Не дека сум многу љубопитна @izzabellaa , ама многу ли е голем кредитот што треба да го плати мајка ти? Мислам, ова за нежниот дел од Мантуб држи вода, ама може да биде долго и широко, ако се тргне по судови. Оти бе вакви одвеани од ветерот ги држи земјава, та и вујко и баба и све.
Леле па во Снаи и Свекрви кога ќе пишат "Золва ми ми смета, таа си е мажена во друга куќа, што бара да се враќа" значиииии еве како изгледа од другата страна.
@Mantub @Angie1432 Мислам дека веќе е препишана, а и да не е, навистина е лошо да знаеш дека твоите не те сакаат и се во состојба да те избркаат од дома во ситуација во која што сме.. Сме му сметале а сега прв пат седиме заедно, бидејќи разводот беше пред скоро време,значи 1-2 недели се во прашање и се случи ова, а не пак да е цел живот .. А и мајка ми е една душа од човек, што со никого не сака расправии и е цел живот со наведната глава, им попушта на сите, па го отстапи нејзиниот дел на брат и, кој не може 2 недели да ја истрпи. И кажаа веќе дека ќе е за него, и да се снаоѓаме.. Небитно, ќе работам и јас и ќе и овозможам живот подобар од овој. Само не знам како ќе успееме @Biljarkata Па да, 3500€ уште сигурно, голем беше.
Како можеме да ти помогнеме моментално? Да имав стан некој ќе ве примев без проблем, за жал и јас сум под кирија. Работа каква и каде бараш, може некоја од нас може да ти помогне.
Ти пишав во порака, не дека сум единствена во градов, ама бидејќи напишав повеќе детали не би сакала да сум препознаена, страв ми е од дополнителни проблеми.. Ви благодарам многу, навистина
Како го одстапи, се потпиша дека се откажува? Баш затоа што е многу лошо да знаеш дека не ве сакаат, треба вие да сте конечно добри кон себе пошто гледаш дека никој друг не е. Секој си го гледа интересот, треба и вие да си го гледате својот. На брат се одстапува евентуално ако јас имам доволно за мене, а брат ми се мачи, ќе му одстапам без проблем, ама брат ми да знам дека ноќе ќе дојде да ме собере ако имам проблем. А на брат што ве избркал после преживеано семејно насилство, не се остава ништо, зошто да е мајка ти со наведната глава кога можете пари да добиете што многу ќе ви помогнат. Распрашај се кај правници, и на форумов има, баш ќе е убаво да помогнат, да ти кажат како е најдобро да постапите во вашиот случај. Можеби мајка ти нејќе да слушне, ама сети се дека мајка ти не сакаше ни за развод да слушне па се случи, откажување никако.
Ај сега некој банкар да ни објасни, колку максимално може да изнесува кредит во однос на приходи, па ваљда се репрограмира тоа, не може човек само кредит да плаќа, има ваљда некој нужен минимум за живот? И некој адвокат да ни објасни, како може по развод, да плаќам кредит за имот кој не е мој, ваљда има и тука некоја крива дрина што може да се исправи? @JuLleE ?
Мислам дека е завршена таа работа, дека е веќе на негово име, уште од почеток и рече ,, можеш кај мене да седиш" претпоставувам негова е.. А и да не е, и кажаа дека ќе му припадне него, не се ни размислува за друга опција, тие и разговарале да си одиме.. Така да, мене ми беше прашањето дали би можеле да се снаоѓаме по станови во ваква ситуација, и како што спомна @Biljarkata дали има некаков начин да не плаќаме толкав кредит, или некаква помош од државава бидејќи е разведена и нема ништо на нејзино име ?
Јас сакав да ти кажам дека дури и да е потпишана, пак може мајка ти да бара нужен дел. И затоа викам, наместо да се снаоѓате по станови, замисли колку многу би ви помогнале да добиете неколку илјади евра, не знам како оди проценката на нужен дел. И сето тоа да го изгубите само затоа што нејќе мајка ти да смета. Таа ако мисли така ти треба да ја разубедиш.
Мораш да ја разубедиш мајка ти да го побара својот дел, во спротивно јас да сум на твое место би ја запалила цела куќа дур не е баба ми дома. Мајка ти секако смета и ја бркаат, доколку таа молчи, ти биди погласна и избори се во нејзино име. Таа доволно само да прифати.
Не може да не размислувате, ако има правен начин ете пробајте.Сега не се разбирам нешто многу во делба на имоти, ама не се откажувајте толку лесно, впрочем си го барате тоа што ви следува, не нешто плус.Информирај ја и мајка ти ако не е доволно запознаена, зборувај со нејзе.
Да отиде во банка да направи нова пресметка на кредитот, на пр ако треба да го исплаќа уште 5 години да го направи на 10 години како би имала помала месечна рата. Плус можеби со помала камата ќе е. И евентуално (ова тропам сега) ако може татко ти како жирант да го подметнете па мајка ти да не плаќа и да мора тој да плаќа, нз дали е возможно. Не си одете од кај баба ти односно куќата од мајка ти. Потруди се ти кога ќе си во можност да тужите за дел за мајка ти, бидејќи таа има мека душа и нема да сака сама ама на такви ко вујко ти само тоа им треба. Како и да е ќе биде подобро еден ден. Семестарот исто можеш на рати да го платиш. Јас така плаќав. Ќе напишеш Молба и еден голем реферат без срам. И обавезно работа да најдеш каква таква макар и нешто минимално да е, колку да не бидеш без ич и да почнеш од некаде. Тој вујко ти штом е во странство, зависи каде сепак нели, ама сигурно зема повеќе од мајка ти. Наместо да ви праќа пари тој вака направил. И онака ете во странство е има шанса да си купи стан и куќата на мајка ти да ја остави. Леле колку ме изнервира.
@izzabellaa од социјално може само да се распрашате да поднесете барање за социјален стан. До 1/2 половина од плата може да се запира за кредит видете тоа во банката. Куќата на татко ти е од татко му или купена во брак. Мајката може да го тужи татко ти за делба на имот за да се подели целиот имот купен во брак, како и да се поделат кредитите земени во бракот.
Да на нејзино име е, ама нема никаков имот на нејзино име, и плаќа за друг имот фактички. Макар што мислам дека тоа нема врска, во банка не те прашуваат за кај ти се парите, нив им е битно да ги вратиш, ако не се лажам. Мислев заради тоа што нема ништо на нејзино име+ минимална плата+ разведена+ јас студент што ме издржува мајка ми дали има некаква помош. Додуша за мене и не верувам дека би имало, бидејќи не сум дете туку можам сама да се издржувам, ама мислев поради тоа што плаќам факултет а живеам само со мајка ми дали има тоа некаква врска.
А во брак е подигнат кредитот? Јуле, нели и кредитот доколку е подигнат во брак може да се бара и од мажот да плаќа?
Навистина? Ова ми беше битно. Куќата ја направија заедно, колку што има удел тој, толку и таа, баш и кредитите се за изградбата на куќата. Е сега, проблем е што мислам дека таа се потпиша дека не бара дел, за да останела за брат ми куќата, а и ја излажа татко ми за да се откаже, долга приказна е да не ширам.. Тој си најде негов адвокат, си ја среди работата како му одговара, нејзе само и прати да се потпише. Може сега со тужба да бара дел, или да ги поделат давачките? @Mantub Да, уште пред неколку години.
@izzabellaa иако е висок кредитот, вработени кои земаат плата помала од просечната, не смее да им се крати повеќе од четвртина, за другите кои земаат поголема е една третина. Ова ти е одличен совет, побарајте правна помош за да може да реализирате барем дел, посебно за поделбата на имотот и обврските после разводот.