Секој си ја гледа својата фамилија и никој не се меша изгледа. Ако сакал и ако можел некој до сега, ке помогнел. Во институциите има стручни луге кои се занимаваат со овакви проблематики. Прво ако некој врши физичко малтретирање, на тој му е потребна помош од стручно лице кое знае како да пристапи на проблемот. А ние овака ниту сме стручни, ниту пак сме се занимавале со оваква проблематика Ако некој е , тогаш нека се претстави и нека советува бидејки ова е сериозна работа не е шега. Колу и да сме имале луге во околина со оваков проблем, сепак секој случај е специфичен. Господ нека ти е напомош мила, тебе и на семејството.
sovet ve molam.neznam sto da pravam,mazmi veke nekolku pati me ima maltretirano.ako nesto ne e po negovo ako ne napravam nesto kako toj sto saka togas senafrla da me maltretira.ne me ima udreno silno da mi sepoznavamodrinka ama me vleci za kosa,me stega so seta sila najstrasno od se e toa sto majkamu znaj za se i sepak kuti nisto ne praj.snosti pak me maltretirase zatoa sto sin mi padna i se potkas na nepceto pa imase krv,a toj se razbesna.samo snami znaj za ova,na mojte nemam hrabrost da mu kazam.SOVET?
bitol4anka od koga pocna da ve maltretira taka? za kolkav vremenski period se raboti? zosto ne sednes da razgovaras so tvoite i negovite roditeli.Ako gledas deka nema pomos nemoj da trpis duri i edna slakanica vleguva vo fizicko nasilstvo i toa vo najgolem procent vo nasata drzava. Jas ja obrabotuvav ovaa problematika i imav diplomska rabota na ovaa tema pa se raboti za mnogu osetliva tema koja e dosta prisutna vo nasite prostori i koja za zal mnogu mal procent od lugeto pristapile da prijavat i da baraat resavanje na problemot. Znaci nemoj vo nikoj slucaj sama da ostavas da se resi se. So nego i da razgovaras vo takva situacija toa ne e dovolno toj moze da se obide povtorno. Me interesira dali toj nekogas vo minatoto bil zrtva na nasilstvo doma, dali konsumira alkohol, dali e pod depresija znaci za kakva licnost stanuva zbor ako ne tie problem napisi tuka. Mnogu mie cudno sto majka mu znae a ne reagira nis. Tuka sigurno ima nes. Se izvinuvam za fontot od tablet sum nekogas ne saka da se promeni vo makedonski.
Што ти е чудно живти се. Знае а ќути за да не пукне брука пред народот. Типичен македонски менталитет повеќе ни значи што ќе речат комшиите, одколку семејното здравје.
Сочувствувам со тебе, мојата свекрва е жртва на семејно насилство и до ден денес е со свекор ми. Се прави како ништо да не е, си трпи. Не ги тепал децата, само нејзе, болен ум...ја мавал од врата, ја трескал од земја, кога била бремена со маж ми ја тепал по стомак и уште х други гадотии. Тој е сега болен и не може веќе да ја тепа, но таа е се уште со него и му помага. Ти си млада, а имаш и детенце, немој да дозволиш детето да гледа вакви работи. Спротивстави му се остро, кажи му ако уште еднаш ме удриш ќе си одам. Земи си го детето и оди си кај твоите или ако работиш и заработуваш одма оди под кирија некаде. Подобро сама отколку со насилник. Зборувај со социален работник, ако немаш можности и немаш аде тие можат да те згрижат моментално и да ти дадат совет што понатаму. Ти држам среќа да бидеш храбра и одлучна.
Еден совет ве молам.Има една жена што е соседка на братучетками кај која јас многу често одам и се случува под 2-3 дена да останам и да спијам таму.Но таа соседката незнам каква женае целото нејзино семејство го малтретира.И мажот и децата.Преку ден се е мирно нема викање а штом се стемни почнуваат да викаат, да пискаат.Лелее страшно е за слушање ги колне децата и мажот и па ги тепа(има 3 сина од кои најстариот е 17 год) децата плачат ја молат да не ги удира а таа фрла нешто понив.Неможеш ниту да спиеш од викањето.А децата воопшто не излегуваат од дома и делуваат како да се исплашени.И баш пред некој ден тоа малецкото го сретнав има 4год доаѓаше од продавница и заедно одевме по патот и тоа ми вели Ти знаешли дека мама нас не тепа и бату га тепа.Јас незнаев што да одговорам и ја прашав а таткоти.Но маајкаи ја чекаше на патот и не ми докажа детето.После тоа мајка и ме виде во двор кај братучетками и ми вели ти нема што да се мешаш.Јас реков не ви се мешам во ништо. И си се завртев да си појадами таа со еден камен ме маваше и до ногата ми падна.Многу се исплашив, сега ми е страв, да не ми стори нешто.Што да правам дали да разговарам со син и се знаеме имаме здраво понекогаш и во автобус се возиме заедно или пак да не се мешам.Што да правам.
Оф леле за греота дечињата, аман па тој маж и што прави глупак еден. Трауми. Што ќе биде со нив во иднина кој знае Нема ти од што да се плашиш, очигледно жената е болна, за во Бардовци е сериозно. Гледај си твоја работа, не прави муабет со нив. Сигурно некој од возрасните комшии знае за ова, ама не сака да се меша. Поразговарај со родителите на братучетка ти, види тие што ќе ти кажат, зошто до сега не преземале тие ништо.
Па знаат и тие.Но ми рекоа да бегам на страна.Тие еднашка се собрале сите и ја тужеле жената но ништо не преземале тие велеле дека мажот е виновен и него го затвараа.А нејзиниот маж е добар човек едвај оди да сппечали за да ги прехрани,сам си се пере таа несака негови алишта да му пере и малку ако и се спротистави, таа веднаш вика полиција и лаже дека ја тепал дека под нож ја држел и тие него го затворат во Бардовци.и јадниот тој несмее да и писне.Па ми е страв да не ми стори нешто кога ќе одам кај братучетками.
Јас растејќи гледав вакви работи доста.... И ако некогаш се мажам, мажот не рака, ПРСТ да крени на мене, влакно да ми фали, го оставам во истата секунда. Во то се имам заколнато на гробот на мајка ми. Незнам колку да го сакам, незнам колку деца да имаме заедно, незнам колку да немам пари сама да се оддржвам... ЌЕ ГО ОСТАМ. Крај. Не е дискутабилно ова за мене. И сите шо сте жртви на било какво насилство, нека ве фати инает да ги пријавите таквите случаи... Вие не сте на улица најдени па ајде кој сака ќотек да ви мава... И вие сте нечие дете, чедо, па уште ако сте родител на детенце кое треба од вас за зависи... Одма отарасвајте се од таквите луѓе.
Викаме не знаеме зошто жените остануваат во таква врска. Одговорот е едноставен,или наивно веруваат дека нема да се повтори или им е страв. Кога жена е во насилна врска и треба огромна подршка за да собере храброст и да си замине. За жал, лично сум била сведок на ова. Спојлер Другарка беше во насилна врска (во болница ја прати, ја тепаше, ја малтратираше и ја изневеруваше ама типот тврдеше дека ја сака ) и тоа 5год. Кога конечно се реши да му раскине типот толку ја истепа набиени ребра, не можеше да стои и пак не сакаше да го пријави во полиција. Сепак,барем му раскина. Ама тој не прифати не, па пак дојде кај неа. Среќа во тој момент бевме собрани цело друштво. Можеби 10тина луѓе бевме во собата. Тој дојде, демек да разговаат. Прво смирено ја викна, таа му рече не. Па лут и вика излези да разговараме. Сите не изненади, ама затоа што виде дека сите тука собрани спремни сме да ја заштитиме и дека нема да дозволиме да ја чепен таа му рече дека завршиле они двајца и нема за што да зборуваат.Типот скокна да ја тепа Наредното нешто што се случи тој беше во кош, го држеа за врат, црвен во лицето, страв во очите. Гомце едно, се осмели да и крене рака и покрај соба со луѓе кои многу лесно можат да му го скршат вратчето. И отако раскинаа, таа почна да излегува со друг дечко типов ги следеше, дури и со самоубиство се закануваше. Среќа ова имаше happy ending. Другарка ми сега е мажена и има детенце и си ужива во животот. Исто така мислам дека самодовербата и тоа колку жената се вреднува себе си има огромно влијание врз одлуката да започне врска со таков човек и да остане со неа. Еве уште еден пример Спојлер :Имам една другарка, порано кога ќе излезевме секогаш имаше барем по неколку удварачи, секој сакаше да ја запознае и да се дружи со неа, и машки и женски. Беше ептен забавна. И се случи неколку пати да биде разочарана во љубовта и како последица на тоа таа почна да се гледа како да не е вредна за сакање, не е вредна да биде нечија жена (одма после раскинување на врска некои од бившите се оженија и она мисли дека до неа е, дека нема тоа што е потребно. И сега, најновиот дечко што и е, Разведен затоа што жена му неможела да го поднесе малтратирањето (за малце во затвор ќе завршел заради тоа) а таа почна со него да живее после неколку месеци во врска. Ја има истепано еднаш ама ептен асално. Му раскина и после некое време сама му се јавила затоа што многу и недостигал И на крај ми рече "И јас сум малце крива, јас го испровоцирав". Истата оваа девојка пред неколку години ако и кренеше рака тој дечко имаше да се брани со се што ќе и дојдеше при рака. Ама ете сега мисли дека си го заслужила. А за мајките што остануваат во насилен брак заради децата, лично мислам дека прават огромна грешка. Им оставате огромен белег. Или ќе мислат дека тоа е нормално искажување на "љубов", или ќе го поминат животот бегајки од такво нешто и ќе им биде огромен товар. Си даваат завети "Јас никогаш нема да дозволам такво нешто да ми се сличи" и им срцето им закоравува па е многу потешко да создаваат врски.
Не се плаши. Ако приметиш и некоја најмала шанса за тоа, викај полиција. Стој си на страна, штом никој не презема ништо, па ни возрасните, не се мешај ти.
eve jas ovde citam nekoja postari objavi od vas za semejnoto nasilstvo,i deka nekoi sakat i da odat na postdiplomski za ovaa tema.Eve jas bev skoro zrtva na semejno nasilstvo i sega se boram momentalno so pravniot sisistem vo nasata drzava,citam i gledam ima razni reklami i razni zdruzenija za STOP NA SEMEJNOTO NASILSTVO,no eve jas dojdov do toa deka nikoj na nikogo ne mu pomaga i mi velea brak e potrudi se da go spasis znaci i doktori i institucii i se,koga ne uspeav da go spasam brakot koga cuknav na vratite za pomos dobiv nikakov odgovor si potkupuvat razni luge za da se se zataska......ajde kazete od kogo da baram pomos...a ovie od raznite zdruzenija za STOP NA SEMEJNOTO NASILSTVO....mi velat deka sum jaka zena......
Една од причините зошто сеуште има толку многу насилство во МКД. Ако знаеш а не реагираш, така и ти стануваш соучесник. Личен пример, стариот знаеше здраво да ме истресе еднаш месечно,пред мајка ми. Наполнив 14 години и го надраснав, ме удри му вратив, од тогаш нити ме удрил нити ми прозборел лично.само формално,што има за јадење и слично.фала пријатно. Еднаш ја прашав мајка ми:зошто не ме одбрани бар еднаш? ми рече `зар сакаш да гледаш како он мене ме тепа наместо тебе?`.знаеш,не реагираш,соучесник. сакам да кажам,ако знаеш нешто регирај. за небитни работи се мешаме(и јас) во туѓи животи, а тука кога некој сериозно страда...`не се мешај` ако 3ца различни луѓе од различен општествен профил пријават една иста личност. најверојатно има нешто. има уреди за снимање, има начини и методи ако се сака. самата девојка вели дека неможе да спие од галамата, ако ништо друго наместо `selfie` може тоа да се сними. а исто така кажа и дека веќе еднаш ја нападнала со камен. што треба да чека, да и ја скрши главата следниот пат?
Извини, може сум офтопик, ама нечи мајка треба да те заштити? И да рече, подобро јас тепана отколку детето? Не е соучесник, туку уште полошо. И браво за тоа што си му вратила. Јас на твое место ке му ставам рицино у кафето, да не може од веце да излезе 2 дена, а после ке му кажам дека на сленото удирање отров ке му ставам. Да му биде страв да јаде како мене што ми би ми било страв да не ме удри. А мајката, нека пере смрдени гаќи. Уф колку се нервирам од луѓе што Господ им дал дете а они го тепаат бе!!!
И јас како што видов,фајде нема од државата,а народот ни е толку прост и заостанат,сите ти викаат седи и трпи.Пробај со разговор смирен,од 3-4 часа да се разберете како луѓе,кај нас помогна тоа,ако стварно не можеш да го спасиш бракот,бегај како знаеш и умееш.Пријатели,друга фамилија немаш да ти помогне?
Нема да се повторувам со мојата приказна,ја имам обајавено. Генерално ситуација дома е лоша,сум трпела насилство физичко и психичко а сега настапи емоционално ладење што исто не е добра слика.Се плашам за мене станав несигурна плашлива,вознемирена,плачлива. Последниве 2-3 години драстично се влоши,пред тоа се трпеше некако.. нема да барам совет од вас да ја подобрам пошо тоа е невозмозно.Најмногу ми е криво што поради непромислени избори патат невини деца,но ако ништо друго поука за иднина. Јас сум во 2 и пол годишна врска каде што сум среќна што најдов таков човек со кој совршено се разбираме,многу е грижлив,постои љубов.Проблемот е што он не знае што се случува дома,а многу му е битно семејството постојано ме прашува за нив,им носи по нешто секогаш кога иде и очекува дека се е во ред како неговото семејство кое има изградено цврсти врски помеѓу сите нив. Поради нивната стогост он од неодамна почна да доаѓа можеби нешто приметува но мисли обични семејни кавги.Многу пати сум плачела,била нерасположена,на работ на депресија ама немам храброст да му кажам..тоа уште толку ме измачува..што ќе мисли за нив?што ќе мисли за мене? и ред други прашања. Што мислите дали треба да му кажам како стојат работите?Дали нешто ќе се промени? Се плашам тој ми едина поддршка..тоа го немам дома и многу сум приврзана за него.