Pa wild dokumenti od tipot on se zeni vo stranstvo za pari i dobiva viza zatoa i moraat da se razvedat.
Знам дека е оф топик, ама каква врска имаат документи (визи за престој) со бракот? Се преженил за долкументи, како што спомнаа претходно, или...?
Па сигурно е разведен за да земе жена за документи. Ама и што е битно? Не е битен разводот овде, насилството е.
Развод е развод и нов брак, за документи или не пред правото е вистински брак а признавање на таков брак ќе доведе до депортација во најмала рака.
Живеам во фамилија во која ден имаме ден немаме пари, татко ми зема големи пари и ни овозможува све на мене и моите сестри, све освен љубов.Ме тепа секој ден, секој ден ми вика дека тој ме создал и тој ке ме уништи, ме навредува 24/7 ме пцуе сака да ме убие да ме искрши.. сакам да си одам од дома. имам 18 години. страв ми е да не направам поголем проблем, но веќе ова неможам да го издржам, или ке се убијам сама или ке избегам од дома и ке умрам некаде сама далеку, трето нема.
Зошто би се убила? Чим имаш 18 години, барај си работа и бегај под кирија сама негде. Секој денар што ти доаѓа во раце, собирај и криј. Келнерка, келнерка, било што, само спаси се. Кој и да те создал, нема право да те убие. Која и да е причината, не заслужувате таков однос. А сестрите колкави се?
Здраво. Да не должам многу, имам пишано мислење во темава, можете да го погледнете. На кратко- пред некој месец заврши (конечно) бракот на мајка ми и татко ми, проследен со физичко и психичко насилство. Мајка ми беше во странство , сега се врати и останува тука.( не може да се враќа таму). Таа ги плаќа кредитите за куќа во која што не живее, т.е кај што остана татко ми, а тој скршен денар не дава, сто пати му рече и џабе, еве сега ја блокирал и од социјални мрежи и телефон. Јас сум студент, моите трошоци ги покрива мајка ми (татко ми за жива не ме бара,посебно за пари) имам само уште еден семестар, следниов од февруари до мај. Е сега, заминавме со мајка ми кај баба ми,(мајка од мама). Вујко ми (брат од мама) е во странство веќе 18 години, се враќаат со жена му само 2 пати годишно. Тој и викаше на мама да не земала стан, да сме седеле со баба секако е сама, ќе и се налутел ако заминела на стан. И добро, останавме. Сега моментално тие се тука дојдени, заминуваат за некој ден. Се случи следново- во момент на нервоза,тој кажа дека не можел повеќе некои работи да трпи, дека не бил домазет (?!) уствари индирекно кажа дека ние сметаме. А пред некое време исто со жена му разговарале и испаднало да и каже тој нејзе: ти не ја сакаш сестра ми, ќе му речам да си одат од овде. Фактички се разговарало за нас. Со мајка ми сме како на гости, се чувствуваме непосакувано, а нема кај да одиме. Се осеќам како бездомник. Сакаме да одиме под кирија, ама нејзините кредити се скоро 13 000 месечно, а зема минималец. Кај кирија, кај сметки па јас уште еден семестар на факултет. Воопшто не се чувствувам добро, мислам дека ќе останиме на улица. Сега јас барам работа, ќе работам и ќе учам еден семестар, не е многу, ама пак мислам дека нема да успееме и прелошо се чувствувам, немам надеж и немам волја ни за работа ни за учење сега, се' положував на време, а сега еве веќе заостанав 2 предмети А и се плашам дека еден ден мајка ми ќе остане сама, си викам ако ја избркаат после каде, само јас и брат ми и останавме, а тој е со татко ми па не може ни кај него. Не знам што да мислам веќе, очајна сум, не гледам излез од ситуацијава и веќе мислам дека сме бездомници. Не знам ниту дали барам совет, дали утеха, немам со кого да разговарам. Добив мигрена и хроничен гастритис, скроз го нарушив здравјево, а премлада сум за ова. Уште овде ми остана да се искажам.. Ако има некој со слично искуство, што излегле на крај со ваква ситуација, би сакала да прочитам мислење... Извинете за долгиот пост .. Пс: нема некаква помош од државава за ваков проблем? Социјална помош ило нешто слично, ако ги земаат во предвид околностиве и финансиската состојба ?
Леле, многу се нервирам. Тој вујко ти човече. Да му кажете дека ако му сметате може у три лепе да се носи. Немој ни под разно да сте заминувале, каква кирија. Местото колку што припаѓа на твојот безчувствителен вујко, толку припаѓа и на мајка ти. А на жена му ако и смета, нека се носи и таа у три лепе. Ако си има татко, мајка, нека бара од нив. Ау, некои луѓе не се нормални. Ваше е само да не потпаѓате на нивните глупости. Јас да сум, нема да мрднам од таа куќа. Ако некој му смета, тој нека се исели. Тоа не е дома кај него па да му смета. Уште помалку е дома на таа жена му никаква. Ако не може некој работи да трпи нека ја фати вратата од надвор.
Колку е негово, толку е и на мајка ти. Нека не умишља дека е пратен од Господ само зошто се родил со мандало. На мајка ти уво да не и чуе, а ни на тебе. Не одете под кирија и не ср ставајте во беспотребен трошок заради хировите на вуко ти и вујна ти. Мајка ти нека не се осеќа како гостин, туку нека се понаша онака како треба, колку негово толку и нејзино.
Не ми се верува, им сметате а викаш 2 пати годишно доаѓаат тука? Па нормално дека таа куќа е исто толку ваша колку и нивна, и мајка ти и вујко ти се подеднакво деца на баба ти.Како знаат за вашата состојба и вака се понашаат? А баба ти, што вика во приказнава?
@Angie1432 Абе и јас истото и викав, ама мислења од пред 500 години, куќата на машкото да се препишела (ако веќе не е препишана). И баба рече дека на него ќе била, а мама за да не се расправала со брат и не сакала дел да му земе, да си живееле со жена му на мира. Тој самиот се понаша веќе како газда, сме му сметале. Мама не може ни на кревет да седне како што треба, да не им сметала нив, тие спружени по цел ден. Уште се лутела жена му зошто не било исчистено. Значи не сме како дома едноатавно, а куќата ќе му припадне него. Ако останавме кај нив не значи дека им е слугинка мама, и дека не треба да има пристап до една помочана фотелја, извинете на израз. А мајка и, т.е баба и кажа да сме оделе на стан ама барем на пролет, таа ќе ни помагала и финансиски и секако, само да не седиме овде.
Ах леле заради таа баба ти тој вујко ти се понаша ко идиот. Слушај, ќе ти кажам само една работа. Родител треба да му препише на двете деца. Ако му препише се' на едното, другото има право да бара нужен дел. Значи, дури и баба ти да му ја препише куќата на вујко ти, мајка ти има право да бара нужен дел, односно или и нејзе да и препише дел или пари да и даде во износ колку што ќе биде проценет тој нужен дел. Или за да не се тужите, вујко ти нека и плати на мајка ти износот на нужен дел, и ќе си одите. Второ, на баба ти не би ја погледнала повеќе штом ве избркала, а читав и други мислења твои и сфатив за каква жена станува збор. Значи, немојте да подклекнувате, мајка ти има право на дел од куќата и никој не може тоа да го оспори, ниту баба ти.
А нели они не живеат тука, не сфаќам како би им сметале ако престојувате одреден период. Не знам, мене ова ми е тотално бездушно, поминувате низ многу лош период и така да ве остават на цедило, немам зборови.Имаат ли разговарано вујко ти и мајка ти? Се надевам дека и ти побрзо ќе најдеш работа и колку толку ќе соберете некои средства.