babyblue2012 размислувај постојано,немој да дозволиш времето да те превземе,како мене ,сега си уште на почетокот ,тој нема никогаш да се промени....а неговата мајка искрено исто како и мојата свекрва добро знае кој е и што е,и се разбира се плаши дека кога ке го ставиш ке биде нејзина грижа.Себични се мајките понекогаш таква е и свекрва ми,знае дека сега тој е моја одговорност,кога би ме немало мене сите расправии ке се срушат на нејзина глава и сите одговорности кон него.Инаку ако останете заедно биди спремна на еден долг период на депресии,тешки моменти,но ке се промениш и за неколку години ке станеш многу јака личност но без чуства ,без доверба во целиот машки свет.Се ке гледаш и ке ти биде сеедно,ке те обземе празнината.А детето ке порасне и еден ден ке ти рече јас не барав од тебе да бидеш со него,си била глупава и си останала.Поздрав драга моја ,многу ми е жал за тебе и тоа што е исправено пред тебе и те очекува,биди јака во секој момент што и да одлучиш и не се плаши во ниеден момент.Доколку дојде до посериозни расправии слободно појди во службата за семејно насилство,значи секое твое ограничување на слободата е насилство,не го заборавај тоа.После тој чекор тој ке размисли пред да избувне и да те нападне .Затоа ти викам мисли и биди попаметна од него.
Ти Блгодарам за подршката,жалосно е што има вакви случаи како нашите,фала за советите и за твоето искуство што ми го споделуваш да знам што понатака,да бидам спремна и да издржам.А за тоа дека немам доверба во целиот машки свет уште кога ја родив малата го мислам.А и коментарот што ќе го добијам од керка ми кога ке порасне тој ке биде 100%.
Имам 15 години и мојте се разделени, татко ми дома ме тера се да правам и никогаш не ме пуста да излегувам постојаноо ме навредува и само ми ги спомнува задачите дали сум ги извршила оваа година никаде не отидов на одмор ниту во градски базен не ме пушта . Никако немозам да разговарам со него и ако му кажам нешто тоа го потценува .. што би направиле вие да сте во ваква ситуација...... Јас понекогаш се чуствувам толку без надежно или пак ме тера да направам нешто лошо но никогаш не би направила бидејќи би останала сосем сама во животот.. понекогаш ми доаѓа да се затворам во соба и да тагувам за моментот што сум се родила, Знам сеуште имам надеж ама оваа состојба ме убива . Помогнете И + тоа ми се заканува по живот ме навредува и ме тепа
Каде е мајка ти во целата приказна, зошто судот не те доделил на нејзе, кои се причините за тоа? Ако родителот е насилен можеш да го пријавиш, ќе имаш и докази дека те тепа.
семејно насилство Мајками си отиде поради тоа јас останав со надеш дека се кје се среди и стана уште полошо .. мајками викаше дека татко ми пие а јас и викав дека не е до него проблемот туку до неа и секогаш и давав подршка да се смират но тие Не се смиреја и тато ја испуди сега она е кај нејзините и од тогаш пошинаа 8 месеци .. моментот кога најмногу ми требаа родители тие се отказаа од се мислев да го пријавам татко ми ама со со се вика народо зборе па ја ќе испаднам крива .. кје почекам оште некој период можеби ќе се смире ситуацијата .. ама ништо фајде освен караници и причината дека немал пари :'(
семејно насилство Девојче ти имаш само 15 години,уште сега ли да поминуваш низ вакви стресни ситуации? Оди си кај мајка ти,а за народо не грижи се..секако ќе зборува. Тоа е одлика на проста раја,а ти гледај си за себе.
семејно насилство Не сакам да те разочарувам уште повеќе, но факт е дека тој човек нема да се промени. Колку и да чекаш да се смири ситуацијата и да се надеваш дека ќе тргне кон подобро - нема. Затоа во право е феминката над мене, најдобро ќе биде да си заминеш, да ја побараш твојата мајка, таа сигурно ќе те разбере како се чувствуваш и ќе ти помогне можеби заедно да пребродите се. Секогаш утехата е потребна, две глави размислуваат повеќе од една. Заедно сте посилни. Ако мислиш дека си згрешила со тоа што си и’ зборувала дека до неа е проблемот, извини и’ се, побарај прошка. Таа ќе ти прости, зошто таа е МАЈКА.
Стрелец а комуницираш воопшто со мајка ти? Знае она за оваа ситуација? Ако не, јави и се, објасни и што се случува и ако е мајка ќе те прибере кај неа. Немој воопшто да се грижиш што ќе кажат другите, ти си најважна, и верувај дека овие стресови ќе ти се одразат во животот, не смееш на овие години така да живееш. И не заборавај,можеш секогаш да се јавиш во детска амбасада Меѓаши или во некој од Шелтер центрите. Ако ништо друго муабет ќе имаш со кого да направиш, некој што не го знаеш и што нема да се грижиш дали ќе раскаже по град. Babyblue, имаш сопствен стан, работа, психички си постабилна од сопругот, нема никаква шанса да ти го земе детето. Мој совет, избркај го од твојот стан нека се гони и он и мајка му, ти почни си нов живот со помош на твоите родители. Нека не те интересира што ќе зборат другите, тие ќе зборат и вака и така. Ако останеш со него, зошо си останала, ако не, зошто не. најважна си ти и малата, а растење на малата во оваа средина во која не е воопшто здраво.
Јас сакам да изразам подршка и стимул на сите жени кои трпат семејно насилство да се разведат. Напишав и во една друга тема на форумот дека сум била дете во брак со семејно насилство и сметам дека никој жив на планетава ни маж ни жена не треба да трпи семејно насилство. Незнам како е да си во кожа на жена која е физички и психички малтретирана но знам како е да си дете и да гледаш како пати твојата мајка и тоа од никој друг туку од твојот сопствен татко. Не трпете заради своите деца, тоа е најголемата глупост што ја имам слушнато, најголемо зло што можете да го направите на себе си и на вашите деца е да дозволувате тоа упорно да се случува со надеж дека ќе биде подобро и дека ќе престане. Нема да престане, кризите ќе се повторуваат од време на време, а не е живот секој пат да чекаме да помине, па пак извесно време е ок, па пак после истото. По цена и да не останев да живеам со мајка ми, посакував и посакувам мајка ми да се разведеше. Барем ќе знаев дека таа е добро.
ЕМОЦИОНАЛНО МАЛТЕРТИРАЊЕ Емоционалното малтретирање, или понекогаш нарекувано психолошко малтретирање или ментално малтретирање, може да вклучува приватно или јавно понижување на личноста, контролирање што жртвата може и не може да прави, криење информации од жртвата, намерно да се направи нешто за жртвата да се чувствува потценета и засрамена, изолирање на жртвата од пријатели и фамилија, индиректно уценување на жртвата со наштетување на другите кога жртвата покажува независност или среќа или ускратување пристап до пари на жртвата или други основни средства и потреби. Жените кои се емоционално малтретирани често се чувствуваат како да не се поседуваат самите себе, всушност тие може да чувствуваат дека другиот речиси има целосна контрола над нив. Жените кои се под емоционално насилство често страдат од депресија, кои ги става нив на зголемен ризик од самоубиство, проблеми со земање храна, дрога и алкохол[12] Емоционалното малтретирање на мажите е опишано со ниско мислење за себе. Типичните начини на малтретирање вклучуваат понижување и ослабување на забележителните надлежности особено пред други луѓе. Овој проблем може да биде проширен заради широко прифатените верувања во општеството (со вклучување и помеѓу самите мажите) дека мажите кои се емоционално малтретирани се на некој начин помалку мажевствени, причинувајќи мажите да се чувствуваат засрамени за барањето помош. дали можам да пријавам некој кој ме малтертира психички не ми дозволува да имам партнер по своја желба и ме следи.?
Читам и не ми е јасно! Како е можно некој физички да ме малтретира и со него да продолжам да живеам? Па треба да легнеш на ист кревет потоа, да седнеш на иста маса да јадеш, да пиеш! Да ме удира и после поминало, па да се бакнувам со него ? Посебно ако сум во незавидна ситуација : работа, стан, образование. Народот што ќе речел? Е многу е битно што ќе рече народот. Народот и така ќе си најде нешто да си збори. Секој својот двор нека си го чисти. А не пак дечко шамар да удира! Да не ме чувал? Да не ме ранел? Одма ќе го кажам на татко ми и на брат ми (не се шегувам), има коските да му ги искршат. Татко ми не ме удрил, он ќе ме мава? Не ми е јасно дечко ја испотепал, и она не кажува дома? Па и маж и да е, одма дома ќе каже. Лично сметам дека бракот е света работа, но ако не оди, посебно поради насилство? Баш ме интересира “овие од темата религија“ што ќе кажат за ваква ситуација? Сепак насилството на мажите останува мистерија, ми се чини. Што е то што ги тера да ги малтретираат жените? Постојат ли жени кои може ги доведуваат до лудило мажите со своето однесување или тоа е мит?
Ова ме растажува и ириртира најмногу.... па кој си ти бре стоко една да ги малтретираш здрава права жена и мали дечиња кои се невини,бидејќи тебе ти фали нешто во умот? жалосно е што не се презема ништо против ова,се поголем замав зема семејното насилство пред кое секојдевно затвораат очи и институциите,а многу жени се принудени да трпат,да се,бидејќи на збор е лесно да речеш ќе заминам ама каде ќе одиш ако немаш помош? ова не е Австралија или некоја Европска земја па да те обезбеди државата
Еден совет за мене..Значи јас сум полнолетна девојка и имам сестра и брат малолетни.Татко ми секојдневно ја малтретира мајка ми психички и физички,а понекогаш и нас.Со години пробуваме да разговараме како семејство и тој секогаш се колни дека ќе се смени,но се останува исто.Сите не држи строго,да не комуницираме со многу луѓе и да си заработуваме за лебот што го јадеме и многу пати имам пробано да си одам,но се заканува дека сите ќе не убие и сум прилично сигурна дека е способен за тоа.Страв ми е да го пријавам бидејќи институциите ми се сомнителни и не знам дали можат нешто да сторат.Ако вака ни продолжи ситуацијата,братот и сестрата ќе ми останат со доживотни трауми,ајде мене веќе ми измина детството. Како да најдам решение за проблемот?
Колку би сакала да можам да ти помогнам, но ситуацијата е навистина многу тешка...Морате ти и мајка ти да најдете излез од неа...Незнам воопшто како жената издржала толку со него..Дали е алкохоличар или таков си е човекот?..Можеби навистина е потребна помош од стручно лице...Од секогаш бил таков насилен? Дали мајка ти некогаш се решила да го напушти? Какво било неговото детство? Какви му се родителите (односно баба ти и дедо ти)?
Ах, имав комшика што цел живот беше претепувана и понижувана од мажот. Децата само кутеа и плачеа и трпеа. Се додека не им пукна филмот, и на нивни 17-19 години, го грабнаа и го изеде бостанот. Го сложија да не може на работа да оди. И му кажаа дека следниот пат полоше ке биде. Сеа, веќе 20и кусир години, глас нема тој. Не поддржуам насилство, ама решете си како знаете.
Дали си се обидела да се јавиш на СОС телефон за деца и млади, или во детската амбасада Меѓаши и се да им оразложиш.Таму има стручни лица кои можат да те посоветуваат за понатамошни чекори.
И баба ми имаше иста судбина како мајка ми,ама за разлика од татко ми,дедо никогаш не викал ни по него,ни по нас,ниту па не удрил.Сите наши роднини знаат каков е,ама се плашат да кажат нешто па само молчат и не сожалуваат...
Нема ли некој постар чичко, тетин или било кој кој претставува авторитет за татко ти за да може да го замолите да разговара со него...Едноставно мила ваков живот не се трпи..не сте должни да го трпите тој терор вие сите дома...Тие навики претпоставувам ги стекнал од неговиот татко, па дури и ги преувеличил...Заминете од дома...Сигурно имате каде...
Жал ми е.. И јас сум сведок на вакви случки од околината. Како што спомена друга феминка,немате никој близок?Брат на мајка ти,дедо баба? Овоа со СОС не е сигурно баш.Бидејќи станува збор за малтретирање на цело семејство,ќе разговараат со сите,па брачно советување итн,што значи ќе се одолговлече работата. Единствено решение според мене е вие некако заеднички како семејство да интервенирате на своја рака.
Чекај те бе луѓе малку баба дедо чичко да рзговара со него?овај е монструм бе си ја малтретира фамилијата сите знат и сите ќутат вели девојката значи и тие знаат што луѓе ќе бевте бе што фамилија како можи сите да знаат дека ве малтретира и да ќутат?не ми е јасно мене ништо овде,а зошто да дозволиш да ве сожалуваат?кој се тие и кој е тој бе секој ден вие од него од страв да умирате зошто се плашиш да го пријавиш?во сите институции ќе го пријавам и око нема да ми трепни и во полиција ќе одам секој ден ако треба се додека не се превземи нешто ако те пипни само така со се модрици пак во полиција оди пак ќе видиме кој е тој и како му покажва сила на слаби луѓе дома ако е толку маж што не оди по улици да се тепа и да си ги лечи фрустрациите? ѓубре.. И не ја бесхрабрувајте девојката бе овде нема ништо да направат онде нема ништо а што треба да седи дома да ќути мајкаму секој ден да биди тепана и малтретирана братму и сестраму да израснат со трауми и психички последици?ако не превземеш нешто и така ќе биде и тогаш уште повеќе ќе се каеш зошто не си го пријавила и не си имала храброст за тоа кога требало,немој да се плашиш со страв не правиш ништо пробај во сите институции за помош верувам дека ќе се најди некаква помош,не смееш ова повеќе да го трпиш до кога бе душо?до кога?ова живот ли е мора да прекини и да престане ова јас целосно те подржувам да го пријавиш и да ставиш крај на ова не само твојот брат и сестра туку и ти ќе имаш цел живот трауми што сакаш брат ти да израсни гледајќиго таткоти како ја малтретира мајкати и да мисли дека тоа е правилно и дека така треба еден ден и тој истото ќе му го прави на неговата жена,немој да го дозволиш ова никако со среќа