Колку и да било како и да било,ти мораш да си заминеш од животот на тој човек затоа што ајде што ќе те уништи физички,ќе ти помине кога-тогаш,ама психичката трага и болка е поголема.Ќе ти ја скрши личноста. Зошто го сакаш?!Зошто убаво јадеш ќотек и ти е прекрасно кога јавно те понижува?!Зошто?! Мислиш дека ќе го промениш,ќе се промени сам?!Никогаш нема да се случи тоа!Тој е слабак и кукавица,тој се храни со твојата болка и беспомошност,само така се чувствува како голема личност,а всушност е кретен. Мислиш дека заслужуваш да бидеш малтретирана,носиш некоја вина за нешто во себе?! Што и да е,не заслужуваш и одма да се изјасниш и да си заминеш,а ако си во можност извести некоја машка фигура во твојот живот да му објасни неколку работи со збор за да знае дека ти не си сама.
Мислам дека во последно време се крена свеста кај жртвите на семејното насилство дека тука нема ништо срамно, дека треба тоа да се пријави. Сведоци сме на се повеќе случаи на семејно насилство кои излегуваат на виделина од кои нечесто сме згрозени.Мое мислење е дека во никој случај не треба да се крие, нити да се опрости мислејќи ова е прв пат, ке се поправи итн. Никаков страв и срам не треба да не спречи да се пријави.. само ми е криво што се уште казнениот систем не ни е толку развиен па нема соодветни казни, барем според мене
Крајно време беше и жените да се освестат.Темава е од мојата област,студирам социјална работа и политика па оваа тема добро ми доаѓа,бев летово на пракса,можев да се изнагледам и слушам мн работи,какви се односите во бракот,одосот дете-родител.Криво ми падна има мали деца што се жртва на семејно насилство,понижувања,отфрлувања,малтретирање на секаков начин. Секоја жена мисли дека нема да успее во животот ако нема маж покрај нејзе.Се надевам дека ќе се освестат жените,ќе сватат дека пкрај себе не смеат да имаат човек кој ќе ги понижува,малтретира,не е последен на светот па да му дозволиме да управува со нас како сака.ЧОвек што те сака ема да дозволи такво нешто....
Секој ден сме сведоци на семејното насилство над мојата прва комшика. Знаете кој е најстрашниот дел? Што нејзе ја тепа синот и. Безброј пати имаме викано полиција, ќе дојдат и ќе го преупредат овој и ништо. Еднаш покрена тужба против него дека ја имаше истепано луѓе незнаете како, па звер тоа не го прави, но на суд се откажа..МАЈКА СУМ MУ ВЕЛИ??????? Неможам да го сместам во затвор??? Прашував за да покренам јас но без согласност од неа, како оштетена велат ништо.Инаку овој е полнолетен не работи ништо и само ужива да ја измачува. Толку пати имам правено муабет со неа, дека моите сакаат да и помогнат, финасиски и се што ке и треба, но таа не сака. Еднаш бранејќи ја нејзе, (неможев а да не отидам, плачењето ме уби), се осмели идиотов да ме удри и мене. Е тогаш си го доби од брат ми, и сега кога одам се повлекува. Но не е тоа решение, да бидиме ние полиција во маало.Мора да бидат одлучни жените, син, маж никој НИКОЈ нема право да малтретира друг!! Уффф темава мн ме погодува веднаш се нервирам шо неможам да помогнам
Секоја превземена мерка е џабе, кога се работи за таков човек. Ми кажуваат решение да го пријавам в полиција..... Ете радо би го пријавила, за што??? Ќе го викнат на разговор, во краен случај би го задржале да преноќи таму, ќе го предупредат и ќе го пуштат. Што ќе ми помогне мене тоа? Ниту ќе ја смени ситуацијата, а камо ли да ја подобри. Ќе се врати уште поразбеснат и уште истиот ден ќе не убие. Не не претерувам, ништо не може да не спаси освен доживотен затвор. Се останато ќе ја влоши ситуацијата. Ама за жал во нашата држава ништо не се сфаќа доволно сериозно, затоа и слушаме секојдневно такви работи на вести. Тоа е, ни било судено да живееме таков живот и мора да се помириме. Единствено што можеме да направиме е да се пазиме и да спиеме со отворени очи, за да не не снајде нешто и во сон.
А, зошто е таков? Има ли некои пороци? По природа е агресивен и нема самоконтрола или... Можеби не е моја работа да прашувам, ама сакам да ти помогнам некако. Можеш и да не одговориш на ова прашање,ипак е многуу приватно. Јас па потоа сакав за едни мои комшии нешто да напишам, за оваа тема и нема да ви се верува што се случува кај нив
Лиза сум пишувала многу овде по форумот, имам дури и тема отворена за тоа. Не би сакала да се повторувам за да не ги трујам другите. Сет лошотилук кај него е соберен, па кога сето тоа убаво ќе се зачини со алкохол знаеш што може да излезе, нели? Со убаво не бива, со лошо уште помалку... ама свикнавме веќе, што друго ни преостанува
Баш ми е жал Лолипоп23 што си во таква ситуација. Во едно сум сигурна-во секое семејство постои некој црв што ги јаде(еве кај тебе ова со татко ти, негде смртни случаеви има или децата се тргнати по лоши патишта или родителите во швалерај итн.) Идеално семејство не постои Едноставно штом е таков, игнорирај го колку што можеш, не му одвраќај на провокациите, оддалечи се од него...Не знам колку члена сте дома, но ако имаш брат поголем, мислам дека тоа би ви ги олеснило работите Никој него не му е дужен да му ги трпи тортурите и да доживува трауми.Само се надевам дека не крева раце на вас Сте ја разгледале ли опцијата да побарате помош од роднини(ама од негова страна, ако имаш чичковци-негови браќа или тетки), па и тие да преземат ништо.
Драги феминки, јас, заедно со уште 2 девојки, формираме невладина организација (поточно, седиште на Американска организација во Македонија) која се вика V day - Until Violence Stops, и има за цел подигање на свеста кај младите за овој проблем и борба против истиот. Програмата ни е направена, и ке поченеме да дејствуваме после 17 ти октомври. Веб страната ни е во изработка, но кога ке биде готова ке ја постирам. Се надевам ова нема да биде сфатено како реклама, зопто најискрено многу вложувам во ова, и сакам заедно со сите кои се жртви или сакаат да се борат против ова да го дигнеме гласот и да ги освестиме барем младите како да се заштитат. За повеке информации пишете ми ЛП. Се надевам ке ми се придружите.
Кукличке ви посакувам многу успех. Информирај не овде во темата за сите ваши активности. Се надевам дека еднаш за секогаш ова табу ќе престане дека жртвите ќе добијат сила да прозборат за проблемот што го имаат, а не да кријат и да трпат како што е во повеќето случаи. Поздрав
Браво за ваквата иницијатива. Доста беше молчење или само привидна борба. Се надевам дека вие ќе бидете вистински борци со овој проблем.
http://www.facebook.com/group.php?gid=1 ... 097&v=info приклучете се и подржете не. Ке имаме тука соопштенија за настани, активности, вклучување на млади и на сите оние кои сакаат да направат нешто повеке.. Ве очекувам !
ај ке ја кажам и мојата приказна.уште кога бевме мали со сестра ми немавме некој однос со моите дома,не не носеа никаде,низ чаршија да не прошетаа,да ни купат облека никогаш,ниен секогаш бевме распустени,нечисти,се валкавме низ дрвја,низ кал,игравме со палени пиперки,баба беше секогап шт се грижеше за нас и браката на татко ми дур не се оженаа,ни купуваа некогаш патики,некоја играчка така поретко.дури растевме дома имавме нонстоп расправии неможам да се сетам точно за што,ама мама често си ги спремаше куферите да си оди,но по молба од баба ми остануваше заради да не се извалка името,ние дури растевме нашколо одевме како гревчиња некогаш имавме да поделиме 10 денари,по 5 за двете,некогаш баба ке ни даеше појке или стриковците,кога ке дојдеше велигден одевме во исто или нова година.со текот како што растевме дома стануваше неподносливо татко ми не поднесуваше никого,се дереше за секоја ситница,ако паднеше трошка наземи ке не скршеше,нонстоп со цигаите в уста беше,дома имаше облаци од чад,не смеевме да се искапиме од еднаш неделно,само косата да ја измиеме и тоа стоплена во тенџере од тие големите,колку пати на сестра ми и се издераваше дека таа го направила така,а таа кутрата имаше проблеми со срцето и не смееше да се нервира,а тој и викаше дека со нејзината болест,тој станал депресивен.колку пати само ке јадев чотек зашто сим купила различен леб,зошто сни ја изеле саламата или маслинките.мајка ми беше супер жена наеднап женава се збудале,почна да не чисти,да не не птави јадење,да се понаша лудо да плаче да вриска,седеше на нет.колку пати само сакав да избегам од дома,од тој начин на живеење,за се и сешто јади само чотек,лудница па јас се запознав со сегашниов маж,и тој беше од странство,па и пред него колку пати ке се расправаа,ке ме срамеа,колку пати му досадуваа да му позајми нешто,да ги превезе со колата и сл.јас млада се мажив и некогаш си велам о фала богу излегов од пеколот,можеби не изгледа толку страшно,ама беше психичко мачење,сега само се молам да се смири ситуацијата,да се смират двајцата,од кога заминав стана полошп почна татко ми да ја мава некогаш мајка ми и се плашам за моите 2 сестри се надевам дека ке се средат ваквите работи,преку ку*ац ми е дојдено од ов цел живот
Волфче има многу вакви приказни низ Македонија, а толку малку се зборува за ова. Ние ке имаме работилници, активности низ градови, и на крај престава на која отворено ке се зборува за ова. Слободно можеш да се придружиш (на групата ке има и дата, и место и се) и да направиш нешто за ова, да ја подигнеш свеста кај младите, или да се чуствуваш бар малку подобро бидејки знаеш дека се зборува за тоа. Само кога семејното насилство ке престане да биде табу тема, ке престане и да постои. Доколку сите заедно се соединиме, ке бидеме посилни и ке создадеме силна заедница на жени кои знаат како да се заштитат, побараат помош, и сл. Ке имаме и соработка со Центар за заштита на жени жртви на насилство, па може и тамо да се бара помош или да се чујат приказни на оние кои поминале низ слични искуства. И на крај, најискрено се надевам дека ке го свртиме вниманието на властите, и дека ке се превземаат повеке мерки за оние кои го вршат насилството. Без разлика дали се дел од семејството или дел од градот во кој опстојуваме.
За жал семејно насилство има и ке има и понатака. Не знам што би можело да го доведе на еден маж да дојде до таа точка, да ги малтретира луѓето кои ги сака, жената, децата... Попуштени нерви, алкохолизам, агресивност, не знам. Како и да е, на таквиот дефинитивно му треба психолог, стручно лице да се обиде да му помогне и да се реши случајот колку што може и каде може. Значи на таков човек му треба лечење. А малтретираните, жално. Молчат од страв. А со молчењето само полошо прават, насилството продолжува.