I mene da mi kazuval nekoj nemase da poveruvam ke recev cekaj u koj vek sme.. jas sum bila liberalna pozitivna borbena istrajna moite ostanaa bez rabota jas koga se zapisav na fakultet sama se izboriv i rab i studirav i zavrsiv i se zaposliv na ubava rab i se pojavi on posle moi 2propadnati vrski i lepak simnuvanje zvezdi so da ti kazam se gledavme taka ama poleka odese se posle dva meseci me pratija na seminar vo avstrija a na aerodrom mi spremal takvo iznenaduvanje da me pobara za zena da nemozes da odbies rekov da ama odma podrazmisliv cekaj ne go znaes ama si vikav u sebe dolgite vrski nikogas ne uspeale a i godinite mi odminuvaa 27 vikam ajde.. ama toa da ti e taktika da ne go odbijam javno da me pobara i da ne mi go doznaam karakterot i od toj den imam da napisam cel tom zatoa sovet do site nebrzajte so odlukite prvo zapoznajte ja ubavo licnosta ako vidite psiholoska nestabilnost u bilo so begajte oti jas tuka se gledam ili ubiena ili samoubiena.
Па и во јавност и на само, ако не го знаеш човекот, нема логика да прифатиш. Океј, грешката е веќе направена, ама не е дека мораш да бидеш убиена или самоубиена, се уште има надеж. Ако можеш да пишуваш на форум, сигурна сум дека можеш да пишеш и на некој што го познаваш да те земе од таму, ете брат ти на пример.
Inna86 Зашто не кажеш на брат ти па нека го пријави он случајот во полиција, ако ти не сакаш да бидеш повеќе со него на сила никој не може да те држи, па и по турскине серии се снаоѓаат.Велиш си била борбена епа тогаш избори се да најдеш и некое решение и баш дека сме 21 век можеш да се ослободиш од него, ако тоа навистина го посакуваш, среќно.
ВНИМАТЕЛНО ПРЕД ДА СПОДЕЛУВАТЕ НЕКАКВИ ИНФОРМАЦИИ, ЛУЃЕ. ОВОЈ ШЕЛТЕР ЗА ЖЕНИ И ДЕЦА ЖРТВИ НА НАСИЛСТВО ЗАТВОРЕН Е ВЕЌЕ 2 ГОДИНИ!
Според тоа што успеав да најдам на интернет, "Кризен Центар ,,НАДЕЖ” - Здружение за заштита и згрижување на жртви на семејно насилство", овој центар претпоставувам дека функционира. Последно што најдов е статија од јануари 2015 во која велат дека телефонските линии се достапни 24/7. http://www.krizencentar.org.mk/ http://www.krizencentar.org.mk/index.php/kontakt sovet@krizencentar.org.mk телефон 15-315 http://www.beznasilstvo.mk/mk/zaednici/sluzba-za-pomos-vo-zaednicata @Inna86 доколку твојот пост е навистина сериозен, а не играње мајтап на форумов, бидејќи си член на форумов, јасно е дека имаш пристап до интернет и постоечка маил адреса. Би можела да пишеш мејл на некој од домашните да дојде да те земе. Или пак на некој од спомнатите институции, другарка/другар, поранешна колешка/колега и слично.
немаш потреба да врескаш, НЕМА друг шелтер ! добро ја познавам состојбата со шелтрите за да нудам помош која не може да се реализира!! има само кризен центар којшто згрижува до 48 часа.Контакт 15-315 (СОС линија)
Девојки добро сега има или нема таков шалтер? Дајте некој број кај што жена може да се јави и да и помогнат. Хитно е.
Okenzi, нека се јави жената во Кризен Центар Надеж на дежурниот СОС телефон 15-315 Тие исто така имаат шелтер којшто згрижува во ургентни ситуации до 24ч
Значи вака ова си го имам дома. Мислам од секогаш сум го имала само го немав приметено. Тоа кај мажите од таткова страна семејно наследство е. Така татко му ( дедо ми ) ја малтретирал баба ми, така он сеа си се иживува на мајка ми. И сето тоа кога се напие. И едно не ми е јасно зошто жените го трпат тоа? Всушност знам зошто, што ќе речат луѓето за тоа? Тоа е менталитетот на нашиот народ, на нашите жени, ќути и трпи. Како што можев да приметам, нели се вели кој си ја има мувата на капата сам си ја трга, повеќето мажи кои што ѓи малтретираат своите сопруѓи, тие си имаат швалерки. И грижата на совеста за да ја отргнат ѓи обвинуваат сопруѓите, и ѓи малтретираат. Да, татко ми е ( тој факт не можам да го изменам) ама јас тој човек за маж не го сметам, нити ќе ѓи сметам тие како него. Морав да пишам овде бидејќи се срамам да разговарам со другарки, другари за ова, срам ми е што живеам со таков човек. Ама се додека не реши мајка ми ( која секогаш се надева за подобро утре ) да преземе нешто јас не можам ништо да сторам. Знам дека звучам малку рамнодушно, но верувајте отрпнете од секојдневно гледање на исто шоу. само вие што сте млади, и сте во врска или брак со некој таков, напуштете го веднаш никогаш не се менува таков, само се залажувате ако останувате со него. Нека не ве заслепува љубовта кон него, верувајте не е единствен, сигурно има и други што ве сакаат, и што ќе бидат со вас. Има прекрасни мажи, кои прифаќаат и туѓи деца и ѓи гледаат како свои. Многу подобро и од нивните татковци..
Дете семејното насилство е наследно, во смисла на тоа што детето гледа.Мајка ти со едно куферче и тебе подалеку макар во собче (ако веќе не го направила тоа), друг спас нема човекот односно татко ти нема да се промени.без разлика дали ќе има друг или не (мајка ти) се во свое време. Убеди ја дека нема иднина со тој човек иако ти е татко. Мајка ти нема храброст убеди ја на било кој начин.
Јас имам 19 години, значи веќе не сум дете. И не се согласувам со тебе дека семејното насилство е наследно. Туку детето кое било сведок на семејното насилство има две опции, или да го продолжи тоа што го научило од своите родители ( во случајов семејно насилство ) или да го направи сосема спротивното. За жал, кај татко ми е првиот случај. Не постои начин да ја убедам мајка ми, верувај се обидов. Мислам дека таа не може да го остави. Всушност знам дека не може да го направи тоа, и имам кажано многу пати, но ете. единстевно ми преостанува повеќето време да го поминувам дома за да спречам да се случи нешто од тоа повторно.
За мене си дете имам 47 год , а мајка ти зошто го трпи само таа си знае. Јас бев во такви лајна па фала му на Бога се спасив, затоа ти велам убеди ја не си мала. Едит: татко ти не е единствен случај.
Бидејќи сака да верува, и да покажува пред друѓите дека живее во среќно семејство. Да не го изгуби својот статус во друштвото. Да не ја покажуваат со прст.. А и освен тоа верувам дека ваквите жртви станат на некој начин зависни од тоа малтретирање, и на некој болен начин веруваат дека го заслужуваат тоа. Барем така имам читано..
Da da tocno taka so tek na vreme pocnuvas da mislis deka za site problemi si ti samata kriva ..deka ti nesto povtorno si pogresila i samata probovas da go resis problemot sto ne zavisi od tebe..a mazot so toa dobiva uste povejce sila dozvola da se izivuva nad tebe..i dodeka se svestis pominale 1.2.6.8.12 god.
Јас сум сто посто сигурна дека „друштвото“ знае што ви се случува дома. Знаат дека не е се‘ така розово како што изгледа. И сто посто сум сигурна дека разговараат за истото кога мајка ти не е присутно т.е. зад нејзин грб. Се познаваат таквите работи. Ова да и‘ го кажеш, нека не живее во заблуди.
Луѓе имам не многу блиска особа која мн пати ми се има пожалено дека маж и ја тепа, неколку пати излегува од дома и ми се жали дека сопругот ја тепал и реков да го пријави во полиција таа несакаше, во меѓувреме тој пријавил во полиција дека жена му ја нема ми се јавија на тел од полиција да ме прашаат дали е кај мене им реков дека е кај мене и им ја кажав ситуацијата ми рекоа да ја одведам или јас или сама во станица да го пријави за семејно насилство и да извади лекарско од болница но таа несакаше незнам како да и помогнам. Вчера пак се случи истата ситуација пак дојде кај мене, во полиција се запознаени со случајот, знаат дека нејзиниот сопруг е доста проблематичен веќе јасно им е нон стоп се случува тоа. Таа има полубрат и тој веќе незнае што да прави истото што и јас тоа и тој таа несака да пријави страв и било, полубрати и дури има разговарано со нејзиниот сопруг ама секогаш истото, И да се случи нешто таа нема каде да оди со полубрати не се во добри односи кај него да се врати неможе во никој случај, незнам кај да се обратам како да и помогнам, дали имам право всушност јас да пријавам дека мојата соседка трпи семејно насилство?