1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Нема зошто да ти биде страв. Кај нас, какви-такви институции што ги имаме во државата, останати се некои вредности од социјализмот, посебно кај правата на мајката и кај бремените жени, сѐ уште се држат до тие принципи. Без разлика дали си вработена, дали имаш твое сопствено место за живеење, никој надреден не се ни прашува, туку задолжително детето до 7 години не се дели од мајката. Не дозволувај да манипулира никој со тебе.
    Доколку се решиш на овој чекор, искористи ја секоја поддршка од службите и да не ти биде срам да бараш и да кажеш сѐ во врска со твојата ситуација. Тука многу ја прават оваа грешка од страв од осуди.
    Раздели се најмирно што можеш, во интерес на детето, сепак таткото има права и неминовна улога во нејзиното израснување.
    Не можам да разберам или да замислам колку ти е тешко и што трпиш секојдневно, но мирот и безбедноста се бесценети, а штом ги немаш, и твоето дете ќе ги нема. Велиш дека твоите те поддржуваат, не секоја ја има таа среќа. Се надевам дека ќе го избереш најдоброто за вас двете.
     
    Последна измена: 2 април 2020
    На Nightwish11 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. RisMarke

    RisMarke Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу. Кога ќе заминувам сигурно нема да ми го даде детето, како да постапам тогаш?
     
  3. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Детето е твое и оди со тебе секаде. Ти сигурно нема да го известуваш однапред. Наредно одење кај твоите, таму си остануваш. Разбери се со нив и кажи им сѐ.
    Доколку има потреба ќе се јавуваш на дежурните служби
     
  4. RisMarke

    RisMarke Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Моите можат дури во недела да ме земат. Ми рекоа да размислам и што ќе одлучам ќе стојат позади мене. Се испокаравме денес и нема да му кажам тој да ме носи, а далеку живеат неможам сама да одам плус со дете плус со моите работи. Сигурно нема со добро да помине тоа. Ќе прави проблеми, каде да се јавам и што да кажам?
     
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Во полиција јави се и кажи дека не ти дозволува да си одиш.
     
    На Jana06 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  6. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    13.441
    Пол:
    Женски
    А да начекаш момент кога нема да бидат дома и товари се во такси?
     
  7. RisMarke

    RisMarke Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Не е можно тоа, затоа што цело време дома има некој
     
  8. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Stom imas podrska i za pocetok krov na glava ne se sekiraj.
    Ne e bitno sto i kako ima prijateli,stom ne se grizat za deteto,i stom imate dr problemi stavi si vo glava deka nema sto da baras tamu i borise do kraj.
    Rabota se naoga,a deteto vo gradinka kako i site drugi deca cii roditeli rabotat.

    Ostani kaj tvoite pa posle zimaj raboti zemi nekolku kako da ke ostanes nekolku ena.
    Na kraj kraeva toa e i najmaliot problem.
    Koga ke dojde da ve zeme ke mu kazes deka veke ne se vrakas kaj nego,a sig ke zbesne pa nekoj od tvoite neka bide spremen za policija da povika.
     
    Последна измена: 3 април 2020
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Ти си го знаеш најубаво како би реагирал, ама најчесто пред другите се кротки, не можам да знам, а мислам дека пред твоите нема да се осуди да ви направи нешто. Кога ќе дојдат по вас, ако има потреба за интервенција ќе се јавуваш во полиција.

    Можеш и социјалните служби да ги контактираш во меѓувреме, можеби и подобро да те советуваат, а и да преземат нешто.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    25
    Здраво.

    Не знам од каде да почнам, ама ќе пробам.
    Имате ли некој совет за начин на справување со насилство и што да правам во случај кога немам никаков избор...
    имам работа со човек кој буквално се му смета, од начинот на кој е направено јадење, до не го ставај ова тука стај го 5 цм понатака, зошто е ова лево а не десно, итн. Остана скоро неподвижен, ама ни тоа не го спречува да се иживува со секој у куќава на било каков начин.
    Зависен е од нас за живот, а пак покажува сила на сите. Ако си отидеме (а немаме каде у секој случај) он не би ни преживеал.
    Не ми кажувајте институции, затоа што не се од никаква помош имам зборено со многу а никој не помага и сите креваат раце.

    Можда е глупо прашањево, и у моментов сум секако многу нервозна и не ни знам што пишувам, затоа што ова сега што се случи ми ја прелеа чашата па решив да пишам тука за било каква помош...
    Не знам како да ја „земам контролата во мои раце“.
    Кога си цел живот програмиран да го слушаш него и да му ги исполнуваш сите наредби не е баш така лесно да се спротиставиш на некој.

    Искрено ми е преку глава веќе, и не можам ни гласот да му го слушам ни да го гледам. Кој знае каков грев правам, ама посакувам да го нема и да си го живеам животот на раат.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ти прирече, не го прави тоа. Едноставно е. Сега сигурно е и исфрустриран од неговата ситуација, но кога ќе вии дека ти имаш став ќе се повлече.
     
    На ma4e1311 и candy.cane им се допаѓа ова.
  12. Peperutka letka

    Peperutka letka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Zdravo zeni i i devojki. Nova sum na forumov i sakam da ja spodelam so vas mojata prikazna i da mi dadete sovet dokolku ste bile vo vakva situacija. So maz mi bevme vo vrska 7 godini i vo toj period toj bese lizi mazi so mene i so moeto semejstvo postojano doagase kaj nas i gi pocituvase i niv i i mene. Vo toj period imase nekoi ispadi na fizicko nasilstvo prema mene no jas ne zborev nisto za toa. Potoa me pobara za zena mislam pod pritisok na negovite i od togas se smeni skroz. Ne bese zaintetrsiran za svadbata celo vreme odlagase i za datum i i za se. Odma posle svadbata ostanav trudna i togas zapozna pekolot. Pocna da me maltretira fizicki i psihicki a uste poveke koga se rodi deteto. Poveke ne doagase kaj moite i ne sakase ni jas da odam se mu smetase moite sto rekle se pogresno sfakase. Pocna da mi zbori deka jas ne go sakam deteto i deka ne sum majka samo sum go rodila i tolku deka sve toj znael. Inace toj sedi doma i negovite mu pustaat plata i go cuva deteto. Mu rekov da odi na rabota a deteto vo gradinka ama ne saka da raboti. Deteto ima 3 godini i pred nego me maltretira. Sum si zaminuvsla od doma nekolku pati. Vo posledniov period mi vikase sobiraj partalite i da ne te gledam. I na krajot gi sobrav i si zaminav. Koga zaminuvav mi ja zakluci vrata da ne odam pa viknav policija. Od tolku sto mi zborese padnav vo depresija i sama za sebe imam loso mislenje i i cuvstvo na vina deka go ostaviv. Sakam semejstvo so nego no pod uslov da se smeni i da ide na psiholog. Inace e mnogu tersene covek.
     
    На Bella ••• му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Чим имал испади и пред тоа, не се сменил само добил поголема контрола врз тебе.
    Паковај парталите, детето и заминувај.
    Нема 'Ама'.
    И не му кажувај дека ќе си одиш.
    Никако!
    Тогаш е најголем ризикот да настрадаш... да не кажам како...
     
    На Ambitious, lovestoneddd, Alisa22 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Te molam zamini si,spakovaj malku sto ti e neophodno i prva prilika zamini.
    Bez da e doma da ne nastradas.
    Povikaj policija socijalni sluzbi se sto treba.
    Pokreni razvod i zabrana za priblizuvanje.
    Odi kaj tvoite da bides bezbedna i da pocnes da se sakas sebesi .
    Ova sto go pravis e loso za tvoeto zdravje,za zdravjeto na deteto a i prilicno opasno so oglad na negovata narusena psiha.
    Ne go ostavaj deteto da raste pokraj takov covek,dopolnitelno e toa sto pred nego te maltretira a deteto e cel den so nego,so nego raste,toa e tolku pogresno.
    Vo red si napravila greska, so nadez deka ke smeni...ispravija dodeka e uste malo i imas vreme da ja popravis.
    Se nadevam e mn malo da ne se sekava...
    Ti posakuvam skeka i da pises koga ke ti zavrsi makata,da ja popravis prikaznata so sreken kraj.:inlove: bidi hrabra za svoeto dete...
     
    На WildMk, flawless_, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски

    Ги знаеш мислењата што ќе ги добиеш само да те прашам каде се наоѓате ти и детето сега? И прво и основно да знаеш дека ти не си крива за ништо!

    Детето не ти е веќе мало, ова може да остави траума врз него.

    Дали ти текна некогаш да извадиш лекарско уверение за евентуални повреди? Добро е барем еднаш што си пријавила во полиција. Следно е да си отидеш од кај него најбрзо што можеш, да поднесеш документи за развод и да се обратиш во полиција што да правиш ако ти се заканува. Што повеќе разговори во полиција или социјални служби, тоа подобро.

    Имаш ли каде да одиш додека да се снајдете?
     
    На WildMk, flawless_ и H.VAGA им се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200425-160026.png
     
    На lovestoneddd, WildMk, flawless_ и 6 други им се допаѓа ова.
  17. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да се смени, може само полош да стане.
    Ради детето биди храбра и среќно :l:
     
    На WildMk, cresa-jagoda, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.584
    Допаѓања:
    79.067
    Пол:
    Женски
    Тешко да го убедиш на ова, човек кој не гледа проблем во она што го прави, не бара никаква помош ни од психолог ни од никој.
    Немој да бидеш во брак со некој кој те уништил психички, само затоа што имате дете. Ваквото мислење и ваквата одлука е најлоша, за сите вас.
    Доволно си претрпела, време е за нов почеток.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Peperutka letka

    Peperutka letka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Veke dva dena sum kaj moite tie znaat za situacijata i mi davaat celosna podrska. Pred dva dena si zaminav od kaj nego so policija i bese golem rezil site komsii izlegoa. Toa mnogu go pogodi nego zasto se pravi dobar pred site sto ne go znaat vistinski. Lekarsko nemam izvadeno nikogas. Najloso od se e toa sto ovie dva dena ne sum mu se nasmeala na detovo nitu ednas se cuvstvuvam mnogu deprimurana ankciozna so cuvstvo na vina i stram. Sakam da pobaram i i pomos od psiholog za mene. Inace vrabotena sum so dobra plata.
     
    На cresa-jagoda, tina2018 и Jana06 им се допаѓа ова.
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Имаш се што ти е потребно за да се грижиш за себе и детето, најважно поддршката од твоите.

    Немој да размислуваш за враќање кај него зашто може да биде само многу полошо заради 'срамот' што си му го приредила пред комшиите. А и детето сигурно е многу збунето, мораш да му обрнеш внимание за да не му се одрази лошо. Посети си психолог, разговарај си и за кратко време ќе ти биде многу подобро. Само немој сега да потпаднеш на неговите лаги дека се кае, те сака, не може без тебе, бла бла. Многу ќе лаже наредниов период.

    Многу ми е мило што уште има храбри жени како тебе да прекинат со глумата пред луѓето и да стават крај на тортурата :hug:
     
    На lovestoneddd, kalinaka, manako1 и 6 други им се допаѓа ова.