1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    139
    К-8 Мислам кај тебе се развил синдромот кога жртвата се солидаризира со насилникот и секогаш вината ја наоѓа во себе.Јас не те обвинувам што на моменти го браниш него и вината ја префрлаш на родителите и мислиш дека ете еден ден кога ни ќе ги нема ќе иде подобро. За жал тешко ќе да е така, бидејќи ако тој еднаш те удрил ваќе нема назад а тој не само што те удрил колку што разбрав те претепал. И за тоа ли е виновна мајкаму? Тој без мозок ли е па мајкаму ја слуша?
    Велиш одиш на факултет, се прашувам зошто? Мислиш дека ќе те пушти да одиш на работа?
    Јас сваќам дека ти веќе си о сватила тоа како нормално и дека вината ја префрлаш врз себе па диш дотаму што велиш као наводно животот во село бил тежок па зата тој така се однесувал, па тој цел живот живеел таму ваљда тебе би требало да ти биде потешко да се прилагодиш на тие услови а не него. Но ме чудат твоите, да дозволат да те малтретира и да седат со скрстени раце! Е богами да удри некој мое дете жив тешко дека ќе оди. она што треба да го направиш е да си ги собереш парталите бидејки си матрејално ситуирана тоа нема да е проблем детето да остане со тебе, плус ако успееш да го докажеш неговото насилно однесување на суд, судот ќе те разведе додека трепнеш. А, потоа памет во глава и внимавај што правиш. Знаеш не е работата само да бидеш среќна ако денес не те тепа, каде е тука љубовта, се сеќаваш кога последен пат сте имале квалитетен сексуален однос? Или само кога ќе му се дигне нему да си го направи ќеифот и потоа пак ќотекот. Мислам извини неколку пати потенираш имам пари имам тан, имам факултет и покрај тоа пак му дозволуваш да се изживува со тебе, па си се запрашала ли дали е се во ред со тебе.
     
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    К-8 ТИЕ се болни луѓе можеш се да дозволиш но ова мила немој,тоа што велиш за мајкаму батали ги и обајцата тоа е болест само ако имаш можност не трпи боже се наежив ова што го прочитав дури ми се насолзија очите К-8 размисли дали сакаш нормален живот или со лудаци да бидеш тоа најдобро ти можеш да си го кажеш на себе.помош за тие луѓе нема,но има за тебе само убаво размисли бидејки сите имаме по еден живот. :hug:
     
  3. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Драги феминки..Драга Sherryl, драга К-8 и сите оние кои се со слична ситуација...
    Ве читам и навистина сум потресена од Вашите животни приказни.Вие сте образовани млади жени и не смеете ова да си го дозволите.Дали знаете животот колку е убав кога покрај Вас имате сопруг кој Ве сака, цени и почитува.Кога бракот е исполнет со топлина и хармонија и секој проблем се решава без караници.Дали знаете колку е убаво Вашите деца да се сведоци на еден прекрасен брак во кој владее хармонија.Тоа им го пренесувате.Преку Вашето секојдневно однесување Вие ги воспитувате.
    Дали знаете колку е убаво да имаш свекор и свекрвиакои нема да се мешаат во ништо, и ќе Ве сакаат затоа што вие сте сопруга иден градител на семејството на нивното дете.
    Дали знаете Вашите родители колку ќе бидат среќни и спокојни за Вас.
    Дали знаете дека вие ова го заслужувате?? Дали мислите дека ова е премногу да го имате во животот?
    Тргнете си по својот пат и направете си го животот убав и нормален.Таквите насилници не заслужуваат ни змија дома да им имаат, а камоли жена и дете. Немојте да дозволите Вашите дечиња да бидат жртви на насилство, секојдневно тепани и малтретирани од Вашиот сопруг, а вие безгласна буква која доолку се спротистави ќе си го добие своето (ме потресе приказната на една млада феминка чиј татко ја тепал и ја оставал гола надвор пред врата).Нека Ви дадат поука исповедите на тие деца, ана форумов ги има.
    Избегајте и никогаш не се вртете назад.Ценете се себе си.Заслужувате многу подобро.Заслужувате мирен и спокоен живот исполнет со среќа и радост.Безрезервно барајте го тоа од животот. Ви посакувам многу среќа и храброст.Првиот чекор е тежок.
     
    На Beautiful-Princess, Palchica, stetoskop и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Мажот што ја покажува силата врз сопственото семејство наместо да си го почитува,чува и заштитува, не заслужува да има семејство покрај себе. Не заслужува ниту разбирање, ниту поддршка, а најмалку љубов од жена и дете. Таков подобро нека си се трпи самиот себе, не треба да го трпи никој друг.
    Нема никакво оправдување и толеранција за такви мажи и не верувам дека можат да се сменат, затоа што подалеку, тоа подобро.
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.901
    Допаѓања:
    2.129
    Луѓе ве моалам за помош,пак јас...Решив да ставам крај на овој брак неможам веке на овој начин со лажги со превари.Му кажав дека сакам да се разведеме, јас му реков сите работи что сум ги добила од моите роднини да си ги земам,а замислете он ми рече само дел од нив.Јас му реков ке правам проблеми,он се запали ми рече нема да те оставам на раат, само ако имаш некој друг почна ми се заканува.Што да правам. :(
     
  6. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Monibejbi, штом си се одлучила на тој чекор, немој да му се плашиш и да покажуваш слабост. Нормално е да биде бесен и да не знае од немоќ што друго да прави, освен да се заканува. Не му давај до знаење дека си беспомошна за да може да те контролира и понатаму со страв. Слободно пријави го во полиција за закана и консултирај се со адвокати за да си добиеш дел од тоа што мислиш дека ти следува со разводот, не влегувај со него во понатамошни расправии, очигледно е дека нема намера цивилизирано да преговара, туку да те нервира и да те плаши.Штом немате мирен договор, тогаш судот ќе се погрижи за разводот, без да се потресуваш со него да излезеш на крај. Ако види дека си сигурна,одлучна и не му се плашиш,поверојатно е дека ќе се преиспита самиот како се однесува и нема да се сили онаму каде што не му се плашат.Не влегувај сама во празни расправии ако гледаш дека со тој човек нема разбирање.
    Не се замарај со работите од роднините што си ги добила, гледај што побрзо да се откачиш од човек што ти ја одзема енергијата и среќата, за да можеш побрзо да го свртиш листот и да продолжиш понатаму.
     
    На monibejbi, SweetDream и my.name.is-love им се допаѓа ова.
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    забавата само што почна и нормално он ке се заканува затоа што друго реално и неможе да направи не му ставај на знаење дека се плашиш прво и основно правило значи ако си сигурна дека сакаш развод цврсто без страв и предомислувања тргни напред и не се врти на назад ова требаше да го направиш и уште пред свадбата кога сите ти викавме да се откачиш од него и да не се мажиш а сега твоите те подржуваат во разводот?????татко ти не се онесвестува повеке не му се слошува не се коси што ке кажат комшиите ?????
    значи прво преиспитај се самата ти што сакаш и ако развод е твојата конечна одлука тогас дигни глава и само наред без да се замараш кој што рекол и што направил знаеш како викаат секое чудо за 3 дена
     
    На monibejbi и my.name.is-love им се допаѓа ова.
  8. my.name.is-love

    my.name.is-love Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    20
    И јас бев во слична ситуација, стопати си одев, стопати се враќав, јас секој пат се повеке и повеке тонев, а тој секој пат се повеке и повеке ми се закануваше...
    Едено утро, едноставно отворив очи и сватив дека морам конечно да ставам крај на тој брак, собрав храброст, спакував тоа што можев, си ги земав децата и заминав.

    Од тој момент па навака, јас се чувствувам како друга личност. Сеуште трпам последици, анксиозна сум, понекогаш многу се плашам од него, се плашам за децата, има моменти кога незнам што понатаму... ама ако останев многу полошо ке беше...

    Тој на почетокот ми го збореше истото што и тебе ти го кажува твојот сопруг, дека нема да ме остави на раат, дека ке ме уништи и сл. верувај дека повекето мажи така прават само поради тоа што се немоќни...

    НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА ТЕ ЗАПЛАШИ! Никој нема право да те држи против твоја воља, ако не си среќна во тој брак, замини колку што можеш побрзо. Ако имаш подршка од семејството или пријателите, уште поубаво, а за работите што ти припагаат тебе не се замарај, ништо од тоа не е доволно вредно за да се уништуваш покрај таков човек, на крај краева можеш и преку суд да си ги бараш.

    Ти посакувам се најубаво и немој да подпаѓаш под влијание на неговите обиди да те заплаши!
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Значи вака и така и така на суд се што е заедничко ке поделете ке можеш и алиментација да му тераш(ако имате деца) а ти почни дел по дел да носиш кај мајка ти и еден ден замии си...али не се плаши ништо не ти може
    Законски се што е заедничко ке треба да поделите..а и ако не си работела а имаш факултет завршено можеш и оштета да бараш така да не се секирај само осбере храброст да си одиш....
    А пред да отидете на суд освен лични работи ништо не смеееш да земеш законски.....
    али како што ти кажав тој додека е на работа некој ден ти ислели се и готаво кога ке дојде касно ке биде вејке.....
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Штом си решила да ставиш крај на овај брак,време е да ги превземеш работите во свои раце ако веќе се исцрпени сите опции и нема надеж за понатаму, разводот ти е единственото разумно решение.Не си ни прва ниту последна еве и јас се разведов пред неколку месеци..не е ништо страшно ќе преживееш,подобро сега додека немате деца,кога не оди не оди ,не вреди главата да си ја лупаш во зид,да си ги кинеш нервите и да го губиш здравјето,животот продолжува понатаму, само храбро и со крената глава,такви суштества не вредат да бидат дел од твојот живот.Не треба да дозволиш да те третира каков негов заложник и да потклекнуваш на неговите уцени и притисоци,ништо не ти може тој е обичен слабак кој не знае да ги решава проблемите на правилен начин...разговарај со твоите се надевам ќе те поддржат во твојата одлука,па не си ти најдена на улица за да манипулира со тебе тој како што сака...во никој случај не покажувај страв,биди цврста и решителна...
    Во врска со материјалните работи ,се што сте стекнале во време на бракот од моментот кога сте почнале да живеете заедно,значи уште пред официјално да стапите во брак на сето тоа тебе ти следува една идеална половина..законски е така.
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.901
    Допаѓања:
    2.129
    MICIKA, EVA,SWEAT DREAM.OCILA,MY NAME IS LOVE:Ви благодарам на наискрените совети што ми ги дадовте стварно ми значат, да даде господ и вие даси го најдете човекот што ке ве сака и ке ве цени.Инаку да ве информирав денеска се консултирав со адвокат и решив да се распрашам за развод, бесмислено е веке да останувам во тој брак, брак што ме направи повеке несрекна отколку срекна, а за имотот тоа отом потом ке оди све законски по пола ке биде.Ви благодарам многу.
     
    На my.name.is-love му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    му кажа на мажот ти дека сакаш да се разведеш и дека то ти е конечна одлука???????
     
  13. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    нема на што затоа и сме на форумот....ама верувај еден ден и ти ке најдеш вистинскиот.....
     
  14. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.901
    Допаѓања:
    2.129
    Да му кажав дека сакам да се разведеме, да тоа ми е конечна одлука,али вистинска. ;)
     
  15. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.901
    Допаѓања:
    2.129
    Да му кажав дека сакам да се разведеме, и дека тоа ми е конечна одлука, али вистинска.
     
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.901
    Допаѓања:
    2.129
    Ти благодарам, се надевам дека ке си го најдам правиот човек за мене. ;)
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  17. malenka1981

    malenka1981 Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Не знам дали мојот случај е за под темава, ама со самото тоа што сум несреќна и немоќна во ситуацијава во бракот, се надевам дека ќе ми помогнете со некој совет. Неодамна се омажив, а мојот маж кој знаел понекогаш безвезе да се понаша пред луѓе во последно време многу лошо некако се однесува. Не ми се допадна изборот за стан кој му се допадна на него за да го купиме и почна да ме навредува. Со денови тоа навредување трае. Избегнувам да се карам со него, само го прашав еднаш дали смета дека сум заслужила така да се однесува и дали не смета дека претерува. Одговорот беше дека така заслужувам и нема да се смени, да не очекувам другачите однесување од него кон мене (онака со гнев и омраза ми кажа). Јас сум била глупача, лудача, ненормална, будала, сељак, сум се замислувала којзнае што а дали сум се погледнала и сл. Не му одговарам на навредите бидејќи кога се обидов да одговорам уште повеќе почна да се дере и сфатив дека уствари тоа едвај чека, да му одговорам нешто за да земе здив и продолжи со карањето. Не велам дека не сум била јас некогаш провокатор да се скараме и сл.или дека сум идеална, но не смее така да ме третира. Утре ќе имаме деца, пред децата ли да ме наредува идиот и кретен? Му оставив простор неколку дена да се смири, но не се смирува. Му реков дека не разговарам додека не ми се извини за навредите, ама добив одговор „толку жив ќе бидам“. Не сакам да се свиткам бидејќи ако сега покажам слабост цел живот понатака ќе ме гази и ќе се понаша како што сака со мене. Не знам што да правам..само знам дека не седувам со него да разговарам додека не ми се извини. А и тогаш не знам дали е правилно да останам со него. Како пијаниците, ќе истепа па после ќе плаче да му простат се до следиот пат кога пак ќе истепа па пак ќе плаче.. Не знам, искрено, не знам!
     
  18. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Јас твојот случај би го сместила во оваа тема, бидејќи под семејно насилство не се подразбира само физичкото насилство, туку и психичкото. Не знам колку добро го познаваш, но штом сте стапиле во брак претпоставувам дека ова негово однесување не било од секогаш вакво. Ти имаш право на свое мислење, заедно треба да живеете во тој стан, треба да најдете компромис. И самата си свесна дека не е добро тоа што го прави, а дали смее, тоа зависи од тебе, колку ќе му дозволиш.
    Пишував на оваа тема пред неколку часа, можеш да го побараш моето мислење и можеби ќе дојдеш до некаков заклучок. Пробај да разговараш со него, можеби има некој проблем, некоја причина за промената во неговото однесување, што во ниеден случај не го оправдувам. Ти си знаеш најдобро каква ти е ситуацијата, согледај го проблемот од сите страни, размисли и пробај да го решиш на мирен начин. И запомни, никој не заслужува да биде злоупотребуван. :!:
    Ова е моето мислење за твојот проблем, се надевам дека ти помогнав некако. :)
     
    На malenka1981 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    и јас го имав истиот проблем само со по некој шамар...... и сега молиме и слично..ама грешките не ги принзваме...значи подобро без семејство ама онаа балканска машкост не се напушта....

    и што е најтрагично вакви примери има безброј ит оа само во мојATA околина, а жените трпат демек сите мажи биле такви.... и навистина ретки се оние кои со почит се однесуваат спрема жените... само не ми е јасно- да не не сме достојни за почит?
    работиме рамноправно (значи горе- долу финансиски придонесуваме како и мажите)
    чуваме деца
    чистиме переме готвиме
    а притоа треба да изгледаме привлечно, и се разбира навечер да сме спремни за акција.........
    а што добиваме за возврат- навреди и малтретирања!?!
    дали е до нас или до мажите не знам........дали е до начинот на воспитување или до беспарицата............ама сите овие симтоми се среќаваат во повеќето бракови, со мали вариации |( :worried:
     
  20. malenka1981

    malenka1981 Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Не е до нас, до начинот на воспитување е и како гледале дома така и се однесуваат. Свекор ми се однесува кон своите дома со „глуп/глупа“, „мрш таму“ и слично па може и затоа маж ми сега си дозволува и со мене да се однесува така. Само што јас не сакам утре моите деца така да гледаат и да прават. Сега имам фора да го оставам ова позади мене како една „лоша врска“ без да пати некое дете. Само не знам кога е доста? Не можам да се разведам само затоа што ми вика идиот, кретен, кокошка и сл.(од страна гледано може смешно звучи) а не ни сакам да бидам во брак во кој некој така ме третира. Кога доста е доста?

    П.С. Не ми се оди дома :(