Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Кога доста е доста?
    Доста е од моментот кога ќе се почувствуваш злоупотребена, од првиот шамар, од првото малтретирање, било физички или психички. Тогаш е доста - барем за мене.
    Доколку не реагираш и превземеш соодветни мерки на време, ситуацијата со текот на времето само ќе се влошува. Треба да чекаме да дојде до нешто поголемо, да падне крв? Да дојде денот кога сопствените родители нема да можат да не препознаат од преголема доза на ќотек? Па потоа цел живот да имаме трауми и да живееме со стрес?
    Јас не би чекала и не би ја занемарила и најмалата промена во однесувањето, било тоа кај партнерот, родителот, или било кој, а за останатите не знам. Луѓе сме, проблемите се решаваат на маса со разговор. Насилството не го оправдувам во никој случај. Тоа е мојот совет а понатака секој со своето размислување.
    Знам, тешко е да си признаете дека е така, но колку побрзо се дејствува - толку подобро.
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Искрено тоа ,,вреѓање,, е чисто домашно воспитување и непочитување. Еве јас на пр. или тој колку и да сме скарани и нервозни никогаш не сме се навредиле или опцуле.
    А она другото е водење инат на маж ти што не сака да попушти или размисли малку. Ќе си имаш секогаш проблеми при секоја караница во стил ,,таа е женско таа треба прва да попушти,,. Изиграва мачо тип а не е способен и газот да си го избрише сам :$

    Убаво е да се караат понекогаш партнерите, здраво е ама не со претерување и водење инат. На крај на ден се решава проблемот. Ако нејќе милом тогаш силом :$ (СДК исексај го физички и психички :wasntme: )
     
    На malenka1981 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    точно е тоа дека што гледал дома и тој тоа го прави.... но има милион што гледале и научиле што не треба да прават...
    знам пример каде детето(сега веќе маж) гледал како неговиот татко алкохоличар ги малтретира сите по дома...но гледал да учи како треба туку како не треба......и еве денес е прекрасен маж и татко полн со разбирање...

    од друга страна некои ги собираат како сунѓер сите тие негативности.... и мојот за малку екс-сопруг гледал како татко му не се прибира со денови дома, како дома си донесува швалерки, како ја тепа мајка му и усте мал милион такви глупости, а нив ги залажувал со пари и гардероба....и сега кога секнуваат парите секнува и хармонијата кај нив....

    и тој сега мисли дека може секако да се однесува кон мене ( само затоа што татко му така се однесувал кон мајка му, а таа таква каква што е немала каде)...си прави работи на своја рака, жена не била за слушање, маж бил тој требало да шета, а жена се знаело за каде е и за што е :rofl:

    и имам прекрасно детенце ама не сакам и тоа еден ден да стане таков варварин и неандраталец...се спакував и си отидов...мада до скоро се мислев дали е тоа вистинскиот чекор-најмногу заради детето...... но сега веќе не се мислам- зар да чекам да почне и тој да ми ги донесува швалерките дома, да чекам да станам огорчена од животот како мајка му па да си лечам комплекси на невини луѓе, да чекам моето дете да ги поприма сите тие негативности!? нема шанси

    но верувам во тоа дека секој човек може да се смени..ако САМИОТ сака.....џабе е колку сакаш ти зборувај како треба...доколку самиот не се освести дека прави грешки и не се однесува добро - џабе ти е.... кај мојов кога му зборував дека така не може тој велеше сакаш да ме одделиш од другари од семејството, сакаш да ме направиш папучар, па кој сум јкас да ти помагам..се знае што е машка што женска работа......а кутрио си идеше од работа, сите 4 во вис, и чекаше некој да му се јави ( ако не се јави никој тој тражеше) и да го нема од дома до сабајле.......а во предвид не доаѓаше шетање со жена дете :!: подалеку од такви неандраталци....додека не сфати дека тоа што го прави е грешка....
     
    На Palchica и Optimistic им се допаѓа ова.
  4. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
  5. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    шерил како е кај тебе ???? што се случува??????????
     
  6. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.779
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    не знам во која тема да прашам,ако знаете да ми кажете,каква заштита нуди полицијата од насилно лице?што не го апсат не го апсат и покрај сите пријави и обид да убие,како да се заштити човек?
     
  7. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    eva моментално е статус кво........сеуште размислувам.....почна да си ги принзва грешките и да бара решение на проблемите,а не дополнителни проблеми..... некако е смирен, не се замара многу со кој што ќе кажел и слично....
    не знам.....моментално разговараме и ќе видиме што и како.....ќе ви пишам што и да е


    ako е човек од смејството, доколку го пријавиш за семејкно насилство, пријавата оди во Обвинителство и од таму донесуваат мерки за заштита- да не смее да се доближи на жртвата и сл
     
  8. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.779
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    ах пријавен е 4 пати еднаш за пукање,два пати за напад дома со пиштол,и за уште што не,ама не го затвараат каква е оваа држава?
     
  9. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    .. :devil: .......семејното насилство има три облици...
    . :devil: ..психичко...
    .. :devil: .економско...
    .. :devil: ..физичко....
    .. 8) ..какво и да е тоа е насилен чин преку кој еден од партнерите на сила сака да ја наметни својата воља над семејството и да ги држи во потчинета состојба....многу жени и деца се жртви на сите видови насилство,а некои на одредени,но најболно сепак е физичкото,пропратено со шамари,тупаници,напади со некој предмет и сл...
    ....никој на овој свет нема право насила да ја наметнува својата волја,а доколку тоа е така никој пак нема право да го трпи тоа...најчесто жената трпи затоа што или е економски зависна од мажот,или ради децата,или заради неукост,како мала можеби и била растена во слична средина и за неа е тоа единствен начин на живеење...колку што треба информираност и јакнење на свеста на жртвите за да не трпат никаков вид на насилство потребно е тим на експерти да работат и со насилниците,и да им се даде потребен третман...како и да е,насилството е проблем на општеството и потребно е многу повеќе акции за негово намалување во интензитет.... :x .
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kumanovcanka

    kumanovcanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    39
    Semejno nasilstvo kaj nas vo makedonija postoi i uste ke postoi, zatoa sto instituciite ne si ja vrsat svojata rabota. Imam slucaj vo semejstvoto kade so godini se vrsi semejno nasilstvo, pri povik na policijata tie velat dogovorete se, vie ste vo brak, po prijavuvanje vo centar za semejno nasilstvo, kazaa deka za 3 dena ke stigne do obvinitelstvoto da se vovede merka zabrana za priblizuvanje, no i od toa nisto pominaa 15 dena, e sega sovet e da se fati dobar advokat za da ja potera rabotata a ne se prasuva liceto dali e vo moznost da go plaka advokatot. Taka da uste mnogu godini ke trpat nasite zeni maltretiranja ponizuvanja bidejki nema koj da gi zastiti i da go kazni nasilnikot!

    Полицијата не нуди ама баш никаква заштита, првин кога ке ѓи повикаш доаѓаат после еден час отако си ги викнал оти имале многу работа и не можеле да стигнат, а до тогаш некој може и да убие некого, прават некојј записник и си одат, зборувам од искуство бидејќи моја блиска особа има таков проблем.
     
  11. kumanovcanka

    kumanovcanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    39
    Здраво на сите гледам дека ништо никој не пишува на темава изгледа сите се спремате за Нова Година и дај боже да сте сите среќни и весели и да не ви се случува ништо лошо. Поздрав до сите намачени и напатени души
     
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Ве покануваме да ни се придружите да ја реализираме глобалната мисија на V-Day: една милијарда жени, и сите оние кои ги сакаат, да ги напуштат своите секојдневни обврски и да танцуваат против насилството врз жената на 14.02.2013 на плоштад Македонија во Скопје во 14.00 часот.

    Да му ја покажеме на целиот свет нашата солидарност, нашата заедничка моќ, нашата сила да кажеме „НЕ“ на насилството врз жената.

    Како би изгледало тоа? Како револуција!

    Ова е ново време и бара нов, заеднички начин да се прекине културата на силување и угнетување на жената. Да танцуваме додека земјата не загрми и додека не ги активира сите жени и мажи во светот.

    https://www.facebook.com/events/125061717661029/
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    ВиДеј Македонија и ЕХО ве покануваат на работилницата One Billion Rising којашто ќе се одржи во Штип во просториите на ЕХО на 02.02.2013 во 14.00 часот. Придружете ни се заедно да се избориме против насилството врз жената.
    доколку сте заинтересирани да присуствувате на работилницата, пишите на vdaymacedonia@gmail.com за да си го обезбедите Вашето место.
    https://www.facebook.com/events/2286702 ... ext=create
     
  14. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Човекот кој еднаш идрил ќе го прави тоа и понатаму!!! :(
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Точно е за жал.Ама ако има и него кој да го удри, некој посилен од него ке се запраша дали повторно треба да удри. :@ .За оваа тема можам да пишувам многу. За почеток само ке кажам на насилсвото кажи НЕ, не се срами да пријавиш без разлика за кого се работи .Дали се работи за сопруг , татко ,брат ...ПРИЈАВИ. Ке се почуствува речиси исто понижен и исплашен како и ти кога ке му дојде полиција.Болката онаа душевната само времето може да ја ублажи.Останува лузнА. Ама тоа што нема да те убие ке те направи посилена. Божијата правда ги стигнува сите.Оди со крената глава не си ти виновена што некој има болен ум.
     
    На 17mart му/ѝ се допаѓа ова.
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
  17. babyblue2012

    babyblue2012 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите,барајќи решение за мојот проблем наидов на многу мислења во врска со семејното насилство.Пред да се обратам во службите кои што би требало да се занимаат со вакви работи решив прво да ви се обратам вам.Имено проблемот е што година време сме во брак и сум секојдневно под некаков притисок од мојот сопруг, ми поставува разни забрани за со пријатели,нон стоп има против моите нешто а тие ни го отстапија станот нивни за да не живееме во една соба и на исто место со неговите и со баба му.Додека бевме таму прво му бесе проблем тоа сто јас бев вработена а он не.После и он се вработи и поцнаа да му сметаат неговите дома (мајка му има премногу страв од него и од неговите афектни испади).И ми вршеше притисок за тоа како моите дома си уживаат наместо да ни го дадат станот нам.И ајде некако ги убедив моите да ни го отстапат.Во мегу време караници големи,и ни дојде и бебето на свет (сонцето мамино :* ).Поради компликации не не пуштиа брзо од болница и кога се вративме бев пречекана со коментар од типот како 'како не цркна таму' што страсно ме погоди.Ама по убедувања од мајка му останав.Потоа следеа караници и за сите мои пријатели од спротивниот пол.Периодот кога требасе да се чисти за да се селиме моите колеги беа на патување и јас се израдував за тоа,и од него добив коментар дека не смеам ни да помислам да одам на несто такво здравје кога ке поцнам на работа ако се организира нешто.И така цело време под притисок и со плачење продолжувам да трпам,ми велеа ајде заради детето ќе помине.И сега кога се вселивме веке нема за што да ми врши притисок,и ме дави за моите пријатели,што сум имала со нив како сум имала,и дека од работа морам одма дома,кога одам да си го земам зошто ме немало толку време,а само 5 мин разлика е.И сега крајно беше тоа што се исчукавме ко мали деца заради неговите коментари и моето премолчување и одбивање на глупост на неговите коментари.
    И преку глава ми е веке да биде он центар на светот кога имаме толку слатко сонце кое што сакам да расте во мирна и убава средина.А двајцата сме со факултетско образование.И да заборавив да напоменам цело време се заканува дека ОН ке ми го земе детето,имал добри адвокати. :(
    Ве молам феминки за прелози што понатака,зошто ова нема да го трпам повеќе.
     
  18. nasmevnise

    nasmevnise Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Епа вака ,не сакам да те обесхрабрам ама никогаш нема да се промени.Си има тој некои манијакални идеи и толку.И 5 деца да родиш пак ништо нема да се промени само ке те врзат повеќе за него.Атоа му е целта.Не е тоа од љубов ако го мислиш тоа.Има желba да те поседува и да управува со тебе.Грешка катастрофална тие според мене што сте дошле да живеете кај твоите.Никогаш нема да биде благодарен за ништо што ке направиш.А ке правиш и ти гледам уште многу жртви понатака.Ке ти глуми лудило периодично кога ке види дека ти е се преку глава ама тоа ке биде накратко .Што да ти кажам немој повеќе ништо да жртвуваш и да правиш отстапки .МОРАШ да застанеш пред него и да му кажеш е повеке не можам да попуштам.ЈАс така сакам да живеам и толку.Немој да мислиш дека тој толку многу те сака,имам и јас таков дома, изопачен ум.Секоја шанса ке ја искористи да те превари ,затоа е толку сомничав хахах знае тој како одат работите.Никогаш нема да бидеш среќна,ке т егуши и ке ужива во твоето патење, и во твоите солзи.Ако имаш храброст реши го проблемот на време.А за детето мислам дека до 10 години децта им следуваат на мајките.
     
    На babyblue2012 и tessie им се допаѓа ова.
  19. babyblue2012

    babyblue2012 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Фала nasmevnise.За тоа манијакално однесување во право си и за тоа глумење лудило одверме навреме мачкање очи јас те сакам и не знам што.А за храброст уште одма би го решила мегутоа сум под влијание на неговите и моите дека жената треба секогаш да попушти без разлика на тоа дали сум среќна и дали плачам скоро секој ден,и кога ќе спомнам дека сакам развод одма коментари од типот немој 'распуштеница ќе мислат дека си', 'ке ви се смеат луѓето'.А за мене мојата срека е малото моето време поминало,тоа само сакам да си порасне среќно а не да се тресе кога не гледа дека се караме а колку ги избегнувам караниците пред него ама бадијала е.Еднострано е тоа само.Колку пати имам речено дека нема да попуштам веќе па доага мајка му да ме моли она знаела како е дете да расте без татко.И кога ќе ја прашам што ќе му на дете ваков татко тогаш само ке ми рече 'ај ај таков е он' :@
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Мораш да се ослободиш од стегите за мислењата на тие околу тебе. Плус минус, сите сме така растени, така се растени и нашите родители, ама тоа не е причина да продолжиш и ти. Исти муабети сум слушала и јас од мајка ми, за бивши мои дечковци, ама одев против неа и сите душегрижници и правев тоа што знаев дека МЕНЕ ќе ме направи среќна, не неа, не нив, не дечковците.

    Кај тебе е позамрсено, ти веќе имаш детенце кое знае за мајка и татко, ама и тоа не е никакво „ограничување“ на твојата среќа. Ти твоето ниту си го прошла, ниту си го изживеала, ДОПРВА ти следуваат убавините на овој живот. Не се откажувај од СЕБЕ, не се откажувај од малото, тоа секако ќе ти припадне на тебе (мајка си, вработена, станбено ситуирана) а ти ќе најдеш некој кој ќе се однесува со тебе како што доликува кон една жена.

    Еден е овој живот, немој да си го потрошиш живејќи според очекувањата на други!

    Со среќа :f:
     
    На babyblue2012 му/ѝ се допаѓа ова.