Не сум сигурна дали прочита се во врска со случката. Значи брат ми пие ретко, и од сите тие пати кога пие два пати досега се случило вакво нешто. Значи ако си ти толку професионална како што изјавуваш дека си, мислам дека ќе имаш поинаков совет за мене. Јас имам контактирано официјален психолог и имам разговарано, и таквите вистински професионалци ми дале поинаков совет од твоето директно „насилен е го копира однесувањето на таткото“. Имам тетин кој не пие цели 25 години поради тоа што пиењето влијае лошо врз него. Губи контрола, па решил да не пие повеќе. Еден од најдобрите луѓе што ги познавам е, и секогаш бил тука за нас. Значи мислам дека е јасно каков вид на помош барав, не барав твоја психоанализа на човек што не си го запознала. Се работи за мојот брат кој е прилично мирно дете. Да, сме имале двата проблеми во животот ама сите си ги имале и не значи дека сите сме ненормални поради истите. Фала ти сепак за советите, во иднина те замолувам да не ми одговараш воопшто на оваа тема оти серозно ме вознемирува дополнително ваквото комуницирање. Поздрав.
Секако дека сериозно те вознемирува ова. Не си спремна за помош и тоа е сосема разбирливо. Јас се понудив најдобронамерно да ти помогнам зашто до сега сум се справувала со многу пострашни случаи на семејно насилство и знам што зборувам. Поздрав.
Си имам психолог кај кој одев порано ќе си го контактирам пак. Спремна сум за помош многу повеќе од колку што можиш да замислиш. И официјално ова не спаѓа во семејно насилство бидејќи брат ми свесно не би повредил никого! Помош ќе ми пружат вистински професионалци, овде секако дојдов за поддршка и надеж дека ќе биде се во ред каква што и добив од неколку феминки. Не можеш ти мене да ме учиш за семејно насилство, ни последици, ни причини оти сум пораснала во таква околина и можам да оценам кога станува збор за семејно насилство без разлика дали психичко или физичко и напишаното погоре беше во момент на паника и загриженост, сега од како се собрав ќе си ја побарам соодветната помош. Друго е да учиш од книги за семејно насилство, друго е да го гледаш пред себе. Поздрав.
Нема поента да ти укажувам на некои работи кога самата одбиваш да чуеш добронамерен совет. Не само што сум учела од книги, драга моја, туку сум одвратила жена да се самозапали и да дигне во воздух цела бензинска пумпа во момент на тешко растројство. Цела полиција ја кренав на нозе и за некоја луда среќа и Божја помош, не се случи трагедија. Се надевам дека ќе биде подобро и за тебе и за брат ти. Поздрав.
Ако два пати бил насилен при пијанство кој вели дека нема да биде и трет пат.Очигледно е дека постои проблем колку и ти да не сакаш да признаеш.
Токму и тоа е проблемот - насилството се зголемува секој нареден пат и секој нареден пат проблемот станува се поголем. Како снежна топка пуштена уздолница. Но не треба да ја кривиме s1a1n1d1r1a што не сака да признае дека брат и има проблеми. На нејзе тој и бил единствена потпора и поддршка. Сепак, ситуацијата која ја гледал и доживувал пред себе влијаела на него и сега тој самиот создава проблеми. Затоа уште еднаш, ова е многу сензитивна тема. Никој никого не осудува, само се работи за навремено реагирање пред последиците да станат неизбрипливи и да остават лузни за цел живот.
Повеќе НИКОГАШ нема да побарам помош на овај, или на било кој друг форум. А ти Јој ако не можиш да забележиш според напишаното, барем совет оти Е ПРИЗНАЕН ПРОБЛЕМОТ!!!! Повеќе не ми треба ваше мислење фала ви многу.
Мислам дека @Blissful немаше никаква лоша намера, напротив сакаше да даде совет. Не се лутете ако се потрудат да ви укажат на нешто. Јас сум сигурна дека брат ти е мирен човек, но ете на пијанство му се отсликува она што го трпел како дете. Тоа е навлезено длабоко во неговата психа, и излегува на површина во несвесна состојба, како што е пијанството. За тоа е најдобро сеанси со психолог, а како добра се покажува и хипнозата во вакви сличаи. Кај него треба да се излечат траумите од детството, а за тоа е потребна стручна помош. Освен ова, незнам како поинаку би ти помогнале. Немој да се лутиш, сите имаме добри намери. Поздрав, и ви посакувам се најдобро.
Јас потполно ја сфаќам @s1a1n1d1r1a1 , знам како е да ти биде братот најголема потпора во светот, да го гледаш како својот херој. Иако не сме имале татко алкохоличар, не сум била дел од семејно насилство, како деца што останале без мајка со брат ми потполно се ослонуваме еден на друг и до ден денес односите ни се ептен блиски поради таа заедничка траума која што сме ја доживеале . Знам дека и мене некој да ми рече нешто за брат ми очите ќе му ги извадам, мислам дека требаше тоа да се земе во предвид кога се лепеа етикетите на братот на @s1a1n1d1r1a1 . Мислам дека најдобро решение е да ти разговараш со брат ти, кажи му дека те плаши неговото однесување, тоа ќе биде доволно да се пројави заштитникот во него, оној кој ве бранеше од таткото и верувам дека нема веќе да посака да се напије алкохол само за да не те повреди тебе.
Многу ме иритира тоа кога некој ќе ти каже дека мешаш баби и жаби а не го образложува. Каде ги измешав бабите а каде жабите.
Ајде малку едукација, па секоја сама нека извлече заклучок. СЗО вели дека постојат 4 групи ризик фактори кои доведуваат до семејно насилство. Индивидуални - конзумирање на големи количини алкохол , психопатска структура на личноста, психопатолошки нарушувања, ИСКУСТВА СО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ДЕТСТВОТО, ниски примања и низок степен на образование; Интерперсонални - зачестени караници меѓу партнерите, големиот број сексулни партнери на жената, сиромаштија во семејството и доминантна позиција на мажот во семејството; Ризик фактори на ниво на потесна заедница - висока толеранција за физичкото насилство, селективно или слабо казнување на насилството, мали економски ресурси; Ризик фактори на ниво на општество - ПРИФАТЕНИ ПАТРИЈАРХАЛНИ НОРМИ ЗА УЛОГАТА НА ЖЕНАТА . Е од последново сите си патиме бај д веј. Се надевам дека сега малце е поширока сликата за семејното насилство.
Нема потреба да се иритираш. Мешаш баби и жаби поради тоашто твојот и случајот на s1a1n1d1r1a1 не се поврзани во контекст на проблемот за кој зборуваме.
Нормално дека не се поврзани, меѓутоа оно чувство на hero worship за братот кој нејзе и бил и мајка, татко, заштитник, се на светот, тоа чувство ми е и те како познат и затоа пишав дека требаше без напаѓања на братот да и се пристапи, полесно ќе го прифатеше советот.
Оф леле...никој никого не напаѓа, напротив нејзе сакав да ја заштитам...читај погоре дека имам напишано дека и нејзиниот брат е жртва на тоа што им се случува и на двајцата...
Навистина сум загрижена околу секој случај на насилство врз жената. Не сме се уште спремни како индивидуи, а уште помалку како општество сериозно да застанеме на прагот на овој ужасен феномен. Борбата ни најмалку не е лесна, не е наивна ниту пак треба да биде занемарлива. Секој којшто се соочува со насилство треба да побара помош и на него да му се помогне. Секој којшто нуди помош треба да се разбере само и само во таа функција - како некој којшто разбира и којшто знае и може да помогне. Треба да знаеме едно нешто. Траумите предизвикани од најразлични проблеми не исчезнуваат ниту со стручна помош на психолог/психијатар/психотерапевт. Со помош на овие стручни лица, лицето кое се соочило со таа траума учи како да живее понатаму без истата да го прогонува и да му влијае на секојдневниот тек на животот, без да го спречува понатаму да превзема дејствија кои можат да му донесат квалитет во животот. А зошто е сево ова толку важно? Семејното насилство има свои сериозни директни последици - кои пред се ги трпи самата жртва кон која е насочена агресијата, а коишто во најлош случај завршуваат со смрт. Но, индиректните последици од семејното насилство добиваат облик на разни психосоматски болести - жртвите страдаат од разни психички растројства, нивното ниво на самодоверба е многу ниско, се пројавуа анксиозност, фобија/фобии, депресија и суицидни мисли. Еве, некако се погоди оваа тема да ја развиеме денес на 25-ти Јануари. Обединетите Нации покренаа иницијатива секој 25-ти во месецот да се нарече Портокалов ден (можеби некој/а слушнала) како ден кога напорите за превенција и сузбирање на насилството врз жените се заслени и секоја/а од нас дава свој придонес кон борбата за спречување на ова зло. затоа ве повикувам сите да ја покренеме свеста зашто семејното насилство најмалку е семеен проблем. Тоа е проблем од којшто страда целото општество.
А добро искрено вие не го прочитавте мојот прв пост? Кај што имам нагласено ДЕКА КОНТАКТИРАМ СО СТРУЧНО ЛИЦЕ ВЕЌЕ, СО ПСИХОЛОГ со цел да му помогнам на брат ми. Како да го однесам? Да го кренам? И да го однесам на психолог? Како? Само да се кажвало глупости. Претходните совети ги прифатив, ама така да ми се проповеда овде дека е насилник и не знам што нема да трпам. Ако имате добронамерни совети реков да ми помогнете, ако не фала ви многу сама ќе си се снајдам како до сега. Не ми треба некој паметен да ми се прави и да ми дефинира тука психички пореметвања и трауматизирања. Доволно сум информирана за каков живот сум имала и какви последици носи тоа. И немој да ми велите дека не ја прифаќам ситуацијата оти премногу го сакам брат ми и дека затворам очи пред истата, оти ако беше таков слчајот немаше воопшто да побарам никаква помош ни од вас тука, ни од стручно лице туку ќе си продолжев со животот и ќе се крстев дека се ќе биде во ред. После се што имам преживеано доволно сум зрела и паметна да ја сфатам сериозноста на ситуацијата и не ми требат дополнителни срања од рандом луѓе што цело ова му е само една приказна на анонимен форум!
I da si prodolzis so pametov sto si go imas.So nego mozes da rezumiras em dobronameren em korisen sovet.Veruvam deka ke go izvleces i od negativnoto,pozitivnoto. Samo prodolzi taka i ne se otkazuvaj.So sreka!