Девојки да ве прашам нешто. Колку се навистина заштитени оние кои што ќе пријават семејно насилство? Во последно време братучед ми нон-стоп и се заканува на тетка ми,дека ќе продаде се од дома,закани со живот,ке ја убијам,ова ќе и направам,она ќе и направам,а што е најлошо мислам и дека е способен стварно да го направи тоа. Моментално таа е надвор и не смее да си оди дома,а не е сигурна дали да пријави во полиција,и порано има викано,тогаш теттин ми ги малтретираше,сега се разведени,па најверојатно пробува преку братучет ми да и наштети. Не знам што да ја советувам,а многу сум исплашена. Другиот братучет не е дома,во друг град е,ама кога слушнал дека има проблем дома,сака да се врати,а ако се врати,ке направат голем проблем,и тој веќе не може да го трпи малтретирањето. Не знам,ако некоја од вас има искуство,или ако знае да ме посоветува што да правиме,стварно се плашам за тетка ми Дали ако пријави во семејно насилство,ќе можат стварно да ја заштитат,да не биде само тогаш да помогнат,а после тоа да биде полошо,па да не смее да се врати дома... Не знам веќе што да правам...
Јас планирав да земам GPS за следење на кучето, како на сликата доле, лудо е и ќе ја летне по некој зајак па два саата го барам, ама се двоумам оти батеријата не трае колку што очекувам. Ако има нешто што се вградува под кожа, баш би сакала да знам, макар нека е за луѓе де, ама да си поделиме совет ако не ти пречи. Инаку мој совет за твојот проблем е пријави го татко и во полиција, и дојди најбрзо што можеш, регистрација во матично за најлесно за брза виза вадење, па одведи си ја момичката со тебе.
Епа девојки.. Дошао је дан. Иако не би сакала да се случеше, ама шта чеш. Не ми е воопшто срам нит да прашам нит да пишам. Ова е дел од мене. Т.е зошто би ми било мене срам? На без`рбетникон би требало да му биде. Вечерва татко ми , ми се гади кога му го давам овој епитет, изврши и психичко и физичко насилство врз мене. Јас бев на работ да се онесвестам. Цел ден не бев јадена, плус ова.. Ми дојде како капак. Среќа што испив една шумлива па се повратив некако. Решен е да ме уништи, ама не е свесен дека животот него го уништува. Цврсто сум решена да го пријавам, имам и бројче и се тоа, само ме копка нешто. Не сакам да дознае околина па да се пука сеир цел месец. Има некакви можности тоа да остане меѓу нас и да не биде толку апла? Е колку би сакала да се брука пред сите, ама не за друго тука верувам уште долго време за моја несреќа ќе останам, па не сакам да ме гледаат со ,,други очи''. Ај ве замолувам кој знае и кој може пред се нека ми одговори порано, ептен ми е итно.
Za kuce GPRS ne vi sovetuvam, a vi sovetuvam dobra dresura...posto imam svoj pitomnik na PIT-BULL i Dog De Bordo...znaci stvarno neznam veke kako da reagiram!!!Devojkami e 26 god pod vakov stres i za prv pat kako dade otpor vo svojot zivot, resija da ja skrsat psihicki i fizicki!!! Ja , ucenuvat deka ako izbega tatko i ke napravel samoubistvo ... ona e psihicki unistena a jas sum primoran da komuniciram za sega preku nejzini prijateli zatoa sto tel i se slusa...jas nemam namera da se predadam samo se plasam za nejze! Sfakam deka e nejziniot zbor e posleden, ali ona se plasi deka ke se ubijel tatkoi a majkai ke umrela...site nie ke prejdeme koga Gospod ke saka!!! Stvarno ne mozam da se nacudam na takvi ne luge, koj sto se ograniceni umstveno i koj sto po sekoja cena sakat da bidat diktatori!!! Zborot e daden za lugeto !!! Posto ne go znam zakonot na R.Makedonija, dali mozam jas da go prijavam za nasilstvo ako ne sum clen na negovata familija???
Anabela, kako maz sakam samo da vi kazam nikoj nemam pravo da maltretira nikogo!!! Tatko ne e toj sto ne napravil , i si dava pravo da tepa i psihicki unistuva!!! Tatko-roditel , treba da bide prijatel pred sve , da se resi da navleze vo tvojata problema i da vi pomogne!!! Mnogu mi e zal za site deca koj sto stradat od svoite roditeli, i moje licno mislenje DOSTA OD TOA BALKANSKI MENTALITET, DA NE SE DOZNAE ITD!!! STO E PODOBRO DA VE UBIE , ILI DA VIE EDEN DEN DIGNETE RAKA NA SEBE NE DAJ BOZE, ILI DA SE OMAZITE BEZ LJUBOV SO NEKOJ STO MOZE DA BIDE I POLOS OD VASIOT RODITEL!!! MAZ ZA MENE NE MAZ KOJ STO DIGA RACE NA ZENA I NA DECA!!! MAZOT TREBA DA GI CUVA I AKO TREBA DA UPOTEBI AGRESIJA SAMO VO SLUCAJ DA JA ZASTITI SVOJATA FAMILIJA!!!
Многу е немилосрдно да даваш совети на ваква тема. Кој не поминал низ истото, не може лесно да советува. Лесно е јас од овде да кажам: јави се во полиција, сели се под кирија и слично, ама во реалноста е многу тешко, претешко. Пред се, не го одобрувам во никој случај насилството. Таквите луѓе не ни заслужуваат да бидат родители. Но, сепак не е лесно да го пријавиш в полиција. Колку и да те малтретира, на крајот те боли, татко ти е. Колку и да мислиш дека го мразиш, всушност го мразиш зошто го сакаш. Родител си е родител. Потоа, кај нас нема некои закони за семејно насилство, нема силни организации за заштита, нема ништо. Нема закони за потешки кривични дела (т.е. се минимални казните) не па за ова. Насилникот може да стане твоја секојдневна закана иако не живеете заедно. Затоа, на крајот САМ ќе треба да се снаоѓаш и носиш со ситуацијата. Ако имаш подршка од фамилија, имаш покрив, поголема плата, ќе се тргниш настрана, ама ако немаш ќе молчиш и ќе трпиш. Потоа, да го оставиме овој наш менталитет. Секако дека ќе се зборува. Меѓу комшиите не останува ништо недознаено. Но, тие се најмал проблем. Сепак секое чудо за 3 дена. Мислам дека најдобар начин се разговорите кога насилникот е позитивен, расположен. Да му се даде до знаење тоа што го мислите. Ако го видите бесен, нервозен, игнорирајте го. Заканете му се ако крени рака на вас дека ќе го напуштите, пријавите... Како и да е, во целата ситуација најбитно е да сте здружени со мајките, браќата, сестрите и сите заедно може да се изборите против еден насилник. Повеќе - сте посилни.
во државава е зголемен бројот на семејното насилство бидејки владее невработеност-а најголем број на случаевите се мажите тие кои малтретираат(физички, психички) и многу честа поајава е во брачна заедница мажот да работи, а жената не, така да тој си зема право ако е нервозен, пијан и сл, да тепа, да вика и да прави што сака, т.е. се вртиме во круг. Треба да се каже СТОП на ваквото однесување, ама каква што ни е државава и како функционира за вработување, Господ нека ни е на помош инаку и јас и моето семејство сме жртви на семејно насилство-психичко, а понекогаш и физичко, ама поретко, ама мајка ми е таа што одбива да се разведе од татко ми , иако таа е таа што е вработена а татко ми е технолошки вишок, инаку е добар човек со добро срце ама не е свесен колку алкохолот го уништува,а со тоа не уништува и нас-особено мајка ми и брат ми, оти многу и е деликантно здравјето, а како последица на тоа брат ми се затвори и едвај комуницира со нас, а кога е татко ми пијан, не сака ниту да го гледа а камоли да комуницира со него.
Sepak mnogu mi e zal sto neuspehot na roditelite sto se odrazuva na psihikata na decata!!!Nikoj nema pravo da maltretira !!! Ni roditel , ni dete, nitu tuginec!!! Mesto Drzavata da se bori za mesto vo EU , podobro e da se potrudi da sozdade edna zdrava institucija za bezopasasnost od semejni zlostorstva!!! Covek , koj maltretira nema opravduvanje!!!Alkohol, bezrabotica itd... Sve e toa zalozeno vo vospitanjeto na covekot!!!
А да не знаеш која е причината што родителите вака ве спречуваат да бидете заедно, на која основа тие се закануваат со самоубиство, што е она што не го прифаќаат кај тебе како иден зет? Штом се закануваат со умирачки сигурно си имаат некоја причина. Што ти вели девојката, зошто не ја даваат за тебе? P.S. Не дека било која причина ги оправдува да го прават ова, туку едноставно ме интересира што е тоа што не им се допаѓа... Спојлер и јас бев едно време жртва на семејно насилство (психичко подолго време, физичко пократко), па можеби ќе можам некако да те советувам
Луѓе се надевам дека ќе ми помогнете и советувате и мислам дека пишувам на правилното место бидејќи стварно сум во недоумица околу следниот проблем: Значи вака имам 25 години од мојата 12-та година живеам со чичко ми и стрина ми бидејќи моите родители се починати. Тие ме образоваа,воспитаа, направија да не одам по лоши патишта и да сум самостојна личност и им сум многу благодарна и ги сакам и почитувам поради тоа. Е сега имам проблем со чичко ми значи не само јас,туку и сите дома. Многу често без причина вика значи не она обично викање,туку со секоја ситница ја претвора во нешто огромно и прави да се чувствуваш виновен околу тоа. Пример пред некој ден седев на PC и одма почна и ти седиш,шо прајш таму со кој збораш, а јас со дечкото праев муабет и му го кажав то и кажа еден тон погрдни зборови кои што стварно ме иритираа и навредија. Друго, иако го знае мојот дечко лично сепак некако е воздржан околу него на почетокот дури и се и сешто ми зборуваше за него мислам лошо, но виде дека не оди така и престана и секогаш кога ќе излегувам со него прави некои фаци,а знае и со денови да ми префрла околу тоа. Значи знам дека ова ќе ви изгледа како секојдневен случај, дека сите постари се такви, но не знам како да ви го опишам ова чувство кога некој во тебе буди чувства на тоа дека не си доволно зрел, дека не правиш доволно, некој неопислив страв и едноставно кога е во близина тој се осеќа некоја нехармонија.Или пример кога ќе сакам негде да одам а тој мисли дека не треба да одам место со убо да ми кажи, ќе наведи е ден тон причини кои што прават да се чувствувам виновна дека ќе одам на тоа место.Или пред неко време ме отпуштија од работа и тој виде дека ми е стварно тешко, но и покрај тоа почна да ме обвинува ти си крива,ти не работеше,а причината беше сосема трета. Значи тој е она буквален тип на самобендисан и се како што сака тој мора да биди,а ако не е така никој не чини.има денови кога е целосна спротива на ова,но тие се многу малку и многу ретки. Се обидов и да го игнорирам и да зборувам со него смирено,да му кажам како се чувствувам но ништо не е сменето за жал,туку напротив уште е полошо. А бидејќи тоа што чувствувам некој страхопочит спрема него и сепак благодарност и љубов не можам никако да му возвратам на друг начин. Јас мислам дека ова е на некој начин психичко насилство,бидејќи ми е неподносливо некогаш, но не знам сепак не сакам да го обвинувам. Се надевам дека ме разбравте каква е ситуацијата и дека ќе добијам ваши совети и мислења.
И психичкото насилство е насилство, се разбира. Единствен проблем е што потешко се докажува. Дали чичко ти има доживеано некоја траума: дома, на работното место, семејна и тн? Втора варијанта е некој да му ја има нешто наполнето главата за тебе (сите имаме такви “добродушни“ роднини), некоја роднина, “другарка“, огорчен бивш дечко, штознам... Не дека не е можно проблемот воопшто да не е до тебе, туку е нешто за коешто тој не сака да ти се повери, но доколку само со тебе е таков нервозен, тоа ми е малку веројатно. Да преземеш нешто, тешко, како што кажав психичко насилство најтешко се докажува. Едино да пробаш да разговараш со нив, пола живот си прошла со нив, заслужуваш барем едно објаснување ако ништо друго. Доколку и тоа не успее, гледај побргу да најдеш работа и што побргу можеш да се осамосталиш. И не жали ако не успее разговорот. Еден ден ќе те бараат и на нив само ти им остана. Главата горе и не дозволувај никој да те гази и понижува.
Верувам ти е тешко, но знај дека многу е чест случајот каде бар еден од родителите е налик на чичко ти...Верувај чести се оние кои своите нервози ги истураат на своите деца, па ќе се закачат зошто седиш на компјутер, па кај баш тој дечко, па ти си крива што те отпуштиле, па мора ли сега да излегуваш...Којзнае, карактер, табиет ли е, проблеми ли го мачат...што и да е, си пробала со искрен разговор кој не сменил ништо, тогаш прифати дека едноставно е таков, не се измачувај да бараш подлабоки причини зошто е таков, затоа што велиш дека е со сите ист а не само со тебе, туку гледај колку што можеш да не си земаш се при срце, да не анализираш многу негови постапки...Тргај му се од патот колку што можеш, не за друго, туку за твојот сопствен мир...
Драга Tessie откако почина татко ми тој веќе стана целосно нов лик заштитнички настроен,а после смртаа на мајка ми уште повеќе се истрауматизира. Но и мене тоа ми е траума, па не ми се сити криви. Јас го разбирам сосема, ми посакува се најдобро,но начинот на кој што го кажува тоа е болен многу. А за тоа дека му ја полнел глава некого да,можно е но сепак не се однесува само со мене така,туку со сите дома, но не наведов примери за нив.Разговарав со нив и со стрина ми посебно,но таа вели таков е ел живот не можиме да го смениме за жал,едноставно табиет. Сепак некако чувствувам дека дури и пред време созреав и можам да живеам сама имам свој дел-спрат од куќата, но тогаш би се чувствувала многу грдо и неубаво,сепак тие ми се како втори родители,а ако го направам тоа никогаш нема да е исто. Разговарав за ова и со дечкото и тој секогаш ми вели не трпи,дојди кај мене, но се додека не се вериме,јас не го сакам тоа сепак така сакам јас. Од оваа куќа да излезам со крената глава. Ти Благодарам Многу за советот и мислњето стварно ми значат.
MSSkorpionka целосно си во право и да знам дека многу е чест таквиот случај. Како што и кажа самата табиет,проблеми се во едно. Но,јас сум таква и се си земам при срце секогаш за се, но во последно го практикувам тоа што ми го препорача, му се тргам од патот колку што можам повеќе,но сепак боли и не е лесно. Ти Благодарам и тебе Многу за добронамерниот совет
Ilipili јас сосем добро те разбирам делумно поминав низ истото немам мајка наместо блиските да ми даваат сила јас бев секогаш таа што наоѓаа причина да ме обесхрабрат,го знам тоа чуство.Батали ги неслушај ѓи не им возвраќај нека мислат дека доминираат.Меѓутоа обиди се да најдеш работа и тогаш ќе има мани што ќе ти најдат но барем ќе бидеш материјално посигурна независна.И верувај ми немој секоја тага да ја делиш со блиски другарки туку одбери некоја која ќе те разбере,а може да те разбере само оној кој го искусил и почуствувал тоа. биди храбра себе си си го должиш тоа
нова сум на форумов...имам еден огромен проблем...не знам од каде да почнам....се омажив рано, со 23 год имам дете од 1 дог и 2 год брак кој е пред развод.....кога се запознавме тој работеше во странство...се врати само за мене и повеќе не отиде( до пред 6 мес).се врати за да бидеме заедно...во врска бевме исто кратко- 1 год пред да се венчаме...многу ме сакаше..барем така изгледаше ме опсипуваше со љубов и внимание...по некое време почнаа банални кавги- ништо страшно....признавам и јас сум многу нервозна...еднаш се скаравме ептен и јас почнав да му викам и тој ме удри--пијан и тоа неколку пати...и јас претерав.му реков дека веќе не сакам д го видам- но ветуцаше дека веќе нема да биде така, плачешше и молеше...јас го сакав и се смиривме...за кратко дознав дека сум бремена...сакав да абортирам бидејќи сеуште не го имав завршено факултетот, но не го сторив тоа.тогаш на неговата среќа и немаше крај- постојано ми кажуваше колку ме сака, колку е среќен за мене и за бебчето, колку само планови се правеа...но кога помина веридбата и јас почнав да живеам таму започнаа проблемите...мајка му постојано се мешаше(ама дискретно и наивно) проба да не оддели од сите пријатели( ќе дојде некој на гости таа ќе ги врати-сме одмарале), ние ќе излеземе некаде таа се качува горе( живеевме во иста куќа на посебен спрат со посебен влез), демек чистела а нема врска..ми снемуваше облека..кога приметив почнав да се нервирам, му кашував на мм но тој ми велешеЌне се замарај со глупости, сака да ти помогнеЌ почнавме да се караме за ништо. тој наоѓајки се меѓу 2 огна почна да избегнува разговор, да излегува...кога тој ќе излезеше се качуваше она свекрвиштето како демек кај сум го пуштала, кај ќе одел, веќе е женет..и јас вриев..ќе дојдеше тој и јас на него ќе се испокаравме а понекогаш и ќе ме удреше...а на него насамо му збореле демек која е она да ти брани, маж си ти- жена ли ќе слушаш....и почнаа страшни кавги дури и свадбата во кавги помина....пред свадбата дознав дека мајка му е епилептичар со стресни напади....по свадбата неколку пати си одев за глупости-ќе се скараме тој ќе излезе ќе се качат неговите ќе ми ја наполнат глчавата потоа и на него ќе си дојде тој и ќе се испокараме-демек сум сакала да го одделам од другари роднини...почнавме да се одделуваме..пред да се породам уште 1 стрес..на мајка ми и дијагностицираа рак на дојка и под итно операција....а тие неговите место да размислат како ми е само кавги правеа...се роди детето мајка ми оперирана мајка му епилептичар јас морам да одам на факултет, нема кој да го чува детето.....мајка му само глупости измислува, почна ептен д аправи кавги, а што е најтрагично мм цело време си мисли дека таа помага...цело време истата песна се качувала демек да изчисти-а врска нема..таа само по алиштата претураше и попис правеше( а неговите роднини зборуваат демек одела по бајачи), јас тукушти породена таа му збореше демек не сум сакала да јадам од нејзиното јадење а од мајка ми сум јадела и мм ме има удрено за тоа),многу е долга приказнава....па ќе го земеше детето никој да не ја види и излегува не дај боже да добие напад да го повреди...детето ќе заспие сабајле, цела ноќ не спие, мм ќе излезе на раб таа ќе се качи:“ стани да јадеш, млеко немаш...мислиш ли ова дете да расте, ајде станувај шо е ова..“ а кога ќе дојдеше мм ја извртуваше работата...цело време кавги почнавме само за нејзините глупости да зборуваме оти мн беа...ама цело време бев јас кривата демек она помагала мн(а си ја знае, со никого не живее таа)неколку пати ќе ме удреше..си одев кај моите, ќе дојде да ме моли, пак ќе се вратам и пак истата песна...почнав да пропаѓам- сама со мало дете , одев на факултет, на работа, вампирката прави сплетки цело време, мм бега од мене а кога че дојде ќе ме окриви за се...пред 6 месеца отиде пак во странство на работа...тоа беше капак...си реши и си отиде..кога си дојде после 3 месеца веше тука 1 месец покажуваше подобрување и се спротиставуваше...ама џабе кога тој си отиде пак истата песна..згора на тоа татко му си ја донесуваше швалерката, а јас и го чував детето, како моето малку да ми беше..маж ми донесува пари а никаде ги нема.( а имам слушнато демек татко му плаќал долгови на швалерката).кога си дојде мм се скаравме за глупост, бидејќи тој излегол со другарите а јас кутрата цело време сама и се скаравме....ама кавгата отиде во др правец...моите твоите родители.и ме удри..вечерта ги викал моите демек да ме превоспитаат...за се јас сум била крива дрн дрн...татко ми пријави во полиција семјно насиство( бидејќи не беше прв пат) утредента почна да се зајанува демек татко ми крив и пак го пријавив...додека беше тука го земаше детето преку социјално и ни збор не ми рече, само ме напаѓаше цело време демк ненормална сум била, само глупости сум правела...пред 1 месец пак отиде во странство и од таму почна да ми се јавува демк да се смириме..ќе не повлече мене и детето....не знам веќе што да мислам..инаку јас поднесов развод..но сега се двоумам..не знам- не сакам пак истото да биде, но од друга страна пак имаме дете заедно.....не знам...совет? се менува ли некој таков?
Не. Може да смени кога веќе ќе клекне на стари години. Барај развод заврши со тоа и готово. Тргни се од траумите. Лошо за тебе полошо за детето. Иако е мало чувствува гледа, ќе има трауми и фрустрации кои подоцна ќе се појават. Греота е. Ти размисли сакаш ли мир или сакаш проблеми без крај?? Тие нема да те остават раат и кога би заминала кај мажот. Едноставно тргни се од таа негатива која те окружувала. Верувам имаш поддршка од твоите ... со време ќе застанеш на нозе сама па може и ќе се појави некој нов човек, верувам подобар.
Драга Sherryl, да ти кажам навистина за овие години доживуваш вистинска тортура. Маж, свекор,швалерка на свекорот, свекрва да не речам каша попара. Сама треба да знаеш дали мажот ти може да се промени ( а тоа не можеш да го знаеш). Јас не можам да ти кажам разведи се или не се разведувај, ти треба да одлучиш, сепак мислам дека маж ти бил под голем притисок па затоа понекогаш и кревал рака на тебе, можеби е многу нервозен сите на него се истураат па тој не можел да се контролира, не знам навистина каков совет да ти дадам. Но сепак мислам дека треба да пробаш, далеку од свекрвата далеку од свекор ти далеку од швалерката на свекор ти. Од еден пост се гледа дека во таа куќа немало живот. Уште кога пиша дека швалерката на свекор ти ти го оставала детото на чување немам повеќе коментар. се надевам на вистинска одлука и ти посакувам среќен живот
ме измачуваат илјада прашања...дали проблемите биле од нив или од нас самите? дали ако отидеме настрана се ќе биде во ред? бидејќи бегање од нив нема...дури и да се разведам детето е тука како оправдување за нови тортури....дали ако се смириме целата оваа ситуацја ќе остави трага./....да не биде после бетер.:Ѕ не знам веќе....размислувам за брачни советувалишта или нешто слично...имал ли некој такво искуство?
Обично не се мешам и несакам да читам за туѓи несреки ама решив да прочитам и да ти помогнам бидејки не си само ти дел од ова туку и многу околу мене што ги познавам .... ке почнам од првото прашање: тоа е дефинитивно од вас самите, сте дале дозвола агонијата да влезе во вашиот дом, сама рече дека си нервозна, меѓутоа иако е 21 ве, и жените бараат рамноправност сепак, мораш да преќутиш во мометот гоа ке се дигне тензија МОРАШ затоа што се сипуваш во очи се караш и враќаш си си го добила, тој е машко и во афект колку и да не сака губи контрола, затоа ТИ си жена и толеранција, не да покажеш колку си силна ти ги немаш мудата за да ги вадиш (ова е машка поговорка за сите жени-мажи во кои релативно влегувам и јас) и затоа колку и да те сакал верувај тоа не се трпи ... Второ, да отидете на страна нема ништо да се смени, вие сепак живеете одделно, ДЕВОЈКО тебе ти е битен он, твоето дете, товето семејство, све што не ти штима игнорирај, насмеј се и избегнувај секаков контакт под изговор дека си зафатена имаш работа и тоа све најљубезно, и само игнор ... дали вие се сакате али сте премногу закрвавени што би се рекло, ако се сакате, седни и кажи му ... НИЕ ПРЕТЕРАВМЕ, ПРИЗНАВАМ ЈАС СУМ КРИВА ШТО ТЕ ПРОВОЦИРАВ, ОСТАВИ СЕ ЗА МЕНЕ МЕ САКАШ А ЈАС НЕЗНАЕВ НИШТО ДА ЦЕНАМ,ТУКУ САМО ТЕ ИЗБРКАВ ОД МЕНЕ(мажите бегаат од караници и напорни жени кои немаат толеранција, не се захфални, барем никаде не прочитав дека напуштил работа, се радувал што те има, те сакал се радувал за бебе а ти??? ) САКАМ ДА СЕ СМИРИМЕ И ПОВЕКЕ ДА НЕ СЕ СЛУЧУВААТ ЛОШИ НЕШТА, ДА ГО ОСТАВИМЕ АКО СЕ САКАМЕ САКАМ ДА ПОЧНЕМЕ ОД ПОЧЕТОК ЗАРАДИ НАС И НАШЕТО ДЕТЕ (тука играш на совест и ке види дека ти навистина си ги ценела и добрите работи што ги направил за тебе, а не само да наоѓаш мани и се да ти смета а тоа треба само да се игнорира пошто неможеш да го смениш) ... ако те удрил тоа е најголема казна, ама ако си си го барала верувај дека пола му се простува, девојка сум ама така е (ако го гледаш нервозен или почнеш муабет се изнера, СМЕСТА престани, гризни се, оди во вц, најди било што загледај се во филм ама врати се и седи до него, за 5-10 мин сам ке си почне мубает ... сакаш нешто да му кажеш види дали му е ден, прашај ако не е расположен остај го, тоа ке го запамти и верувај ке најде време да разговара, МОЖЕ НЕМА ТИ КОГА КЕ САКАШ ама верувај ке најде, избегнувај се што не е он и твоето дете, ТАКА СЕ ЗАШТИТУВАШ САМА СЕБЕ И ОД КАВГИ И ГЛУПОСТИ ... биди мила, спреми му ручек што највеке го сака, изненади го, све што ке направи за тебе не мисли ДЕКА ТОА Е НОРМАЛНО И ТРЕБА - ЗАБЛАГОДАРИ СЕ, ТИ СИ ЖЕНА И ТИ СИ ВОДИЧОТ НА БРАКОТ И НА СМЕЕЈСТВОТО, НАМАЖ МУ ТРЕБА ЉУБОВ, РАЗБИРАЊЕ , ПОДРШКА, УБАВ РУЧЕК ДА БИДЕ ЧИСТ СРЕДЕН КЕ ТЕ ЧУВА КАКО КРАЛИЦА И БЕЗ КАРАНИЦИ кога има тензија џабе муабет цабе све може само да биде беља МАЖИТЕ СЕ ПРОСТИ (ЕДНОСТАВНИ) МАЛКУ БАРААТ А ДАВААТ МНОГУ, ДОВОЛНО ГО ПОЗНАВАШ ЗНАЕШ ШТО САКА ДАЈ МУ ГО ТОА И КЕ ГО ВИШ РЕЗУЛТАТОТ, со срекка што било надмини и потруди се да се задржите, секој се тепа се кара зашто нема трпение, затоа сме ние жените- пеќути во мометот и сам ке си дојде трпение и МНОГУ СРЕКА, ЖИВОТОТ НЕ Е ЛЕСЕН И ТРЕБА ДА БИДЕШ ТАКТИЧАР, ДОВОЛНО ЈА ПОЗНАВАШ СРЕДИНАТА ВО КОЈА СЕ НАОЃАШ И СПРАВИ СЕ КУЛТУРНО И ЉУБЕЗНО ИГНОРИРАЈ ГИ, ТИ СИ ЖЕНА И ГЛЕДАЈ ДА НЕ КРЕВАШ ГЛАС ТУКУ НАЈДИ НАЧИН Д АЈА СМИРИШ ТЕНЗИЈАТА, ЗАШТО ТАКА ВО ЖИВОТ НИКОГАШ НЕМА ДА УСПЕЕШ А ЖИВОТОТ Е УБАВ , ОДИ НА ЈОГА ДА СЕ СМИРИШ, АКО ТИ ПРЕЧИ ШТО ИЗЛЕГУВА ОК КАЖИ МУ ЗЛАТО САКАМ ЈАС ДА ИЗЛЕЗАМ СО ДРУГАРКИТЕ ЧУВАЈ ГО МАЛИОТ, ЕДНАШ ДВАПАТИ КЕ ВИДИ КАКО Е И КЕ МУ ТЕКНЕ, НЕ ТИ ТРЕБА МНОГУ САМО ПОЗИТИВНО , ТЕШКО Е НО КЕ УСПЕЕШ АКО МЕ ПОСЛУШАШ СИГУРНО, САМО ТОЛЕРАНЦИЈА, ЗАХФАЛНОСТ УБАВ ЗБОР, И СЕ ШТО КЕ ВЛОЖИШ КЕ ТИ СЕ ВРАТИ, УШТЕ ЕДНАШ СО СРЕКА И СО ЛЕСНО ! п.с. НИКОГАШ - ПОЧНИ ОД ДЕНЕС НЕ ГИ НАПАГАЈ НЕГОВИТЕ, МАЈКА МУ Е БОЛНА И НЕ МУ Е ЛЕСНО, ОН МИСЛИШ НЕ ГЛЕДА НЕ ЗНАЕ САМО ИГНОРИРА ЗА ДА НЕ ПРАВИ КАРАНИЦИ И ДА ТЕ ПОШТЕДИ ТЕБЕ И НЕА, ТИ СИ МУ ЖЕНА НО ОНА МУ Е МАЈКА(КАКВА ТАКВА НЕГОВА Е, А КАВГИ ПРАВАТ ДЕКА ТИ ДОЗБВОЛУВАШ, ДА ИГГНОРИРАШ НИШТО НЕМА ДА БИДЕ, АКО СЕ КАЧИ ДА ТИ ЗБОРИ, КАЖИ И (КОЛКУ И ДА НЕ ГО МИСЛИШ САМО КАЖИ ГО) МАМО ИЗВИНИ ИМАМ НЕШТО РАБОТА, АМА МОЖАМ ДА ТИ НАПРАВАМ КАФЕ, ТИ КАКО СИ, ЗНАМ ДЕКА ТИ СЕ ЗБОРИ НО ЈАС НЕМАМ ВРЕМЕ МОРАМ ДА ПЕРАМ, КОГА КЕ ВИДИ ДЕКА НЕМОЖЕ ДА ТЕ НЕРВИРА, ДА ВЕ СКАРА, КЕ СЕ ОТКАЖЕ, ИГНОРИРАЊЕТО ВРЕДИ ЗЛАТО) НЕ ГО ПРАВИ ТОА ЗА ДА НЕ ТИ ГО ПРАВИ ОН НА ТЕБЕ, ВТОРО- НЕ КАЖУВАЈ ДОМА, ТИ КЕ СЕ СМИРИШ И КЕ ПРОСТИШ НО ТВОИТЕ НИКОГАШ (ТОА ДА СИ ГО ВРЗЕШ ВО КРПЧЕ) ПОКАЖУВАЈ НЕЖНОСТ, ЕВЕ СКАРАНИ СТЕ, СТАНИ САБАЈЛЕ ПРЕД НЕГО, НАПРАВИ МУ КАФЕ И РАЗБУДИ ГО СО БАКНЕЖ (КЕ МУ ГО РАЗУБАВИШ ДЕНОТ ) И НАЈ НАЈ НАЈ БИТНО, АКО ГЛЕДАШ ДЕКА СЕ СРЕДУВА, СТАНУВА ПО МЕК, САКА ДА РАЗГОВАРА, НИКАКО НЕ СИ ЗЕМАЈ СИЛА ДА СЕ ОПУШТИШ И ДА НЕ СЕ СОПРЕШ ОД ЗБОРЕЊЕ, РАЗМИСЛИ И КАЖИ ГО, И ЗАМИНУВАЊЕ НЕ, КЕ СЕ НАЛУТИШ, НАМУРТИ СЕ И СЕДИ ДО НЕГО, НИКАКО И НАЈЛОШОТО ДА Е ДА НЕ СЕ МРДНЕШ И ДА НЕ ТИ ТЕКНЕ, ЗАШТО ПОСЛЕ КРАТКО ВРЕМЕ КЕ ПОМИНЕ И КЕ СИ СРЕДИШ СВЕ ...