Не е дома тој незнам каде е и не ме интересира искрено само незнам јас каде да одам, станот е негов поточно од негови родители јас незнам каде да одам со моето дете ☹️за модриците тешко дека ќе исчезнат имам многу и гребетини по лице, лицето неможам да го мрднам мислам како да ми со ботокс од толку што ме гмечеше, темето ме боли од кубењето, има врски многу се плашам дека ќе ми земат дете и дека ако пријавам ќе поништат се во мвр затоа што таму има многу врски он.
Избрзува ако пример без пари со малолетно дете се шлае цела ноќ по улици. Он не е дома ко што разбрав, ти ме читаш мене воопшто или ај муабети да си правиме на темава? И пишав нека се заклучи во некоја соба со малото и утре одма во полиција.
Не знам дали се читате кога пишете "не брзај со заминување" на жена што мажот и ја влечел и ја удирал. Ај нека ве послуша, полека, нека размислува два три месеци, ако му текне да ја убие од ќотег, шо е битно, битно таа да не избрза со одлуката. Вакви коментари треба да се бришат и забрането да е да им пишете вакви совети на жртви
Нека има врски колку сака. Се сликаше? Имаш пари за во хотел? Другарка? Роднина? Било кај... било кај јави се. И немој да му збораш ако мораш да останиш дома вечерва. Ништо.. ќути си, затвори се в соба, заклучи се со детето.
Прво немој да се плашиш. Ќе пријавиш во полиција, они ќе те пратат да си извадиш лекарско и кога ќе им го однесеш ќе евидентираат се. Колку сака нека има врски, сторил насилство кон жена си и тоа пред малолетно дете. Биди силна, биди упорна и едно да знаеш немој ни во сон да те предомислил, оди си од него, овој не се менува.
Детето ми заспа со плачење и липење пред неа ме влечеше за коса и се друго згора на се и пијан беше, имам закани и дека некој што му биле пријатели албанци имал за него ќе направиле се дури и ќе убиеле. Каде да одам
Ако сакаш детето да има здрава психа и убави спомени од детството превземи нешто во моментов, утре касно ќе е.
Батали ја , доаѓаат да провоцираат во вакви теми а маката е на членката и никој ништо не презема да и помогне.
Ајде бе малце читајте се леле боже сачувај. Уште за детето збори и за психата ко да нема доволно проблеми
Така само вели. Одев со насилник. Се закануваше, закануваше, ме тепаше, и кога си отидов само лајна јадеше по градо ... ништо друго. Слушај ме. Не си сама на светот. Ако немаш кај да отидеш, жими се', ела кај мене ако си во Скопје. Ќе ви отстапиме соба за вечерва и ќе терам јас со тебе работа по доктори и полиции ако треба.
Празни зборови, дете од мајка кој одделил и уште малолетно? Па детето да го прашаш ќе те одбери тебе.
Пијан ќе ти изнакаже секакви муабети... Како и да е понастрана од него. Ако немаш каде вечерва да одиш, заклучи се во соба со ќеркава. Добро е малата што засплала. Јас на твое место би стапила во контакт со најблиска особа, да и кажам истово тука што пиша и да ти се најде за поддршка. Пари имаш утре да се тргнеш сама со малата?
Немам тука Скопје, моите живеат во друг град не сум ни кажала затоа што се дома во изолација ќе се мрднат ако им кажам.