Дете израснато во средина во која семејното насилство е присутно е со голема веројатност да порасне во насилник, или да се најде во насилна заедница затоа што за него низ животот е прикажано како нормално нешто. Жално е што е во било која форма застапено речиси во секое домаќинство во државава. Сакам само да ја спомнам нефункционалноста на системот за оние кои не ја доживеале да можат да ја разберат. По многу , многу последователни пријави во соодветни органи и институции не седнаа и ни рекоја Престанете , едноставно. Затоа што ако го приведеме може да го разбуди гневот во него. Освен ако не е затекнат на лице место , заканите значат многу или ништо. Ни кажа како жена пензионерка во очај отишла да го пријави сопругот дека и се заканува по живот , дека ќе ја убие , и го рекле истото како и нам , дури не се случи нема што да се превземи. Половина час подоцна ја застрелал во градите. Ве молам не ми кажувајте за законите ги знам, а тие засолништата просечен граѓанин во градот ги знае каде се. Кога ќе ми дојде на врата , да го тепам во одбрана со правна книга ? Мене живеењето во насилна заедница трајно ме маркира. Сега и просечна најапсолутно прифатлива ситуација ја препознавам како ред алерт и одговарам избувливо. Нетолерантна сум на повисок тон , од партнер до секој друг. Не мислам ни дека треба да бидам , и така се дистанцирам од луѓето без легитимна причина. И склона сум кон насилникот да бидам насилна. Што сепак ме прави насилник. И ме разочарува. Таквото однесување го припишувам на инстинктот за преживување , ете така. Не мислам дека некој во афект е насилен, мислам дека тој е едноставно таков и апсолутно непроменлив. Исто не мислам дека некој треба да трпи било каква форма на злоставување. Алтернативи постојат , за решителност се работи. Проблемот е , не е секој карактерно цврст.
Sto znaci toa si go bara? Covek sto ne e nasilnik ne ni pomisluva deka postoi opcija za nasilno resavanje.
има жени кој од мажот прават мивка бришат патос со него и такви нечовечни работи па има и насилни жени. не жените секогаш се невинашчиња.
Никоја никогаш не си го бара. Се е до начинот на решавање на проблемите. Истото важи и за мажите и жените.
Мразам семејно насилство, децата пораснати во вакви средини секогаш излегуваат со некакви трауми или комплекси. И јас сум за да се пријавува ама кому и каде? Треба да се има стручен кадар, психолози кои ќе разговараат со жртви и нормално сигурни куќи каде што жените ќе можат да се сместат ако нема никаква надеж да се поправи тој брак. Јас не оправдувам во никој случај трпење насилство и сум за пријавување секогаш. Само што во моја околина имам многу примери што трпат зошто верувајте нема каде да одат. Со мала плата/невработеност и без подршка од најблиските, верувајте ништо не се прави. Не верувам дека некој останува во нефункционален брак ради љубов, постојат многу родители кои мислат дека ќерката ќе ги засрами ако се разведе или пак се омажила и ќе дигнат раци, не ги интересира. И јас сум против мешање во туѓ брак ама кога е мое дете во прашање да е малтретирано и тоа како ќе се замешам. А Нашата држава буквално ништо не ја интересира, тоа го знаеме одамна. Баталете ги тие приказни дека некоја сама си го барала, не знам зошто некој би барал да биде малтретиран. Насилник си е насилник, доволно е да го погледнеш и ќе си мисли дека му даваш зелено светло. Еднаш влегов во полиција да пријавам еден облик на насилство и погодете што? Полицаецот на некој начин почна да ме разубедува да не го правам тоа, зошто насилникот можел уште толку да збесне. Дури ме советуваше да се пожалам на некој постар другар или братучед, па тој да го "средел". Замислете морав да отидам толку далеку, на човек постар +20 години да му објаснувам дека на насилство не се враќа со насилство. Дури и да се пријави во полиција, нашата полиција никој не ја сфаќа за сериозно. Секоја чест на исклучоците кои правилно си ја работат работата ама голем дел лесно подпаѓаат под други влијанија и не ја вршат работата како што треба. Не би да пишувам повеќе примери зошто само ќе се изнервирам. И јас сум за тоа да не се трпи, девизата трпам ради децата кај мене не важи мајка ми со годините трпеше и физичко и психичко малтретирање и на крај ја закопавме 2 метри под земја баш од такви работи. На секое дете му треба здрав и нормален родител, без галама, викање, кавги или пак тепачки. И психичкото малтретирање е малтретирање и во никој случај не е за занемарување.
Zdravo devojko ti blagodaram sto pred 8 god.odvoi vreme da mi pises posle tolku maki i borba nakraj odnosite so majka mi se podobrija otkako zaminav vo skopje so mojot ex decko i toa go iskoristiv da ja ubedam da mi kupi garsonjera vo skopje sega sum vo skopje se snaogjam i imam mnogu podobar zivot za zal so rabota seuste nemozam da se snajdam no da vi se pofalam bev ednas na operacija podobro sum so rakata sea se spremam za rehabilitacija pa se nadevam ke uspeam se borev i se boram seuste sama so site predizvici koga dojdov vo skopje konecno pocnav da imam p[rijateli drustvo koe ne mu smeta i ne se srami bidejki sum lice so hendikep i sum mnogu posrekjna nego sto bev vo kratovo kade sto site me gledaa so prezir i se sramea da se druzat so mene mnogu posrekjna i so verba vo gospod poleka se podobruvam tuka moze da me sledis .Sekoe dobro i nikoj nesmee da trpi nasilstvo barajte resenie
Devojce, ti ja posakuvam cela sreka na ovoj svet da izlezes od ovaa borba kako pobednik. Gospod e golem veruvaj deka Toj gi prati hrabrite! Pozdrav do tebe
fala najmila neka gi prati i site dobri kako vas sto sekogas gledaat da pomognat na bilo koj nacin vi ja posakuvam seta srekja mili moi feminki neka vi se ostvarat i vasite zelbi moite bea prejaki moze za toa porano ili pokasno pocnaa da se ostvaruvaat,neka i vasite bidat tolku jaki i neka se ispolnat sekako dobri i ubavi zelbi posakuvajte samo ve guskam <3
Нема оправдување за ова.Било да се работи за психичко,или за физичко,насилството во било каков облик е непотребно,и сигурна сум дека никој не го заслужил тој пекол.... Никој не е должен да трпи семејно насилство,сведоци сме на разни изживувања од страна на сопруг и татко кон својата жена и невините деца,или пак кон изнемоштените и стари родители. И сите ќе молчат,ќе се плашат оти немаат излез кај да одат,немаат поддадена рака од никого,а посебно од државата!
Ina kako si sega podle tie godini go.prebrode li toa losho iskustvo i jas se naogam vo.mn slicna situacija j sekoj den se poveke sigurna deka sskam.kraj na brakov
Nikoja zena ne smee da bide maltretirana , kolku I da sakame da smenime nesto I kolku da se trudime takov karakter nema da se smeni. Kako vo mojot slucaj imavme mnogu losha vrska so ljubomora, zabranuvanje, ama kako I da kazes nekogas e tesko da se otkazes I mazzite mislat ako stavat prsten na raka deka magicno ke se sredi sve . NE!!! Koga ke dozivees nekoj od agresija da ti digne raka na tebe I da ti kaze pogrdni raboti I da ti rece da prestanis da zboris posto loso ke zavrsis! Nikogas nikogas ne trebaat da se slucat tie raboti zosto brakot treba da bide so ljubov,razbiranje,sloga,harmonija I da imate zaednicki jazik koga ke ima problem da se resat problemite na miren nacin. Mnogu veruvame na zborot nikogas nema veke da napravam taka ili ke se smenam .. bla bla I da rece nekoj ne e strasno … I toa kako e strasno!! Namesto da sme nasmeani nas nekoj ne stvoril da se udavime vo solzi ?! Bez oko da mi trepne otkazav sve! ama treba da si hrabar za toa I toa premnogu I da imas podrska od roditelite. Sekoj moze da ima svoja srejka ako ja izbere na poubav nacin a ne na bilo koja cena
Zdravo nova sum na forumov neznaev kade na drugo mesto zatoa ovde pisuvam. Mazena sum so malo bebe. So mm se raspravavme i da ne navleguvam vo detali imam nekolku modrinki na desnata raka (so levata go drzev deteto) Sega ne znam kade da se upatam za da izvadam lekarsko uverenie pa da podnesam i prijava ako ima potreba. Kaj maticen doktor treba ili? I bez toa planirav da se razvedam pa ova bese vrv na se. Se se sluci pred okolu eden cas.