Жалосна, а законот немоќен ли е да те заштити во ваква ситуација? Ти трпиш страв којшто не смееш да го претрпуваш, си се соочила со закана за убиство. Искрено ми се плаче кога читам какви се` створови има. Тука клучниот збор не е да заборавите, туку да се заштитите. Што и да биде, ако се обратите до тие служби, нема потешко да си поминете доколку премолчувате. Божее, да не знае човек со кого ги дели лебот и постелата.... што ја отворив па и јас темава. Да му е страв на човек, не да се мажи, кафе да се напие со некого. Moрате да бидете силни и храбри... да се борите за својата безбедност, затоа што таа значи и безбедност за дечињата ваши. Не премолчувајте вакви работи. Нека стравот за иднината ваша и на вашите деца биде посилен од стравот од нивните закани. Лесно е да се каже, да, душата ви знае, но морате. Морате да блефирате, да се претставувате посилни одошто навистина сте. Ваквите кукавици (затоа што според мене маж којшто на каков и да е начин, психички или физички се изживува врз жена тоа и е) се плашат од храбри и самоуверени луѓе. Се плашат од заштитени луѓе, од луѓе коишто пред нив не треперат на нивните закани.
Многу добро го знам тој страв 4,5 години од сепарејт трпев закани омаловажување, следење на секој чекор, сопки на работни места, вадење на листи од телефонски разговори, закани по мојот и животот на моето семејство. Во полиција ти велат ништо не можеме само можеме да го опоменеме, а приватна тужба може да поднесете (тогаш немаше закон за семејно насилство). Се додека еден ден не ми пукна филмот. Гордо се исправив и реков, подобро уби ме јас овој терор не можам да го поднесам. Срека пребега во странство и се спасив. Кога го депортираа назад се потресов ама не ми се приближи повеќе.Болни умови има разни ама најболно е што никој не може да те заштити од истите. Треба да се случи убиство за некој да реагира.
of kakov zakon kako da me zastitat ..???? da bidi nekoj do mene cel zivo da me cuva i pazi kaj i da sum??nema to ne postoi ..odnosno to postoi samo kaj bogatasite plati da te cuvaatpo dokazite od doktorite bivsijot m..mozese da bira vzatvor da lezi ili da plati debela kazna pa makar i na rati .. toj za da ne ja izgubi rabotata prifati kazna da plati i da si prodolzi da si raboti. potpisa vo sudot deka ce ostani kaj mene uste 1 mesec dodeka najdi stan da se preseli pod uslov deka raka nema da kreni na mene..znajs do koga?? do po 2 dena koskite si gi sobirav po stanot nekako uspejav da mu gi isfrlam patikite to sabajle kako se strca po niv taka ja zakluciv vratata i povejce ne go primiv nazad..arno ama imal rezerva kluc so nego .. sto go cuval vo kolata..pa morav i brava da smenuvam i plus to ko za inaet na 1 sprat stanuvav..abe ostaj se uste celo telo mi se tresi se osejcam kako prstive vo steker da mi se staveni izvinete za lat ..
За жал, законот е немоќен преку институциите кои треба да го спроведуваат. Да можат (сите кои трпат било каков вид на семејно насилство) да бидат згрижени и заштитени од сите потребни установи, многу од нив полесно ќе се одлучат на чекор - одделување од насилникот или осамостојување. Во последните години не знам колку беа на број, но знам дека беа многу - извршени убиства од страна на лица пријавувани за семејно насилство. На крај исходот е познат, оние што барале помош за возврат добиле куршум в'чело. Упатувам АПЕЛ до лицата кои работат со доделување-одземање на оружје како пиштол, пушка или сл. да им го одземаат оружјето на лица кои барем еднаш се пријавени за семејно насилство или во најмала рака секоја година да ги обврзуваат сопствениците на оружје со дозвола, да одат на преглед кај психолог и психијатар, да им се прават тестови за пресметливост и способност за нанесување на телесни повреди или правење на кривично дело - убиство!
Мислам дека за овој настан не се обрна доволно внимание тука, но и те како е битен овој настан, затоа што отвора многу пандорини кутии. Дел од тие се : неефикасна полиција, неефикасно судство, неефикасен центар за социјална грижа. Секој е свесен на какво ниво е македонскиот народ, а тоа се отсликува во сите институции. Сеирско-лицемерно-простачка полиција којашто повеќе ќе ти гледа сеир ако некое машко те тепа отколку да те заштити. Само погледнете каква сељачана е вработена во МВР. Не дај боже да бараш од нив да те заштитат, а штом влезеш во државните институции и судскиот лавиринт знај дека никогаш нема да излезеш се дур не ти ги соберат парите. Дали сметате дека државните апарати се криви за ова убиство во Кавадарци? Дали мислите дека ова убиство е резултат на тоа што можеби убиецот не добивал правда од државните институции, бил деградиран од семејството на бившата жена? Има и машки член тука што се жали дека е добар татко, добар сопруг, а бившата сопруга на @fumfudge се повеќе го одалечува од неговото родено дете, а при тоа институциите се тоа го одобруваат или скоро се незаинтересирани. Можно ли е @fumfudge да е следниот сериски убица поради незадоволство, неправда, целосно отргнување од детето, негрижа и нефункционирање на државниот апарат него да го заштитат и да му овозможат нормално функционирање и искажување родителска љубов кон детето?
Δ Ne. Niedno ubivstvo ne mozhe da bide opravdano od drzaven sistem ili kalemeno kako takvo. Ti ako odzemesh chovechki zhivot so pomisla, umisla, vo sekoj sluchaj ako ne e za branenje na sopstveniot zhivot vo toj daden moment, vo takva situacija osven, ne e kriv nikoj drug za toa ubivstvo tuku ti. Na site ni prekipe od neshto. Da zememe site kalashnikov ajde i da terame po azbuchen red, oti na nekoj nachin se osekame obespraveno? Drzhavata ne sjebala. Sme izgubile na sud. Zhivot. Sechiv zhivot si ima svoi borbi. Koj umre pa tebe(mene, tret) gi napravi kraen sudija da presudi na drugo chovekovo bitie? Chlenot koj go prozivash, ima izneseno pet minuti od svojata istorija. Ne e svetec ni on kako ni ti ni jas., ili bilo koj drug. Nikoj nema nikakov opravdan izgovor da ubie!
Ако толку бил незадоволен од судската одлука или револтиртан од родителите на бившата жена тоа му дава право да убива?!Ќе се борам со сета сила и ќе ги искористам сите можни начини да си го добијам законското право за старателство над децата, а нема да земам пиштол и да убавам наоколу, анархија е тоа.
Јас и брат ми растевме во ваква средина, на семејно насилство. Јас имав 5-6 и бев малечка за да паметам се, а тој поголем 12-13 и добро памти. На кратко татко ми е алкохоличар и пијан ја удираше мајка ми. Мајка ми почина ко имав 7 години. На кратко имавме многу тешко и осамено детство. Ама секогаш си бевме тука еден за друг. Многу сме блиски. Ама, има еден голем проблем. Брат ми (сега 26 години) два пати го повтори ова. Има многу лошо пијанство. Не пие често, не е алкохоличар... Баш е мирно дете, си игра на компјутер, му помага на татко ми со работата, си има девојка... Ама има УЖАСНО ЛОШО пијанство. Првиот пат беше пред 4-5 години. Вториот вчера. Се испијани многу и еден будала почна да го провоцира, глупости да збора за мене и за мајка ми, татко ми... И тогаш во брат ми се буди самиот ѓавол. Не само шо се истепа со човекот, од како го приберивме дома почна да лудва да беснеј, сакаше да се врати да го тепа ние не го оставаме... И почна по нас да мава. Татко ми има скршено ребро. И првиот пат имаше скршено ребро.Знам дека не е добар човек татко ми, ама никој не заслужва вака. Исто така маваше по масата и раката му е партал... Морав да го викнам комшијата на помош иначе ќе го отепаше татко ми. Денес од како стана е друга приказна. Тотално друга личност. Плачеше ни се извинуваше ама џабе е малце нели. Сериозно се обраќам до сите вас, да ми помогните да најдеме решение, да ми дадете предлози што јас да направам? Како да го спасам брат ми од ваквиот живот, како да допрам до него? И пред да ми предложувате некакви крајни мерки и да давате негативни коментари, ве молам сетете се дека станува збор за мојот роден брат, мојата еднинствена потпора растејќи, долго време мојата причина за живот. Го сакам најмногу на светот,
Nemoze nikoj da ti kaze loso za najbliskite. Sto i da se sluci tie ni se tie. Jas i na kerka mi ne i bi dozvolila da mi kaze protiv mojte sestri i braka,a kamu li na drug. Ako veke ima takvo pijanstvo , poarno e , koga ke vidis deka e zamaten da go nateras da si odite doma. Kao dosta bese nema zabava , aj doma da si odime. Prasaj nekoj psiholog, tie najubavo znaat kako treba.
Еднинствено што треба да направи брат ти е да не пие. Седи разговарај со него кажи му колку го сакаш, колку ти значи колку се надеваш на него и влези му во потсвеста дека никогаш повеќе не смее да се напие. Тој е добар човек и освен да прекине со пиење нема потреба ништо друго да смени, а ако не е пијаница и зависен лесно ќе му биде веќе да не посегне. Се надевам после последниот инцидент ќе си ја научи лекцијата.
@s1a1n1d1r1a1, како што кажа Елиза, ако е паметен и рационален, после минатиот испад би требало сам да си ја научи лекцијата без воопшто да има потреба ти како сестра да интервенираш. И двајцата сте растени покрај татко алкохоличар, од прва рака знаете какво зло е алкохолот и како го менува човекот во звер. Пијан човек не знае граници ниту пак знае да се контролира. На негови 26 години би требало да е свесен дека има екстремно лошо пијанство и дека не би требало ни капка алкохол да стави во уста! Е сега, соочен со фактот дека се претвора во чудовиште, на него останува дали нареден пат ќе реши да пие...
Не знам дали брат ти знае, ако не - треба да му напомнеш дека од 01. 01. 2015 г. според "Законот за превенција, спречување и заштита од семејното насилство" СЛЕДУВА Парични казни за семејно насилство. Со парични казни од 2.500 до 5.000 евра ќе се казнува семејното насилство. Судските забрани за приближување на насилникот до жртвата ќе се издаваат во рок од 24 часа. Исто кажи му дека и комшиите може да ве пријават, бидејќи со 2500 евра парична казна ќе го казнат комшијата, пријателот или роднината кој знаел за семејно насилство, а молчел. Најдоброто е тоа што нема веќе да се згрижува жртвата, туку насилникот ќе добие забрана за приближување до домот. "Под семејно насилство се подразбира малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко, физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, вклучувајќи и закани за такви дејствија, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема сегашен или поранешен брачен другар, вонбрачен партнер или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не." www.mtsp.gov.mk/content/pdf/zakoni/ZAkon%20za%20prevencija%20semejno.pdf
Мислам дека последно нешто што моментално му е потребно на брат ми е да му цитирам закони. Како што кажав претходно се работи за мојот роден брат, кој не е ни насилник ни алкохоличар ни не малтретира на било каков начин само има ектремно насилно пијанство. Ова е втор инцидент од ваков тип во рок од 6 години. Мислам дека не спаѓа баш во семејно насилство, со оглед на то дека не ги направи тие работи свесно. А и онака веќе од тогаш е затворен в соба и е премногу усрамен за воопшто да излези од собата. Патеше од депресија минатата година и се плашам да не западне повторно во таквите води. Побарав предлог да му помогнам на личност што ја сакам повеќе од сопствениот живот на рационален и мирен начин, пред да заминат работите вака далеку па да се расправаме со закони и казни и полиција. Сепак фала ти. Фала ви и на претходните феминки кои ми вратија на постот.
Еден добронамерен совет кој горе долу се врти исто во круг... не го оптоварувај брат ти со забелешки и дофрлувања на директен начин,.туку труди се преку лесен начин да му докажеш каде греши, дека го сакаш најмногу на свет, да не греши , дека заедно сте пребродиле се и доправа ќе пребродувате, кажи му дека не сакаш да го загубиш да тргне во пијанство по лоши патишта , не му дозволувај да падне во депресија , излегувајте почесто на кафе или на прошетка да ги разбиструва секојднвните мисли и ќе биде подобро
Прво сакам да ти кажам дека ја разбирам состојбата во којашто се наоѓаш, дека разбирам колку ти е тешко, но дека на крај памет не ми е да ти давам бесполезни совети или да ти мудрувам. Овој проблем нема да се реши на форумов, но сепак твојата иницијатива да разговараш за овој проблем покажува храброст. Моја искрена препорака е да најдеш начин отворено да поразговараш со брат ти за повременото опијанување и да му предложиш заедно да отидете во Првиот семеен центар (3215-905) кадешто тој ќе разговара со психотерапевт. Сеансите се бесплатни.
тешко. се работи за проблем којшто не е ни најмалку наивен. братот за којшто зборуваме го пресликал поведението на својот татко и така и тој самиот се однесува. жал ми е што ќе кажам, но се работи за насилник и тој треба да посетува советувалиште.
Блисфул, после читањето на првата порака искрено ти бев благодарна за напишаното. Ама ова второто, дека е насилник не е воопшто точно. Ти не знам какво образование имаш дали е во сферата на психологијата, ама сигурна сум дека не си компетента да даваш вакви коментари за човек кој воопшто не го познаваш. Ако го пресликал поведението на мојот татко, немаше јас сега жива да бидам. Не паметам кога некој непознат повеќе ме повредил со збор. Ве молам ако немате добронамерен совет за вакви ситуации воопшто да не коментирате. Почитувам сечие мислење ама треба да се има на ум малце некаква граница. И да, имам разговарано за неговото однесување со професионално лице, и не, не ми рекле дека е насилник и дека треба така да го отпишам.
Девојче драго, верувај дека немам никаква намера да те повредам. Напротив, компетентна сум и затоа сакам да ти помогнам. Разбирам зошто се лутиш, разбирам која е улогата на твојот брат во твојот живот, но би сакала да ти кажам дека тој исто така е жртва на причината поради која страдате. Семејното насилство го погаѓа и него. Доколку не се третира овој проблем, тој добива на интензитет. Доколку не се почне со соодветна психотерапија, последиците ќе бидат пострашни, а јас сакам да те предупредам на нив за да се заштитиш и ти и твојот брат. Ако сакаш можеш и лично да ме контактираш во порака во врска со помош.