Прво ќе пријавиш во полиција таму ќе ја покажеш раката со модринки и од таму правец во болница за да извадиш медицинска документација. А можеш и обратно одиш во болница ќе кажеш дека модринките ти се од сопругот и сакаш да ти дадат медицинска документација, од таму тие по службена должност ќе повикаат полиција за да состават записник. Таа е некако полесна варијанта.
Оди во болница покажи им ги модриците и ќе кажеш од што се, они од болницата имаат должност сами да пријават во полиција и на полицијата ќе и издадат лекарако уверение, доколку болницата не пријави можеш сама да побараш да ти дадат лекаски извештај и ќе одиш во полиција ќе пријавиш, после таму ќе ти објаснат што и како понатаму.
Sakam da prasam, otkako kje se prijavi fizicko maltretiranje, sto ponatamu so zenata, ima li nekakva podrska od drzavata? Ili ona e sama na sebesi? Vi blagodaram
Јас знам дека има здуженија на жртви на насилство, мислам дека претежно жени и деца. Згрижени се (не сум сигурна дали од државата), но секако постојат. Ако сакаш повеќе инфо пиши ми лп, ако можам да помогнам
Поддршка од државата нема за жал. Има прифатни центри ама во Ск само мислам, и тоа имаш ограничен престој од 30 дена. За жал пак ќе повторам овде ништо не функционира како што треба. Подобро е тоа однапред да го знаете и да не се надевате многу на помош од институции или држава. Има невладини здруженија и организации кои можеби можат повеќе да помогнат.
Mnogu pobolno e psihickoto maltretirajne jas toa go dozivuvam 11 god i nikoj ne me svaka nemam nikakva podrska od moite roditeli
Каква е таа заштита за семејно насилство однесат у полиција некој и го пуштат за два дена и уште толку нервозен и агресивен? Ако е веке насилник нека го држат во полиција или во некој установа зошто го вракаат дома незнам
Секаде е така Држи го по 24сати во притвор па пушти го додека се направи некаде цуцуле (убиство) и после касно е за се
Епа така вечно ке трае насилството и секогаш ке има бидејки ги пуштат насилниците како ништо да не било после. И да му викне полиција ке знае дека ке си се врате дома за 24 часа ке се одморе у притвор многу го гајле.
Само што ќе го пријави, одма мора да најде начин да не завршат под ист кров, кога ќе го ослободат. Ако е нејзин имот, или е на пола имотот, менување брава. Ако е негов, исселување.
Здраво на сите.Јас навистина не знаев каде да го напишам мислењево,денес се зачленив не знам како одат работите.. Епа вака,имам еден голем проблем.Мајка ми и татко ми никогаш немаа убав брак,дури ја имаше и удрено ама остана поради добро познатото ,,заради децата".И ден денес за се што се случува ја кривам неа бидејќи не си замина.Од дома буквално ја гледаат како печатница за пари.Одеше по верувале или не 15 часа дневно на работа,и тоа работеше работа што можам да кажам дека е и машка,рацете буквално не ги осеќаше имаше рани,ај тоа туку и болна е не и функционираат бубрезите скоро ич,има цисти 3 пати е правена операција значи кошмар.И нормално некој пат ако се вратеше порано(на порано мислам ако била 10часа на работа) ќе си легнеше.Е сега и испадна прилика за работа во странство и таа замина.Јас останав со брат ми татко ми и баба ми(мајка од тато) Арно ама,полоша и подволична жена од баба ми мислам не постои.Се скаравме итоа зошто сум и побарала 50 денари за комбе бидејќи сум на факултет и не сум вработена.Ми изнарече се и ми ги фрли в лице.Велеше дека таа не требало да се мисли за мене дали сум имала или немала,дека мајка ми си заминала како кучка,таа и ги перела гаќите,ја поддржувала за странство зошто не можела да ја гледа низ дома,јаз сум била бетер,гомно сум била(извинете ма израз,сум немала 2 грама ум и се тоа заради проклети 50 денари.А мајка ми иначе замина зошто беше до гуша заглавена со кредити се за дома носеше и не и стигаше платата прениска,а од ко замина не се понудија една рата да платат и на мајка и и стигна писмо дека имала 40 000 за плаќање.Ај тоа и кога си одеше замина со 15 евра ако ви се верува,без јадење седела 1 недела.Инаку јас студирам во друг град и сега нормално ќе ми требаат пари,е ама татко ми сум морала јас да му кажам дека ми требаат не му пишувало на ѕвезди.Тој не е свесен сам? Еднаш ме нема прашано,мајка ми дури кога замина се јавуваше овде кај некои другарки да ми дадат и таа ќе им ги вратела ко ќе си дојдела.И татко ми ми вика не треба јас да ти се мислам не знам што,ми се дереше 1 сат за тоа.Ај тоа туку кога ќе се скараат (90% од времето) ви ср верува дека ми праќаат мене скриншатови да видам што пишеле? Наместо да разговараат тие двајца јас и брат ми да не осетиме тие не мешаат и нас ситр навреди,ситд глупости ги знаеме знсши не можам повеќе се разболев,пред некој ден притисоков ми се крена 160 повраќав цел ден,се онесвестив 2 пати не знам веќе како ќе издржам со постојани расправии,нема ден да не е тензично дома Инаку со разговор дома не се решава ништо 100 пати сме разговарале,ако сакавте тоа да ми предложите
Не можеш ли да се пријавиш за сместување таму каде што студираш? Тоа не е уопште здрава средина за тебе. Или најди работа и оддели се. Не е до тебе, тие луѓе не се луѓе. Кажи на мајка ти и заедно ќе најдете решение да излезеш од таму. Се надевам. Секое добро
Види ако можеш кај мајка ти да заминеш. Во оваа средина, фамилија и окружување нема живот. Незнам, можеби грешам, ќе го оставиш факултетот овде, ама од друга страна здравјето ти е нарушено.Нервите се тие и треба цел живот да ти држат, а животот знае суров да биде, ќе ти требаат. Оцени сама, стави на ,,кантар,, и ако осетиш дека би ти годело да одиш кај мајка ти, да работиш таму, заедно да ја одглавите мајка ти од кредитот, тогаш собери нешто евра и заминувај. Разговор со татко ти и баба ти нема да вроди со плод, тие се гневни на мајка ти и бараат начин како да те поврдат.
probaj da odite so brat ti kaj nea, toa e najdobra opcija a da bev na tvoe mesto babata mi ja pluknala vo lice i bi izela golem shamar, glupaca, pa babi shto ne pravat za vnuci ejjj za 50 denari majko mila...ama krusha pod krusha pagja, pisi ni koa kje prasas za ovaa opcija, ti posakuvam mn srekja
Ви благодарам на сите..Проблемот е што имам правено со мајка ми 100 пати муабет за развод мене гајле ми е што ќе речеле луѓево,ама џабе.. На мама страв и било да преземела нешто.Немам излез
Во родителските работи ич немој да се обидуваш да влијаеш, незнаеш поради што таа несака да се разведе. Можеби ако се разведе ќе го изгуби правото на добра кои и следат нејзе (а се пренесуваат на децата). Можеби со разводот би и се натовариле долгови за плаќање Мој искрен совет е да одиш кај неа. И таа нема сама да биде, ќе си бидете поддршка една на друга а и ќе се потсмириш ти малку. Заедно ќе најдете чаре што да се прави понатака.
Па гледаш и испаднала среќа на мајкати да оде во странство а замисли уште да била тука.. Не се секирај коцките ке се наместат со текот на времето мој совет игнорирај глупави работи заврши со школо и кај мајкати во странство таму имаат повеке можности младите
Проблемот е што не можеме да одиме во странство поради Х причини да не се објаснувам сега,а еве најново денес ми изнапиша татко ми на фб секако за мајка ми за мене вакви онакви чак ја поддржуваше мајка му за тоа што ми го рекла (напишав во првиот пост) и ми даде вчера пари за на факултет и сега ми рече да ми ги вратиш одма значи не знам веке како да постапам едноставно не можам да издржам сакам само да умрам.Под овој притисок не се живее секој ден.А знае дека уште полагам на факултет и сум напната му реков да ме остави барем сега на мира ама џабе..Нервиве ми се при крај страв ми е дека кке направам некаква глупост.
А зашто ти пишува на фб, не можеш ли да го пријавиш негде? Со мајка ти се слушаш ли, и што она вика за тоа, мора да те заштити. Е стварно не се луѓе, бар да имаше некои роднини да одиш привремено, тетка некоја?