце да ти биде тешко него целживот.
    Ти посакувам среќа.
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    А добро, зошто се омажи на 19 години ??
    Не сте ми јасни, ама стварно. Не си била бремена, зошто, да не избега возот за мажење ??

    Каков совет да ти дадеме, седи, трај и ќути си... Тоа овде не го добиваш. :fubar: Сите, меѓу кои и јас ќе ти речеме да бегаш од таму. Мислам, 21 век, не си животно, а и животните не трпат, па да му бидеш алатка за изживљавање.

    И со сиот памет, и разум, и сетила и инстинкт, ти се обидуваш да останеш бремена ?? :o

    Е, па, извини вака директно, ама се сама си правиш.
    Освен да си одиш и да им кажеш на твоите, друго решение не гледам, а и нема. :x
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Skrsena21

    Skrsena21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    znam deka ste vo pravo ama nekogas e mnogu tesko.samo onoj koj sto se nasol vo ovaa sitoacija znae.sekogas si vikam aj ke pomini ama ne pominuva.na pocetokot bese se kako bajka duri na momenti ne mi bese realno ama posle pocnaja problemite neznam so e postrasno.sakam da si zaminam ama i nadvor od drzavata da odam.nikogas poveke da ne se sretneme.tolku mi treba da nekoj se da mu kazam da si olesnam...nekogas mi se cini deka ke ekslodiram od nervi.fala na sovetite moram da prevzemam nesto :(
     
  18. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Е јас те советувам да им кажеш на родителите и да бегаш со повреме оттаму!
    Млада си, сакаш цел живот да го поминеш во маки? Па дете си уште шо се вика, зошто толку рано си се мажила?
    И престани да ги примаш тие инекции за плодност, најмалку сега ти треба дете во ваква ситуација. Мислиш дека тоа нешто ќе смени? Е нема, само ќе стане полошо. Можеби сега те уверува маж ти дека ќе се сменат тогаш работите, но верувај нема. Заклела се свиња да не јаде говна.
    И обавезно зборувај за ова со родителите! Не знам какви проблеми имаат, но ти си им ќерка и тоа е најважното тука, секогаш би имале време за тебе и сигурна сум дека би оставиле се и би ти помогнале, никој не сака чедото да му има таква лоша судбина. Биди храбра и превземи чекор!
     
  19. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Верувај дека има полно што знаат како ти е...сите кога се во таква ситуација мислат дека никој не ги сваќа,а всушност тие така само мислат затоа што го оправдуваат тоа на некој начин и чекаат да се случи невозможното,а тоа нема да се случи да се смени некоја личност таква,каква што е таква ќе остане.Него му треба стручна помош,а на таквите не им помога ни тоа.ДАЈ СВЕСТИ СЕ!Не барај оправдувања затоа што за тоа не постојат оправдувања!Многу добро те разбираме ама ти нас треба да не разбереш,со тек на време ќе ти стане полошо,ќе почнеш да мислиш дека тоа е нормално,не се казнувај самата,и да ти ветува не верувај зашто нема да се смени.
    Сите што се тргнале се спасиле,а тие што биле слаби цел живот во нервоза и стрес го прошле,заблагодариму на Господ што немаш деца,после ќе трпиш цел шивот ради нив и нема да си среќна!Тек тогаш ќе го видиш него во уште полошо светло,зашто ќе те поседува како материјална ствар,таквите лудаци на тој начин ги гледаат работите.Јас убаво знам,иако мислиш дека никој не те разбира,од каде знаеш која од нас што поминала во животот.
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  20. klum

    klum Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    Многу ми е жал што се наоѓаш во оваа ситуација ,знам дека имаш потреба да зборуваш со некој и да се олесниш,јас би ти препорачала да зборуваш со свештено лице Отец или Монах верувај ми многу ке ти олесни и милсам дека после разговор со таква особа ќе бидеш способна и ќе имаш сила вистинската одлука да ја донесеш.Ти посакувам многу среќа и сила како и храброст за се што ќе одлучиш