Несакам да звучам дрско, но од каде ти знаеш дека јас не сум се наоѓала во таква ситуација? или пак некој од моите најблиски не се наоѓале, мајками имала поголем пекол живот од овој кога веке се во прашање семејните односи (затоа си дадов право да советувам, но некогаш ако ги запамти верувај ке ги примениш, недај Боже и ке видиш тогаш колкум сум само во право) Проблеми со сестрата на свекрвата, бабата, жената на братот, сите биле против неа, бидејки била добра и послушна и секогаш татко ми и ние сме и биле битни а другите работи ги проголтувала, ама затоа кога некој работи сами се откриле без нејзин притисок, таткоми ги потепал сите и избркал од живот .... не е лесно, но тоа е тактиката, што ако кажала кога тој невидел, ке се направело кавга, тепачка и све надаље, вистината искочила на виделина, дури има загубено и 2 деца ради нив, но си го зачувала семејството и мирот меѓу тие што и биле најбитни, татко ми и децата ... што ако она почнала бабати вака, теткати вака, кокошкана онака, па секој нормален ке си стави прст на чело и ке каже како бе сите криви ти права? вака не гледала да избегне непотребни проблеми, а истите ги ранела, дури чувала и шлогирана баба која лажела дека не ја рани и да не зборам, недај Боже на никој, но ви кажувам се со смирено, и нај големите војни завршиле на преговарачка маса! за тоа се рекло мажот е ПОСИЛНИОТ а жената ПОНЕЖНИОТ ПОЛ, наместо да се помине кога веќе е таква ситуацијата време во размислување како да се заштити себе сопругот и детето, да разговара со нејзините или да вложи напор да се оделат, таа енергијата ја потрошила во кавги, тепачки и стресови, КЕ ПОВТОРАМ И МИЛИОН ПАТИ АКО ТРЕБА, А КАКО ШТО ЗНАМ СОПРУГОТ ВЕЛЕЛ ИГНОРИРАЈ ТОА Е НЕБИТНО ЗА ДА НЕ СЕ КАРААТ, таа претерувала и пукнал филмот, а не дека он правдал и го јадела ради тоа, така да само тактика и правилно насочена енергија полно љубов за партнерот и децата разбирање и подршка, пушти му да биде маж, нацекај го во слаб момент и ке се среди све, така успеала мајками да направи совршен живот и ова е совет кој секогаш ми го повторува, мене и на сите девојки и жени, кои покрај неа успеале, ПОМАЧИ СЕ ПРВАТА ГОДИНА ВО БРАКОТ, ЦЕЛ ЖИВОТ КЕ ЖИВЕЕШ КАКО КРАЛИЦА! КОЈ ЈА ПОСЛУШАЛ УСПЕАЛ, ЗАТОА И ВИ КАЖУВАМ БИДЕТЕ ТАКТИЧНИ И СМИРЕНИ, ПРЕЌУТЕТЕ (ТОА НЕ ВЕ ПРАВИ МИФЌИ) ПОЧЕКАЈТЕ ДА СЕ СМИРИ, СО КАФЕ И МИЛ ЗБОР СЕДНЕТЕ ГО ВО МЕЃУВРЕМЕ СМИСЛЕТЕ ДА БИДЕТЕ КРАТКИ НЕ ДА ЧАНТРАТЕ СО СААТИ, И КАЖЕТЕ ШТО ВИ СМЕТА. и јас сум хитерична, секогаш се карам вадам од такт и ништо, верувајте пробав да прекутам ама не станав од него да си одам, останав и седев и кутев и чекав да се смири но добив уште подобра реакција, по 10 минути буљање во тв. сам го почна муабетот и се ивини и побара на смирено да разговараме што во толку долго време никогаш не го направил, значи само без тензии
значи ти Леика си признаваш дека на моменти си неподнослива( премногу викаш и слично) а не спомна некој да те удрил...значи!? не решава секој со насилство... знам дека и твоети држи вода, но не си се нашла во таква ситуација (не дај Боже) за да можеш да разбереш... значи да јас бев виновна што постојано брмчев за некои проблеми...но знаеш ли како е цело време едно исто да зборуваш и ништо да не се менува...цело време некој психички да те јаде и уништува, не немаш волја за ништп, а некој да очекува да му се смееш...а цело време не обрнува внимание на тебе?!? а сега вели дека сфатил се што се случило, дека разбрал дури сега откако сум поднела развод како сум се чувствувала и дека е спремен да се смени...( или да прави лице додека не се вратам) и ако мислиш дека се се решава милум грешка си...зошто тогаш додека бевме во брак еднаш не седна така отворено да разговара со мене?(туку мораше да се направат 300 глупости) дали навистина се менува или не?дали навистина си ја сфатил грешката или едноставно добро глуми...за потоа да биде бетер?! и јас бев така самоуверена како тебе..мислев со разговор се се решава, а впрочем немаше нешто на што не успевав да најдам решение- за сега да се чувствувам како обична нула...да не знам што понатаму во животот.. многумина на мое место не би се мислеле( и да е друг во прашање би го дала тој совет).......но вака кога јас сум во огнот....не знам?!?!
Да така е, ама знаеш што така во врска ме толерираат, кога ке се земам и ке си го попијам затоа се смирувам на време, тогаш мажите се најсилни, којзнае, недај Боже на никој, ти си ја знаеш ситуацијата, а баш тоа што викаш сто пати едно исто збориш тоа нервира највеке, ова од искуство ти зборам, што и да решиш со среќа од срце, а ако решиш да се разведеш, со следниот внимателно, млада си, животот е пред тебе, имаш фамилија зад себе, без страв, али немора да се смириш ако твоите во крајност одобриваат дај му и на него пробен период секако доколку сакаш може стварно не бил свесен а овие месеци го опаметиле, како и да е размисли, веке немаш што да изгубиш, сега може да ти биде тешко за секоја одлука, али што и да биде само добиваш
Семејно насилство е најтешкото нешто за една жена без разлика дали ја тепа или онаа психичка тортура како и да е жената го губи својот идентитет и колку и да сака јавно да проговори ја потиштува срамот а ако има деца го употребува зборот како ќе живеат само со мене тоа е срам Значи ова е мое мислење Во животот можат многу работи да се проголтаат но кога станува збор за насилство тоа е КРАЈ НА БРАЧНАТА ЗАЕДНИЦАнема дека ќе се поправи тој никогаш нема да се поправи,а ние жените не сме добиток и никој не смее да се изживува нас ,за се има прошка во животот освен за СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО такви мажи бедници не се потребни Се можете да дозволита ,но да бидете тепани никогаш!
Не знам веке ни до кај дошол ни кај оди веќе...изгубена сум во просторот......не знам што да правам.... дали без него или со него....дали навистина ќе биде подобро како што ветува(кога ќе живееме сами без никого) или дури тогаш ќе дојде најтешкото????? надеж за подобро, детето да живее во целосна фамилија vs страв дека можеби проблемот е во нас не во старците???
драга....не знам што ти се десило не те прочитав погоре од што и самата имам премн проблеми ама едно ќе ти кажам....ако еднаш нешто се зезнало....НЕМОЈ да се надеваш дека некој ќе се промени...мало дете можиш да смениш кое не е оформено а возрасен човекНИКОГАШ! и ајс се надевав на промени и му се вратив за на крај да го изедам најдебелиот крај*со извинување
Потполно те разбирам. З жал и јас бев т.е. сеуште сум во истата ситуација. Откако знам за себе јас сум тепана од татко ми скоро секој ден и за најмала грешка дури и ако не е по моја вина. Дури ме има оставано гола (буквално) да стојам пред врата. Подоцна истото му се случуваше и на брат ми т.е. заедно ни се случуваше да бидеме тепани, мавани од земја(буквално), шутирани и после тоа оставани надвор голи да седиме едно саат време ако не и поише. Кога почнав во школо, прво одделение се учат буквите и се пишуваат во такви вежбанки. Имавме за домашна да напишеме цела страна со буквата О на ракописно. И јас си седнав да си пишувам и стигнав негде до пола страна и он дојде и ми вика што е ова, вака ли се пишува и ми ја скина страната. Јас земав од ново да пишувам и истото се случи. Е веќе третиот пат кога дојде и кога виде како е напишано почна да ми ја мава главата од маса зашто пак не биле убаво напишани буквите. Е после некое време одненадеш се смири, како нов човек да гледав. Ама за жал како што викаат „Вук длаку мења али чуд никада“ годинава пак почна секако со помала зачестеност. До сега два или три пат имаше таков испад од кој во едниот нејќеше дома да не пушти, а вториот пат беше пред два дена кога едноставно стана од спиење(попладневна дремка) и дојде кај мене и брат ми во соба и почна да вика да излеземе надвор, и јас како што ме дал господ со магарешки инает му реков дека нејќам да излезам и тука почна борбата. Прво некои 5 минути ме извлекуваше од кревет и мислам дека уште малку и ќе го расклопеше целиот, последно оружје за да ме извлече му беа клоците и тоа кај што ќе стигне и јас морав да се склопчам за да не ме удри и он во тој момент ме повлече и почна да ме мава со боксови со клоци ма со што ќе стигнеше со тоа. После ме фати и ме влечеше до ходник и тука продолжи со мавање и шутирање, во меѓувреме мајка ми се разбуди и кога виде што ми прави почна да плаче и да го моли да престане, а он и се сврте на нејзе и и се закануваше. Брат ми исто го молеше да престане и он си доби доза закани. После тоа отиде во дневна и почна од таму да вика за 3 минути да станам иначе тешко мене, а ја неможев да се соземам почнав цела да се тресам срцето мислам 200 на минута ми лупаше. И стана и пак почна да ме мава да се дере да станам да го погледнам и тогаш незнам од каде таа сила да го прашам што ќе постигне со ова, и што сум му згрешила за ова да го заслужам, а он ништ не одговори и си продолжи со дерењето и мавањето. Е откако станав дојде и почна и брат ми да го мава ама он го бутна назад неколку пати и не доби толку удари колку јас, почна да бутка се од маси што имавме во собата се преврте како ураган да поминал и ни рече средувајте. Јас бев спремна уште одма да го пријавам во полиција ама мајка ми почна да моли и да се жали дека сме правеле сцени без врска. Ако верувате цела десна страна ми е со модрици од глава до пети и од тогаш не зборувам со него, освен службено, а не верувам и дека ќе му прозборам.
Страшно е ова што го прочитав,дури се потресов,ти си толку млада за да кинуваш низ ваков пекол мора да превземе нешто твојата мајка бидејќи и таа тадури уште полошо и е кога го гледа сето ова што ви се случува,мора да постои начин престане сето ова прости ми но човеков мора да се лечи.Мојата другарка имаше вакви проблеми беа три сестри се омажија многу млади имаат дечиња,но се откажаа од татко им ниту на погреб не беа,едната има лузна на раката кога и ја стави на печката со дрва од демек што го разлутила.Страшно ,многу страшно пак ќе речам не е решение ќотекот туку тој треба да се лечи прости ми но стварно тој мора да се лечи,не смее ова да ви го прави вие сте толку мали и плус негови деца
Незнам колку си мала, но како и да е ова е пекол, недај Боже на никој, но мој совет додека не излезеш од таа кука, пријави го, тоа не се глупости и скандали без врска, пријави го анонимно, нека дојдат и нека те видат нека го казнат тој гад, кај ке му оди душата ????
Ниту еден проблем во животот не се решава со тепање, а уште помалку со психичко малтертирање. Никој ама баш никој а уште помалку личност од понежниот пол не заслужува да биде удрена, навредена или понижена, ако некому нешто не одговара постои начин да се каже тоа, да се изнесе на виделина, ако може проблемот да се реши и уште поважно ако се сака да се реши проблемот, а ако не чао и пријатно. Јас имам примери во животот, некои лични, некои од блиска околина, кои јасно покажуваат дека жената е секогаш таа која гледа да најде решение за проблемот, жените се тие кои трпат многу работи и се тоа заради децата, епа драги мои мајки децата еден ден ке пораснат и ке го фатат свјот пат, но што е со вас???!! На сите ни е јасно дека нервозата е причинител на многу болести, епа мојот живот не е повреден од неговиот, и јас сум со еден живот и нема да дозволам некој да се изживува со мене.... Ништо не се решава со навредување, понижување, тепање...тоа е само момент на бес, момент кога си лут ако не и во афектна состојба, подоцна можеби и ќе се кае, ама доцна е, дајте да му кажеме стоп на насилството и да се потрудиме да ги решиме проблемот на попаметен начин, ако нема решение постои развод и чао и пријатно. И да, сакам да кажам дека потешко е човек психички да е малтертиран отколку физички.... ги поддржувам сите оние кои решиле да му кажат не на насилството.
колку повеќе минува времето се повеќе мислам дека не се двоумам дали да му се вратам поради љубов...туку поради страв...потсвесен страв дека ако не му се вратам кога-тогаш ќе ми се одмазди....сака да сме оделе во странство- брда и долини ветуваше сега вака ќе било така ќе било.... бевме и у социјлано на помирувае и ни дадоа фора уште 1 месец...демек под влијание на нашите...си кажавме што ни смета-како на мене ми смета што тој постојано излегува, не ме регистрира, се расправа ради неговите, него му смета што многу викам, па поради тоа некогаш не може да се исконтролира па ќе ме удри.... леле милина да го слушаш „ знам колку и беше тешко, правев грешки мислејќи дека добрро правам....ќе и помагам за се што треба и финансиски додека да им извадам документи за да дојдат со мене во странство“ арно ама едно излегување од социјалното пак старата песна...сакал да пиеме по едно кафе ама го чекале другарите....дојде го зема детето и ми се јавува зошто памперс не сум пратила -немал он пари за памерс....???!!!! и после тоа му кажав дека нема да отидам со него таму...па почна да вреѓа да се заканува...ќе сум видела јас...ќе сум платела што сум растурила семејство (па кое семејство бре кога тој беше дома само на јаденје и на спиење...со по некој шсамар у мегувреме..) да сме отишле тасму оти он овде неало што да бара, ништо не го врзувало за овде..... леле не знам дали ова може да се искористи во социјално за да ме заштитат некако....страв ми е да не му направи нешто на татко ми пошто според него тој е крив.....или не дај бозе да ми го земе детето и да ја летне некаде................... хелп?????
Аааа не, значи ај ти крива дека не се контролираш ама ова? Сега деф. ми е јасно, ти да си била крива ама он мила ем тепа ем плаче а и вака не ја претстави ситуацијата, како и да е, нај убаво е да си се советуваш со стручно лице, можеби е скапичко од сесија, ама мислам дека ке ти даде прав совет пред се како психолошки да одиграш без страв и последици бидејки има дете во приказнава, затоа ние неможеме да ти помогнеме, можеме само да претпоставуваме ... ти посакувам Срека од срце и побрзо за си се средиш. Само биди силна издржи и се ке се ке помине и Подалеку од такви исфрустрирани незадоволни покварени и дволични ликови ...
да ама јас во приказната сум негативецот според него...не сум ценела ништо што направил...тој се што правел за добро правел.......... сакам да најдам малку светлина за се да биде како што треба...ама со таков човек, не знам баш, не се менуваат таквите... сега како што излегуваат работите тој само како да сака да ја повлечам тужбата за развод- да не биде обврзан ништо да плаќа....јас да си бидам тука тој таму.....а да отидам со него страв ми е- таму нема кој да ме заштити ниту кој да ме прибере...тој тоа го знае и може убаво да си го искористи..... абе што си го правел тоа дете кога не си способен да се грижош за него.... сфатив дека неговите не се криви во целата ситуација-зашто тој да беше човек на место ќе ме заштитеше од нив, немаше да бега од проблемите..... и они се приказна за себе до душа...само за целата ситуација не се виновни(зошто некој можеше да го спречи тоа) виновни се само за промерот што му го давале на нескладен брак и на (не)воспитањето..... значи подобро сама со дете убаво воспитано...отколку дететео да расте во пеколен брак и да стане како него-па да продолжи шрпклетството на лоши бракови...
Срце ти игра на совест, знае кој ти се слаби точки, дека ке го сожалш ке се вратиш а он пак по старо, и ке те беди како ти си незахфална, ке прави што ке му кефне у момент, па ке се извинува, и се така крај му нема ... без страв, собери сили, само држи до твоето како слеп за стап и стави крај, куче што лае не каса, да сакал ке направел, он само збори пошто е *ичка у душа и маж без памет пун фрустрација, не ми давај можност да ти се испразни, објаснување никако, држи до разводот, советувај се и стави крај ... запамти мила, све што збори сака да те уништи, никогаш нема да се смени ако е ваков, држи до сакам развод и крај, секоја пцовка и закана, кажи дека ја снимаш на тел и дека следен пат ке ја однесеш во станица, и крај ... Сепак мој совет иди на консултација, ти имаат искуство, ке ти кажат со каков човек имаш работа и како нај убаво да го оставиш без последици,
шерил, од почеток ја читам твојава приказна,искрено многу ми е жал што ти се случува, те свакам дека си во без излезна ситуација,и се согласувам со Леика-држи се до разводот, ти си млада, имаш право да си го продолжиш животот понатаму заедно со твоите, и секако детенцето, а што се однесува до маж ти очигледно е дека е куче што лае-не каса и НЕМОЈ да дозволиш да отидете за странство-се согласувам со Леика-ти ги знае слабите точки, и игра на таа карта-најди некој познат во Социјално, распрашај се убаво околу се-а тоа да ги снимаш разговорите на мобилен и да ги презентираш како докази, не е лоша идеја, па да види социјалното под таа невина маска што чудовиште се крие.Верувај дека има вистина во поговорката-ВОЛКОТ ВЛАКНОТО ГО МЕНУВА АМА КАРАКТЕРОТ НЕ Ти посакувам многу срека, и те поздравувам
НЕ СМЕЕ ДА СЕ ТРПИ НИТУ ПРЕКУТИ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО НИТУ ЕДНА ЖЕНА НЕ СМЕЕ ДА ГО ДОЗВОЛИ ТОА МОРА НА НАСИЛСТВОТО ДА МУ СЕ СТАВИ С Т О П Не смееме никогаш да дозволиме некој да крене рака нас,ниту психички дани врши тортура не сме ние кукли ние сме жени кои имаме чуства,знаеме да сакаме,да се грижиме да бидеме прекрасни,а наместо некој дебил да се иживува на нас тоа несмееме да го дозволиме,не оваа слика да ја гледаме само како слика туку така и да се однесуваме да ставиме СТОП на семејното насилство.
Ве прочитав и се наежив како само можи родителите да го прават најлошото на своите деца и нашите најблиски како во случајот на Sherryl.ОХ господе каде заминал светот.Знам дека има многу вакви случаи каде што дел не пријавуваат од страв,дел дека мислат дека ти се виновни,дел од страм. Но,верувајте драги мои дека со тоа што ќе ги пријавите тие кои што вршат било какво насилство врз вас ќе е многу подобро за вас.Не сте вие виновни ниту пак треба да се страмите за делата на некои кои што се умноболни.Се извинувам ако ве навредив со ова што така ги нарекувам,но за мене тие се такви личности кои што се чувствуваат моќно ако извршат насилство некому,а тоа е болна работа за мене. Јас напоменав дека имам проблеми со психичкото насилство врз мене ,но веќе научив да живеам со тоа и да се трудам да ја сменам ситуацијата и смирам со разговор и се смири конечно,но вашите случаи за жал се многу потешки. Се надевам дека сите еден ден ќе бидете среќни без вакви проблеми и дека се ова еден ден ќе стане минато,кое што знам дека е многу тешко да се заборави,но поретко да се сеќавате на него.
Најверојатно е така..но љубовта е слепа...а кога жената ќе се заљуби незината слепост се граничи со лудост (зборувам за себе пред се) преминуваме преку се само за да биде како што треба, за децата да не страдаат....но сега сфаќам дека несреќна мајка не може да биде добра мајка...значи ако сакаш децата да ти бидат среќни треба да им покажеш како е тоа...да знаат колку вредат и што заслужуваат..... сега знам дека тој човек не е тој за мене.....свесна сум за се...и дека јас во својата глава премногу долго барав оправдување за него што тоа ми стана навика...иако потсвесно се надевам дека ќе сфати и ќе се промени- да можеме навистина да бидеме среќно и хармонично семејство... но тоа се само соништа-фгантазии...убаво си кажавте волк длака мења,ама ќуд не мења..
За жал секогаш е така,ние сме слепи од љубовта која што не ни дозволува да го видиме вистинското лице на онај во кој сме вљубени.Се плашиме и мислиме што ќе биде ако го оставиме,што со нашето семејство,бракот,а пред се децата како што кажа и самата се надеваме попусто дека ќе се смени некој ден и дека се ќе биде во ред,но по некое време за жал разбираме дека тоа не е можно и цело време се вртиме во круг.Зборувам општо бидејќи како што видов има многу случаи ко твојот и на другите девојки кои што се жртви на семејно насилство.За среќа ти си се свестила на време и иако е тешко реши да ставиш крај на се пред се поради твоето дете,па и за тебе. Некои излегоа посилни од тој пекол,но за жал некои цел живот тонат во безизлезот од него и тоа ги уништува од причина што мислат дека како што и кажав тоа е страмно да кажат или имаат огомен страв,но верувајте ако ја пријавите таа личност и побарате помош од некое стручно лице,многу работи можат да се променат.Таа личност ќе оди во затвор или во најмала рака ќе добие забранет пристап до вас,а вашиот разговор со стручно лице може само да ви помогне да преминете преку тоа што сте го трпеле.