1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    леле луѓе се избезумив веќе... секој ден е рзлично... сега отакко му реков дека 100% нема шанси да одиме на страна...вика ке се вртаел ама кај неговите да сме седеле....а јас велам ако се вратиш има шанси да пробаме само под кирија.... велеше како демек нема шанси ова она нема пари...
    сега пак ми ѕвони да пробаме...да сме се делеле од сите да сме пробале....
    некои пријатели ме убедуваат да пробам уште 1- секако после пак ќе биде истата песна ако не бива---> развод(демек што и да биде пак ќе се вратам во истата ситуација...ама цело време ќе ме јаде прашањето што ако пробавме пак)
    демек можеиби од тоа што и тпј бил под силен притисок....не знма веќе
    постарите (роднини, тетки, вујни) ни под разно да не сум одела со него пак...
    ум немам веќе луѓе.....извинете што ве затровиив со мојот проблем...ама морам некаде да се издувам оти ќе ми експлодира глчавата...од 1 страна он што ветува, а сеуште не сфатил некои работи..... од друга страна се моите....од трета страна неговите...па сите „љубопитни и добронамерни пријатели, комшии, познаници“ што ги немаше живи-баш сега почна да им текнува на мене
     
  2. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Срцето ти вели едно а разумот друго и секако е тешко да се одлучиш ама во секој случај одлуката е твоја и последниот чекор го правиш ти......Овај период е тежок и за мене и за мажот ми ама никогаш се нема случено (како ни во претходните 10год). од кога сме заедно да ги решава проблемите со чотек....го кажувам ова исто како што и др форумџики ти ја кажуваа поговорката да не ја повторувам тој што е такав од почеток таков ќе биде и до крај и не е оправдување тоа што и на него му било тешко.....тешкотијата во животот се решава на други начини а во никој случај не 'насилни' .И пак ќе ти речам дека одлуката си е само твоја кога јас би се нашла на твое место 2мин не би се двоумела за развод....не ме донесол некој на овој свет за друг да ми го одземи со чотек и не само тоа не би сакала детето да ми живее во 'нездрава' средина.......мој совет би ти било кога веќе ја имаш подршката од родителите добро да ја искористиш тоа ќе биде подобро и за тебе и за детенцето.
     
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Sherryl Во еден од мојте постови го напишав своето мислење за семејното насилство тадури и слика поставив за крај на насилството.Но,сега кога ова го прочитав што си напишала"
    "после ова дојдов до заклучок дека многу посакуваш да си со него,но неможеш да го најдеш одговорот бидејќи ти некаде длабоко во себе веруваш дека се би можело да биде подобро,како што ти кажаFilipovska ти си таа да одлучиш што и како понатаму,само еден совет од мене убаво е човек да си дава надеж за подобро утре,но сепак мора вистината да ја погледне во очи,сите феминки те подржуваме во твојата одлука.Поздрав :)
     
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270

    Мила, убаво кажаа и другите феминки, те подржуваме за секоја твоја одлука, но убаво размисли ја иднината и претстави си се она што може да се случи.
    Знам дека ти е тешко, тука се чувствата, љубовта, потоа размилувањето, за тоа дека дететнцето ќе биде без родител, а од друга страна насилството, кавгите, тешкотиите на животот, осамноста...
    Најдобронамерен совет, се со цел да го видиш вистински каков е.
    Дај му уште една шанса.
    Така ќе видиш, што навистина ќе се случува. Па можеби ќе се промени, можеби ќе сфати некои работи. Можеби тогаш, кога ќе бидете сами, ќе донесе други заклучоци и одлуки за животот.
    Паралелно на тоа, биди бескрајно внимателна со се. Ако видиш дека макар и еднаш бидеш нападната (физички), барај веднаш ново решение. Најмногу размислувај за вашето детенце. Кога тој продолжи да крева рака на тебе (ако тоа и го прави и понатаму кога ќе бидете сами), тоа ќе го прави и понатаму. Зошто детенцето да биде дел од тоа?
    Зошто да му се упропасти целото негово детство и да добие трауми за цел живот?
    Во тој случај, навистина повлечи се.

    Се останува на тебе. Само тогаш, ќе видиш најдобро се и најмногу него. Ќе бидеш сигурна за својата одлука, а вака, ако заминеш, можеби некогаш ќе си го поставиш прашањето, зошто не си го направила тоа и не си му дала шанса?!
    Размисли убаво :) .
     
  5. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    значи мене ме подјадува тоа прашање...зошто тој и не е дака лош човек(ама многу длабоко во себе под обвиката на лошо воспитание) знам дека можеби и јас не знаев да играм дипломатски и доколку јас изиграв малку полиберално дека и тој немаше да биде толку агресивен...
    не знам дали да пробам уште еднаш.... за да си ја олснам работата- ако не биде пак ќе си бидам разведнеа.....
    само му реков ако сака тука под кирија....ако не нема шанси страв ми е...ќе ве информирам што се случува...
    благодарам на подршката ....многу ми е потребана верувајте :?:
     
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Пред се да ти кажам дека не ни си досадна со овај проблем.А сега мислам дека без разлика што ти солат памет пријатели,тетки,стрини што да правиш,мислам дека најубаво е да си седниш да размислиш сама,со ладна глава што ти сакаш за себе.Значи само ти си најважна во моментот,секако и детето кое што сум сигурна дека ќе се гордее со таква мајка како тебе без разлика која одлука ќе ја донесеш.Ако мислиш дека би било правилно да си дадеш уште една шанса,да живеете сами и да пробате да ја подобрите ситуацијата во ред,а ако не повторно во ред.Твој е животот,не дозволувај никого да командува со него и да ти кажува како да го живееш,дури ни твојот маж. Не е лесно знам да ја донесеш одлуката , но мораш да почниш да мислиш на себе и на своето дете,а не на другите.
    Се надевам ти помогнав некако.Среќно
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
     
  8. skorpion

    skorpion Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    11
    Здраво до сите "феминки". Уште од почеток очекувам да бидам нападнат за моето мислење но секако неможам да се воздржам а да не го напишам мојот проблем. Ако не друго ќе се надевам дека барем една од вас ќе го дели моето мислење.
    Значи вака, мојот барак константно се распаѓа веќе 3 години. На почетокот таа остана без работа, неколку месеци подоцна се оперираше од циста. Операцијата помина успешно но секако со многу финансиски последици по нас како фамилија затоа што и претходно бевме задолжени до гуша. Откако таа се оперираше, нормално седеше дома јас не ја ни терав да работи но не беше баш сјајно за фамилијата. Е сега, нејзиното седење дома се оддолговлече веќе три години, константно жалејќи се дека е болна, има притисок, ја стега срцето, малаксана е и слични поплаки. Помагав колку можев, одевме по лекари, фрлавме пари за прегледи, снимања и слично, со еден збор правевме што може да се направи. Е сега овде морам да напоменам дека почнав да бивам малку сомничав, затоа што секогаш кога стануваше збор за прошетка било да е во град, на базент и слично таа не одбиваше. Никогаш тоа не сум и го кажал во лице но кавгите зачестија затоа што финансиите ни беа во длабок минус. Се обидував на сите можни начини да ја натерам да побара некаква работа но нејзиниот одговор беше: "кој ќе ме држи ваква на работа",...ти ме сакаше само кога бев здрава и кога ти допринесував, ти си немарлив и слично. Со еден збор ме доведуваше до лудило а особено кога ќе кажеше дека поради мене е таква.
    Жени колку што сте на форумов, макар веднаш ме избришале од форумов но едно ќе признаам. Проколнував се што е женско,....животот ми стана пекол, секојдневни караници, одење кај мајка и, враќање,....јас попуштав секогаш за да не ми страдаат децата. Таа ќе се вратеше но пак се си остануваше по старо. Нека господ ми го припише гревот но неможев да се помирам со фактот дека таа не се мрда од пред телевизорот. Стани написе кафе, направи ручек и пак легни му ја. За моите 17 години брак ќе претерам ако кажам дека таа 17 дена станала пред мене од спиење. Господе зарем постои некоја таква овде на форумов? Последното беше капак на се,....се заколнав дека ако уште еднаш замине од дома дека повеќе нема враќање. Тоа и се случи. Причината веќе ви ја кажав а поводот беше моето пречекување од работа со зборовите "мирисаш на алкохол, ти си пијаница, ти си немарлив, за пиење имаш пари за друго немаш и слично". Жени, зарем мислите дека некој маж ваквото однесување ќе го трпи?
     
    На gavolica4 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Секој брак си има свој успон и пад...
    Мислам дека треба убаво да разговараш со неа и да видите и решите во што всушност е проблемот.Можеби и е тешко психички што се разболела и можеби нема доверба во себеси дека ќе најди работа.Очигледно голем проблем е и тоа што сте паднале финансиски.Сепак се си има своја граница и до некаде те разбирам, не те осудувам.според тоа што го кажуваш,колку што разбрав ти веќе психички попушташ,односно си се повеќе нервозен .па и таа и ситуацијата оди надвор од контрола.Седнете,разговарајте колку што можите посмирено, кажи и дека мислиш дека треба да се обиде да најде работа,па ќе видиш како ќесе одвиваат работите.Јас сеуште не сум во брак,не сум баш најкопетентна да давам совети,но сепак се надевам дека некако помогнав. :)
     
  10. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    624
    Слушајќи ја твојата страна од приказната, мислам дека не претеруваш. Бракот е заедница во која и двајцата треба да се трудат финансиски и емотивно да допринесуваат. Не знам за каква циста се работи, ама тоа не ја прави неа работонеспособна.
    Разговарај со неа, не ја обвинувај или осудувај дека тебе ти е тешко (погрешно ќе те сфати). Туку пробај да и објасниш дека ако она работи ќе биде за децата подобро..дека ти сакаш тие да растат во здрава средина и да им овозможиш добро образование. А сам не можеш тоа да го постигнеш, иако сакаш. И дека затоа би ценел ако она ти помогне во тоа. Дека тоа ќе биде подобро за сите.

    Не знам кој е проблемот што она не сака да работи. Може е депресија, а може па и и се уарнило дома...па не си ја мачи душата. Ама сепак мислам дека операција од циста од пред 3 години не е никаков изговор, ниту пак чукањето на срцето или малаксаноста. Ако е така, пола од нас ќе требаше да седат дома и да чекаат да ни паднат пари од небото.

    Се надевам дека ќе најдете решение и дека ќе бидете среќни.
     
  11. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    разговарајте отворено,без кавги,кажи и дека сте во голема финансиска криза, и дека со една плата не се излегува на крај...а да прашам, ти пиеш?по 1-2 чашки за друштво, или константно? Ако пиеш и си одиш пијан, а се жалиш дека нема пари не те оправдувам. Друго, колкави се децата, и кој се грижи за нив? Дали сеспособни сами да се грижат за себе? Можеби затоа жена ти не сака да работи...и каков е твојот вид на работа?Дали некогаш си покажал интерес да помогнеш во домашните обврски? значи ќе и приредиш вечера и керазговарате, дека и ти ке и помагаш дома, за и таа да оди на работа,и пробај да најдеш работа за неа... кажи и те викаат во дисконт, или незнам што има завршено...а кога сте слободни викендите однеси ја на прошетка, парк, било каде, изненади ја со нешто, кажи и дека кога и таа ќе зима плата ќе има повеќе пари за прошетки... и се ке се среди, верувај
     
    На gavolica4 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.079
    Допаѓања:
    101.715
    Пол:
    Женски
    Да те осудиме? Па човеку ти си за жалење не за осудување. Јас имам тетка која се оперираше од триста цисти и ракови и какви ти не болести и ете ја работи, не дозволува да и помине животот, а реално и двете братучедки се работоспособни, може да си легне и да каже јас сум неспособна. Јас сум многу против малтретирањето на жените, пред се психичкото, затоа што за него нема никакви докази а боли, боли многу повеќе од физичкото. Значи да се разбереме, жена ти е мрза, тоа е јасно како ден, познавам икс бракови кои се растуриле само и само од оваа причина, и верувам и дека ти си го упропастил животот поради неа, кој сака дома жена намќор, ни маж ни жена намќор, нејќам ни да смислам а камоли да бидам во таква ситуација. За ова нема решение, дефинитивно, таа никогаш нема да почне да работи, штом и по 17 години таа не се запослила и не чувствува дека треба да придонесе за домот никогаш нема да почувствува. Немој да ти биде мака за децата, ете јас сум дете на родители со нарушен однос па одговорно тврдам, подобро моите да се разведеа отколку јас сега од овде да мислам таму да не се испотепаат, доколку си во подобра ситуација прибери си ги децата кај тебе, фино лепо кажи им дека ситуацијата е таква, ако се тинејџери можеби и ќе им биде потешко да сфатат, но ќе пораснат и ако бидат реални ќе те оправдаат. Ти одамна си требало да ја завршиш оваа фарса, ете за ова зборам постојано, човек треба да биде реален и да ги каже и двете страни, како човеков, а не само таа не чини, тој не чини јас сум цвеќе. Сметам дека овде нема да помогне ни вечера ни разговор, таа веројатно и тогаш ќе се обиде да направи драма, едноставно играј на нејзината карта, земи одмор од работа и легни му ја дома, кажи и дека те избркале или те пуштиле на неплатен па види како ќе се однесува, ако и тогаш ти си виновникот, нема чаре за неа пријателе. :!:
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Skorpion, на форумов не знам таква има ли ама ти само што мајка ми ја опиша.
    А колку луѓе знам дека се „болни„ за да работат а за шетање не се, и се од друг да се чека да им бере целото гајле, па дали ќе е жена на која се чека за се, или маж, од старите или од порастените деца ехеее. Оти на мене и тато ми е таков „болен„ па некако се трпат двајцата заедно, си одговараат.
    Едит, да додадам, моите се испоразболеа од оваа фантомска болест откако трите деца им се иселија по странство.

    Ама додека зборам за неа, знаеш мојата мајка како игра по свадби? Кога ќе ја заситни елено моме, рамна и нема, рипа-игра, опса са. А јас кога и да звонам на скајп, она секогаш лежи, болна сум(исто ама исто, фрлање пари по преглди а ништо да не и најдат), колку долга толку широка, некогаш ни глава не подига, се подигне колку да стисне копчето да ми одговори и пак ќе легне, јас пола саат ветрината ја гледам на екран додека она ми се жали дека пари однемале за лекови.
    Сум си кажала јас какви родители имам ама за нејзината мрза не знам дали сум се пожалила порано. Ама јас ја трпам таква, оти сум си дала за должност сама, онака од почит еднаш во неделата да ја гледам витрината, да слушам како се жали, исклучам скајп, и не ја мислам недела дена. Ти како си трпел жена ти досега не знам.

    Кај мајка и си иде да докаже поента дека е спремна да те остави, само да не си бре гајлето, нели очекува дека ќе и речеш ти врати се ма ради децата. Ако не грешам дека ја дијагнозирав со „мрзатајтис„ ич нека не се враќа.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gerdanche

    gerdanche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    37
    Од целава ситуација на Скорпион, најмногу ме изритира тоа што вели таа во овие 17 години брак повеќе пати си одела од дома и пак се враќала, а како што разбрав тоа се случило пак. За мене тоа е искажување на незрелост. Па на почеток од бракот сме па иди ми доџи ми ќе си правиме, па и кој е таа мајка која ја прима толку пати? Така не се решаваат проблеми, демек сега ќе се заплашуваме, сега ќе видиш ко ќе те оставам...! Јас на твое место овој пат ќе бидам поистраен и нема да попуштам, додека не разговарате и се договорите за се што ви смета не барај да се врати, ако опнува и се противи, тогаш подобро раделете се. Ти си знаеш, млад си, сигурно децата ви се поголемки, ќе наидеш на разбирање.
     
  15. Sundream

    Sundream Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    skorpion se slagam so drugite feminki deka zenta ti mrza ja fatiloooo. i se ima zaarneto doma. Jas otsekogas sum mrzela mrzlivi luge...odsekogas i neznam dali bi mozela da ziveam so nekoj takov...cel den krevetite da gi meri. Tuku slusaj, pritisni ja zenati da raboti da ne igra stapot. Ic da ne mu ja mislis. Ke te ostavi?? kako da ne..ako ne i e sram neka se vrati kaj majka i. Zakani i se ako ne raboti da si go bara careto na drugo mesto a ti finansiite skrati i gi. eeeee kolku ima takvi...makedonija polna e so takvi sto prebiraat raboti i se nesto im e tesko i ne im cini. Kako inace opstojuvaat site vladi so 30% nevrabotenot. Da sakase ovoj narod da raboti odamna rabotite poinakvi ke bea.. ama kakov narod takvi lideri. :emo:
     
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.498
    Допаѓања:
    173.432
    Е па скорпион,да е твојата жена кај мојот маж,незнам како ќе се проведе.Не дека мм е страшило,ама кај него не поминуваат ни блефови,ни лажги ни нешто друго што се коси со семејна одговорност.
    Да,жена ти е мрза,ама за тоа и ти си виновен.Не си требал да и допуштиш толку време да е „болна“-уште после првата година од операцијата си требал да кратиш на финансии за сите мали,слатки задоволства-па ќе си го ставела прстот на глава да подразмисли зошто немате пари.
    Знаеш како викаат -жолтите жолтеат,ама црвените „патуваат“-така и вашево-ти ќе рмбаш по цел ден за да го прехраниш семејството,а она ќе лега и ќе се тови.
    Си пробал ,онака уз муабет,да поразговараш со нејзините што мислат за нејзината болест-често пати мајките им даваат совети на ќерките(не сите) дека треба да си седат дома,да си го чуваат здравјето?
    Инаку ме интересира,по дома како е женати,сади некое цвеќе,работи нешто на рака-да сошие нешто скината облека,чорапа,да чека да почне ефтина струја за да пегла или да пушти машина?Можеби смешно звучи,ама овие примери се показатели за нејзината грижа за семеен буџет.
    Ништо,седни ја ,кажи и дека планираш да дадеш одказ и да одите џенем негде планинско село,да чувате овци бидејќи и ти веќе не се чувствуваш способен да заработуваш за сите.Вака,во село можеби ќе и биде подобро на чист воздух,а и за децата подобро ќе биде-ќе газите кал сите,ама мама можеби ќе „оздрави“.
    Биди озбилен кога ова ќе и го кажеш,ама следи ја нејзината реакција-што знаеш можеби ќе одлучи да побара работа наместо да чува овци,можеби од ваков разговор веднаш ќе „оздрави“.
    Не и се секирај,она блефира-блефирај и ти.
    Поздрав и пиши како ќе се одвива ситуацијата.
     
    На MSkorpionka и AIT им се допаѓа ова.
  17. gavolica4

    gavolica4 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    22
    ziv ti gospod kako izdrza tolku?

    Imam i jas nesto slicna situacija,znaci vaka:3ipol god, sum vo bra i mas mi uste od pocetok ke se napie i pocnuva nasilno da se odnesuv me ima pretepano nekolku pati,za na kraj jas da morav da otidam kaj moite.me molese uste sto ne i aj na kraj se vrativ,potoa pa prodolzi so isto bev bremena 3mesec i me udri so noga vo stomakot no istata vecer da napomenam deka bese pija udrivme vo zid so kola(vo bukvalna smisla vo zid pravo)toj odvaj ziv ostana jas bev celo vreme pokraj nego,bidejki bese u koma 21den se razbudi dojde doma i koga me prasa sto se slucii kako:mu rekov gospod ti vrati a od togas caskata ja nema fateno.
     
  18. skorpion

    skorpion Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    11
    Сакам да и одговорам на volsebna. Да пијам, како и секој маж ама не сум пијаница, уште и ако ви кажам дека професијата ми е возач мислам дека ќе ме разберете. Се случува во последно време но само за да го пуштам мозокот на пасење и да не мислам на проблемите дома. "Ми се пие", особено дома кога ќе се вратам од работа и кога ќе ја видам истата слика, секојдневно. Тогаш ми доаѓа да се отрујам од алкохол. Кога сум на работа тогаш сум сосема нов човек, особено затоа што работата ми е таква. Седнуваме со колегата во возило, се шалиме,се среќаваме со разни луѓе и нови искуства. Весело и насмеано по цел ден......и верувајте понекогаш не ми се оди дома.
     
  19. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    а да размислиш дека можеби и нејзе и е тешко...можеби по операцијата ја фатила нкоја депресија....до пробаш да и пружиш малку внимание ...да направиш повторно да се осеќа како жена?! седни отворено разговарај со неа, можеби има нешто пшто ја потиштува....и знам дека не ти е лесно со неа-ама можеби е во некоја емоционална криза, и колку и да ти е тешко треба да и помгнесш да се опорави..пробај да ја вратиш искрата во бракот, да ја мотивираш некако.....(секако доколку ова се случува после операцијата, доколку е таква цел живот овие совети не важат)
     
    На Palchica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. skorpion

    skorpion Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    11
    Секако, размислувам на се. Затоа и се случувало иди ми, дојди ми. Сум размислувал на се, дека децата ќе ни страдаат, дека ако се разделиме нема да ни биде подобро, дека само ќе си го уништиме животот - не сме веќе деца (млади) па ќе одиме да се шваљерисуваме и ќе почнуваме нов живот. Кој ќе ме сака мене а кој нејзе.................на се сум размислувал и честопати сум попуштал поради тоа, само проблемот е што веќе не е прв пат да се случува ова. И знам дека откако ќе се врати, се повеќе сме подалеку еден од друг, нема љубов....се е рутина, се однесуваме како ништо да не се случило а знаеме дека живееме само поради една навика ништо друго. Во креветот сме само колку да се испразниме и ништо повеќе. Верувајте, неможам повеќе, таа се оддалечува од мене и се повеќе ги губам чувствата а мојот живот е од денес за утре без никаква иднина и без надеж дека нешто ќе се смени.