Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    257.181
    Зависи што потпишала и каков кредит има. Ваљда е хипотекарен, со жирант или кокредитобарател. Ако е мажот, ако она не плаќа, ќе барат од него.
    Ама банката не ги интересира кај се вложени парите, ним е битно да им плаќаш.
    Ко што читам, она не ни барала поделба на имот. Којзнае и што има потпишано.
    Вака со вакви нафрлени работи без документи, не можам ништо точно да кажам,а да не погрешам.
     
    На tina2018 и Dentina им се допаѓа ова.
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.847
    Допаѓања:
    5.598
    Полнолетен е брат ти? Во катастар може да видите на чие име е куќата. Те молам провери на имотен лист како е запишано дали со поклон ? Ако веќе е запишана куќата на брат ти ништо тој е газда. А ако не е пола ја следува мајка ти, ама видете прво што е потпишано.
     
    На tina2018 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. izzabellaa

    izzabellaa Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Засега знам дека сигурно е на име од татко ми.
    За друго, ќе пробам да проверам деновиве, па ќе споделам информација.
    Инаку не,малолетен е.
     
  4. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    61.893
    Пол:
    Женски
    А баба ти кој ќе ја гледа кога нема да може? Синот што е странство и со прст не мрда за куќата, само ќе си дојде да си ја наследи, или мајка ти што претпоставувам ќе трча на сите страни за старите, како што е редот нели.

    Спомнете и ова на баба ти, дека ја чекаат години каде нема да може се сама. И нека си ја чукне тоа главата дрвена дека мајка ти претрпела психофизичко насилство и и е потребна родителска грижа и помош.

    Да дојде утре моја родена сестра и да ми каже дека дома ќотек трпи ќе отидам и јас ќе се разберам со насилникот, а не па и јас да ја бркам од куќа каде израснала. Какви луѓе се бре ова, говеда повеќе осет имаат.
     
    На bicycle, azelea, sunshinebabe и 34 други им се допаѓа ова.
  5. izzabellaa

    izzabellaa Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Се' ми е јасно, верувај. Се имам расправано за истово, и викам земи дел од ваму од таму, таа не, тие да биле среќни, да не им сметала. Мајка и порано ни викаше да седиме, ама сега и таа си го смена мислењето, ,,најдобро ќе ни било на стан".
    Се нервирам што има и здравствени проблеми што нема да и дозволат да работи вака како сега и за 10 години.
    Ама си викам, подобро да и помагам јас да си е настрана сама, отколку секој ден нервози. Таман си реков се спаси од таков брак, сега бетер.
     
    На tina2018, ☆P!nselsp!tze☆ и 1209 им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.802
    Допаѓања:
    97.156
    Пол:
    Женски
    Ако може да те прашам, ако не разбрав грешно, зошто мајка ти се откажала од куќата кај што сте живееле со татко ти, за да остане за брат ти?
    Зошто не и за тебе?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. izzabellaa

    izzabellaa Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Да, татко ми и рече дека ќе ја препишел на брат ми, ама дека ќе сум имала и јас дел, и брат ми го рече истово, и таа се откажа од нејзиниот.
    Ама превртлив е, чисто се сомневам дека ќе ја препише на некого.
     
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.802
    Допаѓања:
    97.156
    Пол:
    Женски
    Нема таа зошто да се откажува за тој да ви препише.
    Ако е стекнат имот во брак, значи пола нејзино е и ќе го препише на кого сака, а не дека треба прво него, а после тој вас.
    Таа му го потпишала својот дел него и останала со кредитите.
    Распрашајте се убаво што да направите и за делот со кредитите и за куќата на баба ти.
    Акушерка ќе дипломираш, така прочитав?
    Ќе најдеш работа брзо.
     
    На tina2018, cresa-jagoda, Dentina и 6 други им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    257.181
    Се мислам дека мажот ја средил со потписот да не бара поделба на имот.
    Џабе советите кога мајката малтене се откажала од се.
     
    На tina2018, cresa-jagoda, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  10. izzabellaa

    izzabellaa Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Да,акушерка.
    Се надевам дека одма ќе најдам..

    @JuLleE Да, и рече пред разводот дека ќе си преземел тој ќе плаќал се, и откако потпиша не и крева на телефон и ја блокира од сегде, бидејќи му побара пари.
    Значи ништо, останува на нејзе.
     
    На tina2018, JuLleE и thelittle17 им се допаѓа ова.
  11. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
    @izzabellaa баба ти е жена, а размислува како неандерталец. Извини вака, не сакам да те навредам, ама не можам да кажам нешто добро за неа, а ова е зборот што најдобро би ја опишал. Да му оставиш се` на синот што доаѓа двапати годишно и си се однесува како крал, а да и` се вели на ќерката да се пресели за да не им пречи на „кралот и кралицата“, тоа ми е незамисливо. Мајка ти и тоа како има право да си бара дел од нејзината родна куќа. Ајде што едвај се спасила од лош брак полн со насилство, ама и без куќа да остане. Ти можеш да ја разубедиш мајка ти. А можеш и ти да им се спротиставиш на баба ти и на „кралот“. Што не е праведно, не е праведно. А ако веќе се одлучите за стан, не барајте помош од никој од нив. Кога „госпоѓата баба“ можеше да му ја препише целата куќа на синчето што ретко доаѓа од странство, тогаш заслужува да ги прекинете сите контакти со неа. Убаво е што ти текна да си најдеш работа за да не зависиш од никого. Така ќе си помогнеш и себе, и на мајка ти.
     
    На Осе, tina2018, raww и 5 други им се допаѓа ова.
  12. izzabellaa

    izzabellaa Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Не ме навредуваш воопшто, бидејќи така е. Искрено, после последниве настани од цела фамилија се откажав, освен од мајка ми и брат ми. Малце и за тоа ми е тешко, се осеќам како да немаме никого, ама се покажа кој каков е, и дали заслужува секој да се нарече семејство.
    Другото- погоре го имам пишувано.

    Ви благодарам многу, навистина :hug:
     
    На SkarletOHara, ALISA0000, tina2018 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    @izzabellaa
    Ако стварно баба ти ја препише куќата на тој волот наречен вујко.
    Запомни:
    Еден ден кога баба ти ќе падне немој да се сожалувате и да ја гледате.
    Да жал ќе ви биде за неа,ама сетете се дали некој ви помогна во тешките денови.
    Ова ќе и го кажеш на мајкати а ќе им го плеснеш и на баба ти,вујко ти во лице денот кога ќе го напуштиш нивниот таканаречен дом.
    Тогаш синот нека дојде да ја гледа,чува.
    А вие главата горе и се ќе биде добро,се ќе се среди.
    Но добро запамети ги луѓето во бурата што ти свртеле грб.
     
    На Maya the bee, elimkd, thelittle17 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Накратко правно ќе се обидам да ти дадам решение, значи најпрво провери во катастар дали куќата на баба ти е префрлена на вујко ти, тоа може да го видиш веднаш електронски преку веб сајтот на катастар со само внесување на адреса на куќата или број на имотен лист или катастарска парцела (доколку знаеш), во случај да е префрлена куќата може да барате износ еднаков на нужен дел, да ви се исплати однапред иако ова право се остварува во оставинска постапка но во вашиот случај тоа може да го барате во паричен износ однапред односно 1/2 од делот кој би и припаднал на мајка ви како законски наследник на вашата баба, со тоа што вашата мајка не може да се откаже од правото на наследство додека оставителот е жив, а во случај куќата да била стекната во брак со вашиот дедо, тогаш има право на половина од делот на имотот на вашиот дедо односно 1/4 од куќата по основ на наследство од вашиот дедо.
    Во случај куќата да не е префрлена на вашиот вујко тогаш мајка ви го има полното право согласно закон како претпоставен законски наследник на вашата баба да ја користи половина од куќата односно врз истата да има владение во рамки на таа една половина.
    Сепак не ја знам детално фактичката состојба за да можам да дадам конкретен одговор, што и како е, но во секој случај имате по еден или друг основ да седите во куќата и да ја користите.
    Доколку можете склучете договор за остварување на право на лична службеност за домување со вашата баба, во тој случај непречено ќе може да живеете во куќата додека трае договорот, или пак договор за закуп за симболична цена, во секој случај договорите нека ви бидат на неопределено време.
     
    На tina2018, cresa-jagoda, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.847
    Допаѓања:
    5.598
    @Forca во ред е се напишано, ама и бабата не се согласува да останат таму, нужен дел да речеме ја следува ама тоа е голема и широка постапка, и требаат пари за суд, со години ќе трае постапката не им е тоа решение моментално. Подобро да се види со куќата на таткото на девојчето зошто ја следува мајка и, плус ако поведат парнична постапка за делба на имот треба да поделат и покуќнина, кредити се. И да е направено нешто со куќата да го дала делот ја следува 1/2 од покуќнината, нека и исплати пари за тоа и по пола кредитите барем да се средат.
     
    На tina2018 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    @Izaabella А твоите разведени се? Јас мислев само разделени се. Тогаш сигурно ве следува нешто па дури и стан бидејќи немате каде да живеете.
    Мајка ти работи? Еднаш сфатив дека работи па после не знам за кого пиша дека има здравствени проблеми и за 10 год нема да може да работи?
    Јави се во социјалното прашај. Ако ти е срам во твојот град ако е помал, јави се во друг град во социјално прашај.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.845
    Допаѓања:
    186.335
    Се е тоа супер ама реално мислам, едвај го симнале од грб, пари дека ќе му извлечат малку тешко.
    @izzabellaa прво, во банка да се репрограмира кредитот во склад со месечните примања.
    Второ, девојки, постои ли некој центар за женска помош, кој би можел да им помогне со правна помош? Или ова второво да биде прво?:?:
    Трето, Изабела, ако сеуште студираш а твоите се разведени, ти следува алиментација од татко ти за периодот додека студираш. Не знам дали ретроградно може да се бара исплата, и тоа да се провери.
    Се ќе се среди, знам дека сега напната изгледа ситуацијата, ама нема преку ноќ да останете на улица, и вујкото ќе замине и ќе добиете на време. По некој месец сосем поинаку може да изгледаат работите.(fingers)
     
    Последна измена: 18 јануари 2021
    На Brpbrp, 1209, ☆P!nselsp!tze☆ и 3 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    257.181
    Мајката има потпишано нешто!!!
    Значи има потпишано. А се мислам е дека се откажува од делба на имотот стекнат во бракот.
    Затоа реков без документи и фактичка состојба ниеден правен совет овде не може да и биде корисен.
    Единствено, ако има волја да бара од кај мајка и,ако веќе не е поделена куќата. Нека седи таму, има право. Ако не е поделена, нека покрене братви постапка, па ќе делат. Или нека ја обештети за делот.
    Овде мајката на никој нејќе да згреши, ама она и ќерка и ќе се најдат на улица.
     
    На eliesaab, noteforself, Mikha4 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.802
    Допаѓања:
    97.156
    Пол:
    Женски
    @izzabellaa побарај на фејсбук
    Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
    Вака точно напишано на кирилица.
    Имаат правници, даваат бесплатни совети, можеш да им пуштиш ако сакаш и документи и да те упатат секаде од кај што можете да извлечете пари.
    Убаво вика Јуле, мајка ти за да не згреши на никого, ќе испадне вие ништо да немате.
    Ако студираш, татко ти ќе дава пари, нема сакал нејќел, ако треба по закон ќе плаќа.
    Од вујко ти куќата ќе барате дел или пари.
    Кај татко ти куќата ќе се распрашаш што има мајка ти потпишано.
    Ќе прашаш и кредитот дали можат да го делат со татко ти или тој да го превземе, не знам, зошто и куќата и кредитот се земени во брак.
    Не можеш од се да се откажеш кога треба да ги провериш сите можности.
    Пиши им на овие на фејсбук, многу се добри.
     
    На cresa-jagoda, tina2018, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  20. izzabellaa

    izzabellaa Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    И дадов контакт на мајка ми, подобро ќе се разбере, па ќе видиме..
    Ти благодарам премногу:l:
     
    На tina2018 и Mantub им се допаѓа ова.