Доби подршка од куп жени кои не те ни знаат, една од нив сум и јас, и исто како и Вајлдче и јас сум горда на тебе. Браво! Се надевам дека еден ден ќе успееш да заборавиш и да најдеш нова среќа. За твоето дете ти си херој, нека ти е таа мисла само во главата. Еден ден твојата ќерка ќе ти благодари, а ќе постигнеш и нејзната судбина да биде посреќна зошто и покажа дека со насилници не се живее.
Знам многу случаеви кај што жените се тепани и си молчат. Уз муабет нешто ми имаат кажано "направи така и мажот ти ќе те утепа". А јас им викам "пази што смее да ме утепа и што има право да ме допре си има институции фала богу 21 век ќе пријавам". Ми викаат "немој ќе ја обрукаш фамилијата ќе не збори народ. Една од причините што не се пријавува семејно насилство е стравот од "што ќе каже народ".
Луѓе каде да пријавам семејно насилство мајка врз деца, има една ненормална комшивка кај моите го тепа детето како најголем душман, мало дете е. Мајка ми некои денови ги поминува на тераса гледајќи како го малтретира, стресно и е и нејзе, денес дојдов до неа вика сине не можам веќе да гледам, вчера се испокарала со неа кога била сведок на удирање на детето, ама не може да влезе у двор или куќа.
Реално, единствено внимание можеш да привлечеш само ако снимаш и го пратиш видеото по медиуми. Ако пријавиш во полиција ништо нема да се случи. Барем не во Македонија.
Здраво Сакам да прашам каде може да се обратат тие што се психички малтретирани и дали имаат некоја заштита и згрижување. Имам другарка што секојдневно минува низ закани, вреѓања омаложувања и нема каде да оди не е финансиски независна неможе кај родителите затоа што живеат во заедница снаа деца сите во еден стан, нема работа. Сака да се разведе ама се плаши од заканите и нема кров каде да се прибере. Ама животот и е пекол, секојдневно малтретирање се уништи жената нема воља за живот. Совет?
https://www.krizencentar.org.mk/index.php/svedostva Neka gi kontaktira. Mora da e silna. Se nadevam ke bide dobro.
Здраво. Решив тука да побарам совет. Поради малтретирање од страна на татко ни јас, брат ми и мајка ми го напуштивме домот и отидовме кај родителите на мајка ми во друг град. Во Неделата со цел 'смирување на ситуацијата' дојдовме со стариве да прават муабет, човеков ладнокрвен, демек се е у најдобар ред и у стил Тоа беше обична караница и мене таков ми е гласот(дерење, урлање) Ние си собравме најнеопходно и пак отидовме кај старите, вчера и јас и мајка ми на работа(решивме да патуваме во Скопје) ситуацијава ескалира, и се јавува он ја вика да оди САМА дома, мајка ми одбива, потоа и вика дека ќе ја чека пред работа и ја прашува Каде ми е пиштолот, она му кажува дека нема да се видат на само а он пробува да ја заплаши со зборовите Јас имам право да те пријавам во полиција дека не си дома 48часа и дека си исчезната. Во страв и паника прво што ми текна е да се јавам на броевиве во Здружениево од коментарот над мене и да побарам совет, ми кажаа да одиме во Социјална служба (во тунелчето кај Мин. За правда) отидовме не примија и жената ни објасни дека најдобро е да пријавиме во полиција за тие да можат да интервенираат, така и сторивме, отидовме и мајка ми пријави и рекоа ќе го опоменат и ако случајно пак се обиде да превземе нешто на насилен начин само да повикаме 192. Е сега имам едно прашање, ние сакаме да одиме и да си ги собереме нашите работи(алишта) кои што ни се неопходни, но стравуваме дека може да дојде до Закани со оружје па недај боже и нешто уште полошо, не можеме да бидеме сигурни дека ние ќе сме не повредени дур полиција дојде да интервенира, па од таму прашањето Како да се заштитиме? Како да одиме на сигурно да си земеме тоа што е наше без да смее да употреби сила и се што погоре наведов? Дали некоја од службиве/организацииве може да пружи помош и на лице место да биде со нас? Затоа што не верувам дека полиција така из чиста мира би дошле во придружба. Извинете на долгиот пост, се надевам ќе добијам соодветен совет
Одете со некои роднини или пак да ангажирате агенција за обезбедување да врши ваша заштита во моментите дури сте таму.
Дали ли можеш да повикаш некое машко повозрасно и физички спремно за во секој случај нешто да се случи? Полиција мислам дека нема да ти дојде, од причина што сме скапана држава и освен за седење во фотелја, за друго не ги бива. Или јави се пак во служба и замоли ги ако можат да дојдат со вас, бидејќи стравувате да не ви направи нешто. Ако е таква ситуацијата како што викаш, не препорачувам да одите сами без некоја машка придружба.
Јас колку што знам, полиција асистира во вакви ситуации. Значи, не од што се фини, туку буквално- во опис на работни задачи им е.
Дали може да си најми за таква работа агенција за обезбедување и колку би ја коштало? Т.е. дали агенциите за обезбедување нудат таква услуга?
Да, тоа е работа на полиција, но познавајќи ја дежавава и нејзината функционалност, полицијата е последно нешто на кое може да се смета на неа во ваква ситуација.
Фала ви премногу на сите што сте ми одговориле. За машка придружба секако би имале но сакаме да си одиме на 100% сигурно ни најмал ризик да немаме затоа што не знаеме негов следен непромислен чекор, со доста другари што се советував баш ми го кажаа ова за полицијава па и сама сум свесна колку се способни за жал. Значи да се јавам да ја објаснам цела ситуација секако би 'помогнале' ?