Полицоја во напад со пиштол кај мене дома и повредени,не сакаше да ме донесе до дома.Не веривам дека можеш да се крстиш у оваа полиција!За жал, а треба да е вака ко што кажуваш. И и да се јават на 192 за закани ќе им речат додека не ви дојде и не ве нападне не доаѓаме, е баш тоа го имам доживеано. И тоа за човек што лежел 21 година затвор, а не овој ако нема дела!
@maraa Полиција барај, тоа ти е најсигурно и би морале да виизлезат во пресрет. Ептенако не сака полиција, после на агенција за обезбедување иди.
Полиција треба да дојде. Во неколку сличаи знам со полиција одеа кога мажите беа насилни. Со роднини може повеќе да ескалира работата.
@maaraa96 Обавезно со придружба со полиција или агенција за обезбедување, ама ти препорачувам сами ти и брат ти да појдете, да си соберете ствари, мајка ти нека не доаѓа со вас.
@maaraa96 ќе појдете со брат ти во полиција и ќе кажете дека веќе имате поднесено пријава за закани, и дека ви е страв да одите сами да си ги земите алиштата, дека ви е потребно барем едно службено лице да дојде со вас. Најдобро мајка ви да не оди, земете вие за неа што е потребно, ако е полнолетен брат ти нека не оди и тој, појди ти сама во полиција. Тоа со агенција за обезбедување е ок предлог ама како прво ќе ги чини пари, а сега не им требаат дополнителни трошоци, второ насилникот може да биде испровоциран дека некој си таму трето лице му доаѓа дома, друго е со полиција и авторитет.
Полиција сигурно нема да појди, они излегуваат на терен тек од како нешто ќе се случи, затоа и викам или роднини или другари кои се спремни да превземаат мерки ако затреба и во најдобар случај АГЕНЦИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ но само во случај ако имотот е на лицето кое побарува заштита во спротивно сопственикот има право да не пушти обезбедување на својот имот.
Кога ќе се подразмисли подобро, би било лошо да викне некоја роднина, пријател и некој близок, бидејќи тука се загрозува и тој што ќе дојде со неа, а не е официјално лице. Официјално лице во случајов е полиција и најдобро е со нејзин претставник да се оди, но со оглед на тоа каква е ситуацијата со државава и тоа како функционираат нашите органи и полицијата, која треба да му служи на народот и да го заштитува, тешко дека би помогнала, доколку нема физички контакт и насилство. По мое мислење, штом агенциите за обезбедување вршат такви услуги, најдобро е да се плати и да се ангажира човек од таму.
Бидејќи веќе сте го пријавиле случајот и во полиција и во центар за социјални работи може да побарате асистенција од полиција. Појдете до центарот и објаснете дека сакате да ги земете работите но само со службено лице. Тие по службена должност ќе повикаат полиција и ќе му се јават да му наложат да ви ги предаде личните работи. Можеби ќе пуштат и лице од центарот. На сите што дадовте коментар и претпоставки дали ќе дојде полиција, дали ќе помогне и сл, доколку не сте доволно информирани не давајте совети и претпоставки. Жртвите на семејно насилство ги штитат многу закони. Обесхрабрувањето дека никој ништо не им може дава контра ефект па поради тоа често пати случаите остануваат непријавени. Со самото тоа насилниците уште посилни. Има многу здруженија кои навистина помагаат и се во координација со ЦСР и МВР, а даваат и бесплатна правна помош. Јасно ми е дека ова е форум, но сепак е медиум и не е во ред на осетливи теми да се "претпоставува".
Еве баш јас не претпоставувам, да не ти даде господ да имаш работа до човек со пиштол,кој е спремен да убие,па после збори! Они нека си побараат помош, и дај боже да е нешто сменето од пред 5-10години, во скапанава држава
@maaraa96 како си? Што направивте? Дали полицијата ви помогна? Се надевам се е во ред. Кога ќе можеш пиши ни.
Фала ти многу за грижата Добро сме, сеуште потресени по малце ама полека ќе ја снемува нервозата, мада уште пробува да не провоцира и психички да не излуди Отидовме во полиција, му се јавија да го известат дека ќе идеме ама не пратија никого со нас.. демек немало потреба, и стварно немаше, смирен беше ама сепак имаше тензии. Мајка ми е потресена, колку и да пробува да сокрие, на моменти се приметува вчера цел ден и пишувал ја замарал, она денес пак беше у полиција да каже дека пак и пишува,збони и ја замара и и рекле дека Првиот пат што го пријавивме треба решение да и стигне на адреса, ама би стигнало таму и он ќе го земе, значи нема да дојде до нас. А и рекле доколку дојде тука да не замара, да вртиме 192 одма ќе дојдат
Здраво Очајно ми треба помош. Да почнам со ред Татко ми иако никогаш не го викам така, е болен човек, психички е болен но и глумец со диплома. Работи во Германија и доаѓа два пати годишно овде во МК. Кога човекот не е овде ние си живееме најнормално со брат ми и мајка ми, без караници и во мир. Но кога човекот ќе дојде ние имаме проблем со тоа што ја малтретира мајка ми.. Поради тоа ние буквално ја чуваме мајка ми, цело време сме со нејзе, но нели ќе ти искочи нешто мораш да излезеш и тогаш тој настапува. Мајка ми е кршлива, не знае да врати, жена која што израснала деца сама, ги воспитала.. И толку и треба. Сум правела муабет значи со најубаво да му објаснам но човекот не е во ред со мозокот. Постојано вика, се дере за ситница, не дај Боже пари да му побараш.. Роман имам да напишам но да скратам. Куќата моментално каде што живееме е на негово име, тие се разведени многу одамна, затоа што тој требал да да средува документи. Таа се води како самохран родител. Не можам да издржам веќе, цело време на стрец сум, негова фамилија цела е таква така да нема кај да се обратам, мајка ми не работи поради здраствени причини.Поради тоа немаме каде да одиме. Ве молам доколку некој знае, дали може тој од тука да си оди, да се обратсм во полиција или каде? Само сакаме мир..
Дали имате опција да замине мајка ти на гости кај родителите нејзини, брат /сестра додека е тој тука? Друга опција да викате полиција секогаш кога ќе се случи напад, да го малку заплашат. Штом е куќата негова нема опција тој да си оди, и да ве сместат во центар за жртви од семејно насилство тоа ќе биде привремено, потоа ќе мора да одите некаде.
Денеска дојде полиција. Ме нападна мене морав да се јавам во полиција.. Го исплашија малце, ќе видиме колку ќе трае.. Иначе немаме каде да одиме. Починати се родителите на мајка ми.