Многу пати и вика дека ќе ја избрка од дома. И велел дека кога јас и брат ми ќе сме се омажиле/ожениле ќе ја избркал од дома. Пред некој ден и рече дека ако не направи нешто (не ми текнува) да не влегува дома наредниот ден.Јас му кажав дека ќе и ги спакува куферите и тој ми рече слободно уште сега. Знам дека нема да ја прифати ситуацијата ама ваљда и да направи скандал полсно ќе се справиме со него отколку таа сама веќе со целоживотното малтретирање. Ми рече дека нема воља и желба за ништо. Дека е очајна дека не и се станува. Таа е веќе психички измачена измалтретирана. Мислам дека јас сум и единствената светла точка во животот и дека морам да и помогнам некако. оффф... Да додадам дека со него не се прави муабет, тој едноставно не знае да прави муабет, тој е во право ние ништо не знаеме, никој не може ништо да му докаже.
По начинот на пишување се приметува дека си стабилна и сериозна личност. Многу жени кријат семејно насилство поради страв, срам или другите да не се нервираат, а јас тоа не го опраавдувам. Според мене психичкото малтретирање е полошо и од физичкото малтретирање. Штом го знаеш проблемот полесно ќе можеш да го решиш. Запомни сите проблеми во животот се минливи, а најважно е здравјето. Според мене имаш две опции: 1. да го пријавиш во полиција (ова не би ти препорачала да го направиш бидејќи татко ти ќе се промени на краток период, а потоа повторно ќе ја малтретира мајка ти и големи се шансите ситуацијата да ескалира) 2. да ја земеш мајка ти со тебе во Скопје. Јас така би постапила, а и ти самата знаеш дека тоа е најправилно. Почекај до недела брат ти да се врати, седнете на маса со мајка ти и разговарајте за целата ситуација. Заедно со брат ти убедете ја вашата мајка да дојде во Скопје. Мислам дека она ќе ве одбие, но колку и да не сака или да се колеба убедете ја да го направи тоа. Во Скопје ќе има духовен мир и спокој, со тек на време ќе се чувствува подобро и ќе сфати дека ја направила правилната одлука. Во Скопје ќе и биде полесно да најде и работа. Сигурно татко ти ќе ја моли да се врати и ќе вели дека му е жал и дека се променил, но мајка ти нека не потклекнува на неговите зборови. Мене кога ми е тешко пијам света вода тоа ми овозможува духовен мир и спокој, исто така секоја вечер се молам. Само молитвата и светата вода ми овозможуваат таков мир. Мајка ти нека разговара со некој духовник во црква или нека посети психијатар за да и даде стручен совет. Мој совет ти е да ја земеш со тебе во Скопје. Со среќа, настојувај да ја донесе правилната одлука
Е тогаш единствено решение е да ја убедите со брат ти да дојде во Скопје. Но бидете со неа цело време додека трае селењето, помогнете и да се спакува и не ја оставајте сама со него откако ќе му соопштите за одлкуата. Во момент на бес може не дај Боже сешто да и направи. Најдобро е со брат ти заедно да го изведете ова и само мирно и трпеливо. Кога ќе бидете двајцата присутни ќе не може ниту таа така лесно да ве одбие ниту пак татко ви така бурно да изреагира.
Мој совет е ако можеш да ја земеш во Скопје па ако продолжи твојот татко да прави сцени или нешто да го пријавиш во полиција(ако веќе ескалира ситуацијата) Но најважно од се е ти што си и подршка барем не е сама во ова .
Фала ви на сите за советите, ќе видам што ќе можам да направам, се надевам на најдобриот излез од ситуацијава...
Според мене земете ја во Скопје. Почекај го брат ти и како што кажаа членките погоре убедете ја. Никој не заслужува таков живот и малтретирање, а камоли тоа да и го прави на сопствената жена. Гледај малку да ја поткренеш,да и бидеш најголема подршка во овој период додека ја помине оваа ситуација,да знае дека може да се потпре и да рачуна на тебе..Да сте тука една за друга.Извини сега вака...Ама татко ти треба да се застрами за сите навреди и кревања на рака кон неа.На тие години тоа понашање ..За срамота.Таков човек не вреди ни за да го погледнеш.
Тој не се срами од ништо во животот, такво му е понашањето цел живот, а во секоја прилика не засрамува сите. Одамна се срамам од него. Мисли дека е најпаметен и најјак над сите. Дома е како што ќе каже тој, во спротивно избувнува хаос. На мајка ми и забранува да се гледа со браќата затоа што не му се допаѓаат. Една комшика денес дури и рече "епа шо да правиш каков таков барем другар имаш дома, никаде не е сјајно, што си бирал тоа ти е до гроб". Остро се спротиставив на тие зборови, но такви се сфаќањата тука , примитивни. Во секој случај, го чекам брат ми па како постар тој да превземе построги мерки во ситацијава. ќе ве известам доколку добиеме спас од неа. Фала ви многу што ме охрабривте!
@strelec231992 Јас да сум на твое место не би чекала на брат ми. Насилство од никој вид не се трпи. Ова што го кажуваш не е од сега, па да постои и најмала надеж дека нешто би се променило. Доколку постојат опции, а постојат, зошто сама кажа дека можеш да ја земеш со тебе во Скопје, земај ја и одете си. Пробај да издејствуваш да добиеш забрана за приближување. Брат ти, рече постар е од тебе, единствено што може е да го седне, и најразумно да му објасни дека претерувал со години, дека тоа е тоа, да си тера по патот свој и да не и се приближува повеќе. Што и да одлучиш, ти посакувам трпение и да си ја решиш ситуацијата што побрзо во ваша корист.
Ме истепа. Ги искина сликите од свадбата. Ми го пукна екранот на мобилниот. Ме маваше по глава и ме кубеше. Се тресам. Само бебево да е живо.
Пријави го В полиција, направи и ти скандал, тужи го. Викни ги твоите. Замини си од таму. Тој не те сака. Ова не е нормално што тој го прави.
Што се десило, зоштоо??? Дали си добра сега?? Штом дигнал рака на тебе, оди си од таму кај твоите, не му останувај дома. Каков кретен човече, на трудна ли се дига рака.
@joy1 сериозна сум иако посакував ова да не е вистина и да не ми се случува мене. Не можам повеќе. Умирам од тага.
Останав без зборови...... Е ова е сериозен проблем,а не зошто имало грав за јадење. Како прво,покажи дека си слина не поклекнувај. Викни полиција. Викни ги твоите. Веднаш спакувај се и замини со нив и никогаш да не се вратиш во тој пекол. Да му се плукнам у битангата што тепа бремена жена!
Жити полицијата што ќе и помогне. Само бетер ќе го разлути тој мажот нејзин. Само смирено треба. Се што ќе каже ти да, аха. Не му контрај. И прва прилика да те нема од таму. И да плаче и да моли не потклекнувај. Смирено само.
Со педер кој тепа трудна жена нема смирено.На такви треба лекција да им се одржи,една добра воспитна да им се даде. е така ќутете си вие за да не го разлутите повеќе па нека ве млати цел живот
Дојде мајка му всоба и наместо да му викне да го поучи како треба да се однесува со жена а посебно трудна жена, таа трча по него. Не сме биле ние еден за друг му кажала таа уште порано. Знам дека не ме сака ама дека го премислувала да ме земе не знаев. И подобро да го премисле ше. Не ми е добро страв ми е за бебето му викам носи ме на болница оди сама ми вика. Не ти е гајле за бебево? Ни за 200 бебиња нема да ми е ми рече. Душа ме боли, во кој да најдам утеха а да не згрешам.... Вакво однесување од негова страна ме прави да одам со друг.
@Osamena5 а што правиш во таа куќа се уште?? Те истепал, те вреѓа и ти уште седиш. Добро знаете малце да се цените, имате достоинство? Кога сите жени ви даваат совети вие упорно терате со главите во зид и не сакате да прифатите совет и да превземете во свои раце, не замарајте.