Tvoite roditeli imale problemi???????????MOLAM ! ! Кого штитиш ма ти сопругот или твоите родители??????? ало свесна си што зборуваш???? ајде собери храброс и јави се на СОС телефон и побарај совет таму дури не си добила деца е полесно да го решиш проблемот ! Денес никој не е должен да трпит терор !
Скршена и сама си свесна кој е излезот. Дете со него немој ни на крај памет. Што ако утре и детето го тепа а? Ќе те мрази и тебе што си допуштила да ве малтретира дебилот.Извини ама стварно не ми е јасно ,па кој век сме,он те тепа ти ќути? Ако сакаш да се упропастиш и ти а и детето-ИЗВОЛТЕ. ИМАШ ВРЕМЕ ДА СЕ СПАСИШ-СПАСИ СЕ!
Zdravo na site jas sum nova na forumot , ja procitav izjavata na skrsena i kako zrtva na semejno nasilstvo od iskustvo bi sakala da ti dadam eden sovet : AKO MALKU SE POCITUVAS NEMA NI MINUTA POVEKE DA OSTANES KE SE SPAKUVAS I KE SI OTIDES,i nemoj da se zalazuvas deka te saka, deka ke se promeni nemoj so taa misla da se vodis ,bidejki jas trpev 13 godini i ziveev so mislata deka ke se smeni.Ti go kazuvam ova bidejki jas go iskusiv na svoja koza i posle 5 godini razvod jas seuste nemozam da se otkacam od taa budala.No ako ti e pomilo da glumis zrtva i da se zalis ok togas ostani i neka ti e so sreka [mod-kirilica:m39y5c9m][/mod-kirilica:m39y5c9m]
Фактот девојко е дека ..нели не било еднаш ,ќе трае тоа и нема да се промени.Ова е вистина за жал.Ова ме нервира кај луѓето.Не,неможе никој да ме убеди дека тој може да те сака.Тој не те сака.Зажто ако те сака нема да те тепа.Не сакам на некој да му давам правци и да го упатувам во која насока да се движи.ама во случајов ...бегај од тој човек додека немате дечиња...или едноставно преиспитај ја целата ситуација види од каде излегува тој негов гнев.И толку од мене .Се грозам од вакви работи.
скршена додека е на време бегај,додека те држат нозете.Срека твоја што немаш деца со овој гад.Кој е тој бе кој те малтретира?Некој твој господар а ти негова робинка?Изгледа и така ке биде,ти трпиш,не кажуваш никому туку само овде ние кои ке ти дадеме совет но само совет ништо друго.Време е да ги презедеш работите во свои раце.Пријави го,не трпи повеке вакви насилства зошто утре може да те претепа до смрт. Не чекај ни минута повеке.Пријави го тоа насилство додека е на време.Родителите сигурно имаат проблеми но сепак секогаш ке се грижат за своето дете.Запомни го тоа.И во никој случај да не остануваш бремена од тој психопат па ке мора и тоа невино детенце да ги трпи тие каприци од овој човек.Море да бев јас немаше ни миг да чекам,ке идев до полиција и ке пријавев.
Треба да кажам, дека семејното насилство, а и не само семејното, туку воопшто насилството е нешто, кое може да уништи еден организм психички. Дали доживува насилство физички или психички, психиката се уништува. Жал ми е за жените и децата, малтретирани од изроди. Мажите можат да бидат и многу мили, интелигентни и добри, колку да се заљубиш во него, али има такви случаи, кога после години (5-10) се менуват тотално. Како друг човек да влегува веке во куќата ти, како со друг човек да си легнуваш навечер... Сочуствам им многу на тези, и силни, и слаби од друга страна, за мен жени. Сакам да им помогнам, но неможам. Тие се, кои треба да си помогнат сами на себе. Ние, както и некои институции, занимавашти се со такви случаи, можат само совети да дадат. А жената треба да се изправи пред насилникот и да му каже : фала ти што ме направи посилна.. Јас се разбира ко мала сум добивала некоја и друга шлаканица ли како се вика...както скоро секое дете... Али во вистинскиот смисол на зборот насилство, не сум видела и почуствувала, и го молам Бога, никогаш да не бидам жртва. Ни јас, ни некој мој близок, дали дете, дали маж, дали мајка, татко... И смешно да ви звучи, а то не е, има и мажи подложени на семејно насилие, или воопшто на насилие, може на работа, може во училиште или на улица... Имам роднина, која сега доживува семејно насилство. Цело лето преживувавме нејзиниот проблем и се обидувавме да и дадеме совети, и од постарите и од нас помладите. Да ја расееме од проблемите, да ја земаме со нас на шетање...цело лето. Стварно ми е жал за нејзе, а уште повеке и за двете им деца. Едното е веке 11 години, а другото 1 година. Едното разбира се, гледа се, доживува и то се, другото кутрото ништо не разбира, но делува на неговата крехка психика да слуша кавги и немири. До пред 1 година тие двајца одеа гушнати, имат брак 13 години. Се сакаа. Даваа се за детето. По точно зборувам за него. Таа се уште дава се за децата. Но тој, како наеднаж ништо да не го интересира веке. Си најде добра работа и почна да зема плата преку 30 000. Кадето има пари, има курви. Почнаа изгледа да му се лепат. Тоја да почастам, онија да почастам, со таа да легнам, со онаа да легнам. Дома сите ми сметат, неќам никој да гледам. ... И така...ја бркаше на неколку пати сосе децата, и без децата...ја удри на неколку пати шлјаканици (да си признаеме и нејзината уста не е мала) али все пак тепањето не е решение на проблемите. Таа незнам дали сака да се отараси од него, знам само, дека сака пак да е истиот каков што беше. Сакам исто така да одбележам, дека таа одеше и на гадател...врачка, како се вика незнам. Човекот од Битола и кажал, дека во пијалакот му има ставена .... (се извинувам за ова) Спојлер менструална крв од некоја жена, која го сакала за себе. Абе што да ти кажам, луда работа... Както и да е, кутра моја роднина, каде ли не оди, ги сврти сите цркви во Охрид, оди во ПОЛИЦИЈА и од таму и кажаа, дека треба да има синини. Таа им рече: тоа треба да чекам? да ме убие? тогава ли ќе преземете нешто? тогава ќе е џабе, господин полицај. Али тоа е тоа, ништо не презедоа, зш нема синини. Ние се прибравме во Скопје, се слушаме на телефон, тој ја брка, после си ја прибира обратно, си оди по љубовници и така... пари не носи дома, зш ги дава по кафани во струга и по курви. Човекот е забеган скрос! Незнам, незнам...не сум отрасната во таква средина, незнам што треба да се направи, сакам да и помогнам...но неможам...просто незнам како....Жал ми е за нејзината фамилија, што се разпадна и што сега живее со надеж, дека ќе си бидат како преди, ќе се сакаат, како пред 1 година. Беа како дечко и девојка, ама тоа е. Вештерки и курви има сегде... Ја сакам, и посакувам ако не тоа семејство, да си анјде друг маж. Таа е само на 33 години. Христовата година кажуват, дека е најубава, за нејзе излезе пеколна. Нека Господ и поможи, да и даде сила. Да си ги одгледа децата, ако не со нејзинија маж, да и дојде среќата со некој друг.. Пријатно
Дали ја видовте новата кампања против семејното насилство.Би сакала да ги слушнам вашите ставови и мислења во врска со оваа кампања и да ве прашам што мислите дали оваа кампања ќе успее во целост или како и минатите кампањи ке помине."ќе се исперат пари и толку од оваа работа . Фала поздрав до сите.
И јас девојки,за жал,сум жртва на семејно насилство. Имам татко дебил и сите дома не малтретира и физички и психички.Мајка ми е најмалтретирана од сите во семејството,и единствена нејзина грешка е што го трпи цел живот, самата секогаш кажува дека најголема грешка и е што навреме не го пријавила и што секогаш молчела! Единствен совет што можам да го кажам е навреме преземете ги работите во свои раце! Се надевам дека и јас нема да наидам на некој психопат.Не чекајте,преземете ги работите во свои раце бидејќи таквите „луѓе“ живеат за да ги понижуваат,користат и малтретираат сите околу себе.
И да се исперат пари од рекламата ипак вреди... Колку и ние не-жртвите да не приметуваме, на некој што е жртва многу потсвесно влијае таа реклама! Кај нас има колку толку некаков систем и заштита за жртвите, далеку од совршен, но сепак го има. Кај нас фали храброст да се пријави насилникот бидејќи сме едно големо село. Се надевам дека рекламата ќе натера барем еден насилник да биде пријавен. И еден помалце е успех!
точно е дека ваквите кампањи можат да влијаат позитивно на свеста на жртвите , но да не се лажеме дека некој од кампањата се освестува,сите што се жртви се свесни за ситуацијата во која се наогаат , најдоброто од ваквите кампањи е тоа што жртвите ги дознаваат нивните права и ги дознаваат законите кои ги штитат,семејното насилство постоело одамна и ќе постои сеуште за жал се додека не се направи кампања за подигање на свеста во судовите ,бидејќи таму е најголемото насилство
Влијаат рекламите, ама џабе кога системот е никаков, државниот шелтер не работи, во другиот што згрижува жртви на подолго никогаш нема место, а тие за 24 часа ништо не менуваат... се соочив со проблематикава, почнав да работам со жртви за да променам нешто и се разочарав максимално.... Кога ќе видиш како оние што работат во Центар за социални работи се однесуваат кон жртвите и како се примени на работа неспособни социални работници (чест на исклучоци кои ги има малку), како полицијата е ретко на страната на жртвата (со изговор сама си го барала) ќе сфатиш дека вакви кампањи само носат уште поголемо разочарување на жртвата дека нема државен орган кој може да и помогне...
Ех, причај ми о томе... Какви коренити промени требаат, абе едно чудо... На цела држава. Си мислам, Николче Тодоров на наредни парламентарни да го стават за труд и социјала, па да пркне и во тоа поле малце
Последната реклама за семејно насилство е според мене утка! Покажува страв кај жените и доминација на мажот, концептот не ми се допаѓа. Вистинска реклама или кампања ќе биде ако им дава на жените доволно информации како да се заштитат и каде да побараат помош.. Кај нас има неколку места каде жените би барале помош: 1. Полиција -кога ќе се јавиш таму прво бараат доказ дека животот ти е во опасност, т.е. дека посегнал да те убие па да реагираат. Мене ова ми кажува едно: дека секојдневно има пријави на семејно насилство, па господата за да не излегуваат по 1000 пати на терен решиле да ги бираат само “сериозните“ случаи. Колку се вулгарни и како само можат така да ги делат случаите на сериозни и несериозни незнам. Но бидејќи и меѓу полицајците има насилници врз жени ништо не ме чуди. 2. Центар за социјални работи - се јавуваш во главниот Центар, те преупатуваат на општински, па таму вртиш едно 100 пати, и нормално пошто се администрација си отишле на доручек или затвориле во 3 саат, и никој не ти се јавува, како да жртвите може да чекаат. А во многу случаи знам кога минути биле критични за тоа што насилникот може да направи а не саати или денови 3. Шелтер центри - Во Скопје Има еден поголем кој е постојано полн и треба голема упорност и среќа да се побара место таму за згрижување и оној 24 часовен Шелтер центар што нуди само краткотрајна помош за жени кои бараат итна заштита или интервенција, но во секој случај среќа што постојат и овие центри 4. Семејството - Ако во поширокото семејство има роднини кои сакаат да помогнат треба да се бара помош од нив, барем за ден два одреден период може да ја заштитат жената додека не застане на нозе и не реши што понатаму 5. Средината - има соседи, пријатели, познаници на кои жените мора да се обратат кога им треба помош, никогаш не се знае кој од нив ќе им помогне За жал имаме многу слаби институционални алки на помош, првите два кои треба да реагираат - Полицијата и Центрите за социјални работи СПИЈАТ! Па жениве кои им треба помош се оставени да бараат помош од роднини и пријатели. Власта нека не троши пари на глупави реклами, подобро со истите нека изгради уште еден Шелтер центар или нека ги потроши за формирање посебна единица во полицискиве станици што ќе реагира на семејно насилство.
Се согласувам со ова полицијата ретко кога е на страната на жртвата,јас кога ги пријавив моите знаев дека нема да има никаков ефект,бидејки ‘‘Трајче‘‘ му бил пријател на татко ми ,На ‘‘Амуш‘‘ му завршил некоја голема работа па сега и он ако може да ја среди работава за него ...третиот братучед му бил,и плус тоа во мојата фамилија има 7-8 полицајци,инспектори,командири и незнам ти шо...и пак ништо не испадна,само опомена и толку ама на моите тогаш к*р ги болеше за опомената,е сега е друга приказна сега дојдоа моите 5 минути т.с грешка дојдоа годините додека сум тука во оваа кука да сум јас шефот ова ми иде во полза и н мене и на сестра ми..
Го видов видеово MissSpark ѓто го ставила во друга тема,ама мислам дека тука му е местото.Ова е само пример,можи има и полошо од ова и не треба да се трпи.На насилникот можи ќе му дојди умот само на овој начин,ако не можи и да си продолжи таму.Не можи вака да продолжува.ЧУВАЈТЕ СЕ!!! http://www.youtube.com/watch?v=lWP9Vvke ... r_embedded
http://www.youtube.com/watch?v=O2FXalgGRYU Мислам дека нема потреба после ова да кажам ништо. Проблеми се само изговор за исфруструрани свињи да кренат рака на женско суштество.
Дали мислите дека треба да се пријави семејното насилство? Сметам дека треба да го пријавам татко ми, но се плашам дали и другите ќе застанат на моја страна, бидејќи сепак сум само дете.
Те читав и во другата тема, и мислам дека да, треба да го пријавиш. Ама ова е само мислење од човек кој нема врска со твојот живот. Најдобро е да застанеш со мајка ти и да направите еден добар сериозен муабет во врска со тоа дали ќе го пријавите татко ти или не. Имав ваков случај со блиска другарка, и искрено се разочарав од социјалното во државава, бидејќи не превзедоа ама апсолутно ништо. Дури и во полиција го пријавија човекот и пак ништо. Не можам да речам дека истото ќе биде и во твојот случај, ама би ти препорачала прво да разговараш со мајка ти убаво да ги разгледате работите и околностите во кои се наоѓате, за да не направиш нешто заради кое после ќе жалиш. Имај на ум дека ни ти ниту мајка ти не сте виновни за ситуацијата во која се наоѓате, а задодуше и татко ти не е крив што си има психички проблеми, ама во никој случај не го оправдувам него. Верувај и на мајка ти не и е сеедно, да било полесно најверојатно до сега би го пријавила и самата, ама како што велиш финансиски сте зависни од него, а мајка ти можеби сака да имаш финансиска сигурност и се надева дека работите ќе се поправат понатаму. Кажи и убаво како се чувствуваш и се ќе биде полесно, па и одлуката ќе си дојде сама. За поправање на вакви проблеми треба голема упорност, и пред се, желба од сите страни. Ти посакувам среќа за што и да одлучиш.
Ќе почекам да видам дали ситуацијава ќе оди по нагорна или надолна линија, и ќе се одлучам тогаш. А која кампања околу семејно насилство е активна, и како се контактира?
ние не можеме да одлучуваме на твое место ти разговарај со мајка ти и одлучете се дали сакаш да ги пријавиш дали ќе се разведете се е до вас