Мислиш на реална примена? Не се применува, сеуште е она заостанатото од пред законот. Всушност ретки се оние кои што пријавуваат насилство од икс причини, а и да пријави некоја секогаш од другата страна е моќникот кој ќе ги замачка работите. Камо среќа сите закони да се применуваат ќе ни цвета државата. Уствари се применуваат само законите за глобата, да ни го одерат грбчето.
Се применува, верувај ми. Можеби си засегната со слабата имплементација на правната рамка воопшто и тука мислам дека имаме уште многу да работиме за да бидат ефективни механизмите на заштита. Инаку со овој закон направено е подобрување во однос на заштитата на жртвите од семејно насилство, за разлика од решенијата кои ги нудеше законот за семејство. Ќе не биде, полека, полека...
Дебата - Стоп за насилството врз жените и девојчињата https://www.facebook.com/events/1649028298718662/
Ајде еден совет. Се работи за една моја блиска личност која и те како е во тешка семејна ситуација. Пред извесен период стапи втор пат во брак,и втор пат е жртва на семејно насилство. Проблемот е што таа не го трпи насилството поради преголема љубов, туку дека навистина нема каде да оди. За жал нема ништо свое. Нема работа бидејќи не и дозволува мажот и да работи,болно е љубоморен( благ збор е да го наречам психопат), и решена е да замине меѓутоа нема каде. Се плаши да отиде кај некој близок зошто знае дека ке ја најде и ке приреди скандал за оние кај кои престојува. Секој ден буквално живее во страв. Знаете ли место каде би можела да се обрати,стварно незнам како би и помогнала
https://docs.google.com/forms/d/e/1...vL1-nGiV5lg42SFsnmAFbVlpOeNg/viewform?c=0&w=1 Почитувана, доколку сметате дека во вашиот дом претрпувате семејно насилство од страна на сопругот/партнерот, Ве молам пополнете ги следниве податоци. Вашиот идентитет е потполно анонимен, а податоците кои ќе ги внесете ќе се користат за научно истражување од областа на психологијата. Се пополнува анкетава и на крај ви излегува ова Ви благодарам! Вашата соработка е од големо значење и како знак на благодарност, Ви овозможуваме 3 бесплатни консултации (во траење од 30 мин) со психолог-психотерапевт. Доколку сметате дека ви се потребни, јавете се на следниот тел. број 078-404-074 Со почит, м-р Весна Блажевска - психолог и психотерапевт Јас ја пополнив иако немам таков проблем, пополнете и вие за да си помогнеме себе си
Луѓе не знам што да правам, ве молам за совет. Вчера избувна кавга меѓу моите дома која ескалираше брзо и мајка ми доби два шамара од страна на татко ми. Причина беше зашто она отишла кај вујко ми и кај баба ми, поважни и биле тие отколку семејниот заеднички живот. И викаше да се собере и да си оди, а дека во понеделник ќе поднел барање за развод. Ова не е прв пат да биде насилен, ама јас колку што се сеќавам никогаш не ја удрил мајка ми иако бил многу блиску до тоа. Секогаш јас и брат ми го кркавме. И не не беа тоа по еден шамар или удирање по газ, тоа беа шутирања, боксови, тегнења, влечења, и ред други работи. Дури и голи не соблакал пред врата да седиме со саати. Рачунајте ова ни се случуваше на мене и на брат ми па скоро цел живот. Имаше еден период од 5 а може и повеќе години кога се беше со убаво, караниците кога ќе се случеа беа само со викање, немаше ни ронка насилство, ниту физичко ниту психичко. Последниниве 4 години не знам што му се случи пак си се врати на истото. За нај банални работи знае да избувне. Последниот инцидент, пред овој беше со мене зашто сум му рекла дека треба да помага низ дома а не само да седи на компјутер и да игра игри по фејсбук или да седи пред телевизор или да спие, ме претепа, ме шутираше по грб по газ, маваше боксови ни јас не знам веќе каде,о кога сакав да си отидам не ме пушташе да излезам ги зема сите клучеви, а кога јас успеав да им земам еден раката ќе ми ја скршеше само за да ми го земе. Уште тогаш сакав да го пријавам ама мајка ми ме премоли да не го пријавувам, дека ќе било брука, дека ќе ни се смееле сите. Два месеци не зборев со татко ми од тогаш, сега сме пак како ок, ама не не сме ок, само така си мисли. Вчера сакав да го пријавам затоа што буквално настапи со зборовите "ако не си отидеш од куќава ќе видиш што ќе ти се случи", мораше жената да спие кај нас во соба да не му текне да дојде и да ја испоколе на спиење, ама мајка ми не, срамота е, честа ќе ја изгубиме, нека ме утепа јас честа не ја губам. Пробував да ја убедам, да и докажам, да и објаснам, ама она не па не. Не можам ова да го трпам веќе ова, знам дека ќе се повтори, и ќе биде врз било кој од нас тројца и дали некого ќе чини живот или не. Не можам да ја убедам мајка ми никако, што ако јас го пријавам а она го брани пошо и е срам да каже дека ја удрил. Најверијатно и страв и е дека нема каде да оди ако треба да се отстрани од срединава. Како да им помогнам на двајцата, на едниот заштита од насилството а на другиот сериозна паихолошка помош и тоа така подолгорочна
@vetre zal mi e sto imas takvi roditeli. Tatko ti treba da se prijavi i da odi da se leci,takvo krvnicko tepanje ne prave eden normalen roditel na svoeto dete. Toa sto i udril samari na majka ti isto nemal pravo no taa e vozrasna zena i treba da nauci da se brane i da misle na vas a ne sto ke rece narodot. Vo ovoj slucaj majka ti e kriva isto kolku i tatko ti zatoa sto ne prave nisto za da ve zastiti tebe i brat ti . Nekoj ke rece deka moze se plase od tatko ti sto e i vistina no ne znaci da trpi nasilstvo a uste pomalku da gleda kako decata nekoj i gi sutira,boksira. Mozes da kazes na baba,vujko ako misles deka ke vi pomognat i zastanat na vasa strana. Sepak razgovarajte so majka ti i ti e brat ti i kazete deka e dosta ako ne za nea neka se postavi zastitnicki za vas.
@vetre Go procitav tvojot post do pola I ne mi trebase poveke , ok ako na vas I na majkati vi e bruka da go prijavite psihopatot togas daj nie od forumot da se soberime I da dojdime doma problemot da vi go resime, smeski.... Logicno e da odite I da go prijavite, brat ti kolku godini e ? a majkati koga go nema toj majcinski instinkt da ve zastiti vas togas no comment neka uziva vo kotekot, koga vie doma kako semejstvo ti brat ti I majkati slozno ne zastanite protiv nego nikoj ama nikoj drug nema da mozi sve pocnuva od vas,duri ne potkrenite inicijativa za zal ke si trpite... Za koja cest zboruva majkati taja kako zena odamna za izgubila cesta I pocitta sprema sebe prvenstveno...
Ја све ке разберам ама да не пријавиш домашен насилник од тоа што ке кажел народот е тоа нема да разберам. Иди кај вујко ти кажи каква е ситуацијата и појдите кај нив. нека се разведат најубаво. Не е убаво, мајка ви е таа која е одговорна, вие како деца не смеете да трпите тортури а она ништо не прави по тоа прашање. Појди кај вујко, кај баба дедо нека помогнат и они, никој не би затворил очи на ваква ситуација. На крај па батко ти под рака и иди си од таму мајка ти више ако толку сака да остане. Многу ми е неодговорно ова нејзино понашање. Многу. Трауми се ова, не е зафрканција.
Ахх бре луѓе јас одма ќе идам да го пријавам, со две раце и со две нозе ќе потпишам ако треба. Ама јас ќе се тргнам некако од ситуацијава, брат ми исто, мајка ми е проблемот, не можам никако да ја разубедам дека не е ова во ред и дека не треба вака да биде. Единствено што ми останува е да ја киднапирам буквално и да ја држам некаде кај некој роднини и пријатели. На своја воља нема да си отиде. Не гледам друг излез од ситуацијава. Ако отидам во советувалишетот ќе ми речат да пријавам во полиција, а мајка ми може и ќе негира дека се случувале инциденти. На крај краева ми доаќа помислата да му вратам со иста мера, да го фатам на спиење и да го збумбарам да не знае кое ковче го боли, па макар и лежела затвор за тоа. До таму ми иде гневот и очајот
Sigurno tepanjeto so kloci,boksevi ostava na tebe modrici. Da bideme realni i da go prijavis ke dojdat ke go privedat i za nepolni 24h ke go pustat. Majka ti cim smetas deka bi negirala deka ti i brat ti ste maltretirani i ke zastani na strana na nasilnikot ne e majka i ic da ne se grizes za takva osoba pa kolku i zvucela sebicno. Gledaj spasete glava so brat ti a majka ti sama si odlucuva za sebe. Dokolku se grize za vas kako nejzini deca do sega ke ve zastitela i nemalo da stoi nastrana dodeka ve tepa tatko vi i da vika da ne prevzemete nisto.
Ако му вратиш со насилство си станала иста како него. Тоа е проблемот на особи растени во насилна средина, често во конфликт посегнуваат кон она што го гледле/преживувале во детството, така да ти грижи се повеќе за себе си и твојата здравствена состојба. Инаку според мене најважно е да разговарате најотворено/најискрено со него и да му објасните дека мора да оди на советувалиште за справување со бес/психијатар(може му треба терапија). Ништо не постигнувате со бегање/пријавување. Не сме ние земја од ЕУ,ќе го тргната на кратко ама кога ќе ви се врати/најде може и од тепање во друго да ескалира па полиции да неможат да расчистат. Мора да му помогнете да побара помош, да сфати дека вие не сте му крвници/непријатели, да сфати дека сакате да му помогнете/дека сте на негова страна да се смени.Штом имало 5год. мир можеби ќе ви успее и подолго време. Дали пие алкохол па станува ваков?
Да му вратам со иста мера ми е последна мерка, и гледам да ја избегнам што е можно повеќе. Тоа ми е најголем проблем, што ако го пријавам, го притворат на 24саата и го пуштат, после тоа што, како да се бранам. Тек тогаш сум сигурна дека ќе биде повторно насилен уште повеќе. Не е алкохоличар, секогаш кога е во прашање алкохолот одговорно и совесно пие. Мајка ми му е крива што он не успеал во животот, сакаше да започне бизнис во поле за кое си нема појма, мајка ми го одвраќаше го премислуваше, му викаше да не почнува ништо затоа што не е така лесно како што изгледа на хартија и во теорија. Тој не го започна бизнисот и сега и е лут, иако наоѓа многу банални причини за да се лути и дере а понекој пат и да мава, како онаа вчера зашто мајка ми отишла кај баба ми(мајка и нејзина) и вујко ми или па се караат за парите или за работа(работат на исто работно место) или зашто некој нешто не направил и други банални работи што може да се реши со обичен и смирен разговор. Дека ќе прифати советување и психолошка помош е многу тешко веројатно затоа што мисли дека е во право И дека правилно постапува и се некој друг му е крив. Тие 5 години беа мирни бидејќи навидум имавме малку повеќе пари и глумеше добро ситуиран господин.
Следна кавга штом избувне зимај телефон и пуштај нека снима Пријави го слободно и 24 часа да го приведат ке го поизпеглат за тие 24 часа па да виде како се тепа Мајкат не ви е мајка да и го кажеш тоа у очи ма колку и да боли јас да видам некој да ми ги шутира децата со клоци и боксови у првата секунда ке го заколам најозбилно ке го заколам па макар бил маж мајка татко брат