1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. Gita

    Gita Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Во брак сум веке осум години имам две прекрасни синчиња од 7 и пол и 2 години. Ах, многу ми е тешко да зборувам за ова мислам дека можам книга да напишам. Неколку пати ви имам пишано но тоа беше одамна ке почнам од почеток. Се земавме нормално, иако моите родители беа против тоа, постар од мене 9 години, но ајде во ред не е толку страшно тоа. Живееме со свекрва ми, свекорот е починат не го ни знам. Женава е претерано себично створење што нема да се роди такво. Се роди првото дете, не го пипна му остави 100 денари на перничето и ми честиташе, а да не ви кажувам за златото од свадбата што ми го даде како за девојче од 3 одд. умрев од срам. Ајде да не бидам нели материјалист си кутев. Се утепа од шетање инаку има сега 70 години а јака е како коњ.Кога ке и го оставев детево да го причува обавезно нешто лошо се случуваше напр. и падна од парно го одра стомакот пред една годинка да направи или госпоѓата му даваше со ножици да сече на една година да се занимавал со нешто или му покажуваше како се шие на машина па му ги фати прстите на голема машина за шиење, па ајде трчај по болници снимај го, абе стресови не сакам да се секавам на тоа. Додека па сопругот си одеше по риба баш тогаш кога најмногу ми требаше. И така јас со години не работев зашто немаше кој детето да ми го чува. Така се наталожуваа проблемите пошто јас си кутев и ништо не му кажував на сопругот. Значи ние финансиравме со една плата скоро све, и тогаш кога ми требаа пари ако маж ми не беше дома не ми даваше на пр. останав без овошје и и викам дај ми 100 ден. нема банани ке ти ги врати син ти вечер, ми рече нема ситни имам 500 ден. и не ми даде.И да скратам, така јас ден за ден нервен слом добив. Почнав да, оф колку ми е тешко да зборам за ова многу се срамам, почнав всушност да крадам т.е. си го продавав затото или накитот да може да купам нешто за јадење и за дететво за облакање.Најстрашно беше што го украдов и златото на свекрва ми. Многу ми беше тешко не можев да се помирам и добив напад на жолчка и ме оперираа. Тогаш сите ја дознаа вистината за златото и ме избркаа кај моите со детето. Имаше само две години. Си легнав на брашното го молев маж ми и некако се смиривме.
    Старата продолжи да не јаде и понатаму не само мене и маж ми го јадеше стапот. Да не речам дека и него го поремети стана многу агресивен. И така за велигден отидовме на ручек кај моите, ама јас несакајки седејки со столот му го стиснав палчето на син ми, леле колку се налути, почна да ме навредува да ми вика дека сум тиква глупава и почна да ме кубе, стресови се пред очите на детето. Се замеша татко ми почнаа да замавнуваат еден со друг и така јас пак си останав дома кај моите. Едвај се смирија повторно т.е. пак се вратив назад. Старата пак по старо, почна да го излудува т.н. мој сопруг, со нејзиното спротивставување и не признавање на грешките го доведуваше до лудило но и кревање на рака ама никогаш не ја удираше секогаш се запираше некако.Еднаш на слава излезе во пижами во 11.30 да ги брка гостите оти доцна било, срамота мислам дека ке ја убиеше тогаш.
    Дојде и второ дете, душичка мала и секогаш има ама. Работите се надевав дека ке се сменат. Маж ми стана многу агресивен. Многу ме навредува со зборови и го кара и го тепа поголемиот син за глупости, зашто ти капнало ова, зашто не си напишал во школо, не трчај, не играј итн. Кога и да се замешам да го одбранам се јас не сум во право. А дали седнал да поучи со него малку или да го изнесе да поиграат фудбал или некоја машка игра, е тоа не. Само ако може да се напие по некоја ракиичка и да не стане од стол да бамбури како некоја жена, ужас.
    Е сега конечно се вработив на мојата струка бидејки сум со факултет едвај најдов. Е сега е многу тешко, старата го чува малиот, големиот е второ одд., носи го зимај го и нормално треба да учи некој со него и пак проблеми. Многу го кара не знае да му објасни, едноставно му ја уништува детската самодоверба. И сето тоа го гледам и ужасно се чувствувам т.е. многу бедно. Така поднапиен еден ден дојдов од работа, ручаме и зошто син ми не ги поделил трите стека останати од предходниот ден настана хаос. Ме фати за врат, па ме искуба, го молев да не го прави тоа пред детето, но,не ме слушаше како звер беше и на крај ми шлапна шамар. Стана старата замисли почна да ме брани, а тој и вика, што ја браниш нели ти ми рече да ја оставам а, таа, што и фали на жената бре, а тој, е па еве ти ја чувај си ја.Ах, во еден наврат бев многу изморена и кога побарав да ги земе децава да се одморам бидејки планирал некаде да оди, веројатно да си купи црви за по риба, ми рече зошто сум ги раѓала ако не можам да ги чувам, не ми се веруваше.
    Солзи не можам да опишам колку. После последниот инцидент не можев да издржам и му се јавив на брат ми му кажав за се, а тој не издржал и кажал на моите. Сега тие ми викаат ако се случи уште еднаш вакво нешто да го напуштам т.е. ми даваат целосна поддршка. Ги гледам децава, сега е се нормално како ништо да не било, и не знам што да правам. Значи бедно се чувствувам, не го сакам, не го мразам, сакам да ни успее бракот, тој е тврд орев, и не сакам повеке толку да се понижувам, заради себе и заради моите деца. Не сакам да живеам во стрес, сакам да живеам да бидам жива, да се радувам на моите деца на нивните успеси, нормално со нивниот татко. Но,како? Не сакам да дозволам повеке вакви инциденти. Ми се вришти значи. :'(
     
  2. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.627
    Gita го прочитав сето ова и сочувствувам со тебе, разбирам низ што се поминуваш иако јас не сум мажена,можеби го прочита мојот пост погоре.Но си пишала дека сакаш да си го спасиш бракот и да останеш со маж ти,на некој начин да ви се подобрат одностите.Не сакам да ти ја одзимам надежта, но тој што еднаш кренал рака на тебе ќе го направи тоа пак а во тој случај најмногу ќе страдаат децата..тоа ќе влијае на нивната личност и од тоа зависи како ќе се развиваат понатаму.Тие сето ова го чувствуваат и ќе им биде многу тешко во животот како последица на лошата семејна ситуација.Сега проблемот е уште поизразен со твојата свекрва која ги комплицира работите,но велиш застанала на твоја страна.Пробај да побараш поддршка од неа на некој начин да се зближите,објасни и како се тоа влијае врз децата дали може некако да ти помогне..можеби ако она се смени и нејзиниот син ќе се смени(иако не верувам,но сепак пробај).Доколку можете на некој начин да поразговарате за можноста на посетување психолог,психијатар,можеби ќе ви помогне да си го спасите бракот.Незнам кој друг совет би ти го дала уште со самото кревање на рака или насилство случајот е комплициран и можеби требало и порано да дејствуваш..Но зошто да не се обидеш?Ти посакувам среќа.Во случај на неуспех,мислам најдобро решение е развод,иако ова не ти се допаѓа..Но размисли за децата,само за нив треба да го направиш тоа,сега имаш и работа и можеш да им обезбедиш пристоен живот макар и без татко,со подрдшка од твоите.Треба да ти значи тоа што ја имаш во секое време,за разлика од некој што ја нема и во никој случај не дозволувај некој да те гази,во случајов сопругот.Има разведени мајки кои се среќни исполнети со своите деца,не е битно другите што ќе кажат сите го сакаме најдоброто за децата нели?Поздрав :)
     
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Gita,nesto da te prasam.Ako nekoj drug,eve na primer jas, ja napisev istata storija,sto bi mi sovetuvala ?Procitaj ja povtorno i zamisli deka se raboti za mene,mojot soprug,moeto dete..ne si emocionalno povrzana...sto da pravam?
     
  4. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Гита, а видиш дека ситуацијата се вжетува повлекувај се со децата, не дозволувај да излезе од контрола работата. Кога ќе види дека нема со кого да се расправа ќе се откаже. Белќим со тек на време ќе се смири.
    Со среќа.
    И господ те благословил со син, за некоја година ќе несмее да помисли да крене рака на тебе зошто така поднапиен па и ќе си го добие.
     
  5. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Јас имам една пријателка, седум години е во брак. Има две деца, ќерќичката 7, синчето 5. Се запознав со неа пред две години. Тие пред тоа живееле во странство. И неколку пати ми кажа дека има бегано од маж и, ја прашав зошто но таа избегнуваше да ми одговори, демек се расправале нешто така, но пак се враќала. Лани послем бадна вечер тој ден таа дојде кај мене, ја гледам целата вознемирена и ја не ја прашувам што е бидејќи си велам ако сака сама ќе ми каже. И вртам муабети нешто и ја прашувам како бадна вечер поминало. И таа почна да плаче и ми вели: Што да ти кажам, маж ми ме удри. И јас целата овака останав :o И и вела како тоа што се случи? Она почна да ми кажува: Па добро беше се, јас му реков да го навали огинот во спалната, тој само отиде и си легна, и јас почнав да го валам и му зборувам зошто така направил и тој стана и ме удри. :x И потоа таа избегала од дома отишла во полиција и пријавила. Но тие и рекле нема што да ти правиме ако сакаш врати се кај маж ти, ако не оди каде можеш. ( да напоменам дека нејзините родители се разведени, татко и живее во друга држава, а мајка и во трета, мајка и е мажена и има дете) И таа отишла кај братучед на маж и (одма до нивната куќа), некако ги зела децата и тамо останале. Утредента се вратила и било како ништо да не се случило.

    Незнаев што да и кажам, само и реков те подржувам што и да направиш само сметам дека не треба да седиш кај него веќе.

    Послем некој месец, отидовме јас, маж ми, тие двајца и децата им, на излет. Се беше ок, додека тој не почна да си игра со децата. Отидоа во реката, и ги прска со вода (а водата кочан ладна). Таа се налути вели: Ќе се разболат немој. Тој зема една кофа ја наполни и врз неа |( Како демек на зафраканции... хммм.... Многу се изнервира таа, а богами и јас и маж ми.. Ништо наскоро се вративме секој по дома. И послем еден саат таа дојде кај мене, пак плаче. Ми кажува пак се испокарала и тој ја испадил од дома. Несакаше да ја види маж ми. И му реков да излезе од дома малку, да отиде до другар. И седиме кај мене, таа гледа дали автомобилот на маж и е дома, но не беше. Цело време бевме пред прозор, и кога се вратија таа ја викна ќерка и. Дојде до детето до пред мојата куќа и почна да плаче: мамиии врати се дома :( И дотрча маж и, и со сета сила како ги држеше цигарите мавна накај прозорот и вели: Ако не се вратиш сега, никогаш повеќе да не си се вратила :devil: И таа се врати. :fubar:

    Летото иста прича. Неколку време се враќал касно, нон стоп пиел. Таа една вечер (односно утро 4-5 сабајле, кога се вратил господинот) не издржала и почнала да се кара со него и пак ја удрил. Пред децата. Таа отишла во полиција, кажала дека и треба помош, го привеле во полиција тој одбивал да разговара (сеуште бил под дејство на алкохол). Дошло до социјално, до судови (незнам баш како било бидејќи јас не бев во мк). Таа отишла во друг град кај братучетка да седи со децата, 20 дена не биле во контакт. Таа се јавила на брат му и тој рекол демек нема да му се повтори, многу е очаен, се кае ова она. Но таа била „упорна“ дека нема да му се врати. Отишле на суд, и судијата им дал една недела, во случај да се предомислат за развод. Тој добро ја искористил таа недела, и таа му се врати. :x

    Кога си дојдов, ја прашувам што било точно, таа ми вели: Не сакам да зборувам за тоа, го надминавме тоа, сега тој се сосем друг човек :wasntme: и не сакам да се присетувам на тоа. И јас ок како сакаш се надевам се ќе биде како што треба.

    Баш ми е жал што така размислува. Таа има и дрго државјанство може да отиде и лесно да си обезбеди поубав живот со децата, но не сака. Мисли дека ќе и ги земе децата, бидејќи тој има бизнис сопствен, а таа не работи.
     
  6. Gita

    Gita Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Благодарам на сите ваши мисли, сето она што го кажавте само ме направи појака, инаку подолго време размислувам за развод разгледувајки ги сите можности и начинот на кој би го продолжила животот понатаму мислејки и на моите деца и на тоа како и емоционално и финансиски би ги исчувала. Јас не се плашам од маж ми единствено затоа што имам подршка од татко ми, мајка ми и брат ми кој е помал од мене 7 години (тој е во тие години кога може убаво да го исплеска маж ми).Но, сакам да бидам сигурна во себе да го издржам сиот тој терет, бидејки државава многу избор баш и не ни нуди. Се обидувам да соберам многу сили за да го направам тоа. Вашите мисли само ми покажаа дека сум во право. Ви благодарам
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Маж кој еднаш ќе дигне рака на жена верувај и биди сигурна дека пак ќе се случи тоа.
    И самата пишуваш дека не го сакаш, не го мразиш но сакаш да ти успее бракот. Зошто?!?! Мислиш дека грешката е во тебе ?!?! Вреди да се бориш за таков брак ?!?!
    Сакаш да бидеш жива и да им се радуваш на успесите на твоите деца. Но си размислила и дали си свесна во кој стрес живееш ти и во какво семејство живеат децата. Немој да мислиш дека ако сега така ги гледаш децата смирени дека немаат лузни на душичката од тоа што го виделе и проживиле.
    Ти треба малку самодоверба и здрав разум за да решиш што понатаму. Не си најдена на пат, туку си живо створење за да некој така се изиграва со тебе. Те начекал со слаб карактер па буквално се изиграва. А да не зборуваме за тоа дека деца со ќотек не се воспитуваат. Утре што очекуваш во какви личности да се изградат тие деца?!!?
    Според мене, последниот маж на светот нека е, ама ако ме малтретира и тоа го гледаат моите деца за експресно време си заминувам и ко га јебе у животу. Ќе си ги заштитам децата од насилство макар и сол и леб јадела секој ден, бар ќе знам дека ќе ми е мирна душата.
    Ако на 30год доживуваш нервен слом да не збориме за утре. Допрва ќе им бидеш потребна на децата. Треба да се бориш за нив а не за некој си таму ,,идиот,, кој е слабак и покажува сила на жена. Таквите не заслужуваат ни да ги плукнеш!
     
    На Asparagus, imelda и Filiposka им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.084
    Допаѓања:
    101.742
    Пол:
    Женски
    Гита, јас сум дете од нефункционално семејство, се ставам на место на твоите деца. Мила, кај ти очи таму ти глава, бегај, што подалеку. Не сакам да помислам како се осеќат децата, не сакам да помислам како поминуваат деновите. Вчера сестра ми се јави, се испокарале за нешто, хаос настанал, знаете како заспав? Никако, многу ми беше тешко. На 26 се осеќам како да имам 46, со сите нервози и секирации, се мислам како ли ќе заврши ова? Не дозволувај твоите дечиња да бидат како мене за 10-15 години, немој. Камо мајка ми да имаше подршка како што имаш ти, камо да имаше кај да отиде, камо да не морав да ги трпам сите тие проблеми на 10-12-15 години. На 15 години почнав да живеам сама, додуша кај баба ми, ама пак, самата се грижев за себе и пораснав предвреме. Знаете како се осеќам сега? Празно. Сум пропуштила многу поради нефункционалниот брак на моите родители, поради тоа што мајка ми немала храброст да замине и да се спасиме сите три. Нашето семејство е растурено, не постои повеќе, од ден во ден татко ми го доуништува, како што го уништува својот живот. Немој мила, те преколнувам да заминеш, не дозволувај уште една прилика да се случи за да им се врежи на твоите деца во мислите како татко им ја малтретирал мајка им, многу е болно, верувај. Остави тоа што свекрва ти те одбранила, што застанала на твоја страна, ако еден ден вие се заарните таа пак ќе тера по старо, она сакала проблем создала, сега можеби малку осеќа грижа на совест, ама нема да прекине. Бегај и спаси си го животот, твој и на твоите дечиња.
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.578
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Gita и јас како и AngelOfArh потекнувам од дисфункционално семејство.
    Да почнам да кажувам што се случувало, незнам кога ќе завршам.
    Се што ми правел на мене полесно ми било, ама тоа што и го правел на мајка ми пред мои очи никогаш ама баш никогаш нема да го заборавам.
    Јас и ден денес имам трауми и проблеми кои се одразуваат и врз мојата врска, моите пријателства и слично.
    Без разлика колку децата се мали, верувај тоа останува врежано во сеќавањата.
    Еве еден пример ќе издвојам, имав 3 години максимум 4 кога татко ми пијан, штотуку вратен од кафана ја удираше мајка ми- пред мене! Мене ме бутна толку јако што летнав од едниот крај на кујната до другиот. Не ми беше ништо физички, но психички- засекогаш обележана!
    Таа ноќ е една од тие што ги паметам како да се случиле вчера.

    Муабетот ми беше, не сум мажена, ама сум го преживеала ова. Тоа не е само физичко туку и психичко малтретирање.
    И мајка ми сакаше да си го спаси бракот, го оставаше и му се враќаше (тука имаа влијание и неговите закани дека никогаш повеќе нема да ме види) но и неговите ветувања дека ќе се смени кои никогаш не ги исполни па ни ден денес.
    Тие луѓе не се менуваат.
    Многу ми е жал и за тебе и за твоите деца, знам низ што поминувате и колку е тоа болно.
    Како немажена девојка незам колку ќе го сметаш моето мислење за вредно но јас ќе го кажам. Доколку имаш шанса, поддршка од родителите и услови да се тргнеш од тој човек- тогаш тргни се.
    Ќе се спасиш и самата себе, а и децата.

    Имаше таков случај, моја комшика беше малтретирана од мажот, свекрвата и золвите и го остави, отиде во друг град со 2 мали ќерки и да ти кажам право- ужива!
    Таа имаше поддршка од родителите, кои доста и помогнаа.
    Затоа викам, иако бракот не е мала работа и не е тоа така лесно да се прекине, за тебе, твоето физичко и ментално здравје, како и на децата твои тоа е најдобро.
     
    На Asparagus му/ѝ се допаѓа ова.
  10. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Сами,вие жените сами сте си криви,не се жалите.Добро имате памет? Како дозволувате такво нешто? Куферот во рака и преку врата.Нема тука филозофија.
    Да ме удри мене некој? Никогаш нема да ме види.А тие жени што трпат не се жени,а и иако имаат деца,тогаш не си ги сакаат децата штом дозволуваат да ги малтретира.
     
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.578
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Не се они ништо криви, а ниту пак без памет.
    Напуштањето е многу полесно кога се само двајца и најчесто завршува со напуштање, но кога веќе имаат деца, тогаш е многу потешко.
    Жените мислат на децата, како ќе биде да растат без родители, дали ќе можат да им обезбедат и пружат се што им е потребно, дали ќе бидат способни сами се тоа да го остварат. Или пак немаат поддршка, како во овој случај жената дури сега се вработила, не работела затоа што немал кој да ги гледа децата, сама оставена на себе.

    Така да не осудувајте туку така и многу ме нервира тоа сама си крива. Не е тоа така лесно како што се чини.
    Лесно е да се збори кога му се случува на некој друг, ама сам кога ќе поминеш низ тоа другачие гледаш на работите.
     
  12. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Gita разговарај со твоите родители, и врати се кај нив. Многу посреќен, односно посмирен ќе речам, живот ќе имаат твоите деца и ти, бидејќи како и да е секогаш ќе им недостига заедничкиот живот со двата родители.

    Мажот на другарка ми (случајот кој го објаснив во постот под твојот проблем) е од семејство чии родители немале среќен брак (прељуба, расправии, се и сешто) и сега и тој е истиот. Детенцето нивно, машкото, е нервозно, се кара, се тепа со сите (гледајќи од татко му, додека беа разделени мајка му и татко му (тие дваесет дена пред суд) тоа било смирено). Муабетов ми беше дека и децата можат да ти станат нервозни како и нивниот татко (можеби и не, но ќе имаат трауми цел живот).

    Спаси си го животот додека си млада, бидејќи на постари години ќе немаш желба тоа да го направиш. А зошто да се откажеш од твојот живот? Вреди ли за човек како маж ти?
     
  13. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Миалиш јас не сум поминала.Татко ми постојано ме тепаше мене,мајка ми и сестра ми.И затоа ја обвинувам мајка ми.Како кажа,на децата треба се да се обезбеди и пружи,а тука спаѓа и детството,а какво детство е тоа со ќотек,дај кажи ми? Не осудувам,бидејки немам право за тоа,туку си кажав само мислење.Можам да пишувам до сабајле на оваа тема,ама времето ми е скапоцено,си кажав мое мислење и толку.
     
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.578
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Можам и јас да пишувам.
    Но, ти не треба да ја кривиш мајка ти, ниту пак е било која жена крива или пак глупава.
    Викаш не осудуваш, ама по твоите зборови се гледа дека осудуваш.
    На овие жени не им се потребни коментари од типот сама си крива, сама си бараш, глупава си, без памет си.
    Не им е лесно, бараат совет, а тоа не е совет, туку осудување и навредување.
    ако си го преживеала тоа и си гледала што преживувала мајка ти, не треба да навредуваш и осудуваш туку треба поддршка и помош да пружиш ако сеуште и се случува тоа на мајка ти.
     
  15. Gita

    Gita Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Значи јас не барам никакво сожалување, ниту пак сакам некој да ме обвинува за нешто што се случило затоа што секој ден го слушам тоа. Јас ја напишав својата приказна затоа што потсвесно знаев дека сум во право, со ова само ја заголемив својата самодоверба, и затоа што знаев дека има жени (мажи), што ке ме разберат како се чувствувам. И сами кажавте дека деца од дисфункционално семејство се полни со гнев, лутина и тешко склучуваат пријателства итн. Ви благодарам на вашите мислења и совети ке го прифатам оној начин на живот кој што мене ке ми одговара т.е. да бидеме срекни со моите деца само подалеку од него и старата вештерка (пардон).
     
  16. femina.girl

    femina.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    lesno e da se samo zboruva,vaka taka,ama toj sto ima pocuvstvuvano na svoja koza,toj si znae.....samo napred Gita,te podrzuvam...se najdobro
     
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.578
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Остави, нема право никој да те напаѓа и криви. Муабети напишани од беснило изгледа.
    Туку, пиши ни до каде си што си од време на време. Ви посакувам се најубаво и да си живеете мирен и исполнет живот каков што сите заслужуваат :)
     
  18. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Зошто мислите дека ако во семејството има насилство и ако родителите не се разделат децата ке бидат посреќни? Па ако веке не функционира добро бракот постои развод бе луѓе. Па како се осмелува да дигне некој рака на вас? И тоа вашиот сопруг? Треба ли вашите деца да живеат во семејство каде таткото ја тепа мајката? Па и тоа кога ке порасне ке ја тепа својата жена одејки по стапките на татко му, мислите ли дека ке биде примерно дете што ке си ја сака и почитува фамилијата ако растело во семејство каде имало насилство? Одговорот е НЕ.
    Или ке се дрогира, или ке малтретира и ке биде агресивен се едно, но лошото детство ке резултира со лош живот. Не го зборувам тоа од памет, туку од искуствата на моите другари, другарки, познаници. Сите што имале лошо детство сега имат многу лош и несреден живот. Немојте да ги осудувате и вашите деца на таков живот. Подобро да растат со еден родител отколку со двајца што секој ден битки водат.
    Па нели родителите се огледало на децата. Нели тие земат пример од нив. Другарка ми растеше во таква фамилија каде татко и сите по ред ги тепаше и тоа со каиш. Да ја видете сега каква агресивна е нон стоп си има работа со полиција. Натепала една стара жена неспособна да се брани и тоа тешко ја повредила. И нема ни најмалку грижа на совест. Епа ете ги последиците на едно дете што растело со насилство.
     
  19. Gita

    Gita Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Ех, феминистки, пак јас. Додека собирав храброст да го напуштам се случи уште еден инцидент. Погоре ја имам напишано мојата приказна за оние што не знаат.И тоа вчера, страшно беше.За среќа децата ми беа кај моите па ништо не видоа. Дојде мм или тој што се нарекува дека ми е маж, да ме земе од работа вечерта и одма го приметив дека пиел,па му реков што си толку смкнат. Леле кога дојдовме дома колку се навредил човекот почна да фрла испоискрши и играчки од децава, почна да ме кубе, старава негова се вознемири и се пушти и на нејзе.Цело тело ме боли од борење.Им се јавив на моите и дојдоа да ме земат и сега конечно сум кај нив со децава. Е сега ми е многу тешко поради децава незнам што да им кажам, ајде малото е 2 години ама големото со 8 год.? Сега почнува борбата за живот ќе биде многу тешко. Незнам што попрво да правам. Многу сум збунета и повред ;( ена.
     
  20. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    ако маж ти често е пијан, тогаш нема што да размислуваш. И на децата ќе им биде полесно. Велиш, големото е 8 години. Значи веќе оди на училиште, не му требаат дополнителни стресови поради неодговорниот татко. Малечкото е малечко. Лошо е за него уште од мали нозе да го гледа татко му во вакви ситуации а и тебе со солзи и модринки. Трауми се за децата. Остави го што побрзо, не му ја мисли.