да ама ситуацијата ептен е отидена по ѓаволите.....јас веќе поднесов документи за развод...веќе неколку месеци сум кај моите.....сега поставува некои услови за да се покаже дека тој е маж(нели мора така за околината што ќе каже)...и овие совети навистина би помогнале- но пред некое време.........сега веќе е доцна зашто ситуацијата е влезена во крајност...не знам дали ќе може да се смени ситуацијата негде далеку-сами ние...или сега само ќе ми враќа мило за драго...зошто и псоле се што поминав тој целата кривица ја наоѓа во мене...и знам дека не му е лесно...ама ни мене не ми беше лесно сама со мало дете...решавам некои нивни фамилијарни проблеми, ме замраат со глупости.....се нешто префрла-како сум цистела, алиста, па малку сум јадела па многу сум јадела, па доцна сум јадела...па ми се качува ноќе...ќе си отклучи и ке си влезе во 1-2 саат ...а кога детето ќе плаче никаде ја нема.....не сакам јас да се откаже тој од нив, туку да застане еднаш зад мене... Leika да ти кажам право голем дел од зборовите како тој да ги кажува....само не знам како да му објаснам дека тоа ми смета..дека ме гушат тие нивни рпоблеми...дека куќата ја осеќам како затвор... тој се убаво си знае....но зошто сеуште се држи за нив ко гледа дека бракот ни оди во пм...ако не и отиден веќе таму:Ѕ!? и многу влијаеше тоа што во секоја наша кавга проблемите ги решаваа родителите..неговите ќе дојдат кај моите...или јас ќе си отидам наместо јас и тој да решаваме цели племиња заседаваа...глупости живи...и колку и да сакаш да заборавиш на некој рпоблем они нон стоп те брецкаат
срце секој маж ке постави услов, ете грешка ворј 1. ЗА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА ТОЈ Е МАЖОТ, е добро де, ако мислиш дека вреди нека биде бе, битно ти да си срекна што е битно дали е з аоколина, сака дозволи му, тебе те нервира ама немаш избор, и никогаш во било која кука нема да имаш освен ако не сте сами и далеку ... остај што збори, и што сака, ет ејависе утре, ако имате средства, одете веднаш под кирија, последна шанса (дома ни збор, зашто те штитат и си го знаеш одогворот) седни, и кажи му дека го разбираш, ти секако не би размислувала ако знаеш дека е стварно насилник, него знаеш дека си си го барала и ти, дотерај се, среди се, детето во количка спастрено, и на кафе уште утре, (ако те одбие без паника јави се за 2 дена не се карај одма, за некои работи се чека ако се сака) види го баци го гушни го, нека осети дека му значиш одма ке омекне, цинизмот, ароганцијата по се што се случило ке си ги оставиш дома, ке се намееш лупни нешто, ако те фати трема искези се и извини се многу ке биде подобро, земи, реши напрај, извини се што не си била захфална, не збори многу биди дирекна и јасна (чим си лоша и паметна си ) и види што ке направиш, ама никој да не знае, демек идеш на прошетка, ако се сакате све ке помине, ке го негуваш за да се заборави, пак ке ти казам ради вашето дете, и замисли како е се тоа позитивно , почни да гледаш бои, и одма смени мисла штом ке ти улета нешто лошо, тоа ке ти стане рутина, па после ке се средите, па одмори, па друго детенце, па ууу што е убав животот , многу е убав и само позитивно. во заден случај остави бебето дома искочете, начукајте се, ке се опуштите , верувај и на него му е тешко, маж кој сака, се радува како што се радувал он, верувај од околина искуство ти кажувам дека си била срекна само си одбрала наместо да узживаш да си наоѓаш мани , да се самосожалуваш, наместо како што ти рекол милион пати, игнорирај тоа е небитно за да се насочиш на убавите работи и на него, тоа ти не го гледаш туку упорно збориш и се караш со него ради друг, а си била пресупредена бидејки он повеке знае со кој си има работа него ти , а тоа СТРАШНО НЕРВИРА, на крај си вика што ке се замарам ке искачам да не мислам ке пијам и ке барам убавина во другари што е нормално колку и да не е прифатливо ...
и тој вели дека сум страшен негативец........но мене ме плаши друго....можеби сето тоа било маска на почеток додека да ме врзе.........дека не ме сака...и двајцата сме тврдоглави та крај нема- а два ости камења жито не мелат во нервозата ќе си искажеме се и сешто....а после како да не било...не знам на што да се потпрам...дали на него во добрата верзија...или во онаа бог да чува има влијание и тоа што тој е ептен темпераментен, а јас покрута...и на моменти се осеќам како да го губам тлото под нозе....дека секој момент ќе биде нешто не дај боже... и дека се што правам правам од лигавење ...дали не сака да ме сфати и да види реално...или гледа не сака да признае....или едноставно немаме исти погледи и потреби.....ми треба малку лјубов и разбирање... не знам веќе....простете ама морам некаде да ја извадам сета негативност...зошто преку глава ми се коментарите од околината...кои ама баш не се на место( типични балкански глупости-само нешто да се дознае, за да се има муабет со комшивките)
Да си негативец по мубаетот ако можеш да забележиш и јас ти го зборувам истото, НАМЕСТО ДА ГЛЕДАШ ШТО ПРАВИ, КОЛКУ СЕ РАДУВА И ТЕ САКА, ТИ КАЖУВА Д АНЕСЕ ЗАМАРАШ ТИ СИ БРЕ УПОРНА, И НАМЕСТО ДА СЕ РАДУВАШ ДА УЗЖИВАШ ТИ- аха така ме лажеше, јас не сум таква сака да ми ја наполни главта, бла бла (абе како сама со себе да си зборам) не дека немате, него ти дете, не ти е по кеф одма кавга, а љубов и рабирање ке добиеш кога ке го дадеш (односно ке се осети маж и све што прави ке те радува и ке бидеш срекна) И ПРАВИЛО ВО ЖИВОТ НЕ СЛУШАЈ ОКОЛИНА, ТИ ДЕВОЈЦЕ ОВЕН ДА НЕ СИ??? ХАХХА ИЗВИНИ, АМА ПО МУАБЕТОВ СИ СТРАШНА, ОКОЛИНА НИКОГАШ НЕЗНАЕ, ЗАШТО ДА ТИ БЕВ ПРИЈАТЕЛКА И НЕИСКУСНА КЕ РЕЧЕВ: КАКО МОЖЕ ТАКА ДА ТЕ УДРИ ВАКА ТАКА ДА ИСКАЧА БЛА БЛА ... НЕ ДЕВОЈЧЕ НЕ, тоа не е така батали ти го плукаш само нај лошото а врз база на тоа неможеш да добиеш совет, ти се мисиш на лошо на што те нервира, он се преправа хахахаха ти имај срекка што не си „најсрекната жена„ да ти биде цил миле, прав маж е ваков што е искрен сака се труди а ништо не добива, не ме мачиш сакам да ти помогнам и ако ме разбираш пошто и он ти го зборел истото ке видиш дека е така, иста сум и јас, и на време си ги сфатив работите, некад бегам од конторла алу сум сменета зашто тоа е релноста, да те лаже, д ане е така ти ке бидеш лажно најсрекна, тебе ти фали само да се радуваш на се што прави за тебе и да го лгедаш и да го слушаш и се ке направи, ако не е така, ке ти оставам број да ме најдеш утапај ме , ете направи како шти ти кажувам не губиш ништо нели? повреден маж кој сака навредува, да н го заболе, ке ти каже да злато, така е и ке те ... во мозок ... чим тој се радува на тебе, напуштил работа, те чувал како капка кога разбрал за бебе, абе ти си го знаеш знаеш дека те сака него стравот ти е безвезе, за си била убаедена во спротивното ке си го баталела до се, башка неговите и твоите се дружат сакал да створи фамилијарна блискост, ти се посветил, па што сакаш, да ти вика дека те сака и да ти трча по задник, не компромис, ама немже ни тоа кога ти се лутиш и не фермаш ако не е по твое и ти како што сакаш, така ниеден паметен маж нема да задржиш, тогаш најди муле па ти ке бидеш газдрарица и ке ти се тресе, релните проблеми се тие, него од дома те расипале што на време не ти укажале дека светот е суров и ништо не се врти околу тебе, дека треба, НЕ ДЕКА НЕ ТЕ НАУЧИЛЕ него дека не теплае на време за да сфатиш што ти зборат ... извини ама ова најдоборнамерно, а не за ова во живот ке ти треба, а боље сеа него покано кога ке помине возот, сега сеуште чека, ти си зена и тактичар, ти си нежноста во фамилијата, искористи го тоа а да уживаш! и уште нешто, гледам ти викаат остај, заврши со ова, најди друг ... и и со следниот и следниот, и до кога така, прво ти треба да се средиш, јас колку што видов он правел се, а ти освен што го сакаш само се жалиш од нешто, не рече правев се, бев нежна сопруга, имаше подршка од мене, ги пребродувавме проблемите и притисоците од неговата фалимија, бев вредна, верна, забавна, како и он, ти само се жалеше си викаше дека се караш дека си залужуваш, па неможе така, да си ок да почне да т емалтретира разбирам, таму нема леб, ама да ти се посвети и да му се качиш на глава, извини никој нема да ти помине преку тоа!
баш ме замисли со советиве...секој надвор од бракот е непријател на баркот -барем толку сфатив- без разлика дали се родители, швалерка или пријател кој мн соли памет....забегав од темата ептен-да се префрлам во совети за брак но многу стресови преживеав,а тој не беше тука за мене( знам дека мажите различно гледаат на работите)...но се плашам дека пак ќе биде истто...сето она малтретирање и карње..а тогаш ќе ја немам закрилата од моите...не знам...пред тоа издржував некако но од како се роди детето пропаднав...се стопив...цело време се плашам...под стрес сум...едноставно не се радувам на ништо- и удирањето капак... знам дека мојата депресивност допринесе...ама тоа е...маѓепсан круг....тој ме удараше и излегуваше зашто јас бев нервозна.....јас бев нервозна и депресивна зашто тој ме удараше и изглегуваше... ај ќе покаже времето....па ќе кажам што е лекот...дали разделба или втора шанса...дали насилникот се менува или таков си останува без разлика на се..........
ако бил насилник тоа е веке друга тема, меѓутоа треба да се прашаш дали ти си виновникот, зашто ако тоа не го расчистиш те чека и со следниот иско по некоја о=година, тоа се трудам да ти го кажам, али ако те удрил дека си претерала не те знам, ако е така искочил да не направи поголема, и дека му било тешко што дозволил да те удри ама ете изгубил конторла и се кае а нема да признае, ако те тепал, без причина или зашто си се спротисавила значи тепање без причина напоменувам ,тогаш нормално е да си отидеш, али ако си го провоцирала, трпел трпел трпел и попуштил, тогаш, попушти и ке се извини и ке се средте, ако е без причина тогаш иди далеку и дај си нова шанса имаш за што да живееш, депресија НИКАКО, еее секој ден се разведуваат, раскинуваат врски, па што, искачај, шетај запознавај, само ке ти се врати чуството и желбата за живот сеа иде лето, искористи максимум, не си едниствена тоа е денешницата и не си сама,
лев каракетер сме и двајцата......ама “придружните вокали“ ја дотераа сета збрка..... еј да ме удари за лагите на мајка му што сама си ги призна после дека лажела....можеби е така...ќе пробам со искрен разговор..да најдеме решение некое заедничко....затоа што гледа тој се што доживува јас таму....признавам бев нервозна но некои работи не се трпеа.....а тој ен помрдна со прст за да ги смени..не се замaрал...а мене сите ме замраа....сеуште постои нешто...но се плашам зашто крушката под крушка паѓа...да не помине и нашиот живот како на неговите...да ме тепа секогаш кога ќе му противречам, да ми ги донесува лјубовниците на ручек....а најмногу се плашам за примерот шти ќе го зема мојот син-па неговиот итн....искрено од решавањето на туѓите проблеми сама(никогаш не застана зад мене) немав време за бракот... 'e probam u[te edna[...da gi ostavime site nastrana da odime nekade sami( ama te[ko oti on ne si odi" od doma") bez nervozi, smireno...ako ima iskra ke se zapali...ako ne sekoe dobro....
а добро, ете дојдовме до некоја цел, еве немораш ништо да форсираш, ова е тест период пред разворд, јави се утре и викни го на разговор, прво почни како си што си нешто општо, потоа кажи леле до каде стигнавме од инат наместо да си се сакаме ... и кажи му, да бев негативна ... сакам да си дадеме шанса и ако е така сакам да ми ветиш дека ке ме почитуваш и ке бидеме најсреќни ке се трудам ама сакам да ги заборавиме лошите работи ( обично мажите што се насилни такви се од прв ден, ти сигурно го знаеш тоа најдобро, а него сигурно не му било пријатно да гледа како страда мајкаму, па сака семејство каде тоа ке го нема) а ти чим си ја отворила устата да збориш, којзнае што све си изнакажала во афект и си го испровоцирала што те удрил, пак ке прашам од шамар, до тепање има и тоа каква разлика, шамар е заслужен и револт поради навредите, нема право да те удри ама ако му се сипуваш на маж некогаш ке си го попиеш (тој е воспитен), а тепање е иживљавање, тоа да си го запамтиш ... не го подржувам бидејки мене некој да ме удри ке го оставам сместа, али ако му се сипувам како што знам јас сум срекна како некој не ми ја залепил до сеа сериозно ... искочи на кафе биди кратка и јасна, извини се, и види како ке реагира, секој напад и недоразбирање преќути или пробај да разбереш, суетата, егото пак ке кажам остави ги дома, и види, сфати го има болна мајка а ти ја оговараш, намсто да ја игнорираш, мораш да разбираш, а она пошто е злобна , лоша и тн, за тоа си добила таков живот, и неа ке ја разбереш зашто не и е лесно, ама ке ја дистанцираш, ти наместо тоа се спушташ на нејзино ниво, а исходот е тоа што ти се случува, БИДИ ЉУБЕЗНА И КОГА ТИ Е НАЈТЕШКО, СЕ ИЗВИНУВАМ МАМО,КЕ МОЖЕШ ЛИ ДА МЕ ОСТАВИШ САМА ИЧ НЕ МИ Е ДОБРО,АКО ПОЧНЕ ДА ЗБОРИ, МАМО НЕ МИ Е ДОБРО КЕ СЕ СИМНА КЕ ПИЕМЕ КАФЕ ПОПОСЛЕ ТЕ МОЛАМ .. И МРШ ТОЛКУ, А НЕ ДА ГО НАПИЊАШ НЕГО, ДОЈДЕН ОД РАБОТА УМОРЕН, ТИ НАМЕСТО РУЧЕК, ДА МУ ГО БАПНЕШ ДЕТЕТО ДА СИ ИГРА ЗА ДА ДОСРЕДИШ ПА ДА ГО УСПИЕШ ПА ФИЛМЧЕ ПА КАКО ПОМИНАЛ, ПА ДАЛИ Е ОК, ТИ ОД ВРАТА WAAAAAAAA МАЈКАТИ ВАКА ТАКА И? сакам да ме разбереш а што ке направиш тоа ке си сркаш, со љубезност, со добрина, и позитивна мисла нема да згрешиш имај мир во тебе и итиот ке го добиеш, неправда има секаде,ама утрето е послатко кога ке се среди а ти си научила лекција повеке како следен пат да се справиш ...
Спојлер Леика да ги резимираме твоите совети: Опашката в‘газ, ќути и глуми, мед и млеко од уста да ти течат и азна и мазна со сите и среќна ќе бидеш . Ма немојте со такви филозофии, немој да го тераш девојчево или жената да се врати кај тој идиот, кренал рака на неа, не еднаш туку неколку пати, и велиш да преќути, да излезе и да смири, а зошто во такви ситуации кога ќе се „распали“ огнот мажот не е тој кој ќе смири? Туку тогаш според тебе тој дава воспитен шамар, да те превоспита да ќутиш. Вака навидум демек добри совети даваш, а уствари ти сакаш да укажеш дека секоја девојка/жена треба да биде лицемерна, дволична и “ќутни-бутни“ и ќе има совршен брак, хармонично семејство и посветен сопруг ? Шерил седи си мирна, најдобро е што имаш подршка од родителите, зошто верувај дека има и такви кои поминуваат низ вакви или слични проблеми ама немаат кај да се вратат, па трпат и 10 пати полошо поминуваат. Твојот сопруг (бивши) може сега да ти ветува брда и долине, и дека ќе се смени, меѓутоа лошите спомени како и кочниците од неговите родители засекогаш ќе останат. Макар биле и во друга држава дали мајка му, или некој друг ќе најде начин да влијае врз вашиот брак, и повторно ќе имате проблеми, кои кога ќе ескалираат господинот муж повторно ќе дигне рака. Твоите ќе бидат далеку, нема да можеш да собереш парталите и да си одиш кога ќе ти се ќефне, туку ќе мораш да го трпиш. Детето ќе гледа циркузи, ќе му створите трауми и тоа ќе пати, а и ти нема да бидеш среќна. Тешко ти е, но ете при крај си со факултетот, животот е пред тебе, работи и грижи си се за своето дете, воспитувај го,опарави се од сите трауми и среќата ќе си дојде сама по себе.
Не екутни бутни, баш напротив тоа го мразам не давам подршка само кажувам дека ако залужила си го добила, и дека треба да биде толерантна, пошто и самата кажува дека била нервозна и си го заслужила ... епа нека те сака некој вистински, а ти напаѓај ја мајкаму, збори, карај се, не попуштај, не гледај позитивно на ништо што прави, или ке те остави а аако те сака премногу а неможе да ти објасни зашто си параноична и не го слушаш туку упорно се караш и ти и јас ке си го добиеме истото, работата е нека го остави, ама треба да научи дека со секој маж ке го добие истото ако е провокатор, нервозна, несреќна, подршка да имала ке ја снемало одма, него чим нејзините гледаат(гледале) да средат работа си ја знаат, па ако веке е таква и тоа ја чека од секој , зашто да не си ја среди работата? насилство никако, ама ако провоцираш и си го бараш епа ке си го добиеш ... јас мислам дека убаво објаснив како треба во живот, и не е кутни бутни не тоа се вика ТАКТИКА ЗА ДА ИЗБЕГНЕШ НЕПОТРЕБНИ ПРОБЛЕМИ СО НЕРАЗБРАНИ ЛУГЕ А ДА НЕ СИ ГО ЗАГОРЧИШ ЖИВОТОТ КАКО ВО СЛУЧАЈОТ! А твоите сумирања немаат врска се гледа дека не си ме разбрала ич, али тоа е твоја работа, такви луге мразам и живеам со нив, а знаеш како, ги игнорирам и не го замарам партнерот освен некад ако ме набеди па да му го објаснам филмот и тоа се на културно и смирено ама ниско мавам, а не да се карам да провоцирам и да нервирам и на крај пак да не се разбереме и да се испокараме или во нај лош случај испотепаме. Јас сум доволно позитивна и само ја советувам како да постапи ако сака да се врати ако не исто така
Советите ми личат како оправдување на семејното насилство. НЕ СМЕЕ да ја удри (ниту таа него) под било какви околности. Јас никаде не видов љубов и почит од негова страна во пораката со проблемот. На што ќе се заснова бракот во иднина?
Леика, сите штом веќе стапиле во брак се веќе цивилизирани луѓе и никој со ништо не заслужил ,,да си го добие,, како магарето во штала, па дури ни тоа. Се знае, се има разговор, нека се изнадерат и нека се изнавикаат, ама шамари летање, никако не оправдувам. Шерил јас не знам ни зошто се мислиш воопшто. Се мешаат твоите, неговите, не сте двајца во брак, него сте којзнае колку луѓе. Не си го познала дека е ваков пред брак затоа што работел во странство и кратки периоди сте биле заедно, инаку тој одамна ќе си го покажел лиценцето. Мој совет, најдобронамерен ти е, седи си кај што си, заврши со разводот и батали го еднаш за секогаш. Затоа што некако се губиш ти во целава приказна, се е само тој, моите, неговите, детето, љубовницата... ТИ си имаш свои желби и ТИ имаш право на живот без стресови и нервози. Пази молим те, цел ден седам дома, со мало дете, па уште и некое бабиште на глава да ми се качува, па и љубовница дете ми остава на чување, и кога ќе си дојде типов, да му викам со арно со убаво, како си помина, како беше... МОРЕЕЕЕЕЕ! Тоа е глумење и е лицемерно. Може ќе се однесуваш така ден-два, ама ќе ти пукне некој ден филмот и се по старо... На крај краева, цел брак ли ќе го одглумиш? Сте имале, имате и ќе имате премногу проблеми кои секогаш ќе се навраќаат за да продолжите со нормален живот. Твое си е натаму, само не дозволувај ние, или кој било друг да ти влијае. Гледај ти што и како сакаш, размисли ти сама трезвено, затоа што веќе го знаеш одговорот чим си поднела барање за развод.
Ниеден човек не е должен од некого да трпи било какво насилство, било тоа физичко или вербално малтретирање. Макар било во име на љубовта. А каква е таа љубов ако некој секојдневно ве малтретира? Шерил, мое мислење е да се гледаш себеси и детето, продолжи со постапката за развод и да не си помислила да се вратиш таму, колку и да го сакаш - ако можеш да го сакаш после тоа што ти го правел. Мислам дека твојот брак е осуден на пропаст - ама млада си, ќе си најдеш друг, не е крај на светот. Важно е твоето дете да расте во здрава средина, а тоа тешко ќе го добиеш ако му се вратиш на сопругот.
најлесно е разведи се или не се раведувај...држи вода ит оа Leikaштогокажа...аматоаепроблемот....што јас одтолку нивни проблеми немав време да размислувам на мојот брак....лесно е да се насмееш да....ама ти да немаш пораво на глрас за ништо....таму бев како во златен кафез...искрено ништо материјално не ми е ускратено....но јас не смеев ништо( а мажот ми тоа не може да го сфати)...секогаш се качува, не помага само преречува....ако де излези си, алиштата нека ти стојат(иронично) таа готвеше и мораш тоа да го јадеш во толку саат ако не ука бука...јас не велам дека тој е лош, всушност тој е мн мека душа ....но тој ен знае за ништо друго освен насилство и агресија и прељуба, и таков пример гледал цел живот... и да не негирам дека бев нервозна....но дали ти би била насмеана неодспана, цело време брм брм над глава, со триста трагедии над глава( со свекрвас епилептичар, со мајка со карцином, а капак и една блиска особа ненадејно почина) ...дефинитвино го изгубив тлото под нозете... значи неговите роднини сите ме подржуваат што сум ја напуштила таа куќа, но сметаат дека ако јас и мм отидеме на страна ќе биде друго...но и тие ме советуваат таму во никој случај, само далеку... не би ни размислувала...но овде е детето.... свесна сум дека е подобро со еден срекен родител одколку 2 несреќни, но што ако може да се смени со брачно советувбалиште или сл..... бидејќи ако се вгратам и пак биде истата песна, без разлика кој е „виновен“, детето ќе биде уште поголем агресор.... значи мм е пример дека и најдобрата душичка под влијание на воспитање станува агресор....
Никој не негира дека е најлесно да се разведеш... ама ако проблемот не може да се реши со брачно советувалиште? Мислиш дека ако се одвоите од старите ќе ви биде полесно? Ништо не те чини да пробаш, ама мој совет е да не чекаш предолго. Во секој случај, ти најдобро си знаеш, не сме ние во твојата кожа, ама за добро на детето, но и за твое добро, ќе бегаш од таа куќа.
Sherryl според мене најдобро е да се разведеш. законот ке те штити... на суд ке кажеш се како е дека те малтретира, те тепа, мајка му болна , татко му со швалерки итн и се надевам дека судот ке излезе во твоја пресрет детето ке ти го додели тебе. Заврши си го факултетот и потоа барај работа, има мн самохрани мајки кои самите се грижат за своите деца и им обезбедуваат се што треба. Инаку за свекрвати не знам што да кажам, лоша жена, а штом тв маж не и се спротиставува и не те брани знај дека ако останеш со него цел живот ке ти биде таков, ти ке страдаш ти ке плачеш а уште потешко ке ти биде кога твоето дете ке плаче, ќе порасне и ќе почне да разбира...... Со такви луѓе не се живее.... Ти го кажувам од сопствено искуство . Започни си нов живот, млада си повторно ке се омажиш и ке ти биде поубаво, а ако твојот маж некогаш повторно се ожени верувај дека др жена ке биде во иста ситуација со свекрвати па тогаш можеби маж ти ке сфати дека требал да стои на тв страна и да те брани .... Позз се најубаво
не знам ...најверојатно е така...можеби јас сакајќи тој да ме заштити од неа ја направив неа жртва.како јас да сум против нивното семејство( а за тоа си добивав:Ѕ...можеби и јас придонесов да опадне хемијата во бракот.....само тоа е...знае и тој како стојат работите во таа куќа- не му е сеедно и тој се нервира...но освен што ние се караме друго ништо не превзема....единствено што во последно време пред него се припазуваа и глумеа...што уште повеќе ја влоши ситуацијата- демек јас преувеличувам......
Значи навистина несакам да се правдам ама изгледа така ке биде, јас не реков дека треба да го трпи тоа, јас никогаш не сум била удрена иако признавам дека многу пати сум си го залужила, едноставно кажав дека ако една жена која знае дека е во брак (еве да го земеме овој пример) и решава да се земе со човек кој знае во каква средина живеел, какви проблеми има, а дека згора на се тој е премногу добар, последиците во старт се знаат, НО, има решение во такви ситуации жената да биде балансот во бракот, АКО ВЕКЕ НАПАГАТЕ ТОГАШ ЗАШТО ЕДЕН НЕ ДАДЕ СОВЕ, ДОБРО ЖЕНО ШТО СИ БАРАЛА СО ТАКОВ ЧОВЕК??? е сеа кога веке е таква ситуацијата и знаете дека партнерот е под релативно голем секојдневен притисок не му требате уште вие на глава, девојката сама кажа дека претерувала, а исходот е тој, и најмирниот маж ако жената си го бара еден ден ке си го добие зашто незнае да се заустави кога треба туку само вришти се кара, тој е сепак маж и ни сам неможе да се исконторилра во прегомел бес поготово растен во такво семејство ... Јас не поддржувам семејно насилство, моите имаат брак за пример да се живи и здрави, таков брак со толку љубов и разбирање, верност, бакнежи, држење за рака, слушање на тел кога се на работа како пубертетлии, немате видено, има ама се ретки познавам и уште еднен таков пар! и двајцата како и секој брак поминале низ најтешки и јадобри денови, беспарици и растурање со пари, НО ЕДНО МЕ НАУЧИЈА, ДА НЕ БИЛА МАЈКАМИ СМИРЕНА ВО ОДРЕДЕНИ МОМЕНТИ (БИДЕЈКИ ТАТКО МИ Е НЕРВОЗНО ТИПЧЕ ЕПТЕН) ДА НЕ ПРЕЌУТЕЛА А ПОСЛЕ СО КАФЕ ДА МУ ОБЈАСМЕЛА ФИЛМ КОГА ВЕКЕ ЛУТИНАТА Е ПОМИНАТА, И ОНАКА КЕ СИ ГО КРКАЛА, МНОГУ ПАТИ 100% ГАРАНТИРАМ, но тоа не се случуло тоа е политика и трпение во брак, за тоа е бракот, за тоа е жената, се се средува со муабет, но во денешно време во оваа нервоза и брз живот, секоја двојка се тепа, ако не секоја секоја втора, ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА МАЖОТ ТЕПА, ТУКУ ДЕКА ВРАКА ИЛИ ГУБИ КОНТРОЛА ДЕКА Е ПОЛУДЕН, А И САМИ ЗНАЕТЕ ЖЕНА КАКО ВАДИ ОД ТАКТ АКО НЕМА КОНТРОЛА ... патем, девојката не кажа дека прететпувал туку дека ја удрил кога претерала(мора да земеме предвид во каква средина е растен) и ја удрил, ДА, НЕ СМЕЕ ама не ја тепал и малтеретирал, претерала и ја удрил ... како и да е таа најдобро си знае, сите множеме да нагагјаме ама никој незнае како е на нејзино место, јас само напоменав ако она е провокаторот да се смири сама бидејки ако не со него со некој друг истото ја чека, на мирен маж му треба многу па се десило да удри, на нервозен му треба малку помалку, затоа пред брак добро запознајте се и според вашиот карактер бирајте партнер, бидејки тепачките се неминовни ... а сите вие што држите нејзина страна, не подржувате ова, она , паметни сте и силни, (Недај Боже на никој, никогаш) ама ете пробајте на нај мирниот маж вриштете му, а знаете дека има поблеми претерувајте, карајте се, не се замарајте со вас туку со сите и трујте го секој ден со болна мајка и секојдневни стресови, јас како и вие, на тоа, не шамар ќутек ке си добиете. КАЖУВАМ НЕ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО, АМА ВО НОРМАЛНИУСЛОВИ, ВИЕ ТРЕБАТЕ ДА ГО ЗЕМЕТЕ ПРЕДВИД ОВОЈ КОНКРЕТЕН СЛУЧАЈ, ЗАШТО ВИКАТЕ СЕ ТРЕБА ДА СЕ СРЕДИ СО МУБАЕТ, ПА ЗАШТО НЕ ГО СРЕДИЛА??? ок нема врска кој не ме разбра нема ни да ме разбере, секој со своја среќа во живот, па да се читаме во убавите теми .поздрав
Leika не си доаѓала во таква ситуација кога што и да кажеш е причина за кавга....кога за се едно нешто ти лажеш или измуслуваш...тој си доаѓа дома и наместо да те праша како си што си, он веќе набоцкан како демек прашува што се случило а веќе е „добро“ информиран а ти докажи кога не му се докажува...и збориш едно сто пати, како на ѕидот...и ај 101 пат кажи го смирено да те видам.... додека во меѓувреме тој се дистанцира од проблемите(кога треба да застане на твоја страна) а ти си седиш дома и те клукаат константно........ но сега кажува како се ќе се сменело...да вадиме документи и да одиме во странство...но јас некако немам довеба во целата ситуација... не знам дали може да се оправи ситуацијата....
леика да ти кажам искрено дека имаш право за ова што го зборуваш многу пати сум кажала дека јас и моите сме жртви на семејно насилство татко ми пие(највеке психичко, ама и понекогаш физичко) и тоа не татко ми на мајка ми, туку мајка ми има многу пати кренато рака на татко ми-тој зборува, провоцира, таа има проблеми со нервите, животни проблеми, мобинг на работа и последица е тоа. дури прееска татко ми не им врати ниту на брат ми ниту на мајка ми, па јас ги разделив-жал ми беше кутричок колку е слаб, коските ке му ги скршеа на грбот кој пекол го доживувам јас дома срам ми е да признаам, ама како резултат на пеколната средина во која живеам, и израснав, и јас имам кранато рака на еден од поранешните партнери, ама ми возврати и се степавме-многу ми е болно кога ке се сетам на тоа, ама тоа беше еднаш и веке никогаш, затоа и сега се обидувам да си го контролирам бесот и лутината жими еден живот, не сум замислувала дека ситуацијата од дома ке ме претворат во агресивна девојка за јас да кренам рака на некој и заради што е сето ова-мајка ми има еден неопишлив страв дека татко ми може да и наштети,а втор проблем е станот-можел цел да го земе, и ние да останеме на улица-проблем кој трае од пред моето рагање до сега