Ако ти е некаква утеха, разводот е секојдневие па немас простор за огромна паника и многу размислуванје. чим дошло до идими дојдими, јасна е работава, прашање е на време ... почни нов жвот, смеј се, уживај и обидисе да си најдеш некоја која ке ти разубави ден а не да ти го у*ере, па ако си се развел не треба да ти заврши живот ... живееме како никогаш да не ке умреме, НЕ, живеј секој ден и направи си го нај убав, секој од нас го заслужува тоа, а не да се давиме во проблеми и да оправам ситуации ... кај што има разбирање и љубов доволен е поглед (секој има денови кога сака да се кара и испразни) а кога нема, што сакаш направи работата може само да се пролонгира (потенцирам за некомпактибилни карактери, мрзи, неразбрани, инати ...) едно треба убаво да размислиш, што со децата, и никогаш да не ги запоставиш ради ниедна па и ради друго дете, до тогаш живеј живот таму немаш леб, само нервози, која и да е причината, кога нема разбирање работата пука, порано или подоцна
Мене ми личи стварно да депресија, а не на мрза. Познавам личност која го води истиот живот, но е свесна за депресијата што ја има и се бори сама со себе - но постојат некои денови кога вика: тешко ми е да станам од кревет за да се избањам (и се бори тоа да го направи). Мислам дека кој не бил во таква ситуација не разбира. Друга личност која ја познавам и исто ми е блиска, се затвори дома бидејќи падна во депресија од што не можеа да имаат деца. Тоа на нејзе не се гледаше вака кога ќе отидевме кај нив на гости - весела и се супер, ама под тоа искочи голема депресија и одбивност да најде работа плус карање дома за секакви ситници. После 17 години, вреди да се обиде човек сериозно и обострано да го спаси бракот. Треба да разговарате отворено и смирено, за сите проблеми и сите опции да ги ставите на маса, па за таа за која и двајцата ќе се согласите - спроведете ја на дело... Развод е најлесно... најтешко е да се труди човек и да се обиде со вакви емоции да спаси нешто од нешто од тоа што е останато. Нека ти ги каже нејзините размислувања, желби, потреби...и обратно. Понекогаш човек во секојдневието ги занемарува тие работи кај партнерот.
Мрза ли е, депресија ли е, што да е, не треба да се дозволи да трае долго. Се уништува семејство, се даваат лоши примери на деца, плус минусот во финансискиот дел...Секој си има лоши периоди, и нормално дека се очекува од партнерот да има разбирање и подршка, ама се знае дека се' си има граница...Па и депресијата не е неизлечива болест па да треба да се помириш со неа. Познавам такви личности кои цел живот го истуркаа со кукање, офкање, самосожалување...вечито се слаби, болни, нерасположени...Не е лесно да носиш таков на грб постојано, ако се рекло во добро и зло, ајде да легнеме сите и да умираме...Чаре? Штознам, веројатно или-или ако се има храброст за тоа...
драги феминки ево мене опет значи вака од последниот пат кога му звонеше на татко ми и кога направи скандал да моите нејкат да го смислат веке, некако се смири..цело време зборува “јас, ти, ние, да дојдете, да успеееме ради детето...“ не се понаша толку арогантно од друга страна неговите цело време шират муабети како јас не сум била здрава, сите пари сум ги давала на моите( само за да се оправдаат, како демек лаже дека ни давала пари нам, таа ги давала на нејзините) не им е срам едно блузиче си немам купено.......како демек „и јас сум била тепана,па што...што ќе и биде од ќотекто...и јас сум била тепана (мајка му која патем е дете на разведени родители што едвај чекале да се откачат од неа)...му ги даваат боцките а тој врие....татко му оди по социјални грижи демек сум била несовесна мајка, како они ќе се грижеле за детето, му давале се што треба.....а пред мм демек јас сум го напагала дрн дрн..... толку ниска и покварена игра-бог да чува...... тој од таму ке го набоцкаат па ке се испокараме едно убаво.... ама последно време ке се јави само и муабет околу документи како да не повлече и сл....демек давај им го детето по ресение од социјални грижи за да не ме замараат а од друга страна цело време ги брани.... сега вие како непристрасни- дали тој ме играе мене за само да ме повлече со него и потоа да се прави пак маж........или навистина сака да бидеме пак заедно но нема храброст да се соочи со неговите или нејке да признае се што направија неговите(сепак му се родители.? леле ве утепав со мојот проблем.......не знам што да одлучам......мада некако како да оладувам како сеедно да ми е што ќе биде...одам по инерција безволно
Драга Sherryl Го прочитав твојот проблем и се напишано околу него и искрено да ти кажам ти потајно сакаш да пробате и да ви успее... Немој да се ориентираш што ќе ти рече поблиската и подалечната фамилија, тетки вујни стрини, бидејќи нив им се чини дека ако еднаш пукнала работата дека неможе да се поправи, нормално роднини ти се и се секираат за тебе па затоа ти солат памет. А јас ќе ти речам да оставиш се настрана и да размислиш со ладна глава што поточно твоето срце сака и да го направиш она што го сакаш, и покрај можниот исход, ќе си чиста пред себе бидејќи тоа искрено ти си го сакала, а не си била под влијание на некого. И ако тој веќе го менал мислењето и сака да се тргнете настрана сигурно не мисли на ништо лошо туку сака да си го спаси бракот и да ви успее заради вашето дете. Ако неговите родители се такви тој бил под многу лошо влијание. Кога би живееле сами и би бил опкужен со твојата добрина и со добро расположение и хармонијата на топлиот дом сигурно ќе се промени, ќе нема никаква причина да биде арогантен. Се надевам дека ти помогнав и пиши ни на што се реши.
Значи Шерил вака јас би направила, а не да ти сугерирам како ти да постапиш. Ако некој крене рака на мене и тоа повеќе од еднаш нема шанси да останам со него. Волкот влакното го менува, а карактерот не. Никакви кавги воспитувања не се оправдување за некој да ме тепа, па и колку да сум ја предизвикала кавгата. Бадијала не рекле кај што е скинато не се крпи. Еве ако сте пак заедно колку и да се трудите при секоја кавга може да си префрлате за ова што сте го поминале, и за секоја ситница за која ви се разидуваат мислењата размисли дали ќе имаш сила да се спротивставиш од страв да не има пак ќотек. И да живеете во странство, некогаш ќе треба да се вратите на посета овде, е тогаш ни тој ќе сака кај тебе ни ти кај неговите да ги посетиш, при две фамилии, ќе немате никој по се она што се има случено и по овие муабети што се кажани од нивна страна. А за детето не се секирај, по ова семејно насилство нема шанси да му го дадат нему, треба не дај боже ненормална да бидеш да ти го земат (а гледам дека со муабетиве тоа сакаат да го постигнат, среќа со муабети не се постигнува тоа). Јас не би му се вратила. Можеби така размислувам бидејќи сум повозрасна, финансиски независна, но и ти колку што гледам имаш целосна поддршка од твоите. Затоа убаво размисли не избрзувај, држи го на растојание, речи му дека треба уште да размислиш, не си сигурна, нека појде тој странство, па пак може да ве повлече ако уште има желба, со мирното со арното фати го, не му оди контра не го откачувај веднаш, ама и одма не му се враќај, па ќе видиш што ќе сакаш и тој како ќе се однесува, дали ќе биде доследен на кажаното дека ќе се поправи. Ти посакувам се најубаво.
тој е во стрнанство веќе, и сака да не повлече...но се лути зошто не го давам детето на неговите- знам дека му се баба и дедо, и јас сакам да има нормални баба и дедо кој ке му бидат подршка.....но како да го дадам кога цело време глупости тропаат, се јавуваат му ја полнат главата, и како што излегуваат работите на виделина испаѓа дека сите збрки се случуваат заради нивната алчност за пари- зошно мене ми праќал пари (како демек сум ги давала на мојтеЧ) а тој е затворен тип, бега од кавги.....а со мене може да се кара...плус вели „што ќе се замарам со нив кога со нив нема разбиранје“ а од др страна ги брани... плус кога го поднесов барањето за развод не викнаа во социјално- и тој таму кажа дека сега дури се свестил како ми било, дека дозволил мн од страна да се мешаат и дека сум била прекрасна мајка..... а неговите кај стигнат зборуваат колку сум неспобна, болна и што ти уште не...... тој не е лош човек......но не знам како да му објаснам дека неговите не мислат добро... значи некој да гледа како се мачиш со 300 обврски-наместо да ти помогне ти носи алишта по бајачи, наместо тие да ни помагаат ни земаат за татко му да си ги шета швалерките...и не знам веќе го знае сето тоа но не го рпизнава пред мене........доколку ги отвфрли нивниоте заостанати сфаќања и нивните „добри совети“ мислам дека ќе биде малку подобро.... а инаку знам дека можеби премногу романтично гледам на работите поради годините....или постарите искуството ги напшравило да се поплашливи не знам.......
Јас ова дури сега го видов незнаев што чекаш за разводот.Да ме удри? Да ме навреди? Хаха поготово како што сум агресивна ќе зажали што се родил.Немој да трпиш насилство бегај додека ти е време!
Девојко се гледа дека сакаш уште една шанса да му дадеш на бракот, што е нормално. Тој е татко на твоето дете и никогаш нема да исчезне од твојот живот. Факт. Ако се разведеш апсолутно секогаш ќе се прашуваш дали е заради неговите родители или заради вас. Можеби грубо ќе звучам, но според мене треба да отидеш и да му ја дадеш таа шанса. Ако си вадите очи значи тоа било од вас и сте некомпактибилни за врска, брак, семејтво итн. Друго, ако се работи за средена држава тоа е во твоја корист. Скоро сегде каде што навистина функционира закон, жената е заштитена. И материјално и психички. Нашево село - Македонија, светлосни години е назад во однос на ова прашање. Тука утепај се од пријавување, еднаш ќе го соберат во станица и ти преостанува развод или трпење. А што правиме после тоа? Ако е вистински силеџија може да ти досаѓа, донегде и со право зашто имате дете. Затоа мислам дека е најдобро да излезеш од дупкава. Ќе видите двајцата како фунционираат парови, како живеат без родители и знаат да бидат хармнонични. Плус ако се школува твоето дете во странство има одлична шанса за добра иднина. Сами сте, оставени на себе, со безограничена приватност и немешање на други. Ако не фунционира тогаш знаеш дека е од вас. Сигурна си, наместо "не знам зошто се разведов, дали заради нас или неговите". Не е ова врска, па ајде раздели се и од утре нема јавувања. Дај последна шанса, види како ќе биде. Во секое време можеш да се вратиш и да се разведеш.
ajde pomoshmojata e malku podolga..ama akose mazev na 18.imav since na 19. se mazev od grad , v selo. koga se mazev ne se razbirav mnogu od domasni raboti-perenje gotvenje, i tn. (mnogu jasno oti koga se mazev bev dete) Pred da se zemame im kazav deka kje odam na fakje me finansiraat roditelite)E koga se porodiv bese prikazna sama za sebe svekrva mi imase kil 10 god, ama resi da odi na operacija koga jas mu donesov dete vo kukjata. ajde i toa ok. pojde, si dojde, jas krvta i ja cistev, jas ja perev i gotvev( ne znaev da gotvam mnogu pati go gresev, no se trudev).Mi bese mnogu tesko. Za kratok period oslabev, dodjov na rabot na anoreksija. site tie obvrski i deteto go doev,, bez nikakva pomos...pocnav da krvaram od nosot i mi dojde bioloshka(dodeka dois ne treba da imas) Moite roditeli bea izbrkani od kukjata. ne smeea da doagaat kaj mene da me posetuvaat, a jas smeev da se vidam so majka mi ednas na dve nedeli.padnav vo depresija...ne znaev kade sum...ne znaev da odlucam sama za sebe..site me zafrkavaja me ismevaja...oslabev, ogrdev, se podgrbaviv, imav samo 20 god. imase situacija-zborev so majka mi na mob, i mazot mi mi udri samar oti sum zboruvala so nea.Veruvale ili ne jas trpev. imase situacija mu go ugasnav na mm kom. i toj me legna dolu i me pretepa....celata bev modrici . mi go zede mobilniot da ne se javuvam nikade. mu se smiriv. mu rekov deka mnogu glavata me boli od udarot da me nosi v grad na doktor da ne imam poseriozni povredi.se izlaza nekako-me odnese pojdov na lekar gi zedov site mozni potvrdi za udarite, go zedov deteto i izbegav. pojdov kaj moite. go prijaviv policija. pocnav da odam na psihijatar.vaka taka po nekoe vreme pak se vrativ. kavgi raspravii. pak izbegav.moite ne znaeja sto da pravat mi velea da se razvedam...ne deka ne sum odlucna licnost, bev vo depresija, bev slaba...mi dadoja stan za nas v centar tie se preselija ni go prepisaja nas za da imame kaj da sedime . dogovorot bese da se vratam da se preselime zaedno...no toj sajka nema smeneto vo stanot. taka stoi prazen eve edna godina..fakultetot go zavrsuam uste 3 ispiti. sega sum posilna. ne pijam povekje antidepresivi, nauciv da gotvam, se hranam zdravo si dojdov na sebe, no pred nekoja nedela se skaravme i toj pak me udri. izbegav zaminav kaj majka mi. bevme sami so deteto, i tamu me udri. mi go zede deteto pa morav da se vratam. ovaj pat se branev. imam stan imam pari imam prekrasno dete imam fakultet i se uste ne znam sto da pravam. nie doma plakjame smetki a majka mu se odnesuva kako da mu e ljubovnica so nea imam konflikt za mazot mi kooja povekje ja sakal?? toj ne znaj kaj tera. mnogu raboti i e odlicen tatko. imame dobri momenti no ima premnogu kompleksi celo vreme cuti ne komunicira e mnogu zatvoren i samo se kara.( domasnoto vospituvanje mu e nasilno, imeno tatko mu sekogas ja tepal majka mu, i za negovite roditeli toa e vo red, toa e nacin kade zenata treba da cuti a mazot da komanda) kako da mu pomognam i dali voopsto zasluzuva pomos??spijam do nego i si vikam do kakov covek spijam..... dolgo za citanje..ama uste kolku ima hhhh) malku pomosh...???
Девојко ти ова доста си го трпела можеби он одличен татко и да сакас да му помогнеш кога ќе седнеш да зборуваш со него на таа тем дека треба да оди на психијатар или слично тој повторно ќе крене рака на тебе и повторно ке те малтретира според мене би требало да се разведеш од него и самат кажа дека имас опствен стан и пари зошто ти човек дома кој само ке те малтретира млада си и можеш да најдеш нкој кој ќе те цени и ке те прифати и тебе и детето и ќе можеш да живеш по нормален живот ова ти го казувам од искуство на тетка ми која го трпи истото само поради тоа што одкако умре баба ми она се пресели со маж и кај дедо ми и бидејќе е глупава дозволи куќата да ја препишат на негово име а не на нејзино затоа сега мора секој ден да го трпи како ја малтретира и неа и децата па дур понекогаш знае и дедо ми да го малтретира многупати мојте се обидоа до го спречат но нема решение истото се повторува повторно за месец дава но повторно и повторно затоа ти одлучи си дали ке ти биде подобро да живееш нормален и мирен живот или живот кој што е исполнет со кавги и малтретирање мисли и на дето тоа сето тоа го гледа и доживува трауми. НА ТЕБЕ ОСТАНУВА ДА ОДЛУЧИШ !
К-8Боже мој,што се не си трпела ,и уште имаш мислење дека во тој човек постои нешто добро?Што би релка баба ми,во секоја ќуќа имаш по еден филм за снимање,колку луѓе,толку непишани правила.Но ти не си РОБ,ти си ЖЕНА,и пред се ЧОВЕК и заслужуваш почит ,љубов и внимание . Си се мажила млада,ти било тешко,те разбирам,но не си требала да дозволиш насилство,сега барем сврти на овие сос за семесјно насилство ,ќе ти помогнат. Пред се,ако ја имаш поддршката од родителите биди си кај нив,иако ви дал стан мажот,штом мајка му е таква подлизурка,умислена и сака со тебе да се рамни за љубовта на синот-бегај што подалеку од таа фамилија.Фино лепо поднеси си барање за развод,детето ќе се гледа со татко му ако дозволи судот и бори се за старателство за и син ти да не биде тепан од него,или уште полошо од цел род на татко му. Ништо нема да им докажеш,само ќе тонеш подлабоко ако се расправаш со нив,пушти го маминото галениче да си фура свој живот со мамичка,ѓубре едно . Кога те читав само што не заплакав .Не дозволувај да те тепа,бегај оттаму и да не му си се вратила НИКОГАШ,па макар и на 5 минути.Оди пријави го насилството пред да биде доцна,земи го и детето и не попуштај,зошто единствени жртви ќе сте ти и синот . Ајде,похрабро,земи сила и гледај си го животот зошто сега не треба да мислиш само на себе,туку и на тоа кутро детенце кое не заслужува да пати. Спаси се додека е со време. Поздрав и известувај што ќе сториш
K-8 те прочитав и искрено ме вознемири твојата ситуација. Никогаш не делам совети вака напрај или онака ама твојата ситуација е многу . Многу млада си се омажила, и многу си претрпила. Не ти солам памет како да направиш затоа што не сум во твоја кожа и можам само да претпоставам како ти е што ни одблизу не е исто. За твојте 22 години многу имаш поминато но што е тука е. Јас да сум на твое место веднаш би го оставила. Зборувам што јас би направила а не да те убедувам како да направиш. Таа одлука само ти можеш да ја донесеш. Пред се гледам ја имаш подршката од твојте родители, тоа е голема предност затоа што секојдневно сретнуваме и такви кои што не ги подржуваат своите деца. Имаш покрив над глава, и пред се го имаш твоето ангелче. Нималку не е убаво да ве гледа во кавги а спомнуваш и дека те тепал. Морам да признаам дека си многу храбра кога си застанала пак на твои нозе, си ја надминала депресијата, си го завршила факултетот и покрај големите проблеми. Да сум на твое место би си го гледала синчето на раат без некој да ме малтретира психички и физички. Не се ограничувај кој што ќе рече. Затоа што само ти си знаеш како ти е на душичката, а и не си сама мисли на синчето зарем сакаш и тој да биде како татко му ?? И сама кажа дека пораснал во таква средина со насилство. Ако се плашиш дека ќе останеш сама и тоа ќе се среди, се во свое време затоа што постојат многу како твојот сопруг, но постојат и добри луѓе. Ќе ја пронајдеш и ти твојата половина, се во свое време али не брзај по секоја цена за да имаш некој до себе. Сега мисли само на себе и на своето сонце. Ние овде можеме само да предлагаме, да сугерираме но твоја е одлуката. Размисли си добро. Ти посакувам се најдобро
fala vi luge za iskrenoto mislenje, navistina mi treba. Ne znam so da recam. koga sme nadvor od kukjata, nekade izlezeni ne e loso se slozuvame ne se karame, no cim sme doma toa e nepodnosliva situacija. Zamislete mazot mi ne smej da mi zboruva vo dvorot pred tatko mu!!! Nikoj so nikogo ne zboruva, kako da ne se poznavame. Ako odime nekade kavga se praj, trebalo toj sam da seta i toa go pravelo maz, a jas doma da sum sedela i da go cekam. Nevroticno odnesuvanje sto doveduva do ludilo.ako treba da odime nekade skrisno kje ja potkreni glavata da odam da se spremam i zaminuvame na brzina. Imase situcaija- sega brzo bevme na svadba i toj zaboravil da izvadi pari od karticka( bevme kaj bliski prijateli) da ostavi na muzikata, i ne mi go kazuvase pinot da ne sum mu gi zela parite!!!(???)se cudev i se prasuvav do kade se odi covekovata ludost. I plus na istava svadba bevme sami so deteto, i igravme i dojdoja pokasno majka mu i tatko mu i koga gi vide covekot sedna i ne stana da zaigra uste ednas. imam momenti mu se sprotistavuva znaci nekako izlguva no sepak potorno se vrakja nazad. Eve jas da se stavam na negovo mesto. V selo e mnogu teska sredina za ziveenje, mislam seriozno teska. Toj ima zena od grad, jas ne se druzam mnogu so ostanatite tuka od pricina sto ne znam za sto bi zboruvala so niv, ne se oblekuvam kako niv, koga zboruvam samo se lutat mislat deka sum zboruvala literaturno da pokazam deka sum bila ucena i so ti sekakvi gluposti do nemajkade. Se obiduvam da mu ukazam deka se vo greska za nekoi rab no tie mislat deka sum mu nareduvala sto da pravat. no sepak mislam deka najgolemiot komleks e ovaj: JAs sum od grad ( znaci mozam da funkcioniram sama )imam prijateli sto mozat da mi pomognat, imam pari , imam obrazovanie, i toj si misli deka jas kje uspeam, i se plasi!!! toa e najgolemata maka se plasi da ne bidam neto povekje od nego i saka da go spreci toa makar i po cena na samiot sebe. So site sredstva se obide da me zapri, sekakvi precki kazni uceni mi dava. Misli deka ako me pusti jas da rastam toj deka kje odi nadolu. Jas se obiduvam da mu dokazam deka ne e taka. Deka mozi zaedno da uspeeme deka sekoj ubav moment treba da go hranis da ne drzi povzani a toj go unistuva, so cel jas da ne uzivam, jas ne smeam da uzivam, toa me pravi posilna. Toj ne razbira deka jas ne sum posilna tuku Nie sme poslini zaedno. Sakam da probame sami ne zanm kako da mu dadam sila toj nema podrzka od nikogo kako sto imam jas, jas vikam po nego roditelite negovi vikaat po nego covekon ne znam sto e crno a sto belo, ne znaj na koja strana da se svrti. i na kraj kraeva dovolno e vozrasen da znaj so treba da pravi pozz i tnx***
Колку и да се трудиш ,ќе биде џабе! Ти велам,ќе си ја уништиш младоста,животот,нервите.Ти ВРЕДИШ многу повеќе од колку што твојот сопруг ти пружа,значи не мислам на парите,туку на поддршката и љубовта ,а за жал,тој не те поддржува ниту сака да го стори тоа. Знаеш зошто?Нему мозокот му е испран,мамичка го водела цел живот и патријархалното размислување му го пренела и во вашиот брак(ти несмееш да знаеш колку пари има тој,каде се движи,тој е маж,сам мора да знае се)ако ме разбираш. Мажот ти е мамина маза,верувај ми од него не бидува ништо,дури и да сте се обиделе настрана,мамичка ќе дојде и пак ќе му наредува,а тој едвај ќе чека да падне во нејзините прегратки . Ти си градска,да,но размислил ли тој колку го сакаш штом се бориш не само со неговото семејство,туку и со цела околина во селото,да те навредуваат и да слушаш малограѓански муабети секој ден? А ,НАЈИНТЕРЕСНОТО Е ДЕКА ИМАТЕ ДОВОЛНО ФИНАНСИИ ДА СИ ОДИТЕ,НО ТОЈ,ДРАГА МОЈА,НЕМА ДА САКА Прифати дека имаш три опции:или остани со сопругот и вечно трпи терор и мачење за тебе и синот .заминете сами со сопругот,спасувајте го бракот,или бегај со детето од таа куќа ЗАСЕКОГАШ Ти си таа која одлучува за својот живот,од страна ние можеме реално само ситуацијата реално да ти ја прикажеме. Ајде поздрав и ако сакаш пиши што ќе превземеш
"А ,НАЈИНТЕРЕСНОТО Е ДЕКА ИМАТЕ ДОВОЛНО ФИНАНСИИ ДА СИ ОДИТЕ,НО ТОЈ,ДРАГА МОЈА,НЕМА ДА САКА " ete ova e toa sto najmnogu me maci, sekogas naoga izgovor deka e rano.....septremvri mi se ispitite neka pominat, zemam diploma i zaminuvam. kje mu ostavam prostor, ako saka neka trgni so mene ako ne kje mu posakam srkjen zivot ...bez nas tnx mnogu, za poddrzkata, ***
Молам ,нема на што.Затоа сме овде,да си помагаме.Фокусирај си се ти на иднината,гледај си го факултетот,мило ми е што си ја надминала депресијата и што продолжуваш напред ,тоа секој не го може,да знаеш дека ти се восхитувам . Се надевам од се срце да се средат работите со сопругот,и те поддржувам и се прашувам од каде ја наоѓаш таа сила да се соочиш со вакви проблеми,со сигурност знам дека многу ти е тешко.
Драга Шерил!Ајде малку мислење од искуство.Јас ја поминав твојат ситуација и пробај да ги средиш работите повторно.Нас главна потпорна точка ни беше синот.Прашуваше во една тема за брачно советувалиште и тоа помага да се средат односите во почетокот меѓу сопружниците.Не очекувај чуда во почетокот ,ОД ЕДЕН ДЕН НИШТО НЕ СЕ РАСИПАЛО НИТУ ПАК МОЖЕ ДА СЕ ПОРАВИ.Мене многу ми се мешаа од страна но самостојното живеење прави чуда,ако од двете страни има желба.Велиш ако не успеам ке ја изгубам подршката од моите?Зарем толку лесно е ,едно несогласување и некој се откажува от тебе?Значи и двајцата сте зависни од родителите.Секоја страна си има своја вина и удел во приказната брак,пр.едната ако била груба и насилна другата зошто трпела и дозволила се, и не спречила на време?
pa znaes, uste ima momenti koga kje zgresam nesto ili od nikakva pricina pomisluvam deka drugite se popametni i pobiti od mene,i me fakja anksioznost, vrtoglavica, i togas sum mnogu nervozna i najobicna rabota ja zaboravam se bunam, toa porano bese silno custvo koe mnogu tesko go kontrolirav, no sega samo se trgam na strana i se fokusiram na samata sebe i si vikam "ajde dosta treses gluposti" i taka se vrakjam na normala. Koga custvoto ne pominuva, ednostavno ja zemam knigata na taa tema sednuvam i citam kako da se kontroliram sebe si, ili legnuvam i zaspivam. bev mnogu zavlezena vo ovaa psihicka sostojba sekoj den sekoja minuta bev vo anksiozna sostojba , no poleka pocnav da izleguvam i sega posle 3 god. ove momenti se poretki i brzo minuvaat, i se nadevam deka kje uspejam celosno da gi eliminiram. no ova e vekje druga tema pozzz****
да ани23 прави чуда, но како што рече ако има желба од двете страни и ако потпора е детето....... треба двете страни да си ја прифатат вината и да пробаат да ги решат проблемите.....кај нас само се трупаат проблеми