Не треба да се адаптираш на таков човек и да се помириш со тоа, не паѓај под влијание, тој тоа што го направил е ненормално однесување, наместо да се радува што успеал да се ожени и да има и очекува дете, наместо да се радува дека ќе стане татко, тој наместо да се грижи за тебе за да бебето се роди живо и здраво, и ти да бидеш во одлично здравје, и се' да помине како што треба, тој твој сопруг те изгладнува, ти создава стресови и те тепа. Како можеш да дозволиш некој да те тепа??? Ти не си најдена на улица, НИКОЈ НЕ Е НАЈДЕН НА УЛИЦА, за да така се однесуваат со него, имаш достоиство и почитувај си го достоинството, почитувај се себе пред се' заради твоите деца и заради себе, веднаш пријави го твојот сопруг во полиција, ангажирај адвокат и започни постапка за развод, оди и кај јавен обвинител пријави го твојот сопруг, понатаму пријави во Центарот за социјална работа, твојот сопруг мора да одговара за неговите постапки, мора да се соочи со последиците, не дозволувај да му се размине, верувај ако се помириш со ова и не превземеш ништо никогаш на сама себе не ќе можеш да си простиш... Се надевам дека се' ќе биде во ред.
Абе да, те млати, те боксира, те цеди ко крпа после рачно перење, а ти стратегии си правиш како да си најдеш друг. Греота за оние кои навистина бараат совет и ради таквите ко тебе, луѓето најчесто стануваат индолентни за критични совети. Кај беше у раните 2000ти коа се пишуваа вакви сатири на гламстик. После немало работа, има, ама поинтересно ти е дома да седиш и да ни го мериш нивото на интелигенција. Дај боже да не грешам, во спротивно, греота за бебето у шо фамилија ќе расте. Од такт ме вади помислата дека постојат луѓе кои мислат дека со бебето ќе го спасат бракот, аха, ај важи.
Видеата ги беше постирала една членка во друга тема. Ги ставив овде за да може да ги гледаат и други членки. Можеби ќе му помогне некому.
Како бе тоа ве тепаат, ве вреѓаат, ве затвараат и вие пак би се вратиле? За што се омаживте? За љубов или за јадење ќотек? Ма не смее бре глас да пивиши на мене, а не па рака да крене. Со маж треба да имаш љубов, разбирање, хармонија. Не можам ни да си замислам да ми прави некој така а јас да трпам. Си одам одма ама одма нема тука размислување, нема деца, ова она. Не смее никој никого да тепа, затвара и слично НЕ СМЕЕ!!!! Сами си им дозволувате пошто ги трпите. Не дека со мм ми е бајка, не дека не сме се скарале, но никогаш, никогаш во овие 6,5 години не сме се скарале да сме налутени и да не правиме муабет, не па да се вреѓаме. Нешто не штима, седнуваме и правиме муабет, не секогаш се сложуваме еден со друг, ама на крајот пак заљубени си легнуваме. Проблеми со свекрви секогаш ќе има, ама ради неа со маж не се карам нит он со мене ако се сакаме. Во бракот сме само ја и тој. Така да, не можам да ве сфатам, и искрено не ве разбирам дека имате мака кога трпите. Ако трпиш значи не ти е лошо. И не ми зборете љубов, тука љубов нема никаква. Кој удрил пак ќе удри, кој пие пак ќе пие, кој се коцка цел живот ќе се коцка итн. Замислете истото ова утре некој да му го прави на вашето дете? Како ќе го советувате? Да трпи? Не знам, без навреди, ама не ве разбирам.
Nekoi nemaat I kade da odat pa zatoa i trpat I progoltuvaat!!! Koga ke navlezat vo takov bubanj samodoverbata i psihata im pagja na najnizok level !!!
Има служби, има safe house, ако се сака се може... Моја братучетка трпеше 6 години, за на крај да и стави нож под грло, па закани на сите нас како ќе сме ја собирал на парчиња покрај вардар. Значи трпевме сите околу неа. Баба ми доби мозочен удар од него...ич не е наивна ситуацијата, и не треба да се кренат раце и да се каже немам каде да одам. Подобро ќе го прашам комшијата да ме прими на ден два одошто дете да ми трпи и гледа насилство. А јас сум гледала како братучетка ми страда и знам која траума е. И честопати е срамно да се дознае дека била тепана, ама нема тука срам, секој нормален човек ќе помогне. Многу имам да зборам на оваа тема, ама едноставно од искуството, оправдание нема и нема да има.
Ima ne vikam ne,megjutoa ne sekoj gi ima blagodetite i podrshkite od najbliskite za da im gi otvorat ochite na vreme I da gi zashtitat!!! Ne sekoj im podava raka na zrtvite!!! A I ne go negiram I toa deka postoele zrtvi koi sami od sebe si spasile glava bez podrzshka od familija I itn..Mnogu dobro mi se poznati ovakov tip na zrtvi shto ziveat od denes za utre,mnogu I od niv se povlekuvaat od strav koga se stignuva do svrshen chin( tuzba za semejno nasilstvo ) I povtorno im se vrakaat shto e krajno zalosno ali toVa e koga se nema podrshka od roditel,brat/sestra...
Ништо не функционира. Какви служби, какви сигурни куќи? Па тие што работат таму се првите кои ќе ги осудат. Им велат да се вратат и ги оговараат после низ народот. Се е како во бајка на тв деновиве, па кога ќе ги видам со тие “ламбичките” , а всушност никој не се ангажира да ги заштити истите. Лгбт важно рулс.
И пошо нишо не функционира, да оставиме да не тепаат? Поентата е што ние сами треба да сме свесни, и да не ни е срам, да не паѓаме под такво влијание. Зошто бе стално мора да се бара некое оправдување кога станува збор за семејно насилство? Као нек не убие немам каде, немам кој. Нека ме оговараат колку сакаат, кој сака, нек сум будала, ороспија и што да е, не трпам. Жените сами си дозволуваат да бидат потценувани, вреѓани, тепани. А никој не го заслужува тоа. Ич не трпам неправди, и ќе ја истерам работата до крај. Ооо посебно сега откако иам дете. И те како ќе се борам.
Не знам дали си ја читала темата од порано или другите теми слични на оваа? Жените немаат каде да одат, затоа остануваат и трпат. Ако не за нив тогаш заради децата. Кој систем ќе те заштити? Нема сигурно да те сместат во хотел со 5*. Плус семејно насилство е тешка категорија. Не е неверство во брак, па ај ќе се разделиме оти не се сакаме. Тие жени често не се ни пуштани да си одат. Насилник попрво ќе ја убие отколку да пушти. Лесно е да се чукаш во гради јас така, јас вака, ама тие жени немаат никого на кој можат да се потпрат, затоа и насилникот е тоа што е.
Во случајов, женава вика дека неќе да им каже на нејзините зошто пак ќе му се вратела.... Како бе ќе му се врати? Е за такви зборам. Кажав за братучетка ми, и знам која тортура е вршена и врз децата. Онаа што има мака, нема да сака да го погледне а не па да се врати. Проблемот се сече на старт. Ако денес прв пат ме удри, знам дека ќе ме удри пак. И што арно гледаат децата ако мајка им шета модра? И утре ќе ја убие...браво мајка ги оставила децата сираци за да трпи монструм. Широка тема е реков погоре. Поентата е да им дадеме поддршка да не трпат, а не да ги тешиме дека немаат каде... И сите имаат некого, како што реков комшивка, другарка, ако не роднини. Ама од одговори од типот ништо не функционира, нема никој, жениве се повеќе трпат.
@Цвет88 Епа подршката не треба да е само на зборови. Тие и сами знаат да си дадат храброст, да пресечат и да речат доста е. Проблемот е што после? Некој треба да им обезбеди сигурен дом, да им даде физичка заштита, да ги вработи зошто жртвите најчесто се невработени. Кога тие услови би биле исполнети тоа би функционирало. Те разбирам се што сакаш да кажеш и се согласувам со се што пиша, само општеството не е созреано до тој степен да ја заштити жената како што доликува.
Јас ќе раскажам некој работи мислам дека ова никаде го нема .Значи имаме две куќи во дворот едната на татко ми едната на чичко ми и во ист двор сме ,на чичко ми детето е многу немирно значи постојано прави бељи понемирно дете немам сретнато ,порано постојано седеше кај нас ,ни има искршено тостер смао така од чиста мира го зема тостерот и се летна во двор и го лупна од земја ни има скршено стакло на масата од дневна како и многу други бељи ни има напревено скршено чаши и такви ствари што е најтрагично мајка му ќе дојде го гледа дека е немирен и ништо не му вика само си седи ,но кој би го трпел ова ?? веќе преку глава ни дојде на мене и на мајка ми додека татко ми беше како не го карајте мало дете е па и ние сме биле мали деца па не сме правеле вакви работи ,значи постојано како да гледа само некоја штета да направи и летово во двор имавме песок и лопата до него и сега детево зема лопата и почна да фрла песок по мајка ми а мајка му негова во двор и ништо не вика си ќути и на мајка ми и дојде преку глава и му рече говедо прекини веќе немој со песок да фрлаш по мене и мајка му кога стана навредена зошто го нарекла така и мајка ми и рече па кога ќутиш и гледаш само не да си го воспиташ малце детето и стрина ми почна да зборува како детето е такво поради нас како ние сме го разгалиле (а нема врска) и мајка ми и рече епа што не си го прибереш а не по цели денови ние да трчаме по него и од тогаш она не му дозволува на детето да зборува со нас оно многу се плаши од неа му се заканувала дека ако зборува со нас ќе го оставела на автопат и ќе го земела вештерката да го јаде и не знам што да превземам дали да му кажам на чичко ми или што но некако ми е непријатно со чичко ми да зборувам за ова и мислам дека ако му кажам дека нема ништо да се промени дека она само ќе негира исто така пред некој ден детето зборуваше нешто на мајка ми и стрина ми го земала му рекла што правиш бе ти и го качила во соба и го истепала детето има 4 годинки и мнногу ми е жал што е вака мислам дека ќе го поремети.Секако има уште многу други примери ама ако почнам да ги кажувам се до утре нема да завршам..
Многу слична ситуација се случува и со детето на мој братучед. На слична возраст е, околу 4,5 години има и е многу агресивно. Од него до сега не сум слушнала да каже нешто, да поразговара и да одговори кога некој нешто ќе го праша. Цело време само нешто мрмори, пее без врска и вика. Ги тепа останатите деца, дури замавнува и по нас возрасните. Мајка му е тотално незаинтересирана, препуштено е само на себе. Какви бељи и да прави таа ништо не му вика а ако некој друг се обиде да го вразуми веднаш ќе го нападне. Мојот братучед го врти како што сака, и да му каже некој нешто сепак тој неа ќе ја послуша. Детенцето многу пати до сега пред нас останатите му има кажано на татко му дека е глупав, дека не го сака....Навистина загрижувачка ситуација, стварно ми е жал оти сепак е мало и треба некој возрасен да го вразуми. Пред некој ден, детево со клоца мавна во стомак едно малечко девојче, значи помодре, без воздух остана, не извади од памет а мајка му ниту на тоа не изреагира. Страшна работа...
Semejno nasilstvo, nesto naj odvratno, nesto naj grozno vo Eden beak. Nekoi go trpat poradi toa sto nemaat kade, nekoi poradi decata, nekoi od slepa " ljubov" I t.n. Imavme eden takov slucaj vo familijata. Se rabotese za sestra mi. Non stop maltretiranje I psihicko I fizicko. Sekogas koga ke go napustese bitangata se vrakase poradi decata. Podrska za da donese odluka za razvod stalno imase od nasa strana. Taa poddrska ja imase poradi toa sto vo nikoj slucaj ne bese vinovna. Da bese orospija, rasturikuka, da se doteruva, da ne gledase za semejstvoto nemase da ja dobie taa poddrska. No na kraj posle 10 god. maltretiranje se resi I si najde mn. podobra sreka. Zatoa ne trpete tortura. A I instituciite treba da bidat postrogi, bidejki ne si ja brkaat rabotata kako sto treba.
Koga zenata nema kaj da odi a i ako e finanskiski poslaba od mazot pisano j e da trpi nasilstvo..Vo ovie naso zaostanati prostori majkata i tatkoto go prepisuvaat imotot na maskoto dete a zenskoto vo tuga kuka go prakaat i ako se vrati ne ja ni primaat kako sakate da nema nasilstvo.I nikoj ne se buni poradi ova i zenite duri kutat tamu tema..
Катастрофа. Знам многу примери ама не коментирам. Жени мајки кралици никаква подршка не ви треба ..едноставно куферот и во непознат правец преку ноќ. За работа било каква ќе најдите одма пари за леб во секој случај ќе имате..само храброоо..имајте свое јас цврсто на нозе и да ве нема ..ах господе дајми ум оти ако ми дајш сила сите ќе ги испоубијам.. Значи ако некој сака да се спаси ви битола јас ќе ви помогнам и со работа и стан ќе најдиме..значи само коментари шо читав ми се крена нервата страшно нешто гнаси луѓе..нив да ги тепаат така како што тие маваат ?
Повеќе вакви коментари прочитав на темава. Да не сте си дозволиле уште еднаш вакви испади. Ова е додатно злоставување на жртви. Да, вие, со ваквите изјави, дополнително ги трауматизирате. Злоставуван партнер е немоќен. Неговата самодоверба е уништена, неговата надеж е уништена, неговата желба за живот е уништена. Како остануваат? Така шарено. Магичен круг е тоа. Не се случува преку ноќ. Тоа е перење мозок, да не веруваш во своите способности, да чувствуваш зависност. Кај нас па уште и полошо е. На страна што ќе те направи да мислиш дека си зависна од него, уште и си зависна. Во општества како нашето, каде повеќето се прават слепи и глуви, и роднини и пријатели и институции, општество кое е економски, правно итн нефункционално, како ќе се избориш? Жртвите се многу често оставени сами на себе, во својата мизерија. Не е ова проблем на 'една жена која била физички или психички малтретирана', ова е општествен проблем.