1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    (facepalm)
    Значи и суд има за кој заслужува, а кој не заслужува да биде малтретиран.
     
    На ane.bella, Someonespecial, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. saren_petel

    saren_petel Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2018
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Машки
    Не треба никој да биде малтретиран во една брачна заедница, ниту жената од страна на мажот, ниту мажот од страна на жената. Воедно не треба да бидат малтретирани од страна на родителите ниту децата и тогаш ќе има здраво и среќно семејство.
     
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.015
    Допаѓања:
    21.567
    Пол:
    Женски
    Испади???? Извини молим те!!!! Извини што некој збори од искуство. Мислам еве не знаев дека сум толку неука.
    Ама ако. Ние сме криви, што им даваме подршка, што ги бодриме да не ќутат. А вие го правите спротивното. Немаат каде!!!
    Да општествен проблем е! Точно, ама баш ради ваквите како вас.
    Ајде бидете паметни и помогнете им. Како би им помогнале баш ме интересира???
    Ама ако, пак вие оставај те порака дека нема што, нема кај, нема кој. И ќе читаат, ќе сфатат дека се у тој маѓепсан круг. Дека тоа е тоа.
    Наместо да им давате подршка, да ги соверувате, дека се вредни, дека никој апсолутно никој нема право да се однесува така со нив, вие овде се дрзнувате да кажете да не сме си дозволеле вакви испади.
    Уште ние односно јас испаѓа ги злоставувам....
    Општеството го сочинувате и вие кои имате вакво мислење. Па потоа друг ни е крив.
    Стојам на своето. И никој ама баш никој не може да ми промени мислење.
     
    На Miss666 и zalosna им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Прво, не врескај.

    Второ, реков дека не треба да им се доведува во прашање, зошто се враќаат кај насилниците, бидејќи е тешко да се излезе. Не пишав да останат, туку да ги разбираме зошто е таквото нивно однесување и од таа страна треба да се почне. Да им се дава поддршка, да се обидеме да им ја вратиме самодовербата, да ги охрабриме, а не да им се дериме:

    'Како бе тоа ве тепаат, ве вреѓаат, ве затвараат и вие пак би се вратиле? За што се омаживте? За љубов или за јадење ќотек?'

    Појасно е сега?
     
    На Nalutena1, stilas7, Harper и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.015
    Допаѓања:
    21.567
    Пол:
    Женски
    У реду е. Вие смеете се, ние врескаме урламе.
    Стојам на моето! И стално ќе го кажувам истото. Моето помалце боли од ќотекот што го трпат.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.002
    Допаѓања:
    35.966
    Пол:
    Женски
    Маж ми ако ме удри знае кај ќе го испратам. :D Не трпам насилство.
     
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Пааа малце двојни аршини во темава..
    Кога читаме во темине, како жени се жалат oд свекрвите,од мажи кои скитаат по кафани, кои не ги гледаат децата,си ги запоставуваат сопругите, oдма им предложуваме развод и совети од тип откачи се од тој,таков маж не ти треба. А за ваква деликатна ствар според тебе, треба да се чека и да се одолговлекува нешто што е неизбежно да се случи.
    Абеее да помисли само да крене рака на мене, не да ме удри, готово парталите во рака и чао. Секоја жена со тронка самопочит и свест веднаш би заминала од таква токсична средина и нема ни да се сврти назад.
    Со секое враќање назад кај злоставувачот,уште повеќе му го пумпа егото и либидото на алфа мажјак и секој нареден пат е уште подоминантен и подоминантен. А факт е дека има глупи жени,со сета одговорност ќе ги наречам така, кои свесно се враќаат назад..
    " Ми вети дека ќе се промени ' ' Имал лош период,ќе помине', ' Ама го сакам не можам без него '.
    Kолку само пример имам околу себе од ваквите, кожата ми се ежи. За жена која сака да се спаси од таков манијак и те како има решение, не е ова Саудиска Арабија па да крене раце и да каже тоа е, не му можам ништо,тој е маж. А за вториве.. Баш е круг. Ама круг што го прават сами.
    Не можеш да помогнеш на некој кој не сака да биде спасен.
     
    На Annora, Nausicaa, zalosna и 3 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Каде напишав да се чека и одолговлегува?
    Читате ли со разбирање или пак јас толку не знам да се изразам?

    Ај од ново:
    За да ја 'убедиш' жртвата да пресече и да го напушти партнерот кој е насилник, мораш прво да ја сослушаш, разбереш и да и помогнеш да осознае дека не е безвредна и немоќна. Тоа е првиот чекор кон слободата. Се додека се чуствува немоќно, дека е без поддршка и разбирање, секој испад ќе си го рационализира и ќе се наоѓа сама виновна за тоа што и' се случува.


    Ете ова е тоа за кое зборувам.
    Жртвата не е 'глупа'. Нејзината самодоверба систематски е уништувана.
    Јас не знам како не можете да разберите дека не им помагате со вакви изјави, туку само ги омаловажувате уште повеќе и ги правите уште понесигурни во себе.
     
    На Nalutena1, Annath, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @WildMk, зошто некој(а) останува во брак каде е редуциран(а) на боксерска вреќа е премногу комплексна тема за да се припише само на „намалена самодоберба.“

    Некои навистина немаат каде да одат, зошто ем не работат, ем родителите не им дозволуваат да се вратат дома зошто ќе ја обрукаат фамилијата ако се разведат. Ако заминат, остануваат буквално на улицата а на државата секако не и галје. Некои вистина остануваат зошто се заљубени во партнерот. Никако не ја разбирам таа опсесивна љубов, и воопшто не сметам дека е нормална, ама жени остануваат со насилници, со тешки алкохоличари, со мажи кои им ја трошат платата по кафани, со мажи кои константно изневеруваат, од ЉУБОВ. Очигледно тоа се ужасни бракови ама на таа жена важно и е да биде со тој маж, по секоја цена, па макар цената била трпење клоци и шамари.

    И најнајнај ужасната причина за останување во ваков брак (според мене) е- „Што ќе кажат комшиите ако се разведам?“ Подобро ќе седи дома, ќе јаде заушки зошто чорбата не била доволно солена ама не, нема да се разведе зошто тоа е срамота. И ќе јаде бурек за „распуштениците“ дека биле вакви, такви, онакви. И коинциденција или не, ама повеќето примери што лично ги знам спаѓаат во оваа категорија. Подобро маж насилник, отколку никаков. И не ги жалам, зошто побитно им е што ќе кажат другите, отколку својата среќа, како и среќата и мирот на своите деца. Ги жалам децата, зошто тие ќе бидат утре трауматизирани, а ги жалам и комшиите, зошто тие се потресени сведоци на пискотниците и тепањето.


    *****
    Може сега да дискутираме како ние од мали девојчиња сме кондиционирани да мислиме дека без маж немаме вредност, дека за развод крива е само жената па она да чинела немало да се разведе итн., ама реално, се се ова филозофии и исправање виртуелни Криви Дрини на форум. Државата прво нека отвори шелтери, да има каде жените да побараат помош и привремен кров над глава, додека да застане на нозе; Полицијата и судовите нека реагираат поостро кога некоја тепана жена ќе го пријави мажот за насилство. Се додека тие кои треба да реагираат, дремат, џабе нагаѓаме зошто некој(а) останува во брак каде има семејно насилство.
     
    На Glossy-girl, Purelove92, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    @Nausicaa

    Но, стои фактот дека и во напредни земји, каде жените се независни економски, во кои правната држава, социјалните служби итн функционираат, постојат жртви на семејно насилство.

    Не сме острва. Живееме во заедници, социјални битија сме и социјалниот статус е многу битен во нашите животи.

    Се' има удел. Затоа реков, ова е општествен проблем, не поединечен. Ама кој да дочита...
     
    На Annath, Someonespecial, saren_petel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Имам чувство дека премногу ја комплицираш целава проблематика.. Суштината Е проблематична ама решението е многу едноставно од друга страна. Јас сум за целосна подршка на жените кои имаат поминато низ ова, нормално им треба некој да оди рамо до рамо со нив во целиот тој процес на закрепнување и рехабилитација, ама факт е дека има жени кои СВЕСНО остануваат во еден таков брак. Пак ќе те прашам како да помогнеш некому кој не сака помош?!?!
    Јас сум дете кое од мало памети изливи на бес од татко ми према мајка ми, имам почуствувано на моја кожа што значи семејно насилство, и бескрајно ја почитувам мајка ми што од прва има ставено крај на тој кошмар. Тоа за мене е жена,со големо Ж. Била свесна дека тоа е нездрава околина првин за себе, после и за мене и брат ми и куферите у рака, одење у полиција и барање за развод. И ете сме денес сите тројца, живи здрави и нормални. Што не би бил случај ако таа била лабилна и да се има грижено што ќе речат комшиите.
     
    На Purelove92, Miss666, Annora и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @WildMk, пишав, ги жалам оние кои сакаат да заминат, ама немаат каде. Лек за семејно насилство нема, важно е да им се помогне на оние кои ќе побараат помош.

    ******
    Никако, ете како. Ќе се нервираш, ќе збориш и на крај тој „социјален статус“ ќе победи пошто она била од помал град и луѓето ќе збореле, никој немало да ја дружи пошто нели- распуштеница, и премногу била млада за да остане сама (а дека разведена со дете, ниеден маж немало да ја сака *нејзини зборови*). Ова го поминав пред неколку години со другарка. Сама реши да се врати кај него, зошто срамота било развод. Вработена државно, со решение, со свој кат кај нејзините. Дали е жртва? Да, на глупиов наш менталитет. Тогаш ми го кршеше срцето ама денес веќе не ја жалам. Сама си извага „за“ и „против“ и си донесе одлука.
     
    На HardSex, DAngel, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.002
    Допаѓања:
    35.966
    Пол:
    Женски
    Некои жени трпат затоа што немаат каде да одат. А некои очигледно се слепо вљубени во партнерот. Да ти се плукнам во таа љубов ако некое ѓубре ме малтретира. Ме нервираат родители што не си ги примаат децата назад само затоа што е срамота да не речат нешто комшиите. На нив побитни им се комшиите од децата. Срамота. А институцииве наши спијат.
     
    На Glossy-girl, marija@5, Monella и 4 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Зависи од ќошот во кој си стеран.
    Не се осудувам да обвинам ни една жена што трпи насилство.
    Дека ќе им помогнеш на сите, нема. На повеќето нема. Но ако тргнеш да ги напаѓаш, наместо да се обидеш да ги разбереш, уште толку ќе ја намалиш шансата за некаков прогрес.
     
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Точно,за тоа и зборам. (Од мобилен куцам па ме мрзи а имам многу за пишување на темава).
    Пример имам одма карши у комшии. Жена,маж и три деца. Абе ако не секој ден,еве секој втор, мислиш слушаш звуци од хорор филм. Вриштење, пискање, кукање, млатење, кршење предмети. Најжално од се, слушаш дечји плач..
    Се има враќано 3 пати кај него!! Ги знаеме нејзините,сосема фини луѓе се, доволно се ситуирани да ја примат кај нив и да продолжат нормално да живеат. Ама не и иде у главата тоа. Поарно и е тука.
    Во ваква ситуација не си ни свесен што да правиш, поодамна додека да ги научиме, во целиот тој хаос додека траеше една комшивка повика полиција со намера да помогне. На што одговор наидоа? Тоа биле нормални недоразбирања меѓу двајца партнери. И комшивката го изеде дебелиот крај после, не можеше да се откачи ни од неа ни од него. Епа таа за мене не е жртва. Туку е глуперда. Нема више тука простор ни за сочуствување, ни за жалење према неа, малце и е, туку греота за децава, сето тоа ќе се одрази врз нив кога тогаш.
     
    На Puffy2019, Nausicaa, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Не е ни до слепо вљубување. Некогаш психичкото малтретирање достигнува такви размери да малтретираната личност е спремна да прифати сѐ само за некој привиден мир, кој реално не го добива. Огромен магичен круг е. За жал, сите вакви случаи што ги знам се премногу интелигентни, отворени и толерантни личности кои од дома ги учеле дека не секој може да има исти размислувања како тебе и треба да се почитува туѓото мислење. Така и почнува, прво е мислење, после е дискусија, следно е разубедување и тука веќе си навлезен. Штом насилникот воспостави некоја база, после му е лесно. Едно по едно додава, не одеднаш, па најчесто вакви личности со години се заглавени во насилни врски без самите да бидат свесни за тоа.
    Ама и другата страна е психопат, затоа што нормална личност не може да примени таков постепен модел на притисок. Едно по едно, крцкање по крцкање, додека да ти ја убие целата душа.
     
    На minneymouse82, Glasna, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  17. saren_petel

    saren_petel Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2018
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Машки
    Според коментариве погоре изгледа не е сватена доволно WildMK. Сметам дека жената убаво има коментирано за тој маѓепсан круг во кој кутрата жена нема избор и е принудена поради низа околности (се родиле деца, нема работа и егзистенција, нема кој да е поддржи од блиската фамилија и ред др. работи) не може едноставно да се тргне од ѓаволот. Такви случаи има без број каде поради немоќта жената останува да ја трпи тортурата. Тука комплет потфрлува и системот кој нај малку се грижи за ваквите случаи.
    Во нашиот случај, кој го имам опишано погоре и покрај тоа што сестра ми имаше целосна поддршка од нас, таа во два-три наврати се враќаше се поради малолетните деца и поради ветувањето на битангата дека ќе се поправи. Но кога виде дека не бидува конечно се реши да ја прекине голготата и да продолжи нормално да го живее животот.
    Затоа им порачувам на сите оние кои се фтерани во тој маѓепсан круг веднаш да се ослободат и да стават крај на сета мизерија која што ја трпеле.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Луѓе има и случаи каде и жената го тепа мажот. Имам видено таков случај, се им по светов. Како и да е, срамота е да се тепаш со оној кој си го земал да ти биде животен сопатник. Треба болен да бидеш за да бидеш вљубен во некој кој те малтретира.
     
    На manako1 и Цвет88 им се допаѓа ова.
  19. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    1.926
    Пол:
    Женски
    Еднo прaшaње зa блискa oсoбa кoјa рaзбирливo немa пристaп дa пише нa фoрумoв. Јaс сaкaм дa пoмoгнaм меѓутoa никoгaш не сум се инфoрмирaлa нa oвaa темa.
    Дaли aдвoкaтите зa семејнo нaсилствo се пoсебни или мoже дa зaстaпувa билo кoј aдвoкaт?
    Предлoг зa дoбaр aдвoкaт или дoкoлку имa некoј тaкoв aдвoкaт нa фoрумoт дa се кoнсултирaм. Вo случaјoт двете стрaни се жaлaт: еднaтa зa физичкo нaсилствo штo немa врскa и пoстoјaт дoкaзи декa сaмa си нaнесувa телесни пoвреди бидејќи oчoгледнo имa психички прoблеми a другaвa зa психичкo нaсилствo и уценувaње.
    Дaли се дoбивaaт случaи зa психичкo нaсилствo или пoрaди тешкoтo дoкaжувaње немoже дa се дoбие случaјoт.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Не е тоа љубов, иако жртвите го нарекуваат 'љубов'.
    Прочитајте за Стокхолм синдром и како за кратко време може човек да си го 'преврти' цел мајндсет, а да не зборувме за влијанието кое го има врз психата тортурата која се трпи со години, некогаш децении.

    Точно е иначе дека има и мажи кои се жртви на семејно насилство, но статистички, во многу помал број отколку жени.