1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    Gita, кога првично го пиша својот проблем, сите феминки беа согласни да му дадеш уште една шанса. Во име на некогашната љубов и прекрасните деца.
    Мислам дека време е веќе да не замижуваш.
    Не оде. И уште 100 шанси да му дадеш, резултатот ќе е тој.
    Разговарај со твоите, кога сега ја имаш нивната поддршка, не би требало да има проблем и во иднина. Биди кај нив некое време, ако не можеш да си дозволиш сопствен дом, под кирија или сл.
    Ќе те замолам да не му се враќаш повеќе. Децата подоцна ќе имаат преголеми трауми.
    Поштеди ги од нив.

    За семејно насилство во моја блиска околина, имам мноогу да зборувам.Имам комшии, земени од љубов нели, не голема разлика. Од самиот почеток ја тепал, значи пред јас да бидам родена :) , и сеуште продолжува.И секој ден полиции, значи си дозволуваат луѓе во рани 50-ти...Имаат ќерка, генерација сме и син 26 години. Истрауматизирани деца. И син им е женет, и тој исто, ама баш исто како татко му ја малтретира жена му.
    Искрено се плашам, не дај боже да налетам на такви насилници :(
    Зборот ми е, дека нема воопшто да се смени.
    Знаеш како викаат, волкот го менува крзното но не и наравот. ;)
     
  2. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Gita штом веќе си кај твоите не му се враќај.Не дозволувај ништо и никој да те поколеба.Млада си животот е пред тебе.За децата не си во право.Може некој друг ќе и биде подобар татко од биолошкиот пијаница и насилник.Колку и да се обидуваш да му простиш, да заборавиш, да бидеш среќна, верувај ми дека нема да ти успее.Секогаш ќе те потсетува внатрешната болка за тоа колку си била повредена.
    Жал ми што мораш да поминуваш низ сето ова, но друг начин нема .Или прифати дека истото може да случи неочекувано како и последниот пат, и којзне уште колку пати, па и пред децата.Или отргни се од тој начин на живот, со надеж дека ќе бидеш сакана ,почитувана,и среќна.Твоите деца еден ден ќе пораснат и ке разберат.Татко им кога тогаш ќе го видат во тоа светло на насилник и пијаница, и ќе ти се восхитуваат што си ги отргнала од таков човек, место да те осудувааат, тие ќе ти се восхитуваат.
    Немој да направиш поголема грешка од неговата, да му се вратиш.Со тоа само му ја зголемуваш силата.
    Верувам дека си повредена збунета ,но секогаш кога ќе посакаш да му се вратиш сети се на физичката болка,но и на онаа психичката која боли многу повеќе, знај дека толку ако не и повеќе ќе ги боли и твоите деца.Заради нив , заради себе, спаси се од тој начин на живот.
    Не вреди да се обидуваш да го смениш , да се надеваш дека еден ден се ќе биде поинаку.
    Да се убедуваш дека се уште останало нешто од љубовта , што сте ја чувствувале.
    Се што останало е само едно болно сеќавање,кое ти го земало сјајот во очите, топлината во срцето и мирот во душата кој никогаш нема да го пронајдеш ако останеш покрај него.
    За крај Среќен 8 ми март.Биди среќна, сакана , и почитувана како што треба да е секоја жена :f: :f: :f:
    Оваа година празникот е посветен на жените жртви на семијно насилство.Затоа те молам извини ако бев премногу строга во изборот на зборовите кои можеби дополнително те вознемирија и повредија.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    И покрај тоа што сум помлада од тебе и што не сум омажена, сепак бидејќи и јас сум била дел од ваква насилна врска се осмелувам да пишам. Како и повеќето феминки и јас истото ќе го кажам, не се враќај, знам дека е тешко, но мора да бидеш силна, најмногу поради децата. Сега се мали, можеби нема да сфатат сега, но подоцна сигурно ќе те разберат. Така ќе ги заштитиш и нив од трауми и лошо детство, бидејќи колку и да сакаш да ги заштитиш, доколку останеш со маж ти нема да успееш во тоа, постојано ќе бидат сведоци на вашите кавги и неговото насилство. Пружи и детство за кое подоцна во животот ќе имаат само убави спомени. Зошто да останеш со него и да му дозволиш да си ги лечи фрустрациите врз тебе, да му бидеш боксерска вреќа? Штом веќе е започнал и да пие и да е насилен, нема да се смени ич и да не мислиш на тоа. Едноставно спаси се, кажи крај на нервозите и повредувањето, со нив можеш само да фатиш некоја болест Не дај Боже. Сега е време да бидеш силна и карактерна, секогаш кога ќе помислиш дека потклекнуваш, пиши, овде сме да си помагаме едни на други колку можеме. Јас не те осудувам, напротив знам колку е тешко да се откачиш од таков човек, а не пак и деца да имаш со него, тогаш ситуацијата е многу по проблематична. Разведена, но среќна, отколку мажена со постојани модринки по телото. Ти посакувам многу среќа и сила да ги издржиш овие тешки моменти.
     
  4. Gita

    Gita Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Ви благодарам на сите на разбирањето имам само малку време да пишам, ако се најдам во депресивна ситуација повотрни ќе пишам ви сте ми голема подршка, уште еднаш ви благодарам!!! :(
     
  5. Gita

    Gita Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Драги феминки, би сакала да ве прашам дали познавате некој детски психолог, зашто се секирам за поголемиот син (8 год.), не знам како да му кажам дека се разделуваме со татко му.
     
  6. blackduplicate

    blackduplicate Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
     
  7. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Гита ти си храбра жена!

    ТИ не заслужуваш ваков живот! Твоите деца не заслужуваат ваков живот!
    Знам дека сакаш хармонија, мирен живот, ЧОВЕК до тебе кој те почитува, РОДИТЕЛ во вистинска смисла на зборот. Но, тоа чудовиште до тебе (извини вака што ќе се изразам) не е ни малку од горе наведеното!

    Каков себичен човек е тоа? Ај да те тргнеме тебе на страна (што и тоа не е во ред), ама децата? Да не сака да ги почува, да помогне? Да им ги крши играчките во нервоза? Немам коментар.

    Подобро за тебе и за твоите дечиња да се разделите, те подржувам во одлуката, остана си доследна и истрајна во тоа!
    Можеш и слободно да го пријавиш за семејно насилство.

    Да кренеш рака на човек, да кренеш рака на некоја што си ја избрал за животен сопатник, што пред ОЛТАРОТ си стоел со неа! На некоја што ти родила деца? Срамота!
    Да кренеш рака на дете, на нешто твое, на твоја крв, и тоа без посебна причина.
    Ми се гади од ваквите луѓе!

    Подобро ти и твоите деца сами, без сопруг и родител, во здрава, нормална средина, отколку “цело“ семејство заедно, со нервози, тепања, карања.

    Исправи си ја главата гордо, ти си силна жена и мајка, со подршка од твојата фамилија ќе успееш!
    Ти си победник во оваа ситуација, и како таква ќе успееш да ги однесеш твоите деца на прав пат!

    Со среќа!
    :hug:
     
    На butterfly.mk и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  8. Gita

    Gita Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Здраво, феминки повторно јас. Еве се борам со емоциите веќе трета недела од кога сум кај моите. Замислете мојот м., не знам зошто уште така го викам, изгледа навика, две недели не успеа да се јави ни да праша како му се децата, а не нешто друго. Активно се селам, а тој седи таму и ништо не збори. И покрај се после две недели јас го побарав за да се видиме и да се договориме како луѓе за децата. И секако тој прифати.Седнавме на кафе надвор. Немаше никакво каење за дешавката, т.е. воопшто не ја ни спомна, само прашуваше како се децата, па кога да ги земел да спијат кај него, дека тој секогаш ќе биде тука за на доктор за причувување и тн. Замислите имавме уплатено за одмор, знаете вон сезонски, ми вика дека треба да одиме сите заедни и дека секоја година би требало да одиме сите заедно на одмор, бидејќи одлучивме ништо да не му кажуваме на поголемиот син, па да не се чудел (со денови седеше кај моите и го чуваа и го носеа во школо, така да некако како да му е нормално што сме тука), да му кажеме дека е на пат татко му. Но кога ќе порасне уште малку повеќе што тогаш? Во неделата сите бевме во парк, сакаше да ги види децава, а јас несакав да бидат сами со него. Си играше со нив, всушност никогаш не си играл така со нив откога се родени. После седнавме да јадеме големиот запна за кебапчиња, но малиот ми заспа на раце и му викам ајде дојади се па да не вратиш, а тој ми вика, ај ќе ве однесам па јас ќе си се вратам назад.Веројатно не се допил па да се допие. Со мојата јатрва имам супер беспрекорна комуникација, многу ме подржува во тоа што го напуштив и ме оправдува, и ми кажува како старава зборела дека од мене бил нервозен нели јас сум го предизвикала. Осум години се мачев да ги доведам во ред работите, не работев децата ги исчував со помош на моите, со крв сум плаќала и после кажете ми како да не се иритираш?, ми кажа дека старава нешто му се жалела на девер ми, па он го побарал маж ми на телефеон па му зборел да не се занесува да си ја приберел фамилијата дома итн. Претпоставувам дека во неделата и се враатил пијан дома па и правел проблеми, ама ако господ ми е сведок за се што претрпев и сега на нејзе и е тешко, не сакам да судам ама горнион гледа се. Барем јас така мислам. Морав да ви пишам за да се смирам малку. Ех што ти е живот, од се што сум се чудела и плашела се ми дојде на глава. Страшно!Каков беше првиот пат кога го видов во саботата, разочаран, црвен во очите, ужасно изгледаше. Мислам дека ми беше мило што изгледаше така, не можеше ни во очи да ме погледне, се обидував да му го фатам погледот но не цело време ја вртеше главата на страна додека разговаравме, а во неделата со децава се однесуваше како ништо да не било. Еј не ми се верува со каков човек сум живеела осум години, а покрај тоа и сум спиела со него. :puke:
     
  9. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    РАЗВОД! Ако сакаш децата да ти се развијат во здрави личности, немој да се двоумиш околу тоа. Да не зборам пак за последиците кои ти ке ги трпиш ако не се тргнеш од таков (не)човек. И сите оние кои велат да се остане во брак само и само поради децата, се во голема заблуда ако мислат дека на тој начин ке бидат посреќни. :^) Како некој воопшто би можел да биде среќен во такво опкружување?!

    Јас потекнувам од едно крајно дисфункционално семејство и тоа ме обележа за цел живот. Камо мајка ми да не ги послушаше „паметњаковичите‘‘ од страна што солеа памет дека не требало семејството да се растура. Неможеш да растуриш семејство кое одамна е растурено. И тоа е факт.

    Не секој заслужува семејство.. посебно не вакви копилиња. Не сте свесни колкаво бреме и ГНЕВ носат децата од вакви семејства. А они најмалку се криви.

    Не планирав да навлегувам во интимата на мојот живот, ама едноставно неможев да се воздржам. И до сите мајки кои се соочуваат со вакви одлуки би им рекла да не се двоумат и само храбро, затоа што еден ден децата ке ви бидат многу благодарни што сте ги извлекле од мизеријата. А и вие како личности заслужувате љубов и среќа, а не да бидете нечиј роб и боксерска вреќа.

    Жал ми е што на времето не ја поддржав мајка ми кога ми наговести за тоа дека планира да се тргне со нас настрана. Што знаев јас тогаш, бев дете кое не ја гледаше целата слика.. А сега касно е за што и да е.. она веќе заглави до крај со него.
    Нема нешто што не би направила за неа. И срцево да ми го побара, ке си го извадам со голи раце и ке и го дадам. И пак нема да можам да и се оддолжам за сета болка на која подлегна за нас..

    И ден денес ја убедувам да се разведе.. и викам не е касно ама сиротата се помири со судбината. А ме боли.. повеќе ме боли за неа отколку што ме боли за себе.. и секогаш има да ме боли што таква чудесија од ЖЕНА беше изгазена од стадо говеда како пола фамилија од негова страна. На другите можеби не, но нему се заколнав дека ќе му вратам за сета болка. Така и ке биде, па ако треба и цела земјина топка да се преврти наопаку.

    Ова е само еден мал дел од моите чувства. А тек можете да претпоставите каков е мозаикот..
     
    На jb82 и Asparagus им се допаѓа ова.
  10. elektron

    elektron Нов член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Во брак сум 2,5 години и имам детенце од 2 години. Откако се роди детето започнаа сите проблеми. Неговите постојано се мешат му солат памет ама на само, пред мене се прават фини и колку многу ме сакале (мислат некој толку е наивен). Пример си седиме дома (инаку сами живееме во мој стан) и се е ок, од еднаш ке се јави мајка му или татко му, тој излегува на тераса, зборат и кога ќе се врати веднаш почнува да се расправа со мене, да ми наоѓа 300 мани и се почесто да ме навредува. И не ги окривувам неговите туку него што дозволува тоа да се случува. Во последната година не само што ме навредува туку и 2-3 пати се случи да ме удри. И тоа пред детето. Многу ми е мака зашто свесна сум дека ова вака не иде. Последното беше пред една недела. Се скаравме за нешто ( знам дека кавгата беше за некоја банална работа) и тој ми удри шамар, оти мислел дека јас ќе го удрам зашто сум мавала со рацете. Не сакам детето да порасне во нездрава средина. Од друга страна мм ми помага го чува малиот, се игра со него, го шета во парк, облекува, пресоблекува, храни ( се што можеш да посакаш од еден маж :) ). Чувствувам дека од време на време целиот бес го исфрла на мене. Кога ќе го прашам што го мачи, дали е нервозен само ми вели дека си замислувам и поставувам глупи прашања итн. Се помалку и помалку разговараме скоро ич. Кога ќе си дојде од работа со неговите се слуша барем по 2 пати (со мајка му, татко му и сестра му) и повеќе време поминува на тел. отколку со мене. Иако сум свесна дека никој не заслужува да биде тепан уште не сум одлучула што понатаму. Сакам да го спасам бракот да живеам во хармонија, знам дека понекогаш ќе се скараме ама тоа да остане на кавга, а не психички и физички да ме малтретира некој. Исто така неколку пати се случи и неубаво да се однесува со синчето, нешто го теглеше за облеката, му се дереше итн. Му предложив да одиме на брачно советување или кај психолог па ке видиме
     
  11. fergie

    fergie Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Здρаво феминκи, не знаев κаде да пишам, па пишав во оваа тема. Ве молам за помош или неκоја инфоρмација во вρсκа со овој пρоблем. Значи ваκа, имам многу добρа пρијателκа на κоја често и се заκанува еден тип κој не е баш најдобаρ психичκи, лудаκ низаеден κој со доκумент е умоболен. И е стρав слободно да излезе или дома да остане, саκам да и помогнам зашто неможе цело вρеме да живеρ таκа. Е сеа ме интеρесиρа дали има неκои здρуженија κаде може да се пρијави, или да го згρижат неκаде зашто сеκаκо е познат во болницата, полицијата... Јасно ми е деκа κај нас ниκому не им е гајле за таκвите лудаци κои слободно се пуштени на улица наместо да лежат во неκои институции. Аκо имате неκоја инфоρмација или ваκов случај имфоρмиρајте ме зашто знам деκа со обична пρијава во полиција ништо нема да се стоρи.
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Одете прво во социјални грижи и пријвете го случајот и во полиција тие 2 институци заедно би требало да превземат нешто,значи почнете од негде иако не наведуваш што всушност се случило и на која основа тој неа му се заканва,значи неможи некој од улица да дојди и да ти се заканва без никаква причина,но сепак почнете од овде и прашајте во социјални грижи дали можи да се обратите на некое друго место плус а помош све најдобро...
     
  13. Arien

    Arien Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Zdravo feminki..... Dolgo razmisluvav dali da spodelam i Jas nesto so vas....... Vo brak sum veke 18 god. Imam sin 17 i kerka 12. Uste na pocetokot od zaednickiot zivot so nego ( soprugot ) nesto ne odese kako sto treba....raspravii,vikotnici,i sto e najnepodnoslivo doagase i do Stepen koga toj od lutina sto svojot bes nemozese da go kontrolira me tepase.... Znaci na pocetok imase i fizicko i psihicki nasilstvo.....godini trpev i cutev.... Imase denovi koga se bese vo red......dojdoa na svet moite dva Angela Koi mi go razubavija zivotot.....no sepak Jas cuvstvuvav kako propagam i kako ednostavno se gubam deka se gusnam vo taa vrska......znaci 13 god ne oder nikade,sedev doma,vo dvor so decata,ne rabotev nemav svoi prihodi.....Tesko najtesko.....i sekoj den so raspravii,so maltretiranje,so ponizuvanje,so ismejuvanje kako sum nesposobna, maloumna,.......se do pred nekoja godina koga posakav i Jas da rabotam ....Sreka ili nesreka toj mi najde rabota i pocnav da rabotam......mojata Plata morav cela da mu ja davam nemu.....ako mi trebase barav,no retko koga ke dobiev.....so izreka deka se nema pari i deka tesko se izleguva na kraj so moja Plata......a da ne zboruvam....svekor penzija,toj rabotese obezbeduvanje,Potoa se zaposli i toj,Imame domasni prihodi ......ne sme bez primanja..... Znaci moze da se zivee normalno ubavo..... No,Problemite ne prestanuvaat,decata vozrasni,Skolo,obvrski najnormalno se sto treba, a sekogas problem nema pari cekajte ima vreme za se..... A Sakas da kupiv nesto za decata da se oblecat,mu treba za Skolo..... I red drugi raboti..... No ne se Problem parite .....Problem e Toa sto Jas i toj dolgo vreme nitu razgovarame kako maz i zena,nitu resavame zaedno problemi,nitu imame nekoja blizina,toj se sto pravi Toa e so negoviot Tatko..... Decata i tie sakat Kolku e mozno svoju sloboda.....drustvo izleguvanje druzenje.....nisto od Toa .....da ne kazam ama moram......duri i MOJOT sin bese tepan maltretiran ponizuvanje od niv,a Jas bev nemokna da im se sprotivstavam.....da ti se zgadi da zivees ....se Mrazev sebe si sto nemav sila da se sprotivstavam na toa....... Pokusav prvo dva pati da zaminam....i sekogas se vrakav poradi decata...... Znaes moite roditeli i sestra sto se se slucuva,moite mi sovetuvaa sekogas trpi,cuti i BIDI Tuka za decata ...... Sestra mi se ponudi ednas da mi pomogne se bese sredino da zaminam..... Jas od strav zastanav i rekov NE...... Golema greska .... Toj i ponatamu prodolzi psihicki da me maltretira.....a Jas da se narecam glupacka nikogas ne go prijaviv vo nitu edna sluzba od strav......duri i posledice dve tri godini mu kazuvav deka poveke ne go sakam i nemoze vaka ponatamu i deka sakam razvod.....a toj ke poludese koga ke slusnese sto zboruvam i vikase odi zamini vrata otvorena,ama Prosti se od decata ..... Sama zamini,a niv ne gi dobivas..... Od strav da ne gi izgubam sedev i trpev se sto mi pravese......sekogas mi se zakanuvase deka ke me ubie so goli race i deka ke me prati kaj moite roditeli..... Se razmisluvav sto da pravam....nikade go nemav prijaveno,a decata mi se se vo zivotot.....odat Skolo i e tesko da zaminam so niv......moite ne sakaa da odam .....a Jas odluciv da zaminam....zedov slobodni denovi od rabota ........denta koga zaminav decata bea doma,kerkata ja isprativ na uciliste,Sinot bese doma,a toj na rabota......Toa mi bese najdobar izbor taka da zaminam......iako i na Sinot i kerkata ima kazuvav deka ke odam i deka se ke napravam i tie da se so mene.... Sinot e pogolem i so nego mozev da razgovaram i da znae deka odam.....veruvajte bese za mene najtesko koga zaminuvav....a znaev deka decata gi ostavam so tatko im i so dedoto.... A situacijata ne e ni malku dobra ...... Moite ne me podrzuvaa da zaminam,sestra mi znaese deka ke odam.....nemav kade da odam....zaminav preku granica kaj moj dobar prijatel...... Koj mi pomogna za se..... Tri meseci Otkako zaminav.....podnesov baranje za razvod...... A Tuka pocnaa i moite pogolemi problemi....so decata komunicirav na pocetok koga zaminav na telefon...... A Potoa po socijalnite Mrezi,no toj im zabrani na sekakov nacin komunikacija so mene.... Se javiv kaj niv doma i toj povtorno mi se zakanuvase deka ako me vide ke me ubie .....deka znae kade sum i deka ima luge prateno da me sledat i deka vo Kesa ke me vrati kaj moite roditeli... Ne sum spremna da se vratam vo makedonija se uste .....i uste se Plasam od nego....zatoa zedov advokat koj ke me zastapuva mene i konecno nesto zapocnav sto odamna trebase da zapocnam,a se plasev za sebe i za svoite deca......nekoj odma ke me obvini sto gi ostaviv svoite deca,no nemav drug izbor osven vaka da zaminam i na ovih nacin da se boram za sebe i za svoite prava,a pred se da dobijam razvod i da pokusam da gi dobijam svoite deca iako sum svesna deka ke minam niz uste pogolem pekol..... Sepak Toa se i negovi deca ...... Edinstveno sto sakam e razvod i na najdobar nacin da se dogovorime za decata ...... Sto Toa ke Bode od negovi strana prav horor..... No Jas sum spremna da izdrzim i proziveam se sto me ceka........ Tesko e sto gi ostaviv decata,no poradi skoloto i da ne gubat godina gi ostaviv so nego.....mozebi nekoj ke rece deka sum zgresila,no Toa bese edinstven nacin da prevzemam i Jas nesto za sebe....... Konecno sum sigurna vo sebe ..... Toa e moj izbor i moja odluka.....
     
  14. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Me natazi ariel.....so Gospod napred da izdrzis i pred se i decata da gi dobies, ama malku kaza za odnosot na tatkoto si decata, svekorot, dalu ednas samo " izbuvnal" tatkoto vrz sinot, sto sinot ti rece koga si odese....znam bolno e za tebe i Izvini sto ke go kazam ova ama kaj tolku cekase zosto uste malku ne poceka za kerkati da porasne, 12 godini e osetliva vozrast za da ostane vo kuka samo so mazi......moze li ona da se gleda so majkati, sestra ti? Koj sega gi vrsi domasnite raboti? Ili devojceto ke te zameni ( gotvenje, perenje, cistenje).....daj Boze nabrzo da se resi situacijata pa i da gi zemes so tebe decata i da im pruzis podobri moznosti za zivot.
    Ne znam, ova e moe mislenje:(
     
  15. Arien

    Arien Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Draga Leona83 ....Kolku poveke cekav se poveke bese tesko da se zivee vo taa kuka.....decata Protocno kerkickata najtesko go podnesuva seto ova .... Jas nemam mir koga razmisluvam sto se e na nea i sto treba da pravi.... Sinot se zatvori vo sebe.... Komunikacija imaat samo so sestra mi taka slusnav mislam se slusaat na telefon i sigurno odat kaj niv za rodenden.... Na moite roditeli im e zabranet sekakov pristap do moite deca od nego....... Poradi Toa sto ziveat vo drug grad...... Inaku odnesovme Tatko sin pa moze da se kaze deka otsekogas ne bil sjaen i ne bilo samo ednas da izbuvnuvaat na nego .... Ne velam deka Jas ne sum go udrila normalno kako majka :( :( :( sto sega koga ke razmislam mnogu mi e tesko,no nikogas ne sum go maltretirala....i pred se so nego imav super odnos majka i sin i sekogas barase pomos od mene i bevme mnogu Bliski ....no sega koga zaminav najtesko e Toa sto toj Tatko im manipulira so niv i ne sakat da imaat nikakov Kontakt so mene..... No veruvam deka ke uspem na kakov i da e nacin da stapnam vo Kontakt so niv ...... Premnogu mi nedostasuvaat ..... :( :( :( .....
     
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.050
    Допаѓања:
    168.232
    Сличен проблем имав во фамилијата моја братучедка се разведе после 18 год брак .Децата на почеток останаа со таткото не и ги даваше да ги земе и првите 2-3 години беа од страната на таткото ,но после тоа увидија со кој си имаат работа и си се преместија кај мајката синот и стана полнолетен се вработи а девојчето си седеше со неа и со нејзиниот нов маж се премажи најнормално ете некна и свадба и направи мајка и и очувот се како што треба а татко им хммм зеде пеачка за жена и ги нема побарано
    Ете намерно ти го пишувам ова за да видиш дека има слични ситуации како твоите и на крај се завршува добро штом ти се заканува снимај иди во полиција и на суд ке му забранат да не смее да ти се приближи на километар од тебе адвокатот нека си ја брка работата за разводот
    Единствена работа каде што ке имаш потешкоти за децата да ги земеш е тоа што си ги оставила и си заминала судот тоа го смета како напуштање на децата обрнете внимание со адвокатот како ке ја направите одбраната по то апрашање тоа ке биде клучно ,па извести не што ке биде, со срека
     
  17. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Se nadevam se ke se sredi, pa pisi sto kako ste napravile. Maksimalno potrudi se da stapis vo kontakt so decata da im ja objasnis situacijata ( makar sto ne se malu, sigurno gledale se), a kako moze tatko mi do tolku da im vlijae ako ini bile svesni deka ti si maltretirana od nego ( pa i oni)?
     
  18. Arien

    Arien Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    ........Problem e Toa sto nikogas ne go prijaviv od strav...... A za prijavu i za zabrana da nema pristap do mene i Toa ke go napravime so advokatot..... Advokatot ke me zastapuva zatoa sto Jas ne sum momentalno vo Makedonija.....vi blagodaram za poddrskata i se Nadevam deka ke uspem..... Iako me ceka Tezok Pat do ispolnuvanje na moite baranja.... Pred se da bidam so moite deca....
     
  19. Arien

    Arien Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    .............
    ..... Pa normalno e deka ke vlijae na niv koga i tie se plasat od nego kako reagira ..... Dobro e Toa sto sekogas izvegnuvav decata da ne gledaat koga me tepase..... A Toa sto me maltretirase psihicki na sekoj zbor ...... Normalno deka gledaa decata.... Sepak Sinot e pogolem i razbira se i moze da razmisluva i da ja vooci Celata situacija..... Kolku sto razbrav toj sorabotuval i so socijalnite sluzbi za decata.... Mozebi plus za nego.... No decata go slusaat samo nego .... Sinot znae no veruvam deka i toj od strav ne moze da iskaze sto cuvstvuva..... Znam deka se luti sto gi napustiv,no koga bi uspela na stapnam vo Kontakt so niv i mene da me islusaat podrugo bi bilo.... Jas ne vrsam pritisok verz decata za Toa sto imam Problem so nivniot Tatko.... Toa ne ni sakam..... Toj namesto da se grizi za da ne pocuvstvuvaat deka Jas i toj se razdeluvame toj im ja polni glavata so Toa deka ne gi sakam deka sum gi ostaviti i sum pobegnala za drug maz..... Sepak znaete deka ako Zenta go napusti mazot ili e raspustenica ili odi so drugi kazi.... Ne saka d prifati deka go ostaviv i deka ne go sakam...... A sto e najgrozno koga pokusav da se slusnam so niv na telefon..... Bese doma so kerka mi i mi bese tesko sto pred nea vikase kako sum go ostavis za drug maz i kako go prodavam svoeto telo ovde kade sto sum..... STO TOA NE E VISTINA..... Toj ne e svesen deka mi e tesko bez decata i se boram od tolkava dalecina da napravam se po zakonski i ispraven Pat da se razvedeme i da razumno resimo kako e najdobro za nasite deca......
     
  20. vesnadijamant

    vesnadijamant Нов член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    I jas imam problem so semejno nasilstvo. Poveke e psihicko ,no ne e iskluceno ednash i fizicko . Mojot soprug ne mi dozvoluva nikakvi prava na razmisluvanje, na sprotistavuvanje, ako imam sprotivno mislenje na negovoto vednash stanuva voznemiren, me narekuva so pogrdni zborovi kako kokosko, glupacko, kurvo, i tn.Dosta pati se potruduvam so dobro da razgovarame no toj ne dozvoluva veli nema za sho da razgovarame i pak pocnuva so navredi.Nekogash stanuva i agresiven ,jas ja smiruvam situacijata zaradi decata ke se povlecam za da ne me udri. Me ima udreno ednash shlakanica i nekolku pati poturnuvano. Imame dve mali deca dve i cetiri godini, koi veke stanuvat svesni za situacijata. Jas sum nevrabotena a toj e vraboten. Strav mi e ako se razvedam da ne mi gi zeme decata, bidejki sum nevrabotena,nemam ni kade da odam, nemame ni postojano zivealishte. Dali nekoj ima slicno iskustvo kako moeto?